ВТОР РАЗДЕЛ
А) Монодија
XIV Елегија
5. СОЛОН
а) Тешките економски прилики и
социјалната беда во Солоновото доба
Сосема поинаков дух од Мимнермо е Атињанецот Солон, кој живеел од год. 640
до 564 п.н.е. и во своите елегии и јамби ги изложил своите етички рефлексии и
главни објаснувања, но и ги оправдува своите етичко-политички дејности.
Неговата татковина Атика прилично доцна се фатила на орото на трговски
држави. Во VII век п.н.е. со
нејзината трговија управуваат соседните земји Мегара и Егина, кои го
попречуваат нејзиниот економски развиток и размавнување. Парите, коишто ја
потиснале старата размена на добра, предизикале силен пресврт во економските
односи. Благородништвото кое единствено имало политички права, го направило
селанецот свој политички кмет кој нему морал да му дава шестина од приходите, или
пак – закупец. Тешките економски прилики и замената на земјишното стопанство со
парично предизикале голема социјална беда бидејќи закупнината била плаќана во
пари, коишто биле скапи зашто биле ретки, а оној што не ги поседувал, морал да
ги позајмува со високи камати. Со оглед на тоа што продажбата на житото не
одела арно, бидејќи грчката пченица била поскапа од увезената од Понт и
Сицилија, големите бизнисмени ги совладале економската тешкотија, така што својата
земја ја засадиле со маслинки, винова лоза и смоква, па се фрлиле на трговија.
А селанецот? Неподготвен за таквата стопанска промена, морал да ја продава
својата земја и да појде в град во потрага по заработувачка, или кај богаташите
да зајмува пари, со земјиштето како колатерал. Кој не ќе можел да ги врати
парите, ќе ја загубел слободата, а доверителите можеле да го продадат в робје.
Во полисот граѓаните, по пат на трговија и занает, доаѓаат до богатства и од
размазеното племство бараат политички права. На село, бедата е се’ поголема,
додека во градот пука раздорот меѓу пучаните
и аристократијата.
б) Солоновата социјално-политичка
работа
Во тоа време, Солон – син на Ексекестид – кој бил трговец со кралска крв,
влегува во политичкиот живот на својата татковина, и како човек со богато
искуство и релиабилно познавање на животот и луѓето стекнато во трговската
професија, почнува да ги развива сјајните особини на сопствениот државнички
гениј. Најпрвин во својата Саламина, занесна
елегија, ги соколи Атињаните и тие во к‘смет-двобој со жителите на Мегара,
загосподаруваат со островот Саламина, со што си обезбедуваат трговија на море.
Тој триумф бил пресуден за политичката положба Солонова. Тој влегува во
партиските борби и со своите успеси во надворешната политика, како и со својот
висок морален идеализам, ја стекнува довербата како на богатите, така и на
сиромашните, те во год. 594 го бираат за архонт-епоним, со задача да ги реши
тешките прашања во внатрешната политика, т.е. да ја елиминира страшната
социјално-економска невоља, како и да ги изглади сите антагонизми кои однатре
ја рушеле државата. Уверен дека работи во духот божји (...), тој со радикален,
ама во исто време и здрав начин, го решава прашањето на долговите, со закон
поништувајќи ги сите долгувања, а ги тргнува и оние злогласни камени столбови
со забележана количина на долг, што биле поставени како знак дека земјиштето е
под хипотека; потоа ги ослободува и оние кои како залог го ставиле сопственото
тело и го забранува таквото кредитирање, за најсетне да ги откупи сите оние кои
биле продадени како робови и веќе безмалку го заборавиле мајчиниот јазик. Тоа
простување на долгови се вика сисахтија (од сијо
- тресам и ахтос - товар). За да им
се обезбеди на малите сопственици посреќна иднина, тој ја одредува мерката на
земјиште која што не смее да се пречекори. Земјата е сметана за светост, а тоа
што била оптоварена со камени столбови – сиреч
тешки долгови, во тоа Солон видел нејзина десакрализација, па затоа тој ја
повикува мајката – Земја да сведочи за неговиот труд (фрг. 24, ст. 3-27).
...
Во тие Солонови реформи, Аристотел ја наоѓа најголемата и најважна заслуга
Солонова за атинската демократија (Арист. ...). За Солоновото законодавство тој
пишувал и во загубениот спис За
Солоновите оски, т.е. за даските на кои биле напишани законите и кои беа
можеле да се вртат околу својата оска. На таа иста тема пишувале и Теофраст,
Фанија, Хераклид од Понт и Деметриј од Фалерон.
Овластен подоцна поради сисахтијата да ги продолжи реформите и да го
прегледа целиот атински устав, како и зборникот на Драконтовите закони, Солон
се напрегнал да го изврши своето најголемо животно дело: го дал
тимократско-демократскиот устав кој од жителите на Атика ги создал Атињаните,
зашто и најзафрлениот сељак го направил атински граѓанин. Владејачкиот
сталеж го губи своето политичко предимство, и сите граѓани добиваат политички
права, но не сите – свите, туку секој
според својот имот. Од сега, вистински суверен станува народното собрание, во
кое секој ужива еднакви права. Своите политички реформи Солон ги обележува
вака:
„На народот му дадов толкава моќ колку што му е доволна; ниту честа му ја
одземав, ниту на истата нешто и додадов; други пак имаа власт и со богатство
беа угледни, та за нив се погрижив ништо срамотно да не им се случи; застанав
држејќи јак штит помеѓу едните и другите, за никој да нема сила да му чини зло
другому...“
На тие што не беа задоволни со неговите социјални и политички уредби, Солон
говорел: „Во големите каузи, тешко е да им се учини на сите по воља“ (фрг. 5, ст. 11).
Ова убаво единство на моралот и политичкиот живот е плод на Солоновата
морална филозофија, која што тој сам ја изнесува во своите елегии.
в) Солоновите елегии
Според Солоновото сфаќање, со животот управува праведно божество. Тоа ги
признава и усвојува сите добра на овој свет: богатството, здравјето, радоста.
Меѓутоа, на сите тие добра им треба правда, за тие да имаат основа и да се
уживаат умерено. Како Хесиод (...), и Солон како моралист и политичар живее со
верба во моќта на правдата, којашто во боженскиот склоп на вселената зазема
неподвижна положба, и затоа тој неуморно нагласува дека за човекот е невозможно
да живее вон правдата, затоа што таа ја победува неправичноста од секој вид.
Кога ќе се погази правдата и ќе завладее беззаконие, порано или покасно следува
казната, за онаму каде што дрскоста и аздисаноста ја пречекориле границата,
повторно да ја воспостават рамнотежата и складот. Оваа теодицеја својот корен
го има во старата вера и крвната одмазда.
Ваквото морално уверување го натерало Солона да загази во политичката борба
на своите сограѓани, те да ги посоветува и опомене преку неговите елегии. Во
едните, се прикажува тешката економска и политичка состојба во која Атињаните
биле западнале пред неговите реформи; во другите кои - слично на Тиртеевите – се
нарекуваат ...(=Опомени на Атињаните), политичарот и законодавец ја оправдува
својата политичка и законодавна работа. В. Шмид ги споредува со списите на
старозаветните пророци, само што Солон не влијае преку екстаза и со
апокалиптични фантазии, туку со јасна памет која му била дадена од искуството и
преку општо-разбирливите слики од животот. Една од нив, која успеала потполно
да се сочува (фрг. 3), гласи вака на почетокот:
„Нашиот град никогаш нема да падне по Зевсова судба или по вољата на
блажените бесмртници; срчаната чуварка – ќерката на семожниот отец – Палада
Атена, него го закрилува со своите раце. Но, великиот град, со своето безумие,
сакаат да го упропастат племичите
лакоми на богатство; водачите народни не знаат за правда, и тие наскоро ќе
трпат големи јадови поради својата нааканост, оти не умеат својата охолост да
ја совладаат, ниту да ги уживаат сегашните радости во тишината на гозбата (ст.
1-10).“
Овие мисли имаат дотолку поголемо значење, што не ги изговара сиромашен
чобан, каков што бил Хесиод, ами човек од стара аристократска лоза, и тој негов
став претставува пресврт во историјата на хеленските етичко-политички сфаќања и
ја наговестува епохата на демократија. Откако ја опишал состојбата на дисномија
(ст. 12-29), која произлегува од бољарската блазираност и себичност, Солон
завршува:
„Душата ми наредува да ги научам Атињаните како беззаконието (дисномија) му носи највеќе зла на
градот, а законитоста (евномиа)
секогаш на видикот изнесува поредок (евкосмиј)
и склад (артиа) и брзо ги фрла в
окови оние кои се неправични. Последниве го ублажуваат дивиот, го обуздуваат
охолиот, ја соборуваат ароганцијата, та во клица го бришат секој траг на лудост.
Исправува криви судови и сузбива дрски дела, а ги уништува делата на раздор. Го
зауставува гневот на бесната кавга, при што под нив се’ кај луѓето е сложно и
трезвено (ст. 30-39).
Последиците на законитост и беззаконие се појавуваат со каузално-генетичка
нужност: тие не се благослов или проклетство од небесата, како кај Хесиод, ами
резултат на каузално-генетички процес на етичко-политичката дејност во самиот
народен организам. Според тоа, Солоновата рационализација во поимањето на
социјално-политичките процеси се јавува како паралела на филозофијата на
Милетските мислители Талес и Анаксимандер, кои во исто време први се обиделе
да ги најдат законите на природните процеси во космичкиот живот. Солон ја
претпоставува причината и последичноста во животот на природата, и со таа
законитост ја споредува законитоста на социјалните процеси, фрг. 10.
„Како што од облакот знае да грувне со сета сила снег и лед, и како што
после блескањето на сјајна молња ќе тресне гром, така и државата мора да
пропадне од премногу моќни луѓе и народот поради својата неразумност да падне
во ропство на монархот (ес монарху
дулосинин).“
Елегиите во кои Солон ги изнел своите етички сфаќања, граматичарите ги
нарекуваат Елегиаи ис еавтон
(=Опомени на самиот себеси). Освен повеќе одломки, сочувана е една цела елегија
(фрг. 1), која У. Виламовиц ја нарекува хеленски „пионер на моралната
дијалектика“. Добри прилози за нејзино разбирање дале У. Виламовиц и К.
Рајнхарт, а нејзиното место во идејниот свет на јонската елегија, особено во
односот кон Семонид од Аморог, ја осветлил Ф. Верли. Солон на почетокот им се
обраќа на Музите и од нив моли среќа, слава и богатство, ама се’ вкупом со правда.
Целата песна е посветена на размислувањето за богатството. „Луѓето немаат
постојани граници во желбата за богатство“; што повеќе имаат – повеќе бараат,
ама во таа алчност преоѓаат во злосторство, та затоа пропаѓаат. Како и секаде, и
тука треба да се држи мерка, инаку невољата бргу стасува:
„Почетокот и’ е као во пожар; отпрвин е незначителен, а на крајот тежок,
бидејќи делата од саможивост кај луѓето не траат долго. Арно ама, Зевс на се’
му наѕира крај, па како што ненадејно облаците ги растерува пролетниот ветер,
којшто на брановитата пучина и’ го разбуричкува дното, а на житородната земја
и’ ги пустоши красните плодови, па стигнува до небото - високото божје седиште, па
чини пак да се види ведрината, а прекрасната снага сончева сјае по плодната
земја и никаков облак повеќе не се гледа: таква е Зевсовата освета; ама тој не
пламнува во гнев брзо како човекот... Некого одмаздата ќе го стаса веднаш, друг
подоцна; но кој ќе успее да и’ побегне и да го одмине божјата коб, таа бездруго ќе стигне – за неговите гревови ќе испаштаат
или невините деца или подоцнежните поколенија (ст. 14-32).“
Таква одмазда се појавува и кај Хесиод, ама Солон од него и овде се
разликува по тоа што казната не ја замислува, како аскарски селанин, во облик
на неродна година или чума, туку таа се појавува како последица на нарушувањето
на социјалната правда. Како Тиртеј во случајот со вредноста на благородничките
спортски одлики, така и Солон ја предодредува вредноста на богатството:
„Многу неранимајковци се богаташи, а доблесни луѓе – гола сиромаштија, но
јас со првите не би ја менувал својата доблест за нивното богатство, заради тоа
што доблеста е вечна, а човековото азно секој час посакува да прејде на друг (фрг.
4, ст.9-12).“
...
(Завод за учебници, Белградски универзитет, четврто издание, 1986)
No comments:
Post a Comment