Една од најголемите книги објавени од македонски автор е „Славјанско-маќедонската општа историја“ на Ѓорѓија Пулевски, човекот кој сметал дека Филип и Александар Македонски биле Словени. Во негова чест, објавуваме партикула од неговото капитално дело, публикувано од МАНУ во 2003 година. Цититатот е содржан во Дел 1, Книга 1 (до 900 год. пред Христа)
Глава 5
Одсобити
доказателства за славјанско-маќедонска историја
А Историјава за да
ја обележиме и да ја суредиме колку се может обележена, затова от долу речениве
истории ем историци за от најстарите времинја земаме доказателства:
1-во. От Битије чтенија,
гл. 10-та и 11-та, се учиме оту Мосох, шестијот син Јафетов со чедо-родијето
си, за оту прв излегол из Азија, от вавилонските предели, на 131-во лето по
Вселенскијот потоп, тики за во Западна Азија и за во Восточна Јевропа, покрај
Понтиско Море се заседал, кон југо-запада даже завзел и Дарданија и создал
Троју.
2-ро. А за во горе
речени места, от ден до ден народот умножавајешти се, зафатила да се шират и
кон север и кон југ, покрај Понтиско и Мраморско Моринја. Овије се старите
Македонци.
Тики едни преку
Босфор и преку Дарданија преминале во јевропески краишта морски на обе страни,
а едни преминале изнад Дон и Волга, тики покрај Меотическо Езеро при донско
устие во оније полинја се заселјавлале.
А за горе речено
заселуване се учиме от Синопсис русискаја и от историка Стриковскаго. Тој во
Историјата си на стр. 17 раскажувал.
3-ќо. А согласно со
горе речено кажуване, и историк Михаил Ломоносов во краткијот си летопис што го
писал заради Великаго Павла Петровича во ~ 3-ќи рекол оту потем из Азија излегле
Славјани во Јевропа, покрај Црно и Меотическо Моринја, тики от тује кон југ
покрај моринја до Средоземно и Јегиско Моринја, а по суво до Јонско Море се
населиле, а за кон север до Ледени Окајан.
А горе речени
населеници кон југ до Средоземно и до Јегиско и до Јонско Моринја – тује се
старите Македонци, а кон северните населеници се Руси и прочи Славјани.
4-то. А описателот
Русискаја древност за славјанскијов народ тој казал: За уште от питическите
најстари времинја за покрај обене дардански меги бил населен.
Тики во време
Тројанската војна горе речени Славјани со кралја си Пилимена ја браниле Троја
против Грците и во пред речена војна Пилимен им загинал.
А горе речен
старешна като им загинал, затова се разделиле, тики едни останале тује, покрај
дардански меги и во другине босфорски обвласти. Ено, пред речениве се старите
Славјани.
А Енети (Венети),
тики после наречени Венди, се сојединиле со Антенора, тики заједно отпливале во
Јадранска Сушина и тамо се заселиле и завладале Венедичана Република.
А спроти горе
речено мјеније, и историк Мавроурбин за илирското нареченије рекол оту горе
речени Славјани уште за от тога, тики и сега, се велет Илирици, а историк Долци
Рагужанин во Десертацијата си по мјенијето Мавроурбиново рекол.
5-то. А
далматинските историци во историте им казале за уште понапред от коли горе
речени: Славјани като излегле от Азија за покрај јужнине брегови до Варјажско
Море новгородски Славјани живувале.
Тики горе речени
историци за това потврдиле оту славјанскиве народи от време до време иделе из
Азија и се намножувале, а уште и за понапред во пиитическите времинја, от коли
во Тројанската воина ќи ги имало рекле. Ето, пред после речени се Македонциве.
А и за првите ем
стари-славјански столнине, за оту им биле во азискине страни, као и от други
народи што биле, по Потопот за во Азија потвриле за свјех.
А историк
Мавроурбин во Славјанската си историја ги протестувал далматинските историци
зашто за Илирија като зборувале секоде кусо писале.
6-то. А во Русиски
летопис во ~2-ри писачот казал оту славјанско-македонска старина се познават
уште от пиитическите времинја ки биле, и за уште от Тројанската воина имево
славјанско је познато и Славјаниве се познати овде за местни домордци и жители.
А писачот од
Русиски летопис во летописот се и за следујуштиве рекол: оту Енети (Венети), а
после наречени Венди, за со Македонците на едно со кралја си Пилимена пред
Троја против Грците го браниле а тога и царот Пилимена си го изгубиле таму.
А заради горе речен
гибел, рекол писачот, оту Вендите се разделиле от нашите Македонци, тики еден
дел Венди се сојединиле со Антенора и отпливале во внотрашност покрај
Јадраноморска Сушина, ја завладале, тики во сегашна Венедичка Республика длго и
широко се живувајет.
А за горе речени
Славјани рекол списателот оту илирскијон народ и нареченијено за уште од тога
им се производит име Илирици.
А као горе речено
мјеније казал и историк Мавроурбин во Славјанскаја си историја, а други
историци ги кудил оту кусо писале за Илирија. А историк Долци Рагужанин во
Десертацијата си рекол и за населенијево и за сено населеније живујушти во
Илирија је најстари жители.
7-мо. А описателот
азовских случаја, во гл. 1-во, а во ~11-ти, рекол оту Сарматци најрпви биле
Славјански народ што владале во босфорски и пелагонски и дардански страни до во
време Дијоклетијаново владјеније.
8-мо. А историк
Јенеја Силвија во гл. 2 на стр. 11 во Историјата му казал оту Славјаниве уште
во разделуването јазициве, като излегле во Јевропа и се населиле во тије места
сегашни македонски, и болгарски, и србски, и далматински, и хорватски, и
бошнјачки, и ерцеговечки и проч.
9-то. А за историка
Георгија Бранковича ка(жа)хме во четвртото главо, а во ~4-ти во 1-во тек.
число, оту ги забележил за славјански профинции, а некои за горчки. Затова
следујуштиве ги бележиме оту славјанско-македонски биле: Долна и Горна Мисии,
Голема Провадија (Имагора), Краина, Задгорје, Босфора, Дакија, Мизија, Стредец,
Рассија, Дарданија, пелагонија, Доспада, Дукадин, Горни и Долни Вијалет и
прочи.
10-то. А горе речен
писач Азовските случаи во ~13-ти рекол оту најверно је да слушаме хронически
словеси, заре во пред речени словеси писано је за сви долу речени народи оту от
породуването Јафетово се произвеле, тики за от Милија до Западнаго Окајана што
се населени, речено је.
Тики като разгледаме
кон север и кон восток и кон запад у накрст – четиридесет и едно народни
наречении ги имат.
А и за измегу горе
речени наречении и за нашиве Македонци казал историкот оту уште за от најстаро
време ал сме имале своја држава и свои слова, тики со пред речени слова нашите
старинци писале во државното им управленије.
А горе речени
народни наречении и управлении от Јафетовото произведуване долу речениве иминја
се:
Едни Македонци, 2.
Траки, 3. Миди, 4. Горци, 5. Елбанци, 6. Веини, 7. Ермени (Глигоријани), 8.
Дауни, 9. Корзени, 10. Хипици, 11. Пафлагони, 12. Ивери, 13. Тирании, 14.
Халици, 15. Келти, 16. Сармати, 17, Гали, 18. Таурии, 19. Васанти, 20. Илири,
21. Ваккси, 22. Лигури, 23. Јаниги, 24. Гачени, 25. Латини (Римјани), 26.
Амаксони, 27. Лагестани, 28. Денагени, 29. Акитани, 30. Маријандени, 31.
Цирцијани, 32. Мисинипи, 33. Конини, 34. Меоти, 35. Калабри, 36. Гали
(Келтибери), 37. Истрии, 38. Лузитани, 39. Ереи, 40. Британи, 41. Коли.
No comments:
Post a Comment