Saturday, March 2, 2013

Буденброкови II



Единаесети дел

Дојде часот по географија и со него школската писмена задача, мошне важна писмена работа за областа Хесен-Насау. Влезе еден човек со црвена брада и со мрк капут со пешови. Лицето му беше бледо, а на неговите раце, на кои порите беа ширум отворени, не растеше ни едно влакненце. Тоа беше духови професор, господин д-р Мизам. Тој повремено страдаше од крволиптање од плучата и постојано говореше во ироничен тон, оти сметаше дека е исто толку духовит колку и болен. Дома имаше некој вид на архива за Хајне, збирка хартија и предмети кои се однесуваа на дрскиот и болен поет. Тој сега на таблата ги обележи границите на Хесен-Насау, па со меланхолична, а истовремено иронична насмевка, ги замоли господата да бидат така добри и да нацртаат во своите тетратки што значајно има во таа област. Изгледаше како да сакаше да ја исмее како областа Хесен-Насау, така и учениците; Па сепак тоа беше мошне важна писмена задача, од која сите се плашеа.
Хано Буденброк ништо не знаеше за Хесен-Насау, не многу, речиси ништо. Сакаше малку да погледа во тетратката на Адлоф Тотенхаупт, ама Хајнрих Хајне, кој наспроти својата надмоќна и болна иронија, со напрегнато внимание го посматраше секое движење, одма го забележи и рече: „Господине Будеброк, осеќам потреба да ви наредам да ја затворите тетратката, но мошне се плашам дека со тоа ви чинам добро дело. Продолжите“.
Оваа примедба ги содржеше сите духовитости. Првин тоа што д-р Мизам го нарече хано господин, а второ она со „доброто дело“. А Хано Буденброк продолжи молчејќи да се наднесува над својата тетратка и на крајот предаде безмалку празен лист, по што одново излезе со Кај.
За денес е све пребродено. Благо на оној кој што мина среќно и чија совест не беше оптоварена со слаба оценка. Тој сега можеше слободно и расположено да седи во светла дворана кај господинот Дрегемилер и да црта...
Салата за цртање беше пространа и светла. На ѕидните полици стоеја гипсани одливи според грчки узанси, а во еден голем ормар беа секакви трпци и кукли, кои исто така служеа како модели. Господин Дрегемилер беше здепаст човек со округлесто потшишана полна брада и смеѓа, глатка, евтина перика, кој на темето издајнички отстојуваше. Имаше две перики, една со долга, а една со кратка коса; кога ќе ја потстрижеше брадата, ја ставаше онаа со пократка... А, инаку беше тоа човек со некои смешни особини. Наместо „молив“ кажувал „моли“. Освен тоа, каде годе ќе се најдеше, ширеше околу себе мирис на масло и шпиртус, а некои говореа дека пие петролеј. Најубави часови му беа кога на замена предаваше нешто друго, а не цртање. Тогаш држеше предавања за Бизмарковата политика, пропратувајќи ги со енергични спирални движења од носот према рамењата, и со омраза и страв говореше за социјалдемократијата... „Мора да бидеме сложни!“ Имаше обичај на лошите ученици да им зборува, фаќајќи ги за рака. „Социјалдемократијата стои пред вас!“ Во себе имаше нешто грчевито деловно. Ќе седнеше покрај некој ученик, ќе го распостелеше снажниот мирис на шпиртус, ќе го чукнеше онега со прстенот-печатник, исфрлајќи одредени зборови како: „Перспектива!“, „Сенки!“, „Моли!“, „Социјалдемократија!“, „Сложно!“, па ќе истрчаше...
Кај на тој час го пишуваше својот нов литературен труд, а Хано се забавуваше на тој начин што во мислите изведуваше една увертира за оркетстар. Тогаш дојде крајот, ги собраа своите работи, патот кон дворната капија беше слободен, заминуваа дома.
Хано и Кај оде по ист пат, и се до малата црвена вила, вон кон предградието, идеа заедно, со книгите под мишка. А, потоа младиот гроф Мелн имаше уште далеку до својата куќа. Тој не носеше дури ниту капут.
Маглата која изутрината владееше, беше прешла во снег, кој вееше во крупни, меки снегулки. И се претвараше во кал. На бавчованската капија се разделија; ама кога Хано имаше минато половина пат низ бавчата, се врати Кај уште еднаш и го прегрна. „Немој да бидеш очаен... и поарно немој да свириш!“ – рече тој тихо; па неговата витка, неуредна појава се загуби во вејавицата. Хано ги остави книгите на ходник во послужавник што го држеше мечок и отиде во дневната соба да ја поздрави мајка си. Таа седеше на диваот и читаа некоја жолта вкоричена книга. Додека минуваше преку тепихот, го гледаше со своите кафени, близу поставени очи, во чии агли лежеа синкасти сенки. Кога стигна пред неа, таа го зеде неговата глава во обете раце и го бакна в чело.
Тој отиде горе во својата соба, каде г-ѓица Клементина му беше спремила мала ужинка, се изми и нешто касна. Кога беше готов, извади од пултот пакло мали руски цигари, кои такуѓере не му беа непознати, па почна да пуши. Потоа седна на хармониумот и почна да свири, нешто мошне тешко во фуги од Бах. И најпосле ги прекрсти рацете зад тилот и се загледа низ прозорот во бесѓумното веење на снегот. Онаму инаку нема ништо да се види. Под неговиот прозор повеќе ја немаше малата убава бавча со плускање на водоскок. Погледот му беше пресечен со сив бочен ѕид на соседната вила.
Во 4 саат се ручаше. Герда Буденброк, малиот Јохан и г-ѓица Клементина беа сами. Подоцна Хано во салонот подготви се’ за свирење и ја очекуваше мајка си зад клавирот. Ја свираа сонатата опус 24 од Бетовен. Во адаџо виолината пееше како ангел; ама Герда сепак незадоволно го спушти инструментот од подбрадокот, го погледа зловолно и рече дека не е наштиман. Повеќе не свиреше туку појде горе да се одмори.
Хано остана во салонот. Стапи пред стаклената врата која водеше на тесната веранда, па неколку минути гледаше во разквасената бавча. Но тога одеднаш стори чекор наназад, силно ја навлече бледожолтата завеса пред вратата, така што во собата завладеа жолтеникав полумрак, и журно појде кон клавирот. Таму повторно малку застана малку и неговиот поглед неподвижно и неодедено усмерен во една точка, полека се занмрачи, замагли и се расплина... Тој седна и засвири една од своите фантазии.
Тоа што го изведуваше беше еден сосем едноставен мотив, ништо, дел од една непостоечка мелодија, фигура од еден ипол такт, и кога за прв пат ја засвири со сила која од него не би се очекувала, таа зазвуче во длабок регистер, како еден глас, како да се тоа труби кои едногласно и заповеднички ја објавуваат како праматерију и исходишна точка на се’ она што треба да дојде, не можеше заправо ни да се согледа што всушност се смера. Но кога ја повтори, хармонизирана во дисканто, во звучна боја на „посукнато“ себро, се покажа дека таа во сржта се состои само од разрешение и престанок на едно копнежлово паѓање од еден тоналитет во друг... Една јадна инвенција со краток здив, но која со оглед на прециозната и свечена решителност, со која беше поставена и изведена, добиваше некоја чудна таинствена и значајна вредност. Ам потем отпочнаа бурни пасажи, едно неуморно претекнување и дотекување на синкопи, барајќи, лутајќи и искинато крикнувајќи, како душа полна со немири за она што го сознала, а што не сакаша да избега, туку се повторуваше секогаш во нови хармонии, прашувајќи, јадиквајќи, тежнеејќи, барајќи, ветувајќи. И се’ пожешки беа синкопите, беспомошно склопени во брзи триполи; крици на страв кој меѓу нив се мешаа, добиваа сепак облик, се прибираа, се претвораа во мелодија, па дојде миг во кој тие силно и скрушено превладаа како жарка и преколнувања полна со песните на дувачите. Нестално мучење, бранување, лутањето, истргнувањето беше занемело и беше победено, а во непоколебливо едноставниот ритам, одекна тој скрушен и како детска молитва создаден корал...Завршуваше како некаква црковна песна. Дојде фермата и тишина. А глеј, одеднаш сосема тихо, во звучна боја на „посукнато“ сребро, се појави одново првиот мотив, таа јадна инвенција, таа глупа и таинствена фигура, тоа слатко болно паѓање од еден тоналитет во друг. Тогаш настана страховита побуна и мавнато, возбудено делување, надвладена со акценитет на фанфарата, со изрази на некоја помамна одлучност. Што се случуваше? Што се подготвуваше? Одекуваше налик на рогови кои повикуваат на покрет, потоа настапи нешто како прибирање и концентрација, поцврстите ритми се сложија и почна нова фигура, една смела импровизација, некој вид на ловечка песна, предприемлива и бурна. Ама таа не беше весела, во суштина беше полна со очајничка обест, сигналите кои во неа одѕвонуваа беа како крици на страв и непрестајно, помеѓу се’, во изобличени и бизарни хармонии, мачејќи се лудачки и слатко, се појавуваше мотивот, оној првиот загадочен мотив... А потоа почна незапирливо сменување на настани, чии смисол и бит не можеа да се одгатнат, еден низ на пустоловини на звукот, на ритмот и хармонијата, со кои Хано не владееше, него кои се вообличуваа под работата на неговиот прсти и кои тој ги доживуваше, не знаејќи ги пред тоа... Седеше малку на навален кон дирките, со растворени усни и со одлутан длабок поглед, а кафената коса во некои витли му ја преркиваше слепоочницата. Што се случуваше? Дали овде се совладуваа страховити препреки, убивани змаеви, се освојуваа карпи, се препливуваа реки, дали се проаѓаше низ пламен? А како смеа што се ори или како некое несфатливо блажено ветување, се преплетуваше првиот мотив, таа ништовна творевина, тоа паѓање од еден тоналитет во друг....
...Подоцна вечераа, после што со мајка си одигра партија шах, кој се заврши нерешено. Но после полноќ, седеше во својата соба крај свеќа со хармониум и свираше, зашто веќе ништо не семеше да се слуша во мислите, макар што имаше намера утредента да стане во 6 часот и да ги сврши најважните школски задачи.
Тоа беше еден де од животот на Јохан.
ТРЕТА ГЛАВА