СОДРЖИНА
Поглавје I
Предците на Теодорик
Источните Готи Остроготи и Западните Готи Визиготи. -Народите што ја
формираа Готичката Конфедерација. –Кралската фамилија на Амалите. –Готската
инвазија во второто столетие. –Остроготот Херманрик. –Упадот на Хуните.
–Поразот на Остроготите. –Поразот на Визиготите. –Визиготите во Византиската
империја. –Битката кај Адријанополе. –Аларик во Рим.
Поглавје II
Моќта на Атила
Остроготите под ропството на Хуните. –Трите кралски браќа. –Атила, Крал на
Хуните. –Атила ја унесреќува Источната Империја. –Атила удира врз Галија.
–Битката кај Каталаунските полиња. –Инвазијата во Италија. –Деструкцијата на
Аквилеја. –Смртта на Атила и пропаѓањето на неговото царство. –Населувањето на
Остроготите во Панонија.
Поглавје III
Младоста на Теодорик
Упадот на Хуните. –Нивниот пораз од Валамир. –Раѓањето на Теодорик.
–Војната со Источното Римско Царство. –Теодорик како заложник. –Описот на
Константинопол. –Стопанството на Цариград и неговите монументи.
Поглавје IV
Преселбата на Југ
Борбите со Швабите, Сарматите, Скирите и Хуните. –Смртта на Валамир.
–Тевдемир станува крал. –Теодорик го победува Бабај. –Тевтонскиот обичај на
Комитите. –Остроготскиот фолклор. –Тевдемир врши инвазија во Источната Римска Империја.
–Сместувањето на Остроготите во Македонија.
Поглавје V
Луња и Стрес
Смртта на Тевдомир и акцесијата на Теодорик. –Лав Касапинот. –Императорот
Зенон. –Маршот на Теодорик против синот на Триариус. –Неговата инвазија во
Македонија. –Поразот на неговата гарда. –Неговата спогодба со Императорот.
Поглавје VI
Италија под Одоакар
Состојбата во Италија. –Крај на Теодосиевата Линија. –Патрицијатот Рицимер.
–Борбите со Вандалите. –Патрицијатот Орест го прави Син на Царот, наречен
Августул. –Падот на Западното Римско Царство и издигнувањето на Одоакар.
–Амбасадите во Константинопол.
Поглавје VII
Освојувањето на Италија
Одоакар врши инвазија на Далмација. –Одоакар спроведува успешна кампања
против Ругијаните. –Теодорик прима од Зенон задолжение да го собори Одоакар.
–Теодорик врши инвазија во Италија, отфрлајќи ги Гепидите, кои се обидуваат да
го препречат неговото проаѓање. –Битките кај Исонзо и Верона. –Одоакар се
засолнува во Равена. –Предавстото на Туфа. –Гундобад, кралот на Бургундите, се
спушта во Италија да му опонира на Теодорик, додека Аларик Втори, кралот на
Визиготите, му придоаѓа како сојузник. –Битката на реката Ада, и натамошни
порази на Одоакар. –Предавањето на Равена. –Убиството на Одоакар.
Поглавје VIII
Социетатис Цивилитас
Трансформацијата на Теодориковиот карактер. –Сите негови титули. –Неговите
амбасади при Зенон и Анастасиј. –Теодориковата грижа за повторна изградба на
оштетените градови и поправка на аквадуктите. –Поттикнувањето на трговијата и
занаетчиството. –Преродба на земјоделството. –Анегдотите на Теодорик.
Поглавје IX
Римските официози – Касиодор
Управувањето со Италија се’ уште се врши во согласност со римските
преседани. –Конзулатот и Сенатот. –Касиодор, неговиот карактер и работење.
–Неговата Историја на Готите. –Неговите писма и државна документација.
Поглавје X
Аријанската Лига
Политичкиот багаж на Аријанството кај Германските доселеници во Европа.
–Вандалите, Швабите, Визиготите и Бургундите. –Зголемувањето на моќта на
Кловис. –Неговото преобратување во Христијанство. –Војната на Кловис со
Гундобад, кралот на Бургундите. –Судир и со Аларик Втори, кралот на Визиготите.
–Крајот на монархијата во Тулуз. –Узурпацијата на Гезалик. –Теодорик управува
со Шпанија како заштитник на неговиот внук Амалрик.
Поглавје XI
Анастасиј
Анастасиј, императорот на Византија. –Неговиот карактер. –Неговите
несогласици со поданиците. –Теодорик и кралот на Гепидите. –Војната за Сремска
Митровица и нејзините последици. –Упад на Италијанскиот брег. –Помирувањето
меѓу дворовите на Равена и Константинопол. –Анастасиј му ја доделува титулата
конзул на Кловис. –Кловис елиминира многу од неговите ривали. –Смртта на
Кловис. –Смртта на Анастасиј.
Поглавје XII
Рим и Равена
Теодориковата посета на Рим. –Оспорениот избор на Папата. –Теодориковиот
говор кај Златната Палма. –Монахот Фулгентиус. –„Дистрибуциите на леб“. –Трките
на Стадионот. –Заговорот на Одоин. –Враќањето во Равена. –Свадбените фестивали
на Амалберга. –Црковните мозаици. –Свети Аполинер Дентро. –Процесијата на
девиците и мачениците. –Аријанското крштевање. –Таканаречената Палата на
Теодорик. –Исчезнатите статуи.
Поглавје XIII
Боециј
Се облачи на хоризонтот. – Анксиозност околу сукцесијата. –Смртта на
Евтарих, зетот на Теодорик. –Неговиот син Аталарих се прогласува за Теодориков
наследник. –Папата и византискиот Император се помируваат. –Антиеврејски бунт
во Рим. –Напнати односите помеѓу Теодорик и неговите католички поданици.
–Лидерите на Римјанската партија. –Боециј и Симах. –Сломот на Аријанската лига.
–Кипријан го обвинува Боециј за предавство. –Боециј бидува обвинет. –Неговото
судење, проколнување и смрт. –„Утехата на Филозофијата“.
Поглавје XIV
Гробот на Теодорик
Делегација на Папата Јован во Константинопол. –Неговото заточение и смрт.
–Егзекуцијата на Симах. –Опортуната смрт на Теодорик. –Варијабилноста на
сториите за тој настан. –Теодориковиот мавзолеј. –Ултимативната судбина на
неговите посмртни останки.
Поглавје XV
Амаласуента
Искачувањето на престолот на царот Јустинијан. –Неговото место во
историјата. –Ликвидирањето на Вандалското кралство во Африка од страна на
Велизар. –Битките кај Децимум и Трикамарон. –Триумфот на Велизар. –Падот на
Бургундското кралство. –Смртта на Амалрик, кралот на Шпанија. –Проблемите на
Амаласуента со нејзините поданици виза-ви образованието на нејзиниот син.
–Тајните преговори со Јустинијан. –Смртта на Аталрик. –Теодахад е поставен како
партнер на тронот. –Убиството на Амаласуиента. –Јустинијан објавува војна.
Поглавје XVI
Велизар
Јустинијан ја започнува големата Готска војна. –Далмација наново освоена за
Византија. –Велизар се истоварува на Сицилија. –Опсадата на Палермо –Југот на
Италија прегазен од Византијците. –Заземен и стратешкиот Неапол. –Теодахад
соборен од престолот од страна на Готите. –Витигис избран за крал. Готите се
евакуираат од Рим. –Велизар влегува во Вечниот Град. –Долга опсада на Рим од
страна на Готите која завршува со неуспех. –Велизар маршира на север и ја
освојува Равена.
Поглавје XVII
Тотила
Лошото владење на Италија од страна на Велизаровите офицери. –Готичката
кауза оживува. –Акцесијата на Илдибад. –На Ерарик. –На Тотила. –Тотиловиот
карактер и политика. –Неговиот победнички прогрес. –Велизар препратен назад во
Италија за да му се спротивстави. –Опсадата и заземањето на Рим од страна на
Готите. –Фортификацијата на градот растурена. –Велизар одново го окупира
Вечниот град, а Тотила безуспешно го опсадува. –Генерален успех на понадмоќното
Готско оружје. –Велизар за враќа во Цариград. –Неговите идни фортуни...
Поглавје XVIII
Нарсес
Тотила пак го ослободува Рим. –Климакс на супремацијата на Готското
вооружување. –Нарсес, царевиот канцелар, назначен за командант на нова експедиција
за ослободување на Италија од Германите. –Битката на Апенините. –Тотиловата отепувачка.
–Крај на Готичката доминација во Италија.
Поглавје XIX
Сагата за Теодорик
Фамата за Теодорик опеана во сага која се занимава со неговото име. –Сагата
за Вилкина. –Сторијата за Теодориковите предци. –Неговото момчештво. –Неговите
придружници, Мастер Хилдебрант, Хеиме и Витиг. -Смртта на неговиот татко и
неговото искачување на тронот. –Хербарт ја бара ќерката на Крал Артур, прво за
Теодорик, а потоа за себе. –Херманрик, неговиот стрико, го напаѓа Теодорик,
-Прелетувањето и засолнувањето во кампот на Атила. –Обид за враќање. –Синовите
на Атила убиени во бој. –Трагедијата на Нибелунзите. –Теодорик се враќа во
своето кралство. –Неговата мистерија завршува.
(THEODORIC THE GOTH – The Barbarian Champion of Civilization by Thomas Hodgkin; G. P. Putnam’s Sons 1906 New York – London)
No comments:
Post a Comment