Thursday, June 27, 2019

Евдокија Борисова: ПАТЕПИСАНИЦИ



МОЈАТА МЕЧТА ЗА ИСТАНБУЛ

Меѓу Рим и Картагина се носи со љубов за Истанбул
Зија Ѓокалп

Мечтата за Истанбул се збидна. Понекогаш мечтите се збиднуваат по двапати. „И станува се’ поубаво“- восторжено-трепетно, но и малку тревожно воскликнува Јулето. Зашто следниот пат некој од нас нема да се врати „цуриг“. Со сигурност. Наѕирам дека тоа ќе да е таа. Малку личи на Фусун од романот на Орхан Памук „Музеј на невиноста“. На таков бран сме, патувањето ни е литературно и по проект.
Само час откако сме в Истанбул и веќе сме на корабче по Босфор. Од каршија „аленејат“ во златно падините на Искидар. Тоа ќе да беше цитат од романот-опсесија. Ни „обсебува“ во Истанбул.
Кејот на Еминону врие од народ. Секакви. Со шамии, хиџаби и чадори, (со бурки во паркот Ѓулхане), со шалвари и сукњи, со бретели, пирсинзи, куси шорцеви и високи штикли. На незамисливо високи штикли се е качила една назамисливо долгонога блондинка – сушта провокација контра невиноста, воздржувањето, добронаравието. Сепак е Рамазан. Во тој град обаче ништо нема особено значење... и се’ има значење. Секој е ценет и никој никому не му пречи. Се живее за задоволство. Арно ама, вкусот кон животот го „притежаваат“ само ориенталците.
Еден галеб стапнал на врвот на нашето корабче и Бојана упорно се обидува да му ја штракне сенката. Има изразити краци, скоро како плавушата. Објективот ги лови ципестите му стапки и горделивата „човка“. Профил на глумец – од оние знаменитите ѕвезди на Јешилчам студиото (турскиот Холивуд). И тој е турист.
Ние обаче не сме туристи. Ние сме си како дома. Всушност, ја осуштествуваме заветната точка на нашиот проект “Патување по стапките на хероите од романот ‘Музеј на невиноста’„. Тоа не е едно од оние познати хероични патешествија, кои обично започнуваат од родното место и завршуваат на некој историски балкански врв. Нашето започнува од Истиклјал, од каде што веќе запопочнало морето. После морското крштевање на Босфор, испаѓаме на „Булеварот на изгревот и залезот“ во космополитскиот Истанбул. Турскиот Сансет авенју Истиклјал всушност означува независност. В Турција сме, која што принадлежи на илјадалетија и континенти, вери, јазици и култури, а во моментов чекориме по нејзината „најп‘стра“ улица. Улицава е – благо речено – град в градот, а квартот Бејоглу е вистинска магија. Жустрата толпа не повлекува и некои дури и се губат. Каква прелест е да се изгубиш во тој град, притоа на почетокот на денот – кон крајот на август. Вечерта Милена и Вања дигаат скандал во хотелот околу тоа дека исчезнаа од нашите погледи, а ние дури не сме ги ни побарале. „Толку ли не ви пуца за нас, по ѓаволите, така се исплашивме, потраживме такси, се објаснивме некако, тој не зборуваше англиски, ние германски, ама со рако-мафтање и суетење некако го најдовме хотелот...“ Се преигруваат, воопшто не се убедливи. Дури мислам дека се задоволни. Човек има нужда да остане насамо со Истанбул. Така е првиот пат, исто како после љубовна срешта.
Истиклјал е еден великолепно-кошмарен коктел од миризби на пржено, ванила, канела, џинџифил, скапи парфеми, плодови, печени костени и мумуруз (пченка); мелодии – ориенталски, етно и џез в еден невообразен фјужн, човечка реч, проѕвонување на трамвај, којшто упорно си пробива пат меѓу пешаците. Еден Алах знае како успева да го стори тоа. За прв пат гледам трамвајот да се бори за место и пат, а не луѓето да се пазат од него. Буквално слаломира низ множеството, а сепак се движи по шини. „Голем калабалак“, би воскликнала баба ми Евдокија, ако беше тука. „Што си кахрна (тажна), каз‘м (ќерко)? – често ме прашуваше таа. За да заклучи: „Еех, од генчлик (младост) е тоа, генчли-и-к...“ Не, не сум кахрна, радосна сум, Али генчликот нешто фати да си заминува? Парадокс, вистина е тоа, ама ај’! Овој јазик не ми е мајчин, ниту баштин, но така добро се справуваме заедно, со илјада думи во главата се раѓаме по нашите географски ширини. И сега, после толку години, потопени во серии, книги, жива човечка полијазична какофонија од звуци... реч, сиже, дијалог – в глава ми просветкуваат бабините зборови, благата насмевка, готова да прости се’, ама баш се’, гулабово-сивосините очи, округлите славјански усни, светлата кожа и чупливата коса, „с‘четани“ со нејзиниот аријски тенок нос и елегантен профил. Таа постојано оживува во мојата фантазија – ту во мимиките на убавите глумици од филмовите, со кои не’ залева турската филмска индустрија, ту во гласот на епскиот раскажувач позади кадарот, ту во думите на литерарните хероини на моите возљубени туски автори. Сигурно тоа ќе да е бесмртноста, што знам? Но, кога ќе се обѕирнам, видувам дека генчликот е заштитената марка на светот во кој сум попаднала – таласи од млади луѓе ме заплиснуваат по улиците... Турција е млада. Трамвајот представува живописна јаркоцрвена опсерваторија со дрвен опков и декоративни врати од „изјашна“ железна тантела. Минуваат на сантиметри од нас потскршнувајќи, очекуваме секој миг од прозорецот да никне самата Агата Кристи со лорњон на носот, завиена со бел загадочен шарф околу широкополестата шапка. Наместо неа, наѕираме прелестно женско лице со артистичка бемка, скриено зад темни наочари. Уште една Фусун. И литературни призраци.
Трипати минуваме нагоре-надоле по булеварот покрај една иста прекрасна, лепотанска, потемнета од времето зграда, во стилот на бел епок. Од неа натрапливо „л‘ха“ на кино и ѕвезди. Тоа е старото добро филмско студио Јешилчам од почетокот на минатиот век. Денес од неа останал кафич со балконче, влезови во биоскоп, кои директно плачат за реставрација, и афиши, афиши, афиши... Вистинска историја – палимпсест на турското кино, на златниот бел-епок на турските 70-ти. Денес обаче, на нејзиниот фон, в небесата штрчи кран. 2010-та е, насекаде се гради, те со ужас установуваме дека до неа намерува да се залепи наредниот сити-МОЛ. Е не, не морате баш тука, во Бејоглу, ви се молам, не!
Фотообјективите ни штракаат како луди, вперени во човешкото мноштво и кон витрините на слаткарниците, потрупани со слаткиши, над кои гатам каква е - за бога – таа прелест? А нашата преведувачка Ели (суштинска двојничка на Берен Саат) набројува севозможни наслови – кадаиф, ќунефе, чорек, мухалеби (јас го знам како малеби), профитерол. Ова последново, кое звучи како сируп за кашлица, всушност е бајковито вкусен специјалитет од мали еклерчиња, полни со сосема вистински еклерен крем, како од нашето детсво, а полиени со сос од течен шоколад.
Заборавив да споменам уште во почетокот, дека тука се’ е вистинско. И сирењето. И сладоледот. И симидот. И еклерите. И пивото „Ефес“ кое воња на хмељ, а не на шпирт. Наспроти Рамазан, наспроти глобализацијата и постмодерноста.
Го пробуваме омилениот „литературен“ слаткиш на Фусун, имено профитеролот, афродизијакот на вљубените ликови во романот, за кои што длабоко се сомневам дека им требаат слични стимуланси. Јадењето слатки отворено, претставува еден вид терапија на љубовта и сохранение или враќање на невиноста, не знам? Таа Памукова сторија за една пеплосана љубов, животите на ликовите ги потчинува на својата логика, на своето бавно, растегнато темпо, што тлее половина век. Главниот лик е ептен вљубен во својата братучетка, но треба да се вери за друга. Речиси серијална сторија, нели? Разбира се, таа веридба нема да опстојува долго, Сибел си заминува, но и Фусун исчезнува, па тогаш Кемал ја започнува потрагата по неа во милионскиот град. Еден прекрасен ден добива одговор на своите писма, ја наоѓа на новата адреса, те започнува секоја вечер да ја посетува во домот на нејзините родители, со надеж дека ќе ја ѕирне. Увредата на Фусун „прекалено продолжително издевателства“ не само со копнежот на Кемал, ами и со трпението на читателот – прелистуваш стотици страници додека не стасаш до нивната нова средба. Тогаш заљубениот турски Ромео, започнува да краде, ги реди и каталогизира нештата кои таа претходно ги допрела. Тој колекционира предмети и размислува над животот и загубеното време, над новините и собитијата, стихијата на медиумите, „вештите“, рољата на политиката во животот на секој од нас. Што е судбата? Кадер – еден магичен збор во турскиот речник на секојдневието, која објаснува се’. Ако ние се тормозиме, чукаме глава, неуротизираме – зашто вака, зошто онака, мене ли баш ме снајде, зошто не можам да се „преборјам“, еј ако бев..., или јас него ќе го..., итн. Турците воздивнуваат мудро и смирено лафат: што и да направиш, кадер. Во романот на Памук се случуваат катастрофи и преврати, се менуваат воени режими, бизнисот на главниот јунак пропаѓа... Неговата цел, обаче, е неизменета, и таа се нарекува Фусун. Животот комај преминува покрај него, но тој ја постигнал „смисолот Фусун“. И кога на крајот сепак се згодува со неа и веќе се заедно, се покажува дека не им било судено никогаш да не бидат заедно. Што пак не значи дека дека нема да бидат среќни. Парадокс! Фусун умира во атомобилска незгода. Кое што, од своја страна, преставува почеток на вистинскиот му живот и втора серија на Кемаловата „осебујност“ – тој ќе направи музеј на својата љубов, музеј на постигнатата човечка невиност. Роман за музејот – музеј за Романот, кинисавме за да се увериме со сопствени очи во таа чудна сторија, каде и како воопшто е можно нешто такво да се случи во денешни дни.
Го дегустираме профитеролот во слаткарницата „Инџи“, нивната слаткара. Влегуваме во блажена сенка на тесното заведение, интериер од 40-тите години на минатиот век, дрвен полиран мебел, стилски витрини со делиции, а од карпата не гледа Мустафа Кемал Ататурк, дотеран со високиот астрагански калпак. Истиот оној калпак што тој – Таткото – јавно го замени својот фес, свртен кон илјадната маса народ, и красноречиво го демонстрираше својот гест со зборовите: „Тоа и вие го можете, направете го! Бидете Европјани!“ Насекаде го откриваме Ататурк: по булеварите, подвожњаците, градини и паркови, ресторани, магацини, слаткарници. Монументи, бисти, постаменти, билборди, плакати. Зазел горда, решителна поза, та гледа кон Босфорот. Кон иднината. Личи на дедо ми Радослав: тој имаше ист таков светлокафеав калпак , исти такви светли очи, истата горда „осанка“, истите тенки, решителни усни, мустачиња ала Клерк Гејбл, високо чело. Однесени од виорот. Како да не се чувствувам како дома, кога тука, во слаткарава, „дедо ми“ Ататурк буквално е наведнат над чинијата со профитерол, која се топи со две-три загребувања на лажицата. Мала порција, слична на причест. Многу ли е слатко? Не, достаточно е, но и никогаш не е доста. Тука човек го губи инстинктот за самозаштита и мерка во вкусовите. Си правам фотка со исклучително сериозниот управител, кој прецизно мери плочки чоколадо од марката „Инџи“ на аптекарската вага. Такво чудо сефте гледам. А, доста продавници за чоколада сум посетила. Не’ вика една по една за лични снимки. Позираме за чоколадни фотоси. Дегустираме. Се’ е многу деловно, па нели работиме на проект. Јадењето шоколад е озбилно занимање. Затоа е колективно.
Од спротивниот излог на скап бутик се отсликува рекламен постер на Кванч Татлтуг. Гледа занесено и расквасено кон „Инџи“. Моментално се пренесуваме од романот во турската серија „Перла“ („Ѓумуш“). И воопшто, во слатката дрога на слаткарници и серијали, на постигнати блаженства, кои толку многу му прилегаат на ова место. За час, ми се стори дури дека го гледам правиот Кванч, но ... трамвајот не’ разделува. Засекогаш. Човек мистично се појавува и исчезнува во таа милионска гужва и шумотевица. Дали пак не е во прашање ефектот на жегата... и тоа да не е некаква ориентална – августовска – фатаморгана? Книжевни и телевизиски сеништа бродат низ летната „маранија“.
Одлучуваме да слеземе надолу кон Џеновеската кула. Но, пред тоа, треба да ја заобиколиме Чукурџума – право кон куќата на Фусун. Па, нели сме литературни поклоници? Се симнуваме по една исклучително стрмна улица (каков ли слалом е по тие излижани жолти павер-елементи през зимата) надолу, во правец на Златниот рог. Чукурџума е нешто како кварт во квартот, а в комшии се наоѓа Џихангир, каде што е еден од работните кабинети на Орхан Памук. Дали нема да го сретнеме некаде? Од утринските весници разбравме дека се вратил од Америка и моментално си е во Истанбул. Личиме малку на тинејџерки кои ја следат омилената рок-ѕвезда. Стигаме до огромна црвена куќа раководејќи се од компасот на описите во романот, на ќошето на улица „Далг‘ч Чакмаз“  бр. 24. Страница 276 од книгата – се’ се совпаѓа. Тука времето навистина сопрело. Претходната информација, која ни ја дава книжевниот текст, пишуван околу десет години, е плод на планови и добри намери, кои последователно се случуваат. Памук ја купил токму таа куќа која што си ја претставил и ја опишал – тука живее со родителите неговата хероина, по нестанувањето од Нишанташ. Тука к‘сметливо и ќе ја открие Кемал. Внимаваме да не згазнеме некоја свештена мачка од илјадниците...


(изд. ЕКСТАЗ – Берлин, 2017 год.)

No comments:

Post a Comment