Tuesday, September 8, 2020

ГАБРИЕЛ ГАРСИЈА МАРКЕЗ: Сто години самотија

 


Многу години подоцна, пред одредот за стрелање, полковникот Аврелијано Буендија мораше да се сети на оној ден кога татко му го поведе да го запознае ледот. Макондо тогаш било село со дваесет куќи од кал и трска, соградено на брегот од реката, чии бистри води се валкаа низ коритото полно со изглачен камен, бел и голем како некои праисториски јајца. Светот беше така нов, многу нешта се уште немале име и, за да се спомнат, требало да се покажат со прст. Секоја година во март едно семејство на распарталени Цигани поставуваше свој шатор близу селото и, со пискање на зурли и тапани, ги прикажуваше новите достигнувања. Прво донесоа магнет. Еден крупен Циган, со заплеткана брада и со раце како на врапче, кој се претставуваше како Мелкијадес, приредуваше јавна магионичарска претстава, нарекувајќи ја осмо чудо на мудреците алхемичари од Македонија.

...

GABRIEL GARCIA MARQUEZ: Cien anos de soledad – 1967)

No comments:

Post a Comment