Wednesday, April 4, 2012

ФАШИЗАМ, КОМУНИЗАМ И СЕКСУАЛИЗАМ


Вилхелм Рајх
 
Оваа година се навршуваат 55 години од смртта на еден од најмистериозните научници на 20. век д-р Вилхелм Рајх. Тој умрел ноември 1957 г. во американски затвор, каде што бил сместен – според негови длабоки уверувања – од страна на ЦИА. Рајх е познат по неговата теорија за Оргонот, еден нов вид космичка енергија, која што тој мислел дека ја открил. Но пред тоа, тој бил попознат по своите истражувања на човековата сексуалност и нејзината поврзаност со масовните политички движења и идеологии. Во бивша Југославија, Рајх беше фамозен поради неговата книга „Функциите на орга(ни)змот“, според која дисидентскиот режисер Душан Макавеев го сними истиомениот (подоцна забранет) филм.
Инаку, Вилхел Рајх бил германски Евреин. Тој „во живо“ го проследил јакнењето на фашизмот во Германија, како и доаѓањето на власт на Хитлер и неговата Национал-социјалистичка германска работничка партија. Со оглед на тоа што бил убеден комунист, Рајх веднаш станал жртва на законските репресии што ги спровела Хитлеровата нацистичка влада. Гледајќи како пред негови очи еден културен и високоцивилизиран народ пропаѓа во амбисот на тоталитарниот авторитаризам, Рајх 1933 г. ја напишал својата легендарна книга „Масовната психологија на фашизмот“. Успеал да ја заврши бувално пред да побегне од канџите на СА-трупите во странство, така што тоа дело се смета за едно од најреалистичните прикази на почетоците на нацизмот. Еве неколку наслови на поглавја, колку да се сфати валидноста на Рајховата „Масовна психологија и фашизам“:
- Општествената функција на сексуалното потиснување
- Водачот и масовната структура
- Хитлеровото потекло
- Масовната психологија на малограѓанштината
итн.
Во чест на јубилејот од смртта на психоаналитичкиот великан Рајх, објавуваме малечок дел од третото поглавје „Расна теорија“, поточно од нејзината глава под назив „Расна чистота, труење на крвта и мистицизам“ (заглавје: „Сексуално-економските претпоставки на граѓанското семејство“, с. 121-124):

- „Уште во 1918. ‘Здружението за борба против болшевизмот’ издало плакат кој глесеше: ‘Германски жени! Насетувате ли со што ве загрозува болшевизмот? Болшевизмот пожелува социјализација на жената:
1. Им го укинува правото на сопственост на жени помеѓу 17 и 32 години.
2. Сите жени се сопствеништво на народот.
3. Досегашните сопственици го задржуваат правото на својата жена преку ред.
4. На секој маж, кој сака да го употреби егземпларот на народното сопствеништво, му треба потврда на работничкиот комитет.
5. Мажот нема право на жена почесто од 3 пати седмично, не подолго од 3 часа.
6. Секој е должен да ги пријави жените кои му се спротивставуваат.
7. Секој маж, кои не и’ припаѓа на работничката класа мора, за правото на користење на народното сопствеништво, да плати 100 рубљи месечно.
...
А, сексуалната политика на револуционерното движење до сега не беше успешна – во однос спрема можностите на консеквентната револуционерна сексуална политика – затоа што на успешните обиди на реакцијата да се потпира на моќта на сексуалното потиснување на граѓанството, не одговараше со истото оружје. Доколку сексуалната реакција, како на пр. пролетерското сексуално реформско движење, ги пропагираше само своите демографски тези, никого немаше да покрене. Меѓутоа, сексуалната реакција успешно го користеше сексуалниот страв, посебно кај жените и женската младина, спретно го поврзуваше спроведувањето на објективните демографски цели на капиталот со афективните семејни и другите морални препреки кај пучанството и тоа не само во чисто малограѓанските кругови.
Еве уште еден пример на пропагандната метода на реакцијата:
=Во својот разорувачки поход против целиот граѓански свет, болшевиците од самиот почеток сметаа на семејството ‘тој нарочно јак остаток на проклетиот стар режим’. Пленумот на Коминтерната од 10. јуни 1924 изјави: ‘Револуцијата е беспомошна додека постојат поимите семејство и семејна врска’. Заради тој став наскоро дојде до силна борба против семејството. Бигамијата и полигамијата не се забранувани, што значи дека се допуштени. Односот на болшевиците спрема бракот е одреден со следнава дефиниција на брачната врска, предложена од професорот Гоихбарг: ‘Бракот е институција за поудобно и побезопасно задоволување на полните потреби’. Колку далеку оди распаѓањето на семејството и бракот во денешните услови, покажува статистиката на општиот попис на населението од 1927 г. ‘Известија’ пишува:
- Во Москва со пописот на населението регистрирани се многу случаи на многуженство и многумуштво. Случаите во кои две или дури три жени го викаат еден ист маж за свој сопруг, можат да се сметаат за секојдневна појава.
Не треба да се чудиме на тоа што германскиот професор Селхајм семејните односи во Русија ги опишува на следниов начин: ‘Тоа е потполн пад во сексуалниот поредок на сивата дамнина, од која што, во текот на илјадалетијата, се развиле бракот и употребливиот сексуален поредок’.
Семејниот и фамилијарен живот загрозен е и со прогласувањето на потполна слобода на половите односи. Познатата комунистка Смидович ја зацртала шемата на сексуалниот морал, според која се рамнела младежта од обата пола. Шемата го содржи отприлика следново:
  1. Секој студент на работнички факултет, макар и малолетен, има право и обврска да ги задоволува своите сексуални потреби.
  2. Ако маж пожела млада девојка, била таа да е студентка, работничка или дури девојка од школо, таа девојка е должна да му ја задоволи желбата, оти инаку ќе се смета за граѓанска ќерка, која не може да важи за права комунистка.“


No comments:

Post a Comment