Friday, February 1, 2013

КРЛЕЖА ЗА БОДЛЕР - Во очите на современиците



По повод 80-годишнината од животот на хрватскито мислител Мирослав Крлежа, сараевско „Ослобоѓење“ во 1975 г. објавило тритомно издание под назив „Панорама на погледи, појави и поими“. Во оваа своевидна персонална енциклопедија, анализиран е феноменот на францускиот поет Шарл Бодлер. Ова е извадок од сегментот посветен на тој легендарен песник

Неговите современици (сите господа од перо и углед) имале за него негативно мислење, а и неговите познајници се изразувале за него како за човек кој не умее да другарува непосредно, кој глуми возвишена величина на духот, одгојот и потеклото, кој разговара од висина, со ироничен презир, однесувајќи се како „зановетало“  и „цепидлака“, брборлива блуна, налик на патувачки актер уверен дека е роден само за кралски улоги, а заправо е мизерија на која и’ се руга сиот ансамбл. Неговиот лик, како што го прикажуваат, повеќе личи на карикатура отколку на портрет. Според тие сведоштва, Бодлер живее во време кога Парнас е заземен од полубогови, така што му е судено да се движи трајно во сенка на автентични споменици, та мора да се осеќа помалкувреден, во својата безименост на изгубен створ. За да се израмни со современите великани на перото, измислил дека со соборување на познатите величини ќе попжнее слава, како што не се срамеше да се прогласи пред целиот свет за развратник и пијаница. Го уништувал својот добар глас со перверзна намера да го компромитира славниот генерал и амбасадор , мајката генералица, која што го дохранила и на чии раце умрел како изгубен син. Наместо на својата мајка да и’ ја плати нејзината љубов, и’ се заканил дека ќе го убие нејзиниот сопруг, а тоа не се осмелил да го стори оти бил кукавица. Се’ што проповедал како естет, го препишал од Е. А. По, како што во низата на неговите интонации нема ниедна која не е инспирирана со мотиви од Готје, Банвил, Флобер и други, чиј број при детално испитување расте во недоглед.
Тешт по природа, завидлив како уседелица, морално лабилен, пишувал памфлети за многумина на кои им бил должен за своите најдобри вдахновенија. Завел култ на разврат, пијанство, црна магија, вампиризам, сатанизам и дрско безбожништво само да збуни и да се прикаже во очите на декласираната светина како оригинален. Толпа на улични ороспии му ја пронесувала славата , а како сериозен писател никогаш не ја свршил својата работа уредно и на време; сменил 40-тина станови во Париз на трајниот брег пред своите „веровници“ како лице кое немало граѓанско достоинство  кога било да се заложи за своето политичко или културно убедување. Коварно господско дете, синокрвен „фичфирич“, кој принципиелно се ракува со плебсот само во ракавици, пеливан, кој што игра гаван со празни џебови, сноб и денди. Како лирска надареност од мошне сомнителен и над се’ скромен распон, не се снашол ни во простор ни во времето на сопствената книжевна егзистенција, а притоа да создаде нешто со потрајна вредност – тоа бил над неговата сила. Мрзлив од самото раѓање, слаб ученик и нерелиабилен пријател, кочоперно умислена природа, некој вид неврамнотежена блуна, која живее од завист и од злобно намалување на било какво значење на своите поетски ривали, од кои многумина според знаењето и според способностите биле неразмерно понадарени од него. Крчмејќи го очевото наследство, и натаму ја играл улогата на богаташ, потпишувајќи договори на своите собрани дела, а едвај скрпил снопче од слаби стихови за една книшка, чкрабајќи ја со години со најголеми маки, лошо срочувајќи и непознавајќи ги најосновните правила на францускиот јазик и синтакса. Карактер – провлематичен, колебливец кој во републиканскиот печат се јавува гранделоквентно, како бесен негатор на ларт-пур-ларт, а притоа револуцијата поразена, паднала во крв, а тој се претвора во одметник, кој ја проколнува секоја, па и најневината помисла на било каков прогрес, препишувајќи ги Шатобријановите реакцинерни максими, као свој сопствен антипрогресивен пронунцијаменто.
Невозможо е да се претпостави како не би бил свесен дека лаже, оти трајното чмаење, која што го мачи до самоубиствен очај, само е јалово спознание дека неговата игра, со која глуми гениј, нема никаков предуслов. Негвоите трајни депресии докажуваат дека и не бил така тап, па сознанието за сопствениот вакум не би бил непрестајно врело на немир на нечистата интелектуална совест, од што потоа се развила манија на прогон, така што во секое лице гледал потенцијален противник, стравувајќи дека трајно ќе биде раскринкан. Се влечкал по светот мономански, како ѕверка која тражи заборав во своето дувло,  со сомнителна „женскадија“ и со талогот  од дното на човечкото општество.
Страсно го мразел секој доследен бутовник, немајќи поим дека своите реакционерни пророштва ги објавува во историски момент кога со него се бори елитата на европските поети, од кои многумина ги жртвувале за своите егзистенции во име на високите принципи, кои тој трајно ги омаловажувал како блеење на политичко варварско стадо.