ОСЛОБОДИТЕЛНАТА БОРБА 1919-1924 г.
Поглавје второ
Удари во грбот на
Македонското движење
XVII
ПРОЦЕНКИ НА МАКЕДОНСКОТО
ДВИЖЕЊЕ ЗА НЕГОВИОТ КОНФЛИКТ СО КАБИНЕТОТ НА СТАМБОЛИСКИ
...
Проф. Никола Милев за едно познато француско списание напиша:
„Македонското прашање, како и претходно, се’ уште
суштествува и секој ден го покажува својот заплашителен карактер. Зошто? Зато
што тоа постоеше и во минатото, независно од бугарската политика. Затоа што,
како што изјави Стамболиски пред новинарите, за време на неговата посета на
Белград ноември 1922 год. ако во Бугарија не мислат на Македонија, Македонците
секогаш мислат на неа.
Старата и банална историја за пенетрација на чети
повторно стана сиже на поплаките против Бугарија и представниците на Српско-хрватско-словенечката
држава, како и на Романија и на Грција, во јуни 1922 направија во Софија една
заедничка постапка. Правителството на Стамболиски, неможејќи да се надева дека
ќе му се верува на неговата лојалност, и со тоа да обезбеди разбирање со
соседите, за свидетел го зеде Друштвото на народите. Спорот меѓу Бугарија и
нејзините три соседки, кои дејствуваа дороворено, беше доведен пред Советот на
Друштвото на народите на 19 јули во Лондон. За да бидат установени фактите и
одговорностите, софискиот кабинет побара една анкета на лице место; тоа софиско
барање наиде на спротивставување од страна на нејзините противнички, а Советот,
правејќи разни еволуции помеѓу двете тези пред кои беше исправен, ги советуваше
двате страни да изнајдат некакво споразумение, објавувајќи дека, во случај да
не се изнајде договор, ќе биде готов да интервенира.
Усилбите направени да не се дозволи анкета беа
најдобриот доказ за справедливоста на бугарскиот протест.“
Тоа беше најправилната позиција на која што Бугарија требаше да опстои. Но
таа беше напуштена од страна на владата.
Напуштена, заборавена беше исто и позицијата за независна Македонија, што
некогаш ја застапуваше Бугарската Земјоделска Партија, а беше застапена и во
официјалната изјава на бугарската делегација при склучувањето на мирот во Париз
1919 год. Како член на државната делегација, и Стамболиски беше солидарен со изискувањето
на независна Македонија.
ВМРО и сите легални македонски организации беа убедени дека главна грижа на
оние кои ја раководеа Бугарската земјоделска партија во опишаното доба, беше да
ја земат и задржат власта колку што е можно подолго. Заради тоа Земјоделците беа
подготвени да жртвуваат се’ друго. Кон негативните општествени пројави след
војната, владата градеше политички планови.
Тие луѓе беа дојдени на власт доста озлобени. Такви беа и највидните меѓу
нив, оние кои војната ја протераа во софискиот затвор. И – во тоа се состои
нивната голема несреќа – мислеа оти држава може да се управува само со злоба.
Уште во 1919 год. во весникот „Земјоделско знаме“, Стамболиски изјави дека
гревот на Бугарија е што жртвувала триста илјади нејзини синови заради
„пуштинаците“ во Македонија.
Во нивните средини често се велеше оти тие не биле за „шовинизмот“, а биле
за братство со другите. Но, тоа не водеше сметка како другите се однесуваат кон
нас, што сакаат да ни прават Србите и Грците; Стамболиски и компанија не се
интересираа за тоа.
После 1918 год. македонските бугари започнаа на свој ризик и по своја
иницијатива борба за сопствено ослободување. Нивната емиграција во Бугарија
развиваше своја дејност сообразно законите. Слична легална дејност развија
македонските бугари и во Америка; и таму тие ги напаѓаат Србија и Грција поради
нивните варварски и денационализаторски режими. Ниту Америка презема мерки
против тамошните македонски организации, ниту пак Србија и Грција протестираат
пред американската власт поради дејноста на луѓето кои пожелуват да имаат
слободна и независна татковина, и училишта на свој сопствен јазик. А, и да
протестираа, американската власт сигурно достојно би им одговорила.
Софија посегна и врз легалните македонски здруженија во Бугарија. Не е
дозволиво ниедно бугарско правителство некому да му биде поголем пријател од
сопствените браќа, особено да биде пријател на држава која поробила Бугари.
Доколку тоа се допушти, тоа би значело дека е дефинитивно погребано бугарското
духовно и национално единство.
Со што да се оправда мислата за спогодба меѓу Бугарија и Србија за прогон
на македонските борци на бугарска и српска територија? Тоа не потсети на
некогашниот полски участок и согласноста на Австрија и Русија од 1833
год. за прекугранично пропуштање војски за гушење на полските револуционерни
протести, било на руска било на австриска територија. Но Русија и Австрија беа
поробувачи на Полска. Требаше ли Бугарија да се постави на таков начин по однос
на Македонија?
Проф. Милев за Нишкото споразумение, во погоре цитираната статија, напиша:
„Бугарската и југословенската влада во Ниш
договорија една конвенција за сигурност на границите. Текстот на конвенцијата
сеуште не е публикуван. Сепак се знае дека таа ќе воведе некакви технички мерки
коишто двете држави се обврзуваат да ги преземат долж протегањето на
македонската граница со цел да се спречи она што се нарекува четничко движење,
а кое всушност представува длабока и сериозна растревоженост на духовите во
Македнија.
Значи, Нишкиот договор не е само една политичка
согласност. Тој во секој случај маркира една бележита етапа во развојот на
политичките односи меѓу Бугарија и Србија после Војната, и едно јасно
зближување меѓу Софија и Белград. Поради тоа, договорот е двојно интересен...
Кога г. Стамболиски ја презеде власт во 1919 год.
тој шумно ја прокламираше намерата да дојде до едно брзо зближување со Србија. Уште
во 1913 г. по катастрофалниот Букурешки договор, уште кога беше обичен агитатор
без голем престиж, г. Стамболиски се декларираше прво како Југословен, а потоа
како Бугарин. После поразот 1918 г. тој стана премиер и поверува дека неговиот
југословенски идентитет ќе му обезбеди триумф во надворешната политика.
...Не успевајќи само со сопствени сили да излезе
на крај со `комитаџиите`, г. Пашиќ помисли дека една спогодба со Бугарија би му
дало морални средства – дејствување врз духот на македонското население – како
и материјални содејствија, неопходни за успех на неговата политика. Растечкото
непријателство меѓу македонската организација и владата на Стамболиски ги
окуражуваше тие негови сметки. Од своја страна, г-н Стамболиски не се
откажуавше од југословенската си идеја и, сакајќи да му покаже на народот дека
неговата надворешна политика дава резултати, преземаше распредувања по вкусот
на Белград. Во Женева, за време на сесијата на Собранието на Друштвото на
народите, тој со г. Нинчиќ – министер за надворешни работи на СХС, имаше
разговор на којшто беа зацртани подготовките за неговата посета на Белград. Од
таа визита произлезе Конференцијата во Ниш (1-27 март 1923 г.).
Незадоволството манифестирано од неговите
сонародници не му изгледаше од голема важност по однос на неговата идеја, и
неговата желба да си припише политички успех не престануваше да му ја тормози
душата. Тој ги умножуваше своите југословенски манифестации.“
А, каква е должноста на една бугарска власт кога внатре македонското дело,
или однадвор сеедно, ќе се појават извесни смутители? Таа треба да помогне –
ако воопшто се налага потреба од нејзино вмешување – за помирување, или за
отстранување на прегрешителите или смутителите. Таа во никој случај не може да
се стави во позиција на грчката и српска пропаганда, за да создава нови
Котевци, Љамевци и Бабунци, како што постапи Земјоделското правителство. Ако
тоа се случеше, словесните спорови помеѓу македонските емигранти после Војната
ќе беа угаснати, како што на времето слегнаа острите спорови меѓу бугарските
емигранти во Романија, кога Христо Ботев и Љубен Каравелов стоеја на два
различни пола. Доколку не беше владата, од погоре поменатата разбојничка група
ќе се отцепеа сите нејзини членови; власта ги поттикна во непростливи
прегрешенија, а сетне и во пропаста на ренегатството. Воколку не беше правителството,
ни мисла немаше да му прелета некому од „федералистите“ да започне вооружена
борна против ВМРО. Тоа правителство под дрво и камен бараше лица кои беа готови
да го спречат македонското дело.
Властодршците во Софија во ликот на Стамболиски, подоцна се криеја зад
некаков „блок“ опозициони партии со кои македонското движење ѓоа било во сојуз;
се криеја и во заплашувачките писма на Т. Александров за да оправдаат некои
свои постапки. Но повтараме, немаше ниту „блок“ ниту заплашувачки писма, кога
тие започнаа да плетат планови протививото на Тодора, како и против
евентуалното ново пројавување на ВМРО.
Македонското движење е убедено дека преку Александар Димитров бугарската
влада би презело ангажман да го уништи македонското дело, да ја потисне
македонската кауза. Коста Тодоров, познатиот меѓународен шпион, беше другар на
Стамболиски уште од затвор, негов приврзеник и полномошен министер; нему треба
да му се верува кога говори за нешто кое се однесуваат на Стамболиски, Ал.
Димитров и Земјоделската партија. Во својата автобиографија под наслов „Балкан
Фајербранд“ издадена во Америка, Коста Тодоров категорично вели дека, за време
на посетата на Белград, министерот Александар Димитров му ветил на Пашиќ дека
ќе го уништо македонското дело.
Македонските печатени изданија отворено ја обвинуваа тогашната бугарска
управа дека игра по гајдата на Белград. Убедливи деманти не се дадоа...
Од аспект на тврдењата на правитеството дека македонското движење се мешало
во бугарските државни и партиски политики, одбележуваме дека и тоа обвинение
дојде покасно, т.е. откако власта фати да ја попречува македонската кауза. Но,
фактички и немаше вмешување на македонските организации, туку обратно –
вплеткување на самото правителство.
Подоцна, во разговор со некои земјоделски водачи, јас утврдив дека тие не
ги споделувале докрај неоснованите критики против македонското движење. Така на
пример, бившиот министер за просвета во кабинетот на Стамболиски Стојан
Омарчевски, пред мои очи ја развиваше тезата оти македонското движење треба да
се интересира и и да се набркува во многу ствари во слободна Бугарија; и
дека едно пасивно држење од наша страна би значело одбегнување да се исполни
долгот кон нацијата ни.
Самиот Омарчевски даваше редица примери за тоа дека нашето вмешување е
повелително неопходно. Во истиот дух ми говореше и младиот земјоделски водач
Стефан Цанов. А, и Димитар Гичев истакнуваше дека македонското движење не може
сосема да е незаинтересирано за тоа што се случува во Бугарија. Истото го
мислел, како што ме уверуваа пријателите, и Вергил Димов.
Јас пред три-четири години бев сведок на борбата што се разви. Ниту во еден
момент и ниту во најмал размер не установив дека некој Македонец се интересира
за борба против власта на партиска основа. Со ниту едно лице од многубројните
со-чувственици од стара Бугарија не разменив дума за нечија партиска победа и
интереси. Сред многу мои познати помеѓу македонската емиграција, млади и стари,
никој не зборувал за ништо друго, освен за состојанието на македонското дело,
за изгледите на македонската ослободителна кауза, за положбата во поробена
Македонија.
Обратно, намешувањето во македонското дело од страна на тие кои што без
основа него го обвинуваа за истото, беше неоспорно, даже и доста грубо.
Еден пример на вмешување представуваше и споменатото создавање на партиски
македонски придодатоци – као земјоделската дружба на Александар Панов и
комунистичката македонска група на Хаџи Димов. Тие опити означуваа агитаци за
вмолкнување на македонската кауза и емиграцијата во партиските препирки во
Бугарија. Како што веќе рековме, тоа значеше дистракција на македонската
енергија, средства и внимание во насоки совршено туѓи за каузата на Македонија.
Од друга страна, со таа „намеса“, изразена во гонидби против Македонци и
против ослободителното дело, Бугарија (доколку владата може да се поистовети со
неа), изгледаше како да покажува оти македонското прашање не е бугарско, тоест
нема никава врска со чувствата и интересите на бугарштината, ами напротив – тоа
е вёпрос од којшто Бугарија сака да
се ослободи; со еден збор – сака да го види погребан.
При таква ситуација, пријателите на Бугарија во странство ќе се стеснуваат
и постепено ќе се откажат од подржување на какви било справедливи барања на
Бугарија во полза на македонската бугарштина во иднина.
...
(стр. 273-277, Copyright 1965 by Ivan Michailoff;
printed in Belgium by A. ROSSEELS PRINTING Co. 70, rue du Canal –
No comments:
Post a Comment