Thursday, August 30, 2012

ИЛИ ИЛИ ИЛИ И И


Сјерен Кјеркегор е едно од најважните имиња на нововековната филозофија. Се смета за основоположник на егзистенцијалната филозофија. Следната година се навршуваат 200 години од раѓањето на овој дански мислител. Објавуваме фрагмент од неговото главно дело „Или-или“, кој што се содржи во поглавјето „Дневник на заводникот“


Дали ослепев? Дали внатрешното око ја изгуби својата снага? Ја видов, ама изгледа како да сум видел небесно откровение, оти нејзината слика пак ми исчезна. Залудно ги собирам сите сили во својата душа, како пак би ја доловил нејзината слика. Ако повторно ја видам, ќе ја препознаам, дури и ако се наоѓала помеѓу стотина други. Сега се изгуби и очите на мојата душа залудно се напрегаат да ја достиган со својот копнеж. Талкав по Лангелинија, привидно сосема лежерно и не обраќајќи внимание на својата околина, макар што мојот демнечки поглед ништо не испушташе од вид, од кога ја забележав. Мојот поглед неустрашливо се задржа на неа, веќе не и’ се покоруваше на волјата на својот господар, никако не можев да го одвратам погледот  и, благодарејќи на тоа, добијам преглед над предметот што сакав да го видам, не виѓавав, оти посматрав со укочен поглед. Како мечувалецот кога ќе се укочи среде нападот, исфрлајќи ја напред десната нога, така и мојот поглед не се помрдна, укочен во еден зафатен правец. Не можев да го соборам, не можев да го подигнам, не можев да го свртам в себе, не можев да гледам, бидејќи одвеќе многу имав видено. Единствена ствар која ми остана во сеќавање е дека носеше зелена наметка – и тоа е се’; она ми побегна како Јосиф од жената на Петефри, оставајќи му ја само наметката. Следеше една постара дама, која изгледаше како нејзина мајка. Би можел да ја опишам од глава до петици, макар што воопшто и не ја погледав арно, туку, во најдобра рака, само патем ја запазив. Така е тоа. Девојката која остави впечаток на мене јас ја заборавив, други пак кои не оставиле никаква имперсија – можам да се сетам.
11.
Се’ уште душата ми е спрепната со истата противречност. Знам дека ја видов, ама такуѓере дека наново ја заборавив, секако така што тој остаток од сечавањето воопшто не ме окрепуваше. Како мојата добробит да беше ставена на коцка, мојата душа немирно и страсно ја прижелкува нејзината слика, но таа не се покажува, па би можел да си ги ископам очите за да ги казнам поради нивната заборавеност. Кога потем ќе збеснам од нестрпливост и кога ќе си го повратам мирот, изгледа како насетувањето и сеќевањето да ја ткаат во мене нејзината слика, која што сепак за мене не може да добие форма, зашто сликата не може да ја сторат неподвижна како целина; таа личи на шара во фино ткаење, шарата е посветла од позадината, таа не може да се види затоа што е бледа. – Чудно е да се биде во таква состојба, но тоа е пријатно, како само по себе, така и заради тоа што ме чини сигурен дека уште сум млад. Исто, и едно друго посматрање може да ме убеди во тоа својот плен постојано да го барам помеѓу младите девојки, а не кај младите жени. Омажената жена е помалку природна, таа е пококетна, односот со мажена жена не е ниту убав ниту занимлив, тој е пикантен, а пикатноста секогаш е последна ствар. – Не очекував дека пак ќе бидам во состојание уште еднашка да го вкусам тој нежен плод на заљубеноста. Потонав во заљубеност, мене – како што велат пливачите – ме гњурнаа, нималку не чудно што сум малу ошамутен. Ама, колку повеќе очекувам од овј однос – толку поарно.