Monday, October 1, 2012

Кортасаровата Школица




Некој Швеѓанец работи на хемиската теорија на мислењето*
*Пред два месеци шведскиот невробиолог Холгер Хиден од универзитетот во Гетеборг ги изложил своите теории за хемиската природа на менталните процеси пред најистакнатите специјалисти на светот, собраби во Сан Франциско. За Хиден, чинот на мислење, паметење, чувствување или одлучување се очитува така што во мозокот и во нервите, што го поврзуваат со други органи, се појавуваат некои посебни молекули кои нервните ќелии ги лачат во функција на надворешните дразби... Шведскиот тим извршил деликатно раздвојување на два вида ќелии на уште живи ткива на зајак, ја пресметал нивната тежина (во милиони делови на милионитиот дел на грамот) и со анализа го одредил начинот на кој овие ќелија го користат своето гориво во различни пригоди.
Една од основните функции на невронот е пренесување на нервните импулси. Тој пренос се одвива по пат на речиси моментални хемиски реакции. Не е лесно да се затекне нервната ќелија додека работи, но изгледа дека шведските научници успеаја во тоа, со примена на разновидни методи.
Докажано е дека поттикот се очитува кога во невроните ќе дојде до пораст на извесни протеини, чиј што молекул се менува според природата на пораката. Во исто време, се смалуваат количината на протеини на сателитските ќелии, како нивните резерви да се жртвуваат во полза на невроните. Информацијата која што ја содржи протеинскиот молекул се претвора – според Хиден – во импулс кој невронот го праќа до своите соседи.
Повеќе функции на мозокот – паметење и моќта на расудување – се објаснуваат, според Хиден, со посебниот облик на молекулските протеини кој што и одговара на секој вид дразба. Секој неврон на мозокот содржи милиони молекули на различни рибонуклеински киселини, кои се разликуваа според распоредот на своите прости составни елементи. Секој посебен молекул на рибонуклеинска киселина РНК му одговара на точно дефинираниот протеин, како што клучот совршено и се прилагодува на бравата. Нукеилнските киселини му диктираат на невронот облик на протеинскиот молекул кој што ќе се вообличи. Тие молекули, според шведските истражувачи, го сочинуваат хемискиот превод на мислите.
Меморијата значи би идговарала на распоредот на молекулите на нуклеинските киселини во мозокот, кои што имаат улога на перфорираните картици кај современите електронски компјутери. На пример, импуслот кој што и одговара на нотата Ми, а бил фатен од увото, брзо преоѓа од еден на друг неврон, се додека не ги досегне сите неврони кои што содржат соодветни молекули на РНК за таа дразба. Ќелиите веднаш произведуваат молекули на соодветниот протеин, сходно на оваа киселина, и со тоа го реализираме слушањето на споменатата нота.
Богатството и разновидноста на мислењето се објаснуваат со фактот дека просечниот мозок содржи некои десет милијарди неврони, а секој од нив содржи, од своја страна, неколку милиони молекули на различни нуклеински киселини, па цифрата на можните комбинации е астрономска. Од друга страна, оваа тероија ја имаа таа предност што објаснува зошто во мозокот не се откриени засебни јасно омеѓени зони за секоја мозочна функција поединечно; бидејќи секој неврон распогала со разни нуклеини киселини, може да учествува во различни ментални процеси и да евоцира разновидни мисли и сеќавања.

                68
Чим би он почео да јој звездује ноему, њој би се клизиљ стврдлао и тонули су у влажно поље, и дивље ахслузање, у распламсале утераније. Увек када би покушао да смалиже малишњак, он би се уплео у шапутљиво гриважје па би морао да се сабрахне окренут бубришту и при том би осетио како се јарњиље полако сперлава, како се се сјурлава, како се удвопличује, све док се не би опустио као ергоманински трималциум на који је кануло неколико филула караконције. Но то је тек почетак, јер би онда она запела да се би кривулиса пипкалије допуштајуќи да јој он нежно попримакне своје близнаке. Тек што би почели да се перјокрштају, а оно нешто попут мудожиља стало би да их разлуџује, да их узајамно изванпроставља и парапокрече, наједном би наступио тајхор пропрачен жестичним спазтезањем матриља све до дахтичне провале мокроусног оргумија, и најзад – штршавање мерпазма у завршенској агапаузи. Ијаој! јаоохохој! Док би још лежњали на крести дрочкавца, а потпуно изгумлавјени и посуврачени, осеќали су како су обоје дрхпуштају. Трок би така затреперио, мариоперје би се предало и све се завршавало дубоким шумиштем, у нијоламама аргупростртих газа, готово суровим милодиром, који их је изнова доводио до самих граница излудлудовања.-