ОДБРАНАТА НЕМОЖЕ ДА ГИ
ПРОМЕНИ ПРЕСУДИТЕ
...Вториот врховен состав на Народниот суд заседава в аулата на софискиот
универзитет. Секое утро народните претставници – сега суденици – се дотеруваат
под силно безбедување од Централниот затвор. Уште од 6 часот изутрина, нивни
блиски и познати (семејствата им се расселени) очекуваат да ги ѕирнат од
соседните улици. Но, народната милиција ги презела сите мерки до Универзитетот
да не можат да се пуштаат „надворешни лица“. За граѓаните да не можат да ги
видат судените, камионите сопираат залепени до задната врата на Универзитетот.
Во исто време, организирани групи – повеќето „ремсисити“ – го заземаа влезот од
обете страни и скандираат „Смрт на народните непријатели“. Тоа сценариот се
повторува по завршувањето на секое заседание на судот.
Според процедурата, судското испрашување се води по истиот ред како и при
Првиот врховен состав. Но, поради големиот број судени – 110 души – времето за
распит е уште поограничено и тие завршуваат на 16 јануари 1945 г. Создадената
атмосфера на напрегнатост и невротичност во салата, како и судскиот состав, се
одразува и врз општиот ‘од на процесот.
Лондонскиот корспондент, присуствувајќи како посматрач, го споделува со
претставникот на Англиската мисија при Сојузничката контгрола она што му
оставило впачаток. Уште при влегувањето во судската сала, тој почувствувал дека
во неа провејува „предрешеност“. На лицата на обвинетите се чита безразличност
и очајание, меѓутоа наспроти тоа, „тие се обидувале да се бранат достојно и
повеќето од нив убедливо“.
Судот изискува од бившите народни претставници да одговараат конкретно на
зададените прашања, без да им дава можност за долги објаснувања на собитијата
или да приведуваат дополнителни факти, со кои би се обиделе да се ослободат од
вината. Сведоците се одбрани мошне прецизно, при што се дава предимство на
тезите посочени во обвинението.
На 28 и 29 јануари 1945 г. народните обвинители Владимир Димчев, Георги Керемидчиев
и В‘рбан Ангелов ги изнесуваат своите обвиненија. Секој од нив го поддржува
обвиненето против определена група обвинети. Тешко е да се оцени на каков
принцип било извршено распределението на собраниските делегати помеѓу народните
обвинители. Веројатно тоа се случило во зависност од учеството во
праламентарните комисии, како и од говорите давани во Парламентот.
Прв говори Владимир Димчев. Неговото обвинение е изградено според истата
шема, како она на Георги Петров, само што општата политичка честитица е во
поскратена варијанта. Депутатите се обвинети дека ја одобриле склучената на 1
март 1041 г. спогодба за приклучување на Бугарија кон Тројниот пакт,
влегувањето в Антикоминтерновскиот пакт на 13 декември 1941 г., објавувањето
војна на Англија и САД итн.
Освен тоа, дека допуштале да се организираат и спроведуваат непријателски
акции против Советскиот сојуз, како и за тоа оти државата била претворена во
плац-д‘арм на Германија за време на војната, а против СССР.
Народниот обвинител особено го акцентирал фактот дека бившите пратеници го
изгласале антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата од 24 декември 1940 г. и
измените и дополненијата на истиот. Оттаму и оценката на Владимир Димчев дека
тие не биле никакви народни избраници, туку „полициски“, и се однесувале само
според заповедите на Владата.
Една од точките на обвинителниот акт гласи дека пратеници не само што
допринеле за репресии против партизаните, ами секој во својата околија
„организирал извршување на тие злодејства“. Меѓутоа, продолжението се темелело
на доста разнородни факти, кои не ја потврдиле базичната теза. Владимир Димчев
е принуден да му обрне внимание на судот да не ги зема предвид според неговите
зборови „дребните заслуги“ на некои од депутатите, како што било на пример,
помагањето на илегалците по роднинска линија, давањето материјална помош на
блиски и познати кои потпаднале под удар на „фашистичките закони“, потоа спасувањето
на еврејските семејства и др. Затоа тој предлага од одговорност да не биде
ослободен ниту еден од обвинетите. За 17 души – делегати во Собранието –
Владимир Димчев бара да ја понесат најстрогата казна – смрт.
Народниот обвинител Георги Керемедчиев запира на вината на втората група
бивши пратеници. Тој предлага на смрт да бидат осудени 8 души, а останатите да
понесат различен тип казна. За изненадување на судот, Георги Керемедчиев
настојува да не се бара судска одговорност на М. Ковачев. Овој човек ги
поддржувал законските проекти на Владата во Народното собрание, но го помагал и
партизанското движење. Тоа противречи на постановката на Владимир Димчев и на
решението на Полит-бирото од 20 јануари 1945 г. дека „никој од пратениците
(освен умрените, и тоа пред 1941) не смејат да бидат оправдани“.
Георги Керемедчиев го повлекува обвинението против народниот претставник Атанас
Попов поради востановено „лудило”.
За третата група обвинети, народниот обвинител В’рбан Ангелов предлага сите
да бидат казнети, но судот да процени какви ќе бидат тие.
За одбраната на адвокатите назначени по службена линија е определено време
од нецели 3 дни. Поради наложените ограничувања, повеќето од нив треба да
бранат од 5 до 9 обвинети групно.
Вниманието на адвокатите е сосредоточено на тоа да обезбедат намалување на
казната на обвинетите. На прво место, тие не одрекуваат дека нивните клиенти биле
пратеници во Парламентот, ама настојуваат ова да не се меша со прерогативите на
Владата. Станува збор за владини одлуки, преточени во нацрт-закони. За нив
народните избраници не можат да сносат одговорност, зашто согласно чл. 50 од
Трновската конституција, „Распоредот да се воведе еден закон во сила и да се
преземаат мерки во таа насока, зависи од извршната власт“.
Освен тоа, адвокатите му обрнува внимание на судот дека Правителството
воопшто не го поставило на јавна расправа прашањето за присоединувањето кон
Тројниот пакт. Од стенографските белешки на Народното собрание се востановува
дека за извршувањето на тој акт, Министерскиот совет не барал одобрение од
депутатите. Премиерот Богдан Филов го сметал за достаточното тоа што ја
соопштил веста во Парламентот оти е потпишан Пактот. На иста основа се оспорува
обвинението дека пратениците го поддржале отказот на правителствата на Ив.
Баграјанов и К. Мураевиев да ск’сат
со Германија и на тој начин „да ја предизвикаат нашата ослободителка СССР да и’
објави војна на Бугарија и да преземе окупација на нашата терожиторија“.
Друга теза која адвокатите ја поддржуваат е дејноста на парламентарното
мнозинство да не биде разгледано ан-блок. Се настојува да биде утврдена вината
на секој од нив поединечно, па да се направи разлика при казнувањето.
На последно место, одбраната истакнува дека обвинетите не дејствувале со
предумисла или за лична корист, ами дека мислеле оти работат за интересите на
Бугарија. Во она тревожно време, такви биле нивните сфаќања. А, согласно чл. 93
од Трновскииот устав, „Секој член на Собранието има право да го искажува
сопственото мнение и да гласа според свое убедување и совест. Никој не може од
пратеникот да бара одговорност за искажаното мислење или поради истото го му
подигнува обвиненија“. Според уставот, чл. 95, депутатите може да бидат
предадени на суд само според решение на Парламентот, и тоа за „грешки и
престапи кои се предвидени со криминалните закони“.
Судот не смета дека е неопходно да дава толкувања и разјазнувања по
дилемите што ги покренала одбраната, раководејќи се од Мотивите кон
Наредбата-закон во коишто е изрично запишано дека „нама да се почитува
уставниот имунитет приликум судењата на министрите и депутатите“. На ист начин
е заснована пресудата на народните претставници од XXV Обично народно собрание. Во мотивите кон неа е
кажано: „Впрочем, обвинетите треба да одговараат според споменатата
Наредба-закон...“
Макар и цензурирани, пасуси од обвиненителните обраќања со бараните
пресуди потхрануваат мала надеж дека,
колку и да биде тешката заната, барем животот ќе им биде спасен. Ама, дали така
мислат и тие кои ги диригираат процесите?
На 1 февруари 1945 г. малку пред 16 часот, обвинетите од првиот процес се
водедени во судската сала и наредни во облик на каре, заградено од милиционери.
На прво место се регентите. Во 16 часот, член-судијата Стефан Манов почнува да
ја чита пресудата. Таа се предава на телали поставени пред Судската палата.
Таму, според одлука на ЦК ГК на БРП (к) е свикан митинг на којшто, според
печатот, присуствуваат 150.000 души. Пред журналистите, претседателот на судот
Богдан Шулев изјавува: „Пресудата е издадена, тоа е првата фаза на работата,
след два дека ќе започне изготвувањето на мотивите на пресудата“.
Во 16,30 пресудата на Вториот врховен состав на Народниот суд е произнесена
од страна на неговиот претседател Св. Кираџиев.
Станува јасно дека не се прифатени никакви олеснувања на вината, туку
спротивно, судиите изненадувачки пресудуваат повиосоки казни дури и од тие што
ги барат обвинителите.
Како се стигнало до таквото решение?
Одговорот на тоа прашање се содржи во радио-грамот на Вёлко Червенков до
Георги Димитров во Москва од крајот на јануари 1945 г. Во неа тој соопштува:
„Пресудата ќе биде донесена в четврток – на 1 февруари. Во претходно решение
(20 јануари б.а.) внесовме корекции во смисла на увеличување на смртните казни.
Од бројот на советници осудени на доживотен затвор останаа само двајца – Балан
и Морфов. Од кабинетот на Баграјанов кон бројот на осудени на смртна казна го
додадовме и Колчев. Од составот на депутатите, на смртна казна предлагаме да се
осудат до 70 проценти“.
Во соодветствие со двете решенија, Првиот врховен состав ги осудува на смрт
тројцата регенти, осуммина царски советници и 22 министри, од кои двајца во
отсуство. Уште поголема е „корекцијата“ во вториот процес. Во пледоајеата на
народните обвинители се побарала смртна казна за 25 депутати, додека судот на
смрт ќе осуди дури 67. Не е познато на кој начин биле додадени уште 42 народни
претставници. Впечатливо е тоа што на смрт се осудени двајца делегати за кои
обвинителите побарале 8 години строг темничен затвор, седуммина со предложена
казна од 15 години итн.
На 1 февруари 1945 г. Трајчо Костов, кој штотуку се вратил од тајна посета
на Москва заедно со други членови на ЦК, со радио-грам го информира Георги
Димитров за донесените пресуди во првите два процеси. Тој го извесува дека
„пресудите ќе бидат извршени оваа вечер“.
Согласно чл. 10 од Наредбата-закон, пресудите неодложно се извршуваат од
страна на прокураторите при обласните судилишта. Самото стрелање се става во
соодветствие со распоредите на Законот за наказателно судопроизводство и
Правилникот за затворите. После нив, се составува протокол, од кого се прави
препис и истиот се испраќа до Министерството за правосудство и до соодветниот
суд којшто ја востановил пресудата.
...
(Агенција „Демокрација“, 1994 г.)
No comments:
Post a Comment