Tuesday, April 2, 2013

Тристрам Шенди на Лоренс Стерн



Приказна за чешкиот крал и неговите седум дворци

Си беше еднаш еден крал во Че – ш –
Штом капларот ја прејде границата на Чешка, мојот стрико Тоби го задржа за миг; почна да раскажува гологлав, оти кога ја симна својата Монтеро-капа при крајот на последното поглавје, ја остави да лежи покрај него на земја.
Божјето око демне над секоја твар – и така, пред капларот да ги каже првите шест збор на својата приказна, мојот стрико Тоби двапати ја допре Монтеро-капата со врвот на својот стап, прашално – као да сакаже да каже зошто не ја клаваш на глава, Трим? Трим ја дофати капата леко, со полна почит, и додека тоа го чинеше, тажно гледаше на везот  на нејзиниот преден дел којшто беше жалосно прљав, а на многу места и искинат, та наново ја положи капата меѓу своите две нозе, да би извлекол некое наравоучение од тоа.
-Секоја реч ти е на свое место, извикна мојот стрико Тоби, оти како што и самиот велиш –
„Ништо не овој свет не трае вечно.“
-Ама кога и залагата на твојата љубов , драги Томе, како и сеќавањето на тебе, бледнеат и исчезнуваат, штом нам ни останува да кажеме? Рече Трим.
Нема тука веќе што да се кажува Триме, рече мојот стрико Тоби; и кога човек би лупал глава за тоа до Судниот ден, верувам Триме, дека ништо не би вредело.
Капларот, увидувајќи дека мојот стрико Тобиима право, и дека човековата памет џабе би се трудела од една капа да извлече поарна поука, без зборови ја стави капата на глава; па откако повлече со раката преку чело, за да измазни една сетна бора која тука се беше испречила као последница на овој разгвор, тој се врати на својата приказна за Чешкиот крал и за неговите седум дворци.
                Продолжува приказната  за чешкиот крал и за неговите седум дворци
 Беше еднаш еден крал во Чешка, ама за чие што владеење, освен на неговата сопственост, тоа не можев да и‘ го кажам на Вашата милост –
Тоа јас и не го барам од тебе Триме, никако, извика мојот стрико Тоби.
-Тоа било нешто малку пред ова време, нека прости Вашата милости, кога џиновите престанале да се котат; ама кое Лето господово тоа е било –
-Тоа ми е потполно сеедно, рече мојот стрико Тоби.
-Само, со допуштение на Вашата милост, приказната е поубава кога и тоа ќе се помене –
-Приказната е твоја Триме, та кити ја какао што сакаш; а одреди и некаков датум, продолжи мојот стрико Тоби, гледајќи го милостиво – земи датум од историјата кој сам ќе го избереш – и нека ти е просто –
Капларот се поклони; бидејќи од своето столетие и од секоја година од тоа столетие, од првото створение на светот до Неовиот потоп; и до Ноевиот потоп до раѓањето на Аврам; низ сите тие лутања на праотците до егзодусот на Израил од Мисир – и низ сите Династии, Олимпијади, основање градови, и други значајни епохи на разните народи во светот, се до дошашќето Христово, и оттогаш до самиот овој час кога капларот ја раскажува својата приказна – мојот стрико Тоби сето тоа царство на времето и сите негови бездни му ги положи на капларот под нозе; бидејќи Скромноста едвај се осмелува со прст да го допре она што Издашноста го пружа со обете раце, капларот се задоволи со најлошата година из целиот тој цут; имено, во желба да ги спречам вашите господства од Мнозинството и Малцинството да се закрват препирајќи се, „Нели тоа баш последнава измината година„ – јас ви кажувам дека е; ама не од овој разлог за кој вие знаете –
-Беше тоа година најблиска на неа – а бидејќи дека тоа е Летото господово 1712, кога војводата од Ормонд го бараше ѓаволот во Нормандија – капларот ја изброја неа, и повторно тргна во поход на Чешка.
Приказната за чешкиот крал и неговите седум дворци продолжува
Летото господово 1712 живееше, ако благоповели Вашата милост –
-Право та ти кажам Трим, го прекина стрико Тоби, секој друг датум би ми бил многу попријатен, не само поради жалосното петно на нашата историја од таа година, кога нашата војска отстапи и не сакаше да помогне при опсадата на тврдината Кено, и покрај тоа што Фегел ја напаѓаше со онаква неверојатна жестина – туку и поради самата твоја приказна Триме: зашто ако во нејзе има – тоа и ти безбели го спомна - , а јас скоро и да верувам дека било така – ако во неа имало џинови –
Само еден, Ваша милост –
-Тоа е така лошо како да ги било и дваесет, одговори мојот стрико Тоби – подобро ќе беше ако го пренесеше наназад некои седум или осум стотини години подалеку од опасноста, и заради критичарите и заради останатиот свет: и затоа ти советувам, ако било кога пак ја раскажуваш –
-Ако преживеам, со допуштение на Вашата милост, само толку да ја довршам, никогаш нема повторно да ја раскажувам, рече Трим, ни на човек, ни на жена, ни на дете – Ех – их! Рече мојот стрико Тоби – ама со толку љубезен нагласок на храбрење, што капларот ја продолжи својата приказна поживо него дотогаш.
                Продолжува приказната за Чешкиот крал и неговите седум дворци