Кикиррику
закукурика новиот смарт фон на Естрогена. Некој праќа ес-ем-ес.
-Мацо здраво. Што
правиш, стана? Ај стави се стави се на фејзбук.
-Еве секунда
само. Ете, се ставив.
-Сврти на Мега.
Пуштаат од Пинк Флојд.
-Кул. Таман да си
помуебетиме со добро музиче. Што има ново? Те немаше вчера—звчера.
-Бев до Солун.
-Еј супер. Како
си помина.
-Прва лига
сестро. Сто пати сум бил во тој град и не можам да му се изнауживам.
-Стварно. Нема
насит онаа шетба, што би рекол Гане, покрај море. Или пиење нес-кафе во
кафулињата кај Беаз-куле.
-Ајде тоа, ама
нон-стоп откривам нешто ново во тоа Солунот. Ја знаеш онаа градба кога одиш по
Егнатија накај телевизиската кула, едно како срушен ѕид, со некакви фризови.
-Ја знам. Се имам
сликано баш под неа.
-Знаеш што е тоа?
-Поим немам.
-Тоа било Арката
на Галериј.
-Чекај, кој беше
тој Галериј? Од него доаѓа зборот галерија?
-Имаш за него на
Википедија. Тоај е де факто последниот нехристијански цар на Рим.
-Значи
петходникот на Константин?
-Отприлика. Во
време има баеги римски цареви, принцови, августи, цезари така што Галериј е
еден од нив.
-Од која сорта
бил?
-Изгледа од
истото со Константин. Неговите дошле таму негде од Романија, избегале од
нападите на племето Карпи или Карпати, кои натиснале од кај Молдавија, пошто и
самите биле под пресија на германските Готи. Татко му на Галериј бил овчар, ама
некако успеал да се пробие на дворот на Диоклецијан, така да син му имал добра
основа да се искачи на тронот. Бил добар ратник. Војувал со Персијците. Го
победил Иран, му го заробил шахот и така се одмаздил за срамниот пораз на
римскиот император Валериј, кого пола век порано Сасанидите го фатиле жив.
Успеал дури да го заземе тогашниот главен град на Иран Ктесифон.
-Нешто грчки ми
звучи тоа Ктесифон?
-Па изгледа името
е грчко, ама се наоѓа кај денешен Багдад.
-Значи во Ирак. Хераклеја...
-Така е. Ирак
изгледа значи нешто иранско. Како што сиријак значи нешто сиријско.
-Значи затоа
денес мнозинството во Ирак се шиити, како во Иран.
-Најверојатно. Инаку,
после победата над Персија, Галериј му станал зет на Диоклецијан. И кога овој
абдицирал 305 година, се качин на престолот и почнал нешто по што ќе стане
мошне озлогласен.
-Чка?
-Погроми против
христијаните. Тој е задниот пагански император што презел масивни колежи против
рисјаните. Некои од нив што му биле дворјани живи ги запалил. Затоа Црквата до
ден-денес го смета за еден од најголемите крвници на христијанството.
-Ова ме потсеќа
на Нерон.
-Што, и тој ге
персекутирал христијаните?
-Па да, зар не си
го гледал „Кво вадис“?
-Не сум го фатил
на ТЦМ.
-Тогаш прочитај
го истоимениот роман од Хенрик Сјенкевич. Книгата е од претминатиот век ама на
ненадминат начин го опишува макасрот што врз христијаните го извршил тој
антички крволок.
Во тој миг му
кликна компјутерот. Стигнал меил. Го отвори и ... шок. Умрел Р. Б.
No comments:
Post a Comment