Вака изгледа една реченица
од романот The Fable од американскиот писател – нобеловец Вилијам Фокнер. Реченицата почнува
на страница 349, а завршува на стр. 354, а е земена од српско-хрватското
издание на книгата, насловена како „Легенда“, а во издание на „Просвета “ од Белград
Првиот и највисок
слој беа три бајраци и три врховни генерали кои им служеа: триумвират посветен
и миропомазан, соѕвездие оддалечено како планетите во својата непроменливост,
моќни како надбискупи во своето тројство, блескави како кардинали меѓу својата свита
и безбројни како Брамани меѓу своите следбеници; идејќи беа три илјади нижи
генерали, нивните ѓакони и свештеници и хиерархат на нивните дворови, нивни помошници и носители
дарохранилници и нафори и кадилници: полковниците и мајори кои се стараа за списите
и географските мапи и записниците, капетани и нижи офицери надлежни за врска и
извршување на налозите на основа на кои списите и мапите беа одржавани во тек,
подифицери и каплари кои всушност ги носеа списите и торбите со мапи и ги
штитеа со своите животи и одговараа на телефонски повици и извршувале налози, и
редовници кои седеа крај жмиркавите разводни табли во два и три и четири саат
наутро и возеа моторцикли по дожд и снег и тераа автомобили украсени со ѕвезди
и троаголни знаменца и готвеа храна за генералите и полковниците и мајорите и
капетаните и нижите офицери и им ги местеа постелите и ги бричеа ем ги шишаа и
ги чистеа чизмите и месингот на униформите; градот беше толку преполн генерали
со виш чин и нивните сјајни и блескави штабови што не само нижите офицери и
капетаните туку дури и мајорите и полковниците не беа ништо, можеа да се
разликуваат од цивилите само затоа што носеа униформи, дури меѓу овие се
наоѓаше и најнискиот слој: луѓе кои стварно беа во борбената зона, дошле од
таму, кои по чин беа дотерале нивеќе до мајор, па дури понекогаш и до
полковник, би заталкале во блескавиот град беа топови, низ кој знае како
бизарен грч на тој воен метаболизам што
на човек му прави се’ освен што не попушта, што не учи ништо и не забораба
ништо и никогаш ништо не губи – никакво парче хартија, никаков незавршен
записник или непотполн меморандум колку и да беа недоследни и беззначајни; неколкумина
од нив секогаш се наоѓаа тука, не во голем туку во приличен број: војници на
водови или на одделенија и командири на чети и заменици на команданти на
батаљон замачкани со кал од фронот, кои насреде таа натрупана раскош и блескави
ѕвездички и вкрстени палки и ширити и месинг и со скерлетни ознаки на
околувратникот, се движеа срамежливи и збунети и незабележени со изгубен изглед
на приглпи селани што мирисаат на нива и штала, а кои ги викнале во замок,
Голема Куќа, поради поднесување на извештај или казнување: го посматраат
ранетиот војник без рака, без нога или без око со истото ужаснато сожалување
полно со одвратност и гнасење и онака пренеразено и увредено како и човек кого
што го западнал напад на епилепсија насред пладне на прометен агол; потем слој
на цивили: Антип на неговите пријатели и нивните пријатели, велетрговец и принц
и бискуп, раководител, најмен плескач и простувач, еден да раководи со обидот,
другиот да и‘ плеска на намерата, а третиот да го простува неуспешниот исход, и
сите братучеди и кумчиња на Тибериј во далечниот Рим и нивните пријатели и
пријателите на нивните жени и мажи на нивните пријателки, доаѓаат да вечераат
со генералите и да им продаваат на генералските влади гранати, топови и авиони
и говедско и цокули за генералите, да се употребат против непријателот, и
нивните секретари и гласници и шофери кои добиле одложување на војната служба,
зашто торните со акти треба да се носат и автомобилите да се возат, а оние кои
навистински становаа како патер-фалијае во градските булевари и авении, па и во
помалку нечесни улици уште пред градот да влезе во својата четиригодишна
апотеоза, па и за време додека таа апотеоза траеше, те кои и натаму ќе
становаат (така барем се надеваа) и
откако апотеозата ќе престани е ќе биде заборавена – претседателот на општината
и општинскиот одборник , доктор адвокат директор инспектор и судија кои немаа
никаква посебна повелба од Тибериј во Рим, а кои сепак одржуваа контакти со
генералите и полковниците, а не со капетаните и нижите офицери дури и покрај
тоа што беа ограничени на салони и трпези, крчмар и ковач и пекар и бакал и
работник кои не одржуваа контакт со капетаните, ни со нижите офицери, ниту со
наредниците и капларите и регрутите, бидејќи нивните сопруги плетеа зад
цинкуваните тезги та мереа и разменуваа петпари за леб и зарзават и лупаа со
пракљача долен веш на рабниот камен од реката; а жените кои не беа сопруги на
директори или лекари, а кои тргуваа не во војната или заради војната и кои –
како што во извесен смисол 2997 генерали
чинат само еден генерал – такуѓере сите чинат една жена, без оглед ако штабните
полковници стануваа кога влегуваа во соба, било да живееја на ист кат во
скромни пансиони со интендантски капетани или им готвеа супа на позадинските
каплари или – и самите војници – добиваа партнери во она што се нарекува љубов
и можда дури и е љубов, според наредниковиот список кое што војникот го добива
како железно следување или чизми, па нема никаква потреба тој партнер одново да
го облекува мундирот или шињелот пред повраток на фронт поради наредникот кој
го вовел во таа љубов и го извел од неа, што можеби никогаш не му дозволувало
да го симне и едното и другото, така што жената, колку пати го носеше, толку
пати не, ноќем со себе во сон уште топлото и живо семе на некој загинат војник;
и тогаш најнакрај апсолутната анонимност чија што безимена и безлична маса
врвеше и по улиците на Ерусалим и на стариот Рим , додека од време на време,
гувернерот и цезарот фрлаа леб и циркус , онака како што во старата чедна
пантомима пастирот во бегство им фрла на гонителите волци дел по дел од својот
ручек, некоја облека и како последна одбрана самото јагне – тешките физички
работници кои денес го поседуваа и го трошеа само она што вчера го имаа
заработено, просјаците и крадците кои не секогаш сфаќаа дека она што го прават
е просење и кражба, губавците под
градската капија и вратата на храмот , кои дури и не знаеја дека се заболени,
кои не им припаѓаа ниту на војниците, ни на војниците, принцевите и бискупите,
кои не извлекуваат никаква полза од деловните врски со војската, нити се
надеваа на такво нешто, ниту се товеа со самото тоа што постоеја, дишат среде раскош
и расипништво, пратители на предсмртните маки на нацијата, тоа чудно и
неминовно малцинство на кое секогаш му е ускратена секоја прилика да учествува
во богатото месождерие кога безмилосно се лие крвта на нивната земја, кое
никогаш не го прати к‘смет оти се без никакви роднини или пријатели кои имаат
роднини или пријатели коии имаат моќни роднини и пријатели или заштитници, кои
всушнст не поседуваат ништо освен очекувањето во трпение без било каков поттик
на гордоста – способни за трпење кое дури после четири години живот како
толерирани и безправни тужинци на сопствено тло и во сопствениот град сепак им
овозможуваше без надеж и понос да истраат во трпението, не барајќи ниту
очекувајќи ништо повеќе освен дозвола да го упразнуваат, како некој вод
безмртност.