Поглавје XIV
КОЈ ГО ВЛАДЕЕ СВЕТОТ?
Европската
цивилизација, тоа го имам повторено повеќепати, автоматски го произведе
востанието на масите. Од една страна, тоа е мошне поволен аспект, како што
нотиравме: револтот на масите всушност е едно те исто со фабулозното
зголемување на квалитетот на човековата егзистенција, забележана во нашево
доба. Меѓутоа, обратната страна на овој феномен е заплашувачка; таа претставува
радикална деморализација на човештвото. Ајде сега да го разгледаме ова од нова
гледна точка.
1.
Супстанцијата или
карактерот на новиов историски период е резултанта, гледано од внатрешна страна
- на човекот и неговиот дух; додека од надворешна страна – на формален или
механички притисок. Во однос на второво, речиси без сомнение во прашање е
феноменот на преместување на моќта. Што, од своја страна, води кон преместување
на духот.
Консеквентно,
кога се подготвуваме да истражуваме некаков период со цел негово разбирање, едно
од нашите прашања би требало да биде: Кој го владее светот во денешно време?
Денес човештвото е распрснато во различни групи без каква било комуникација,
формирајќи внатрешни, независни светови. Во деновите на Милтијадис,
Медитеранскиот свет не бил свесен за постоењето на Далечниот исток. Во онаква
ситуација, прашањето: КОЈ ВЛАДЕЕ СО СВЕТОТ? –
ќе требало да го поставуваме до секоја засебна групација. Но, после XVI век, човештвото влезе во процес на
унификација, којшто во нашите дни го достигнува својот најдалечен лимит. Не
постој ниедна порција на човештвото која живее одвоено – нема изолирани острови
на човековата егзистенција. Следствено, од тоа столетие наваму, би можело да се
каже дека оној што го владее светот упразнува авторитативно влијание врз целата
популација. Такво и беше шоуто исполнувано од хомогените групи, формирани од
страна на европските народи, во текот на последните три века. Европа беше
владетелот, а под нејзината здружена команда, светот живееше на обединет начин,
или барем беше постепено прогресивно обединуван. Овој модус на живеење
генерално ја стилизира Модерната епоха – една безбојна, не-експресивна фраза
под која што се крие правата реалноста, а тоа е дека живееме ера на европската
хегемонија.
Инаку, под
„владеење“ примарно не подразбираме вршење материјална моќ, ниту физичка
принуда. Овде се обидуваме да ги избегнуваме глупавите концепции, барем оние
покрупните и поевидентните. Онаа стабилна, нормална релација помеѓу луѓето
позната под името „владеење“ никогаш не почива врз сила; под сила се мисли на
еден апаратус чија што машина за раководење применува „форца“. За да ја
објасниме нашава теза, ќе разгледаме еден конкретен случај.
Наполеон водеше
една агресивна воена „форца“ против Шпанија, но отворено да кажеме, никогаш на
успеа да ја завладее Шпанија ниту на еден ден. И покрај тоа што располагаше со
„Форца“, па можеби и баш поради тоа не успеа. Неопходно е да правиме разлика
меѓу процесот на агресија и состојбата на поседување власт. Владеењето е
нормално извршување на авторитетот, и тоа е секогаш базирано на јавното мнение,
како денес така и пред иљада години, ем кај Англичаните ем кај Бушманите.
Никогаш некој не владеел на оваа планета ако не го базирал своето правителство
на јавното мислење.
Би можело да се
мисли дека јавниот суверенитет е инвенција на правникот Дантон од 1789 г., или
на Тома Аквински од XIII век.
Концептот на суверенитет може да е откриен на едно место или на друго. Но,
фактот дека јавното мнение е базична сила која го произведува феноменот на
власт во човековите општества е толку стара и трајна, колку што е старо и
човештвото. Во физиката на Њутн, гравитацијата е сила која предизвикува
движење. Исто, и законот за јавно мислење е универзален закон за гравитација во
политичката историја. Без него, историската наука би била невозможна. Оттаму и
Хјумовата точна сугестија дека темата на историјата се состои од приказ на тоа
како суверенитетот на јавното мнение – далеку од тоа да е утопија – всушност е
она што се случува насекаде и секогаш во човековите општества. Дури и човекот
кој се обидува да владее со јаничари, зависи од јаничарскиот опинион, како и од опининонот што населението го има за нив.
А, вистината е во
тоа што нема владеење со јаничари. Како што Talleyrand му рекол на Напоплеон: „Сире, вие можете се’ да
направите со бајонетите, освен да седнете на нив“. И така, да владеете не значи
да земете и да ја приграбите власта, туку тихо да ја практикувате. Со други
зборови, да седнете, да бидете на тронот, на коктел-столот, на предната клупа
или на бискуповиот престол. Спротивно на сугестиите во мелодрамите, да владееш
не е толку прашање на „цврста рака“, ами на тврда столица. Државата-стејт на
крајот на краиштата е стејт-оф-опинион, состојба на еквилибриум.
Што правиме кога
јавното мислење не постои? Општеството поделено на несложни групи, со јавни
мненија кои се спротивставуваат едни на други, не оставаат простор за да биде
конституирана владејачка моќ. И, со оглед на тоа што „природата мрази вакум“,
празниот простор од одсуството на моќ, бидува исполнет со брутална сила. При
што вторава се прикажува како супститут за првата. Следствено, воколку сакаме
да го искажеме законот за јавно мнение како закон за историска гравитација,
мора да ги земеме предид и случаите кога јавниот опинион е отсутен, па ќе стигнеме до општо познатата и обожувана формула
според која: не може да постои владеење кое е во опозиција со јавното мислење.
Тоа не оспособува
да разбереме дека владеењето означува доминација на јавното мнение, што ќе рече
– на духот; владеењето не е ништо друго туку спиритуална моќ. Ова е со
прецизност установено од фактите во историјата. Сета примитивна моќ има
„сакрален“ карактер, бидејќи се базира на религијата. А, религијата е првата
форма под која се појавува она што подоцна ќе биде познато како Дух-спирит, идеја, опинион; со еден збор,
она нематеријалното и Ултра-физичкото. Во Средниот век, истиот феномен е
репродуциран на широк опсег. Првото Државство на јавен авторитет кое е
формирано во Европа е Црквата, со својот спецеифичен, фино дизајниран карактер
на „спиритуална моќ“. Токму од Црквата, политичките сили ќе научат оти моќта е
духовен авторитет што претставува своевидна преваленција на едни идеи над
други, па затоа ќе го создаде Светото Римско царство.
И така, нараснува
борба на две „могуштества“, кои имајќи на ум дека во основа не се разликуват
(оти обете се сприритуални), постигнуваат договор кој што се однесува на
категоријата време: неговите последици можат да се толкуваат како од аспект на
временоста, така и од аспект на вечноста. И темпоралната моќ и релгиозната моќ
подеднакво се спиритуални, ама едната го претставува духот на времето, јавното
мислење, кое е земско/секојдневно и флуктуирачко, додека другата го претставува
духот на вечноста, мислењето на Господ, Божјото гледање на човекот и неговата
предестинација. Да заклучиме: во одреден период, извесни преференции, идеи,
цели и аспирации доминираат со определен народ, група луѓе или групација
народи.
Како оваа
доминација да биде сфатена? Мнозинството човеци немаат мнение и тоа треба да
биде впумпано во нивните глави, како мазиво во машина. Поради тоа, неизбежно е
дека некој субјект кој практикува власт ќе се обиде да и’ го вметне своето
мислење на мнозинството немислечка популација. Зешто во спротивност пак, без
никакво мнение, животот на човештвото би се претвоеил во хаос, историска
празнотија, која има недостиг од било каква органска структура. Консеквентно,
без духовна моќ, без постоење команда, хаос ќе завладее со човековиот вид.
Слично на ова, секое преместување на моќта, секоја промена на авторитетот,
имплицира промена на јавниот опининон,
а богами и промена на историската гравитација.
Да се вратиме
сега од каде што почнавме. Неколку векови светот беше владеен од страна на
Европа, која е конгломерат од народи сродни по душа/спирит. Во Средновековието, кога биле во прашање темпоралните
работи, немало вакво европско владаење. Таков тип на управа недостасува во сите
„средновековија“, затоа тогаш обично се случува хаос, варварство, дефицит на
„паблик опинион“. И во тоа доба присутни се љубовта, омразата, копнежот и
презирот, и сето тоа без ограничување; арно ама, отсуствува јавност. Овие епохи
не се без сопствен шарм. Меѓутоа, во големите епохи човекот живее според
одредени правила, кои можат да постојат само при постоење на јавност. И покрај
тоа, и во старите времиња има примери за постоење команда, како што постои во
Модерната ера, макар што само во одредени порции во светот: Рим бил великиот
директор. Тој бил оној што воспоставил ред и поредок во Средоземјето и неговите
граници.
Во ова пост-воено
доба, кружи тезата дека Европа повеќе не го команда светот. Дали оваа дијагноза
е реализирана во сета своја гравидност? Со неа, се прогласува преместување на
моќта. Во која насока? Кој е тој што ќе ја наследи Европа во управувањето со
Светот? Сигурни ли сме дека постои некој којшто може да ја замени Европа? Ако
не, тогаш што навистина се случува и ќе се случува во иднина?
2.
...
(1930 год.)
No comments:
Post a Comment