1.
...Да го
земеме примерот којшто ќе ни овозможи да ги прикажеме тие „делови на наративната
обработка“. Перонела го прима својот љубовник додека нејзиниот сопруг,
сиромашен ѕидар, е отсутен. Но, еден ден тој се враќа дома рано. Перонела го
сокрива љубовникот во бочва;
откако сопругот влегува, таа му говори дека некој сакал да ја купи бочвата, па
тој некој токму сега ја разгледува истата. Мажот и’ поверува и се весели на
продажбата. Оди да ја оструга бочвата за да ја исчисти; за тоа време љубовникот води љубов со Перонела,
која ги турила своите раце и глава во отворите на бочвата и така ја затнала
(...).
Перонела,
љубовникот и мажот се агенси на таа приказна. Сите тројца се сопствени
наративни имиња, макар што последните две не се ни наведени; можеме да ги наречеме X, Y и Z. Љубовниковите и сопруговите зборови ни
покажуваат повеќе отколку една состојба (легалноста на односите со Перонела
овде е спорна); тие демек
делуват како придавки. Овие придавки ја опишуваат почетната рамнотежа: Перонела е ѕидаровата сопруга, па оттаму
таа нема право да води љубов со други луѓе.
После тоа следува
кршење на тој закон: Перонела
го дочекува својот љубовник. Очигледно дека тука се работи за „глагол“ којшто
би можеле да го означиме како: крши (закон). Тој доведува до состојба на нерамнотежа, оти семејниот закон
веќе не е почитуван.
По овој момент,
постојат две можности да се воспостави рамнотежа. Првата би била да се казни
неверната жена; но тоа
дејствие би служело да се воспостави почетната рамнотежа. А, новелата (или
барем новелите на Бокачо) никогаш не опишува такво повторување на почетниот
ред. Глаголот „казнува“ оттаму е присутен во внатрешностите на новелата (тоа е
опасност која и’ е запретена на Перонела), но таа не се остварува и останува
само како можност. Втората можност е да се пронајде начин како да се избегне
казната; тоа е она што и ќе
го стори Перонела; таа
го постигнува ова, менувајќи ја ситуацијата на нерамнотежа (кршење закон) во
ситуација на рамнотежа (купувањето бочва не го крши семејниот закон). Има демек
и трет глагол „преоблече/преправи, се промени“ (travestir). Конечниот резултат одново е состојба,
значи придавка: новиот закон
е воведен – иако не е изричит – и според него жената може да ги следи своите
природни склоности.
На тој начин,
анализата на наративниот текст допушта да издвоиме формални единици кои
покажуваат изненадувачки аналогии со деловите на говор: сопствено име, глагол, придавка. Бидејќи овде не
водиме сметка за вербалната материја која ги поддржува тие единици, можно е за
тоа да се дадат подобри дефиниции отколку што тоа би можеле да го сториме преку
проучување на јазикот.
2.
Во граматиката
очигледно разликуваме примарни
категории кои допуштаат да дефинираме делови на говорот и секундарни категории коишто се својства на тие делови: на пр. состојба, начин, модалитет, време
итн. Да ја земеме овде како пример една од овие последниве категории – начинот,
како би можеле да ги разгледаме неговите трансформации во граматиката на
наративниот текст.
Начинот на некое
наративно тврдење го објаснува односот кој со него го одржува личноста која што
е во прашање; таа особа потем игра улога на субјект на
изрекување. Ќе се разликуват две класи: од една страна индикатив, а од друга страна сите останати /начини/. Тие
две групи се спротивставени како стварното спрема нестварносто. Тврдењата
изречени во индикативот се сфатени како да означуваат дејства кои навистина се
случиле; ако е начинот
поинаков, ова е заради тоа што дејството не е извршено, туку постои само како
можна, потенцијална /радња/.
Старите граматики
го објаснувале постоењето на модалните тези со факот дека јазикот служи не само
за опишување и споредување со реалноста, туку и заради изразување на нашата
воља. Оттаму и тесниот однос, во повеќето јазици, помеѓу начинот и иднината,
која обично значи само намера. Нема да ги следиме до крај: би можеле да ја воспоставиме дихотомијата меѓу
модалитетите својствени на Декамерон,
кои што ги има 4, прашувајќи се дали се или не се врзани за нечија воља. Таа
дихотомија ни дава две групи: модалитети на вољата и модалитети на хипотезата.
Модалитетите на
вољата се двојни: облигаторни
и оптативни. Облигаторен е
модалитетот на некоја теза која мора да дојде; тоа е кодирана воља, неиндивидуална, која го крши
законот на некое општество. Затоа облигативот има посебен статус: законите секогаш се подразбираат, тие
никогаш не се именувани (тоа не е нужно) па постои ризик читателот да не ги
забележи. Во Декамерон казната мора
да биде запишана во облигаторниот модалитет: таа е директна последица на законите на
општеството, та е прикажана и тогаш кога не се случила.
Оптативот одговара на дејствијата кои личноста ги желеела.
Во некоја рака, на секое тврдење може да му претходи исто тврдење во оптатив /доколку/; секое дејство во Декамерон – иако на различни степени – произлегува од нечија желба
да го види тоа дејствие остварено. Одрекувањето
е посебен случај на оптативот: тоа е оптатив којшто е најпрвин потврден, а потоа негиран. Така, Џани
се одрекува од својата првична желба да ја претвори својата жена во кобила кога
ги осознава подробностите на таа трансформација (...). Исто така, Анселмо се
одрекнува од желбата која што ја имал – да ја поседува Дијанора – кога дознава
за великодушноста на нејзиниот сопруг (...). Новелата такуѓере познава и
оптатив на втори степен: во III, 9 Жилет не
пожелува само да спие со својот маж, ами сака тој и да ја љуби, а тоа е предмет
на оптативно тврдење: таа
всушност сака друг.
Два други
модалитети – кондиционалниот и предикативниот – не пружаат само заедничка
семантичка карактеристика (хипотеза), туку се разликуваат и со посебна
синтаксичка структура: се
однесуваат на след од тврдења, а не на едно изолирано тврдење. Поточно, се
однесуваат на односите помеѓу тие тврдења кои секогаш се подразбират, ама со
кои предметот на исказот може да подржува разни односи.
Кондиционалот е дефиниран како модалитет којшто ја става во
однос импликацијата на две атрибутивни тврдења, на начинот според кој предметот
на другото тврдење го поставува условот, па макар се работело за една иста
личност (понекогаш кондиционалот се означувал со името на искушението). Така,
во IX, 1 Франческа поставува
како услов да се согласи на љубов, ако Ринучио и Александар направат по еден
подвиг: ако нивната храброст
биде докажана, таа ќе ги прифати нивните барања. Исто така, во X, 5: Дијанора изискува од Арналдо
„градина која во јануари ќе цвета као да е мај“ – ако успее, ќе може да
ја поседува. Новелата впрочем го зема искушението како средишна тема: Пир тражи од Лидија, као доказ за
нејзината љубов, да изврши три дела: пред очите на мажа си, да го убие неговиот најдобар сокол, да искубе чупе
влакна од брадата на својот сопруг и најпосле да му го искорне најздравиот заб.
Откако Лидија ќе пројде низ тоа искушение, тој ќе се согласи да спие со неа.
Пророчки, тоа има
иста структура како и кондиционалот, но субјектот којшто прорекува не мора да
биде субјект на друг дел на тврдењето (последица); со тоа се приближува до начинот на „трансрелативното“, што го
открил Ворф. Никакво ограничување не го оптоварува субјектот од првото тврдење.
На тој начин, може да биде ист субјект како и субјектот на исказот (во I, 3: ако го збунам Мелкиседек – си вели сам на себе Саладин – тој ќе ми даде
пари; во X, 10: ако бидам суров со Гизелда – си говори сам на
себе Готје – таа ќе се обиде да ми нашкоди). Две тврдења може да имаат ист
субјект (IV, 8: ако Гироламо се оддалечи од градот –
размислува неговата мајка – повеќе нема да ја сака Силвестра; VII, 7: ако мојот сопруг
биде љубоморен, тој стане и ќе си замине). Тие предвидувања понекогаш се мошне
разработени: така, во
последната новела, за да легне со Лудовико, Беатриса му вели на својот маж дека
Лудовико и’ се додворува;
слично, III, 3: за да ја предизвика љубовта на еден
витез, дамата се жали кај неговиот пријател дека тој не престанува да и’ се удвара. Предвидувањата од овие две
новели (за кои што се покажува дека се исправни) не се одвиват сами од себе: зборовите овде создаваат ствари, наместо
да ги одразуват.
(Мирослав Бекер –
„Современи книжевни теории“)
No comments:
Post a Comment