Thursday, April 26, 2012

„Остров“ од Олдос Хаксли



Оваа година се навршува половина век од излегувањето на „Остров“ - култното дело на британскиот писател Олдос Хаксли, кој се смета за еден од најпознатите книжевници на 20. век, автор ненадминат според обемот на проблемите за кои е заинтересиран и според стручноста со која ги обработува темите. По тој повод, објавуваме кус инсерт од оваа исклучетелна книга-утопија.

Вил продолжи да седи, немотивирано, внимателно, гледејќи ја испреплетканата река на Светлината, како безвремено тече од една во друга секвенца. Секоја фраза на оваа добро позната музика ја откриваше убавината која бликаше од сите страни, како од некоја безгранична фонтана и која се изливаше во ново откровение на необичност и извонредност.
...Сребрена и црвена, жолта и светлозелена и небесносина светлина, бесконечна редица на светлините сега надоаѓаа до некој извор скриен, а која сплотена со музиката, целисходно се нареди во ревија на неверојатно комплексна убавина. Непресушна фонтана прскаше во рамките на свеста и живите ѕвезди. И додека Вил гледаше во нив и го одржуваше нивниот живот и музиката, тие почнаа да растат во други простори, кои ги исполнија трите димензии на внатрешноста, за на крај да се преобразат во четврта, безвременска димензија на квалитативноста и значајот.
...Внатрешната светлина наеднаш беше проголтана од поинаков вид на светлина. Фонтаната на формата, „ревијата“ на обоените сфери во свеста, како и целисходните рамки беа заменети со неподвижни столбови и дијагонали на рамни површини и искривени цилиндри ... на Бранденбуршкиот концерт. На крајот од еден безвремен такт, исплива еден меур на објаснување кој се издигна во неговата свест. Вил се загледа во приказот и наеднаш пред него се појави правоаголна мала маса, зад масата стол за нишање, зад неа чист и бело варосан ѕид.
...Од геометриските конструкции со кафеав ахат, неговото внимание се сврте кон бисерната позадина. Да, тоа е ѕид, но спред фактот на доживувањето, тоа беше еден жив процес, на постојано повторувачки трансформации на белиот малтер во натприродно тело, во божје тело, кое непрестајно претрпува промена од една слава и убавина во друга. Надвор од обидот меурот да го даде објаснувањето, еден обмислен дух повторно ја повика бескрајната низа од деликатесните нијанси, во исто време и силни и бледи, а кои испливуваа од потајност за да продолжат, блескајќи преку божествената кожа. Прекрасно, со еден збор прекрасно. Но, постоеја и други чуда, други нови зборови кои требаа да се освојуваат или да се биде освоен.
Вил ја сврте главата налево, се изненади од блесокот на скапоцените камења. Не беа толку чудни. На сите страни блескаа тенките плочи од смарагд и топаз, од рубин, сафири и лапис лазули, кои беа поставени една врз друга, како цигли и шкаф за книги на ѕидот на Новиот Ерусалим. Се појави зборот...
...Вистинската река која се соединува со море го претставуваше неговото влевање во Бога. Еден меур зборот „БОГ?“ го даде во навод и со ироничен прашалник. Или можеби „Бог!“ во еден модернистички смисол? Вил ја затресе главата. Одговорот беше дека тое е само едноставно Бог во кој не може да се верува, но кој е очигледен. Како и да е, реката беше вистинска река, а морето не беше ништо друго, туку Индискиот океан.
            - Каде се наоѓам сега? – запраша Сусила.
            - Во рајот, мислам – одговор Вил.
...Нејзините очни шуплини се наоѓаа во некоја таинствена сенка и освен малечкиот сјај, кој допираше од нејзините образи, десната страна беше ОК. Но, левата страна блескаше со животна светлина толку исконски јасна, која воопшто не беше ниту вулгарна, ниту со оној злокобен сјај на темнината. Но, таа светлина не беше ниту онаа откриена вжарена среќа и задоволство, која ја виде во далечниот залез на вечноста, зад затворените очни капаци или оние скапоцени книги, дело на таинствен кубист. Тоа што сега го гледаше беше парадокс на спротивности. Нештата при кои светлината блескаше беа тама, а темнината се наоѓаше во дното на светлината
            - Тоа не е сјај на Сонцето, а не е ниту Шартр...
...„Господ е љубов“. О мили Боже, кога последен пат ја употребивме заедно мокшата.

Thursday, April 19, 2012

Евлија Челебија во Скопје



По повод научната конференција посветена на ликот и делото на турскиот патеписец од 17. век објавуваме дел од неговата репортажа за Скопје. Извадокот е земен од преводот на „Патеписот“ објавен од издавачката куќа „Веселин Маслеша“ 1973 година во Сараево на српско/хрватски јазик


Во Долна варош се наоѓа џамијата на Јахја-паша; тој бил везир и зет на султанот Бајазид. На сводот над главните врати на таа џамија, со џелии-писмо, напишан е натпис:
            Пашата кој е бил лав на боиштето и на кој му е дадено
            Името Јахја,
            Крева, со среќа, џамија за побожните луѓе и богомолјците.
            Штом чув дека во арен час е довршена,
            И реков хроностих:
            „Овој месџид е подигнат за љубов на Алах“
                                    908 г. (= 1502/503 г.)

Таа џамија има висока купола и восоко минаре, така што личи на минарето на Аја Софија во Истанбул. Неимарот на градбата го покажал своето мајсторство и токму на средината на великиот храм на таа џамија, во сенката на стеблата на чинари и чемпреси, подигнал уметнички шадрван кој е врв на способноста, така што восхитеното око се очарува пред таа уметност.
На спротивната страна на големиот мост преку реката Вардар се наоѓа џамијата на Карли-заде.
Натисот на Коџа-Мустафината џамија која се наоѓа пред тврдината гласи:
            890; годината осумсто деведесета.

Има една џамија која што е позната под името „Алаџа џамија“, а ја изградил Гази Исак бег. Мошне убава е и џамијата на исак-беговиот син Иса бег.
Од месџитите, мене ми се познати: Иса-беговиот месџид, Исак-беговото огледало и Кепенекчискиот месџид.
Најпознати медреси се: Султан-Мурадовата ханова, Јахја-пашината, Исак-пашината, Иса-пашината, Мустафа-пашината и Карли–задеовата медреса. Овде има девет школи за изучување на кираетот. Само, тоа не се посебно згради под куполите, него тие се изградени уз џамијата. Во нив се учи само меморирање на Куранот, оти населението инаку не посветува многу внимание на Куранот.
Основни школи (мектеб) има 70; уз секоја џамија подигната е основна школа. Најпознат е Коџа Мустафа-пашиниот мектеб.
Текиња има дваесет. Бидејќи мевлиското теќе е в исто изградено, тоа е во добра состојба. Тоа претходно било пашин двор (хандан). Со наредба на Мелек Ахмед-паша тоа е претворено во мевлиско теќе. Уште познати се: теќето на Локман Хеким и баба-Медаховото теќе. Овде има 110 чешми, а се смета дека има и 200 себил-ханови.
Водата која е разводена по градбите на овој шехир, е земена од реката која тече од град Качаник. Таа е разводена по шехирот со Иса-беговиот водовод. Оваа река се слива од качаничките планина, а под Скопје се влева во Вардар. Тоа е здрава вода, бистра како кристал. Вардар се слива од планините во Албанија, од планинита кај градовите Малиган дигер, Пеќ и Призрен, протекува под Скопје и се спушта надолу, па откако пројде низ Велес (Ќеприли), протечува под еден дрвен мост близу Караферја, та близу Солун се влива во море.
На рекичките што се наоѓаат во околината на овој голем шехир има илјадници воденици.
Скопските амами се мошне пријатни. Близу Јахја-пашината (џамија) се наоѓа женски амам (Кизлар хамами), кои највеќе ги посетуваат жени. Тој амам не се наоѓа на прометна улица, туку на скришно место, зашто во овие краишта голема срамота е жените да влегуваат во хареми што се наоѓаат во улици во кои е жив сообраќајот на луѓе. Во бојаџиската чаршија се наоѓа Шеки-амамот. Во Иса-беговиот амам воздухот е мошне пријатен. Неговите ѕидови и кубиња воопшто не примаат влага, ниту пак од нив паѓаат капки пот. Граѓаните на ова место велат дека, освен овие, има и до 1.060 куќни амами и се гордеат со тоа.
Во Скопје има седум мусафирхани со бесплатна храна и преноќиште. Најпозната е Јахја-пашината мусафирхана.
Од трговските анови познати се Мехмед-агиниот ан близу Иса-беговата џамија. Натписот на тој ан гласи:
            Хаџи Мехмед-ага ја презеде изградбата,
            Истиот час му се срочи хроностих: „Нов и красен ан“
            999 (= 1590/91 г.)

Познати се уште е ановите: Јахја-пашиниот, Иса-беговиот и Исак-беговиот.
Во Скопје има 13 беќарски соби. Во нив становаат занаетчии-беќари.

Чаршијата. – Таа се состои од две илјади стопедесет дуќани. Тука има трговишта и базари кои се градени од тврд материјал и украсени со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршија на базази (трговци кои продаваат памучни ткаенини), чаршија на газази (кои изработуваат и продаваат свилени ткаенини), чадорџии (кои изработуваат чадори), папуџии (хафафа), бојаџии и ткајачи (кои изработуваат капчиња); тоа се големи чаршии направени според план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, ружи, зимски рози (нерсин), босилок, јоргован и замбак (крин) во вазни и саксии. Тие со својот мирис просто им го опиваат мозокот на посетителите и трговците.
На реката Вардар се наоѓа мост со 14 сводови. Четири свода биле срушени, па се пак поправени. Датумот на реставрацијата гласи:
            Кога луѓето го видоа обновувањето
            На овој беспримерен мост,
            Фалејќи го рекоа: „Многу е
            поубав отколку што беше порано.“
            Поправката е извршена со доброволна работа на народот.
            Хилали ми рече хроностих:
            „Реставрација на високиот мост“
            987 (= 1579 г.)

Овој велик мост, кој што заслужува да се види, го подигна султанот Мехмед Освојувачот. На спротивната страна од тој мост се наоѓа населба со голема варош.

Поети. - Скопјани – поети биле Хаки и Арзи-челеби, современици на Бајазид Светиот.

Интересните споменици. – На прво место се истакнува една саат-кула, која се наоѓа пред Горни град,  близу Царевата џамија, а личи на минаре. Отчукувањата на нејзиниот саат се слушаат на далечина од еден ден ‘од, но гласот му е страшен. И торањот на таа саат-кула е мошне интересен.
Во самиот центар на Долна варош има едно турбе по име Баба Локман. Бил тоа некој мудрец. Со помош на науката за талисмани, тој произвел вруток со жива вода. Тоа е така питка вода како да се точи од рајскиот извор Кевсер. Болниот кој ќе пивне капка од таа вода сигурно ќе оздрави и ќе се опорави. Во тој вруток пливаат многу риби. Голем број луѓе тука се враќаат, говорејќи:
- Ако мојата работа среќно ќе се заврши, нека рибите го изедат лебот што сум им го фрлил. А ако мојата работа е безуспешна, и не ќе се заврши среќно, нека тие не го јадат мојот леб.
И за чудо Божје, рибите по налог на живиот и семоќен Бог, го јадат лебот на мноштво луѓе и работата ним им поаѓа од рака; на многумина сепак рибите не им го јадат лебот, па ни нивната работа не ја биѓава.

Црквите. Тука постојат ерменски, бугарски, српски и еврејски богомолји, а нема франачки, унгарски и германски храмови.

Thursday, April 12, 2012

Откровение на Свети Јован Богослов


(извадок од Библијата на српски јазик, преведена од Вук Караџиќ, со божја помош)

6. И видјех другога анђела гдје лети посред неба, који имаше вјечно јеванђеље да објави онима који живе на земљи, и свакоме племену и језику и кољену и народу.
7. И говораше великијем гласом: Бојте се Бога, и подајте му славу јер дође час суда његова; и поклоните се ономе који је створио небо и земљу и море и изворе водене.
8. И други анђео за њим иде говорећи: * паде, паде Вавилон град велики: јер отровнијем вином курварства својега напоји све народе.
9. И трећи анђео за њим иде говорећи гласом великијем: * ко се год поклони звијери и икони њезиној, и прими жиг на чело своје или на руку своју,
10. И * он ће пити од вина гњева Божијега, које је непомијешано уточено + у чашу гњева његова, ** и биће мучен огњем и сумпором пред анђелима светима и пред јагњетом.
11. * И дим мучења њихова излазиће ва вјек вјека; и неће имати мира дан и ноћ који се поклањају звијери и икони њезиној и који примају жиг имена њезина.
12. * Овдје је трпљење светијех, + који држе заповјести Божије и вјеру Исусову.
13. И чух глас с неба гдје ми говори: напиши: благо мртвима који умиру у Господу од сад. Да, говори Дух, * да почину од трулова својијех; јер дјела њихова иду за њима.
14. И видјех, и гле, облак бјел, и на облаку сјеђаше * као син човјечиј, и имаше на глави својој круну златну, и у руци својој срп оштар.
15. И други анђео изиђе из цркве вичући великијем гласом ономе што сједи на облаку: замахни српом својијем и жњи, јер дође вријеме да се жње, јер се осуши жито + земаљско.
16. И онај што сјеђаше на облаку баци срп свој на земљу, и пожњевена би земља.
17. И други анђео изиђе из цркве што је на небу, и имаше и он косијер оштар.
18. И други анђео изиђе из олтара, који имаше област над огњем, и повика с великом виком ономе који имаше косијер оштри, говорећи: замахни косијером својијем оштријем, и одрежи грожђе винограда земаљскога; јер већ сазреше пуца његова.
19. И баци анђео косијер свој на земљу, и обра виноград земаљски, и метну * у кацу великога гњева Божијега.
20. И оточи се каца * изван града, и извиђе крв из каце тја до уза коњма хињаду и шест стотина потркалишта.

Пјевачи на стаклену мору. Пошљедњих седам зала. Седам чаша гњева
XV И видјех * други велики знак на небу и чудо; седам анђела који имаху седам пошљедњијех зала, јер се у њима саврши гњев Божиј.
2. И видјех као * стаклено море смијешано с огњем, и оне што побједише звијер + и икону њезину, и жиг њезин, и број имена њезина, гдје стоје на мору стакленоме ** и имају гусле Божије;
3. И пјеваху * пјесму Мојсија слуге Божијега, и пјесму јагњетову, говорећи: велика су и дивна дјела твоја Господе Боже сведржитељу, + праведни су и истинити путови твоји, царе светијех.
4. Ко се неће побојати тебе, Господе, и прославити име твоје? Јер си ти један свет; јер ће сви незнабошци доћи и поклонити се пред тобом; јер се твоји судови јавише.
5. И послије овога видјех, и гле, отвори се * црква скиније сведочанства на небу,
6. И изиђоше седам анђела из цркве, који имаху седам зала, обучени у чисте и бјеле хаљине од платна, и опасани по прсима појасима златнијем;
7. И једна * од четири животиње даде седморици анђела седам чаша златнијех на напуњенијех гњева Бога, који живи ва вијек вијека.
8. * И напуни се црква дима од славе Божије и од силе његове; и нико не могаше доћи у цркву, док се не сврши седам зала седморице анђела.

Wednesday, April 4, 2012

ФАШИЗАМ, КОМУНИЗАМ И СЕКСУАЛИЗАМ


Вилхелм Рајх
 
Оваа година се навршуваат 55 години од смртта на еден од најмистериозните научници на 20. век д-р Вилхелм Рајх. Тој умрел ноември 1957 г. во американски затвор, каде што бил сместен – според негови длабоки уверувања – од страна на ЦИА. Рајх е познат по неговата теорија за Оргонот, еден нов вид космичка енергија, која што тој мислел дека ја открил. Но пред тоа, тој бил попознат по своите истражувања на човековата сексуалност и нејзината поврзаност со масовните политички движења и идеологии. Во бивша Југославија, Рајх беше фамозен поради неговата книга „Функциите на орга(ни)змот“, според која дисидентскиот режисер Душан Макавеев го сними истиомениот (подоцна забранет) филм.
Инаку, Вилхел Рајх бил германски Евреин. Тој „во живо“ го проследил јакнењето на фашизмот во Германија, како и доаѓањето на власт на Хитлер и неговата Национал-социјалистичка германска работничка партија. Со оглед на тоа што бил убеден комунист, Рајх веднаш станал жртва на законските репресии што ги спровела Хитлеровата нацистичка влада. Гледајќи како пред негови очи еден културен и високоцивилизиран народ пропаѓа во амбисот на тоталитарниот авторитаризам, Рајх 1933 г. ја напишал својата легендарна книга „Масовната психологија на фашизмот“. Успеал да ја заврши бувално пред да побегне од канџите на СА-трупите во странство, така што тоа дело се смета за едно од најреалистичните прикази на почетоците на нацизмот. Еве неколку наслови на поглавја, колку да се сфати валидноста на Рајховата „Масовна психологија и фашизам“:
- Општествената функција на сексуалното потиснување
- Водачот и масовната структура
- Хитлеровото потекло
- Масовната психологија на малограѓанштината
итн.
Во чест на јубилејот од смртта на психоаналитичкиот великан Рајх, објавуваме малечок дел од третото поглавје „Расна теорија“, поточно од нејзината глава под назив „Расна чистота, труење на крвта и мистицизам“ (заглавје: „Сексуално-економските претпоставки на граѓанското семејство“, с. 121-124):

- „Уште во 1918. ‘Здружението за борба против болшевизмот’ издало плакат кој глесеше: ‘Германски жени! Насетувате ли со што ве загрозува болшевизмот? Болшевизмот пожелува социјализација на жената:
1. Им го укинува правото на сопственост на жени помеѓу 17 и 32 години.
2. Сите жени се сопствеништво на народот.
3. Досегашните сопственици го задржуваат правото на својата жена преку ред.
4. На секој маж, кој сака да го употреби егземпларот на народното сопствеништво, му треба потврда на работничкиот комитет.
5. Мажот нема право на жена почесто од 3 пати седмично, не подолго од 3 часа.
6. Секој е должен да ги пријави жените кои му се спротивставуваат.
7. Секој маж, кои не и’ припаѓа на работничката класа мора, за правото на користење на народното сопствеништво, да плати 100 рубљи месечно.
...
А, сексуалната политика на револуционерното движење до сега не беше успешна – во однос спрема можностите на консеквентната револуционерна сексуална политика – затоа што на успешните обиди на реакцијата да се потпира на моќта на сексуалното потиснување на граѓанството, не одговараше со истото оружје. Доколку сексуалната реакција, како на пр. пролетерското сексуално реформско движење, ги пропагираше само своите демографски тези, никого немаше да покрене. Меѓутоа, сексуалната реакција успешно го користеше сексуалниот страв, посебно кај жените и женската младина, спретно го поврзуваше спроведувањето на објективните демографски цели на капиталот со афективните семејни и другите морални препреки кај пучанството и тоа не само во чисто малограѓанските кругови.
Еве уште еден пример на пропагандната метода на реакцијата:
=Во својот разорувачки поход против целиот граѓански свет, болшевиците од самиот почеток сметаа на семејството ‘тој нарочно јак остаток на проклетиот стар режим’. Пленумот на Коминтерната од 10. јуни 1924 изјави: ‘Револуцијата е беспомошна додека постојат поимите семејство и семејна врска’. Заради тој став наскоро дојде до силна борба против семејството. Бигамијата и полигамијата не се забранувани, што значи дека се допуштени. Односот на болшевиците спрема бракот е одреден со следнава дефиниција на брачната врска, предложена од професорот Гоихбарг: ‘Бракот е институција за поудобно и побезопасно задоволување на полните потреби’. Колку далеку оди распаѓањето на семејството и бракот во денешните услови, покажува статистиката на општиот попис на населението од 1927 г. ‘Известија’ пишува:
- Во Москва со пописот на населението регистрирани се многу случаи на многуженство и многумуштво. Случаите во кои две или дури три жени го викаат еден ист маж за свој сопруг, можат да се сметаат за секојдневна појава.
Не треба да се чудиме на тоа што германскиот професор Селхајм семејните односи во Русија ги опишува на следниов начин: ‘Тоа е потполн пад во сексуалниот поредок на сивата дамнина, од која што, во текот на илјадалетијата, се развиле бракот и употребливиот сексуален поредок’.
Семејниот и фамилијарен живот загрозен е и со прогласувањето на потполна слобода на половите односи. Познатата комунистка Смидович ја зацртала шемата на сексуалниот морал, според која се рамнела младежта од обата пола. Шемата го содржи отприлика следново:
  1. Секој студент на работнички факултет, макар и малолетен, има право и обврска да ги задоволува своите сексуални потреби.
  2. Ако маж пожела млада девојка, била таа да е студентка, работничка или дури девојка од школо, таа девојка е должна да му ја задоволи желбата, оти инаку ќе се смета за граѓанска ќерка, која не може да важи за права комунистка.“