Дел VI
Глава I.
ПОЛИТИЧКАТА И
ЕКОНОМСКАТА ПОЛОЖБА, ВЕЛИКОСРПСКИТЕ БУРЖОАСКИ ПАРТИИ И ТЕРОРИСТИЧКАТА ВМРО ВО
СТРУМИЧКО ВО ПЕРИОДОТ ОД 1919 ДО 1941 ГОДИНА
6. Обид за обновување на трористичката ВМРО и создавање на таканаречената „младешка ВМРО“ во Струмичко
Нешто покасно условите за дејствување на терористичката ВМРО станале за нив неповолни, но нејзините главешини не се откажале од настојувањата да продолжат со својата злочинечка активност. Така во 1926 година, Димитар Ѓузелов како студент од Скопје, бил едновремено и шретседател на „Македонската студентска организација“ во чие раководство покрај него биле и Димитар Чкатров, Коста Црнушанов, Иван Попов и други. Тие прават услиби да создадат во сите градови во Македонија во составот на СХС, младиниски организации на ВМРО. Таква организација била формирана и во Струмица, на која (и’) испраќаат нелегална литература, за да се шири меѓу младите во Струмица. Летото истата година, Ѓузелов отпатувал во Виена – Австрија каде што одржува состаноци со раководни луѓе од ВМРО и добива инструкции за работа.
Од Виена, Ѓузелов оди во Бугарија, каде што исто така се среќава со
раководни луѓе на ВМРО, па и со членот на ЦК на ВМРО стариот врховист – генералот
Александар Протугеров, во Петричко. Нив ги следат и ги обезбедуваат за време на
престојот четниците од четата на Ѓорѓи В‘ндев – Милан Постоларски, Јосиф Киров
и Атанас Гоцев. На состаноците било разгледано што треба да се преземе за да се
обнови организацијата ВМРО во Струмица, која во тоа време била распадната. Се
сложиле дека во Струмичко треба да се дејствува од Скопје преку Ѓузелов, како и
директно од територијата на Бугарија. Протугеров барал Ѓузелов да му именува
лице кое да биде погодно, да има авторитет и влијание во Струмица, да биде
испратено за да ја обнови организацијата во градот. Ѓузелов побарал од Бугарија
во Струмица да се врати Арсо Кујумџиев. По враќањето на Ѓузелов, преку Австрија
во Скопје, Арсо Кујумџиев бил повикан
кај генералот Протугеров, и му поставиле задача да замине за Струмица. Плашејќи
се од властитетој одбива да се врати во Струмица. Во барањето на погодно лица
изборот паднал на стариот организационен деец Дончо Лазаров и Костаќе Стојков,
кои се согласиле да се вратат во Стумичко. Тие пред власта се претставиле како
покајници, наводно се разочарале од ВМРО и од Бугарија и дека сакаат да бидат
лојални гртаѓани на државата на СХС. Кусо време по пристигнувањето во Струмица,
Костаќе во село Моноспитово во пијана состојба почнал да расправа дека тој и
Дончо Лазаров се испратени од Бугарија да ја обноват ВМРО. Некои селани ги
доставиле до полицијата и тие двајцата биле веднаш уапсени. Дончо лазаров бил
ликвидиран без суд, а Костаќе осуден на 12 години робија. Така и некогаш
авторитетниот и заслужен организационен раководител Дончо Лазаров станал жртва
на комбинираниот српско бугарски терор, а неговото име го експлоатираат
бугарските окупатори по 1941 година. Инаку, Дончо Лазаров бил еден од првите
основачи на Гоцевата ВМРО во Струмичко. Меѓутоа, во Струмица, сепак, се создава
организација – така наречена „Младешка ВМРО“, по иницијатива на Ѓузелов. Иако
не успева да се прошири и опфати поширок круг луѓе, таа се одржала како група
се’ до 1941 година. Члановите на оваа организацијабеа големи пропагатори на
големобугарските идеи и подоцна во Струмичката околија. На парламентарните
избори во 1938 година, тиеправат обид во Струмица да го кандидираат за пратеник
Димитар Ѓузелов. Кога тоа не им успеа, на листата на Земјоделската странка го
истакнуваат како свој кандидат Коте Пецанов од селото Дабиља, кој добил
минимален број гласови. Оваа група за време на бугарската окупација (од
1941-1945 година), заедно со Димитар Ѓузелов беше во услога на бугарските
окупатори и отворен противник на Народноослободителното движење.
Глава II
ОСНОВАЊЕ, РАЗВОЈ И АКТИВНОСТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА КПЈ ВО СТРУМИЦА ВО
ПЕРИОДОТ ДО 1941 ГОДИНА
...
(изд. ОПШТИНСКИ ОДБОР НА СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА БОРЦИТЕ ОД НОБ – СТРУМИЦА, 1969 год.)
No comments:
Post a Comment