Мојот шура Тодор
Александров ниту за миг не беше
престанал да мисли на мене. Тој веќе беше успеал да ми испрати 1.000 динари,
преку видниот нишки трговец на железарија Жика Станковиќ. Директорот лично ми
ги предаде тие пари. Прашањето било уредено на следниот начин.
За време на
нашата окупација на Србија, Жика Станковиќ ,како виден радикал, бил уапсен и
заедно со други Срби, испратен во Сливенскиот заробенички логор. По пат,
ешалонот требало да престои 2-3 дни во Софиската железничка станица. Станковиќ
успеал да влезе во врска со софискиот адвокат д-р Забов, родум од Пирот и го
замолил да му помогне. Д-р Забов отишол кај шура ми, сакајќи да стори што се може,
оти лично го познавал трговецот како виден и мирен граѓанин на Ниш. Тодор
успеал да издејствува враќање назад на Станковиќа во родниот му град, со
задолжение да биде потполно коректен, што овој впрочем го изполнил
најдобросовесно. Сега Тодор решил да ја
исползува своевремено направената услуга кон Станковиќа за мене да ми помогне.
Во тоа време, јас
се бев запознал в затвор со слободњакот Жика Петровиќ од град Неготин, дезертер
од српската армија. Тој избегал во Бугарија одамна, уште пред војните, поскитал
по некои затантени градови, за конечно да се скраси во Софија, како содружник
на крчмата „Кривата Круша“. Во Бугарија тој беше истерал цели 20 години. После
Европската војна, си помилил дека минатото е веќе заборавено, се вратил во Ниш
и отворил кафеана и хотел. Ама наскоро, поради завист, го предале и воениот суд
го осудил на строг темничен затвор. По пат на штедри рушвети, кои му ги дал на
Јаша Ненадовиќ, тој за кусо време беше успеал да стане слободњак и често идеше
в град.
Еден ден, додека
работев во градината, Жика Петровиќ дојде кај мене и ми соопшети дека неговиот
познаник, трговецот Жика Станковиќ добил писмо од Софија, во кое Забов му
напоменал за некогашната услуга; после тоа истакнал дека успеал да му помогне на времето, преку
содејствието на еден велик човек, чиј што зет, професор Константин Ципушев, се
наоѓа во Нишкиот затвор; па
ете дошло доба да се врати услуга за услуга и да се стори што се може за
Ципушева.
Трговецот
Станковиќ, кој што бил многу благодарен за некогаш направената му услуга, ми ги
испрати кажаните 1.000 динари со посредство на самиот директор на затворот. Едно
утро, Јаша Ненадовиќ дојде во градината, ме повика на страна и ми ја предаде
сумата, со следните думи: „Еве ви 1.000 динари испратени од вашите домашни од Бугарија. Бидете
трпелив, зашто од Софија големи луѓе се интересираат за Вас. Ќе настапат поарни
дни“. Од тогаш, строгото однесување кон мене, како и чувањето, значително
ослабнаа. При такво состојание, започнав да готвам план за бегство, заедно со
братучед ми Костадин и со двајца мои другари – бугарски војници. Наскоро најдов
човек готов да ми помогне.
Во затворот се
бев запознал со мнозина затвореници Срби. Требаше да се бара соучесник меѓу
нив. Изборот ми падна врз Душан Стаменковиќ, младо и решително момче, со
отворено срце и добра воља. Лека-полека успеав да го наговорам да избегаме
заедно, а пак тој убеди двајца од чуварите да ни помогнат и да дојдат со нас.
Душан
Стаменковиќ, по занает касапче, подпоручник
за време на војната, бил војвода – помошник на Коста Пеќанац, во неговите
бунтови во Прокупље и Ќуприја. Скитањето низ шума му омрзнало и пошто немал
извршено никакво убиство на Бугари, тој доброволно им се предал на нашите воени
власти и истуркал 2 години во Сливенскиот затворенички логор. Таму се нашле
благородни луѓе кои се однесувале хумано кон него. Беше зачувал мошне добри
спомени од Бугарија.
Откако се вратил
во Србија, бил наклеветев од негови одмаздољубиви непријатели – Срби од
Прокупље, за што бил осуден на 20 години во тешки окови. Мислата за бегство го
завладеа наполно, зашто незадрживо тежнееше кон слобода и не можеше да се
помири дека го затвориле. Неколкупати ми расправаше за својата судба. – „Ципушев
– велеше тој – со моите неразумни дела кон Бугарите јас заслужив смрт, но Цар
Фердинанд го помилува мојот живот и тоа во воено време, согласно Царската му
прокламација. А тука Србите ме осудија на 20 години тешки окови“. Освен страсната
желба за слобода, добрите спомени од Бугарија и збрканоста од осудата, која што
ја сметаше за несправедлива, тој исто веруваше дека јас ќе му помогнам да
заживее спокојно во Бугарија, нешто кое што јас можев да му го ветам со чиста
совест.
Работата зрееше.
Чуварите, кои се готвеа да избегаат со нас, требаше да ни ги дадат своите две
пушки. Се снабдивме и со пили за пресекување на оковите. Бдеењето над нас, во
тоа време, беше намалено. Му го соопштивме тој план на шура ми Тодор, преку
нашиот братучед Илија Ципушев, студент во Белград, кој од време на време, идеше
во Нишкиот затвор за да ме види и ободри. Кога се‘ беше речиси готово, Илија
пак дојде да ме посети и кажа: „Тодор е согласен да почне операцијата само ако има полна гаранција да се
изврши безболно, зашто блиску е до срцето“.
Од Ниш до
границата се надевавме да стасаме највеќе за 2 ноќи. Душан Стаменковиќ велеше: „Ципушев, на грб ќе те нодам до бугарска
граница. Ќе имам две пушки, едната за тебе, другата за мене. Ако сакаш, за
твоја гаранција, мојата пушка ќе му ја дадам на братучед ти. Од тебе изискувам
само да ми дадеш чесен збор дека ќе ми го сочуваш животот и дека ќе ми помогнеш
да го потфатам занаетот, било во Сливен, било во некој подалечен град“.
Се готвевме да
избегаме. Слободата ни беше сосем близу. Сменувањето на директорот и на
помошниците ни ги разбркаа картите.
На местото на
Јаша Ненадовиќ назначија за директор
некојси Душан Петровиќ, бивш учител во основно и финансов чиновник, чиј
што главен адут бил дека е партизан на Никола Пашиќ. Треба додуша да признаам
дека човекот постави извесен ред во затворот и внесе, барем донекаде,
справедливост која ни беше најнужна. За кратко време лебот, храната и чистотата
се подобрија и станаа подносливи. Направија дури и бања со тушови, каде што ние
затворениците се капевме еднаш месечно. Порано бањањето се одвиваше во река
Нишава и тоа само дваж годишно, за време на летото. Мене, на Братучед ми Коста
и на д-р Геза Вајс, диркеторот ни забрани да одиме на работа, та според
правилникот, требаше да ни се нзјде некоја занимација, соодветно на то што сме
го работеле пред да влеземе в затвор. Тоа решение беше справедливо, ама го
увеличуваше еднообразието на затвореничкиот живот.
Заради олеснување
на скуката и расејување на мислите,
се погрижив да си обезбедам малку духовна храна. Одлучив да си набавам неколку
книги, а освен тоа, преку слободњаци нелегално ги добивав весниците „Политика“
и „Белградски весник“, низ чие што читање си ја одржував врската со светот од
кој што бев исклучен. Вистина, тие весници ги претставуваа собитијата под свое,
српско осветление. Но сепак научував и доловував многу нешта. Така, од еден
опозиционен весник разбрав за жалосната положба на нашите пленици, паднати в
српски раце след Солунското примирје. Во демократскиот весник „Правда“ беше
напечатен протест на една американска мисија, чиј склад за облеки, ќебиња и
храна бил ограбен, а виновниците останале неказнети. Слична голема кражба била
извршена во склад на англиската мисија во Пирот. Се разбира, крадците пак не
биле откриени. За мене обара случаја беа многу јазни: во таквите зделки, апашите вообичаено беа ортаци со
српската полиција. Потем, од весниците разбрав дека борбата во Македонија е
возобновена и оти ВМРО им создава големи тревоги на белградските насилници.
Освен тоа, се забележуваше дека кипежот во вештачката држава „Југославија“
започнал во сите други несрпски земји,
Така, деновите
минуваа во затвореничко еднообразие, кое го аби човека. Врската со надворешниот
свет беше недостаточна и едностранчива. Наоѓавме утеха во другарските разговори,
а највеќе во ретките посети на блиски луѓе. Идењето на братучед ми Илија за
мене беше суштинска живототворна струја која ме бодреше за долги седмици. На
тој начин, истекоа годините 1921 и 1922. Брројката на заточеници постојано се
увеличуваше. Сите соби беа веќе преполни. Затоа, во почетокот ма 1923
дирекцијата получи од Белград заповед за преместување на 140 затвореници од Ниш
во Марибор, Словенија. Во транспортниот список најмногу влегоа Албанци од
Санџак и Косово, помалку Срби и 9 души македонски Бугари – меѓу кои братучед ми
и јас. Кон крајот на февруари 1923 се потегнавме кон новото ни одредиште,
натоварени на 6 товарни вагона.
Нема што да се
каже за тоа патување. Во затворените товарни вагони ние бевме како стока –
добиток, која се превезува од еден обор до друг. При долгото време кое го
протерав во затвор, ја стекнав онаа особена кора на рамнодушност и трпение,
која помага да се изживеат деновите и месеците. Некогаш си бев слободен, но тоа
беше далечен спопмен. Одевме кон определена цел: да го продолжиме својот затворенички живот; со мала надеж за предвремено ослободување
и смутни планови за бегство дури и при најмалата можност.
На полноќ, спроти
31 март 1923, пристигнавме во Марибор. Уште во првите дни, четникот Евтим
Васев, кој што беше со нас од Штип, беше испратен во затворот во Лепоглава, заедно со други затвореници.
Во Мриборскиот затвор јас и братучед ми протеравме два ипол месеци, кои се
покажаа помачни отколку што можевме да очекуваме, во четвртата година од нашето
затворање, а петта од напуштањето на Струмица.
Додека патувавме
до Марибор, јас направив кратка сметка. Минав 3 ипол години во тешки окови, од
кои 3 во нишките автори. Изминати беа повеќе од 4 години од мигот кога бев
грабнат од својот слободен живот. Ми преостануваа уште 16 години затвор.
11. В ЗАТВОРОТ ВО
МАРИБОР
Началник на
нашиот конвој беше десетарот Жико, кој што отиде во Марибор неколку часа
порано. При предавањето на спроводителната книшка, тој се пофалил на директорот
дека во транспортот им и еден професор „булгарин“ прочуен комита. Дали
заинтересира од ова или пак по должност, директорот го дочека нашето
пристигање. Откако не построија и преброија, нечиј глас извика: „Кој од вас е бугарскиот професор да
дигне рака“. Тогаш до мене се доближи еден висок, строен господин и ми кажа
учтиво дека тој е директор на затворот. Ме замоли да бидам спокоен „до утре“,
кога ќе се запознаеме поарно.
На полјаната не
избањаа и ги испарија сета наша руба. До обедот не впишаа во црните тефтери и
ни ги соопштија затвореничките нумери. Согласно правилникот, ги прибраа в каса
сите наши пари, саати, прстени и други вредности. Потоа не распределија во
заедничките затворенички одаи.