НУКЛЕАРНИТЕ
ЕКСПЕРИМЕНТИ И ОКЕАНОТ
Лутаме во безисходица.
Говоревме за Херколубус по-скоро бегло, без задлабочување, за да не го
плашиме народот и да не создаваме тревога. Сега да разгледаме друга смртоносна и
опустошувачка опаснот за која никој нема сили да ја сопре – нуклеарните
експерименти в океанот.
На морското дно зинале огромни, многу длабоки пукнатини, кои веќе влегуваат
во контакт со огненото јадро на Земјата. Нив ги предизвикуваат научници и нации
кои што се нарекуваат себеси „суперсили“.
Огнот на Земјата веќе ја облева водата и се појавуваат циклони. Тоа е
појавата која господата Американци ја нарекуваат Ел Нињо. Само што не е
никаков „Ел Нињо“, туку допирање на земјениот оган со водата в океанот. Раширувачките
пукнатини ќе предизвикаат земјотреси и други катаклизми и на дното, а на
копното нема да остане ни камен врз камен во крајбрежните градови. Нашата
планета бавно потонува в океанот, затоа што нејзината оска веќе е изместена од
сите тие атомски експерименти.
Како последица на потреси, земјотреси и цунами, земјината оска дефинитивно
ќе се измести и потопувањето започнува. Немој да мислиш, скапи читателу, дека
потопот ќе се случи нагло. Тоа ќе биде долг и бавен процес, а страв и маки ќе
го агонизираа Човештвото. Земјата ќе потонува на делови, се’ додека не настапи
нејзиниот крај.
Прочуените научнци прогледуваат низ прсти на прегрешенијата и вандалштините,
што ги допуштиле кон Створението, и сега ќе паднат како жртва на
сопствените пронајдоци. Морското дно веќе е населено со чудовишта и грабливци
кои се хранат со атомска енергија. Затоплувањето на водите ќе ги принуди да
излезат во барање прибежиште. Ќе стигнат до приморските градови и се’ ќе
срамнат со земја по нивниот пат – куќи, згради, бродови, луѓе – затоа што,
голтајќи атомска енергија, тие веќе и самите се атомски. Тродимензионалните
куршуми од нашите оружја само повеќе ќе ги разјарат. Ова што го тврдам ќе
настапи наскоро.
Но тоа не е се’. Морската вода ќе зоврие од оганот на земјиното јадро и ќе
се испуштат така ужасни пареи, што ниту авиони ќе летаат, ни бродови ќе пловат.
А, испарувањата ќе го скријат сонцето, непроѕирен мрак ќе обвитка се’ и ќе
дојде крајот на животот на нашата Планета. Ви советувам, уважен читателу, да не
се оддалечувате од местото каде што сте, зашто нема да најдете никава закрила.
Нивните величества научниците го забораваат последиците од нуклеарните
експлозии и експериментите в океанот. Иако се прават дека се кој знае какви
сезнајковци, тие остануваат „невежи“ и диви ѕверови, како некои други да ги измислите
механизмите за истребување на Човештвото, и на самите нив.
Атомската енергија го зарази целото море и секој створ кој што го населува.
Логично е да се заразиме и ние, ако се храниме со риба и други морски животни.
Затоа препорачливо е да не се конзумираат.
Морето е жив организам, тој дише. Кога издишува, тој ја заразува целата
флора и кислородот приман од нас. Промени ќе го засегнат човечкиот организам и
ќе се изродат деца-чудовишта, а цел свет ќе затрепери од ужас.
Гледана од други, повисоки димензии, нашата планета веќе исчезнала. Ние би
виделе едно жолтеникаво блато, како да е ставена шепа кал да врие во вода. Не
би се наѕирала никаква форма на живот – нема растенија ниту животни, ни луѓе.
Потполно мртвило. Останува само сето тоа да се кристализира во третата
димензија, односно во физичкиот свет, за да исчезнеме сосема, бидејќи се’ се
свртува од горе надолу.
На сите овие мои тврдења интелектуалците и научниците ќе ми се потсмеваат
од цело грло како „ревечки осли“. Но удри ли часот, поголеми страшливци од нив
нема да има. Ќе плачат и нема да знаат што да сторат и каде да отидат.
Тогаш, што да очекуваме за Човештвото? Го очекуваме неговиот крај. А,
господата кои од недоразбирање ги нарекуваме научници, навистина се учени, но
не се конструктивни туку деструктивни, зашто ја користат науката за да ја
уништат секоја живинка.
Јас ги прашувам нивните превосходства – научниците – истит тие кои урлаат: „И
каков е вашиот рецепт за избегнување на проблемите кои се закануваат со
уништување на планетата?“ Нема таков, освен да ја исчекуваме катастрофата. –
„Но ако сепак имате ефикасно решение, ќе го споделите ли со нас?“
...
(Joaquin Enrique Amortegui Valbuena
[V.M.Rabolu]: HERCOLUBUS O PLANETA ROJO; 2003)
No comments:
Post a Comment