Ни Срби ни Бугари, пред да завладејет Турциве,
немале ни време ни начин, ни стредства, ни сила за да напрвит (од нами) едно
тесто: српско или бугарско...
Македонец се делит јасно и од Србин и од Бугарин и овије ги броит како братучеди од вујко и од стрико. Овакво је осаќањето, свеста и волјата на овја народ овамо и добро је овеја да го знојет и едните и другите. Овеја го знојет и историјата и науката и неопходно је овеја да не го заборавит и нашиве славјански политичари."
(стр. 131).
Македонец се делит јасно и од Србин и од Бугарин и овије ги броит како братучеди од вујко и од стрико. Овакво је осаќањето, свеста и волјата на овја народ овамо и добро је овеја да го знојет и едните и другите. Овеја го знојет и историјата и науката и неопходно је овеја да не го заборавит и нашиве славјански политичари."
(стр. 131).
''Одма да кажа да Мијациве, како и сиве други
племиња во Македонија, имајет две јаки осеќања: едно, да се Славјани и да се многу родниње како со Србите, таке и со Бугарите, а друго-да не се ни Срби ни Бугари,
токо нешчо треќо: да се Мијаци, Брсјаци итн., а по теја Македонци ('стр. 133).
1. Воспитание
Мијаците се трудољубиви,
образовани и снаодливи. Не се тврдоглави ни вообразени, не се авантуристи и
знојет за мера во сешчоје, Кротки се и питоми, не се кавгажији и осорни, со
глава зизд не разбивајет, токо на секоја тешкотија је сакајет мирен и
споразумен пот. Умејет да чекајет и да глтајет, умејет да се направит и послаби
и помали дур да му дочекајет згоден час и нивнијот петел да запејет. Мијаци се
родени за дипломати, во многу нешча не изостанувајет и од Еврејиве.
Инаку, во работа се
умејани и издржливи, преку мера се чуварни, потпис и обавези поштувајет, со
чесен се чесни, од нечесни се чувајет и од далеку земајет мерки за да не бидет
изиграни, не се наивни и мрвина се тије што может да се пофалит да надмудриле
некој галичанец и Мијак.
Тешки животни прилики и
скитање од детинство по туѓ свет и запознавање со многу милети и вери и имајет
до голема вера изострено и обогатено со искуство. Мијакот је способен од секоја
неола чесно да се истргнет, способен је и на сув камен леб да створит. За
здружување пак ич не се.
Овије високи способности
и чинит да Мијакот не одит за аргат, токо наодит нешчо полесно и поизносно. Ако
је занатчија, занатот убаво го испечуват за да станет устабашија и да створит
тајфа. Во трговија исто таке. Со пет пари капитал за две-три години ќе го видиш
Мијаков коде отворил дуќан негде на крај град, а по некоја година в стреде град
и в стред престолнина.
Во друштво умејет да се
снајдет со секого и со секаков. Умејет да направит и шака (посебно лазоровци),
а умејет и да се воозбилит. Секој Мијак је како да стојит на сто јајеви
(федери). Како да го фрлиш, на плешки не паѓат, се помешечки.
На овије особиње Мијаците
имајет да благодарит за сите своји успеси во секоји земји. Отује зар и во
Бугарија и во Србија и покрај многу симпатији шо уживајет, се осеќајет, се
осеќајет и по мрва како со некаков страв.
Како да се плашит од
некакво мирно завладување. Исто како и со еврејиве денеска. Ја вела да је
претеран, неоправдан и неправеден овја страв. Мијаци не заслужувајет да
им се завидуват, токо заслужувајет угледување на нив, особено во Србија, коде
што владат голем раскош и расфрлање.
А шо да кажа за домашното
воспитание мијачко?
Како шо им је и раната и
животта и облеклото еднакво, таке им је и воспитанието еднакво на сите.
Во мијачка куќа немат
кочење и галаење, али немат ни грубост и тиранија. Тамо владат една умерена
стредина и една озбилност, една здрава и чесна стредина. Мијачко дете и кријет
очите од татка си и побегнуват. За седнување на колено, за обесување на врат и
за бацување, ни спомен. На софра дете галичко со опул или со шепотење леб
посакуват и јадет теја шо ќа му дает и колку ќа му се дајет. Канење и туткање
на деца не је познато. Мајките се помеки, али и тије се строги и не трпит
детинсќи ќефови.
Непослушност едва
да се знојет шо је. И стари слушајет, а шо остануват за деца?
Во мијачко сите деца шо
се врсници и мошки и женски, сите рабоќе детински како се јавувајет, таке и во
исто време и ’и заучувајет и ’и доучувајет. Во едно време заодувајет и на
гурбет и на школо, во едно време дечиња по дрва, во едно момичиња запредувајет,
во едно завезувајет, замесувајет и се друго.
Тамо се створуват и од
векови је створено едно наттрчување и никој не пушчат да го претечет други.
Овакво дете од страм не
может да живуват. Теја дете не может после да посакат момиче, такво момиче пак
никој не го ни погледуват.
Зар не је силно овеја и
овакво воспитание?
(прв. обј. 1940, преобј. 2004, Скопје)
No comments:
Post a Comment