Thursday, February 16, 2017

Владимир Премец: МАРКСИСТИ И ХРИСТИЈАНИ

3. Ц
ПРОТЕСТАНТИЗАМ

...Начелниот став на Лутер е дека „верската основа не би требало да се спроведува со меч“. Меланхтон веќе во 1525 г. го напишал списот Против статиите на селанствотоWider die Artikel del Bauernschaft, а Еразмо Ротердамски го восприема „востанието како перверзија“. Хуманистите на тоа доба „едвај дека покажувале разбирање за протестите и барањата на востаниците“. Непосредно по селанската војна, службено се воведува реформацијата во покраината Хесен, а истата год. на Сегерманскиот собор во Шпајер (7/8 месец) на царските покраини им е признато правото на реформација. Меланхтон во 1527 г. во Марбург го основа првиот евангелистички универзитет. Следната год. е воведена реформација во Берн. Лутер 1519 г. го објавува Малиот и Големиот катехизам, на Сегерманскиот собор во Шпајер укинати се заклучоците за толеранција, доаѓа до Протестација и голема расправа без резултати во Марбург и тоа меѓу Лутер, Меланхтон и Цвингли. 
Карло V во 1530 г. во Болоња е крунисан за германски цар. На Сегерманскиот собор во Аугзбург е прочитано т.н. Аугзбуршкото верувањеConfessio Augustana. Го конципирал Меланхтон. Лутер е отсутен, а царот Карло V по пат на списот познат како Confuatatio Confessionis Augustanae – Побивање на Аугзбуршкото верување, наредил да се сочини одбрана на старото католичко Кредо – Верување и барал повлекување на аугзбуршкото. Во него за католичката страна се спорни членовите од 22 до 28: бракот на жупските свештеници, разбирањето на причеста, исповедта, постот, монашките завети и опсегот на бискупска власт. Меланхтон ја пишува Апологијата
Аугзбуршкото верување  вклучувајќи ја и Апологијата „треба да се смета за последен обид на реформските теолози за зачувување на западното христијанство без одрекување од битните елементи на изградената нова теолошка ориентација“. Очигледно станувало збор за пресудни години. На протестантите им е оставено време за покорување до 16.4.1531 год. Бидејќи сега и витембершките теолози отворено проповедале право на отпор против царот и во име на Евангелието (поради тоа што тој е само поглавар на царството, а не и на од Бога воспоставената власт на територијалните кнезови) создадена е опозиција која веќе кон крајот на 1530 г. ствара „оружен сојуз“, а во февруари 1531 г. е склопена Шмалкалдската лига за одбрана „против царот“. Нему му пристапило средното и северно-германското кнежевство плус 11 градови. Протестантите така образувале затворена политичко-воена моќ која пактирала со Франција, Англија, Данска и со унгарскиот принц Јанош Запоља. 
Во т.н. Нирнбершка одгода -  Nurnberger Anstand од 1532 г. Карло V на протестантите им ветува толеранција до Концилот, а со тајна клаузула и прекинување на тековните прогони. Карло V на овие отстапки бил присилен поради тоа што протестантските кнезови откажале да соработуваат во одбраната од Турците. Хенрик VIII во 1534 г. дефинитивно ја одвојува Англиската црква од Рим, Лутер го објавува целокупниот превод на Библијата, а во покраината Виртемберг се воведува реформацијата. Наредната година Ј. Бугенхаген ја спроведува реформацијата во Померанија, а во 1536 Калвин во Базел го објавува своето главно дело Institutio Christianae ReligionisУстанова на христијанската вера. Истата година во Данска, со одлука на Кралскиот собор, Лутеровото учење е востановено за државна религија. Таа одлука ја опфатила и јужна Шведска, Норвешка и Исланд зашто тие земји биле во состав на Данска. Финска е во тоа време дел од Шведска, па нешто подоцна и тие земји стануваат протестантски. Во Австрија протестантите дури со Патентот за толеранција на Јозеф II (1781) добиле „приватно право на исповедание“, додека во Унгарија тие ги уживале истите права уште од 16. век. Лутер истата 1536 г. ги пишува и завршува своите Шмалкалдски статии – Schmalkaldischen Artikel како основа на верувањето за планираниот Концил во Мантова. Папата Павле III ја потврдува во 1540 т.н. Дружба ИсусоваSocietas Iesu, католички столб на противреформацијата. Калвин во 1542 во Женева ја воспоставува новата црковна организација. Три години подоцна, почнува Тридентскиот концил (1545-1563). Протестантите го одбиваат учеството. Карло V започнува војна против Шмалкалдската лига. 
Занимливо е дека следните години постојано се трага по разни начини на соживот, и тоа обострано. Аугзбуршкиот интерим сведочи за тоа како документ. Во него е допуштена причеста под обете прилики, како и бракот на протестантските духовници. Папата го прифатил тој договор 1549. Евангелистичките сталежи сепак се незадоволни со тие документи, отпорот потекнува од Магдебург, а на негово чело бил Матија Влачи – Илирик. Конечно, во Аугзбург 1555 е склучен верски мир со којшто Аугзбуршкото верување бидува признато за втора верска заедница во царството. Во документот на Аугзбуршкиот мир е потврден траен, неопходен и за секогаш важечки мир, и посебно детализирани правила кои што правно ќе се појават во 1595: Cuius regio, eius religio – Чија е земјата, негова е и верата. 
Калвиновиот ученик Џон Кнокс во 1559 ја воведува реформацијата во Шкотска, а во Франција по теолошките совети на Теодор Беза, се организираат Хугентотите. Француските католици и протестантите-калвинисти водат во 1561 верски разговори во Поаси, ама наредната година меѓу нив започнуваат крвави верски војни. Годината 1566 т.н. Второ хелветско верување кое го конципират Калвин и Хајнрих Булингер станува полноважна основа на калвинизмот. Во Бартоломејската ноќ во Париз убиени се повеќе илјади хугеноти (23/24.8.1572). Годината 1577 калвинизмот станува државна вероисповед во Холандија. Со Едиктот за толеранција од Нант во Франција е осигурана верска слобода. 
Католичката практика за спалување на кривоверци нема да престане (1600 г. Џ. Бруно, 1624 Марк-Антун де Доминис) особено на оние кои имале било каква врска со реформацијата. Историската претпоставка на преминот на Лутеровата реформаторска идеја во институционална „ортодоксија“ непосредно по неговата смрт, е продолжение на борбата „против Католичката црква“, а „за Евангелие“ и „чист наук“. Confessio Augustana на почетокот е лична исповед, потоа исповед на Шмалкалдската лига, а набргу станала книга врз која духовните лица и државните чиновници полагале заклетва. Токму така Црквеното учење станало средишно место на целиот духовен живот на протестантизмот. Теолошкото дело на Меланхтон, покрај Лутер, станува втор извор на реформацијата. Изворите и нормите на тоа учење одредени се чисто библицистички, а не традиционалистички.
Според Лутер, Црквата е „христијанска општина или скупштина“. Римокатоличката хиерархија не му припаѓа на битот на Црквата. Таа не постои според божественото право, „ами е паганска и противхристијанска“. Општествените облици на приватното стопанство со своето стекнување имот, а пред се’ патријархалната држава со својата власт и со правниот поредок, се ... божествени одредби, бидејќи директно и’ служат на граѓанската правда, а индиректно и на царството божје.


(изд. „Глас“ Бањалука, 1988)

No comments:

Post a Comment