Sunday, December 31, 2023

Пол Валери: ТЕТРАТКИ

 

3.

ЕРОС

 

Сите ужаси на несвесноста. Сладострастие. Јас не сум го изгубил тлото под нозете. Во најжешкиот од моментите, јас мислев на нешто друго; на оваа тетратка (на пресметката на варијациите од сношти),

 

*

Еротика

Човек со жена измешан. Независни варијабли.

 

Сценарио

Човек и жена заедно мислеа дека се сами. И тие ги симнуваат своите општествени идеи; нивните навики се менуваат и тие слушаат како нивната крв удира; тие замислуваат еден заборав, поголем, понов, едно делување најпосле исчистено од од расејаноста; тие се загреваат и ја слекуваат својата облека. Тие се фаќаат и се бараат, и треперејќи ги избираат најубавите положби на своите тела, а тие не се достигнуваат лесно... Свежо и топло се бараат, снагата се воздржува и надразнетите органи управуваат со идејата на секој од нив, и ја восхитуваат. И усните меѓусебно се земаат, и удот почнува да продира во вжарениот отвор на жената.

А, потоа ги нема веќе ни човекот, ниту жената. Има една работа која се покренува самата над себе секогаш се’ побрзо и побрзо, една машина која испушта воздишки, ги забрзува своите отчукувања, пенавејќи, – или една „животиња„ која се убива себе си – или кошмарот на едно давење, итаница, лудо брзање да се дојде на време. Клатење околу осовината на рамнотежата.

Конечно!...

 

*

...

 

(Paul Valery: CAHIERS, tomes I et II: GALIMARD)

 

No comments:

Post a Comment