ЛЕГЛО ОД РУЖИ
„И верувам јас дека секое цвете му се радува на
воздухот и дише...“
Вордсворт
„Љубовта е како в оган пламнато пријателство“
Брус
Ли
Девето поглавје
...Баеги штедро си нали од виното. Пред да успее да отпие една голтка, чу
поттропнување на вратата.
-Прилично касно – промрмори таа. –Прилично доцна е да менувам било што.
Време е да видиме што ќе се случи.
Ја остави чашата со вино и појде да отвори.
Тој исто се беше преоблекол, забележа таа. Наместо во фармерките, беше со
спортски панталони во заштитарска боја и со чиста кошула, наместо работната
памучна блуза. Носеше голем картонски плик со храна „ту тејк“ од нејзиниот
омилен кинески ресторан и ботилка од љубеното и’ Каберне совињон.
Мој драгане, мисловно одбележа Ема. И тоа беше едно од предимствата на
нивното пријателство.
-Отстоја на зборот да донесеш храна – го зеде пликото од него. –Благодарам.
-Ти сакаш по малце – и навистина по малце - од се’. Затоа земав различни
јадења, - и’ го опфати со дланка вратот те се наведна да ја бакне. –Здраво уште
еднаш.
-И јас те поздравувам. Туку што си сипав чаша вино. Да продолжам ли и со
тебе?
-Може. Како беше на работа? – праша тој, следејќи ја накај кујната.
–Буквално беше затрупана кога си заминав.
-Успеавме да свршиме се’. Следните неколку дена се тотално зафатени со
ангажмани, ама и со тоа ќе се справиме. Ами, твојата летна кујна...?
-Ќе стане велелепна. Не знам колку ќе ја користат моите клиенти, но ќе
изгледа страотно. Треба да поразговарам со тебе за работата овде. За втората
рокада. И’ оставив неколку прелиминарни скици на Паркер за преустројството во
големата куќа. Плановите на Мак се наполно готови. Откако денеска минав извесно
време во твојот „охладител“ мошне добро разбирам зошто ти е потребен уште еден.
Ми се свиѓа твојата сукња.
-Фала – загледана во него, таа отпи од виното. –Башка, има и други нешта за
кои треба да си поправиме муабет.
-Од каде сакаш да започнеме?
-Си мислам дека има многу нешта, но конечно осознав оти се’ се сведува на
два основни момента. Ние сме пријатели. Нели Џек?
-Пријатели сме Ема.
-Првото нешто што е важни е дека пријателите треба да си ја кажуваат
вистината. Да бидат чесни. Доколку после оваа ноќ сфатиме дека тоа што сме го
очекувале не се остварило – или ако еден од нас каже: беше фино, ама тоа е крај
– треба да можеме тоа да си го кажеме. Без другиот да се љути.
Разумно, отворено, без лепливи мрежи и невидливи стапици. Идеално.
-Се согласувам.
-Второ, треба да си останеме пријатели – во гласот и се поткрадна
тревожност. – Тоа е најважното. Што годе се случило, на каде и да тргнат
нештата, треба еден на друг да си обеќаме дека ќе останеме пријатели. Не само
поради нас двајцата, туку и заради сите други со кои сме поврзани. Може да си
кажеме дека ова е напросто секс Џек, ама сексот не е нешто просто. Или не би
требало да биде. Ние си се допаѓаме. Секој од нас е загрижен за оној другиот. Нејќам
ништо од тоа да се промени.
Тој и’ ја погали косата.
-Сакаш крвна заклетва или извидничка? – праша тој и ја насмеа. Можа ова да
ти го ветам Ема. Затоа што си права. Пријатели сме.
Бавно се наведна ко неа и ја бакна во едната буза, потоа и во другата, по
што леко ги влепи усните на нејзините.
-Пријатели – ја повтори таа неговата реплика, останувајќи на еден здив
растојание и приковувајќи ги очите во неговите. – Џек, како воопшто издржавме
сиве овие години?
-Проклет да сум ако знам, - одново и’ ги допре усните, по што и’ ја зеде
раката. – Бевме на плажа – кажа тој додека ја водеше по скалите.
-Молам?
-Бевме отидени на море на една седмица. Сите заедно. Еден пријател на Дел
не‘ беше поканил во неговата куќа, поточно во куќата на родителите во Хемптонс.
Беше за време на летото, пред да го почнам бизнисот овде.
-Да, се сеќавам. Си поминавме топ.
-Едно утро рано, кога не можев да спијам, се шетав на плажа. И те видов. За
секунда или две сфатив дека си ти. Беше со оној долг шал врзан околу
половината, во ептен јарки бои и тој се вееше околу твоите нозе. Под него
носеше црвени „купачи“.
-Ти... – буквално мораше да подголтне. – Помниш во што сум била облечена?
-Да, паметам... Како и тоа дека косата ти беше подолга од сега, ти стигаше
до средина на грбот. Бујните прамени ти се виореја на ветрот. Беше боса. Златна
кожа, пастелни бои, бујна фризура. Срцето ми запре. Си реков: ‘Тоа е најубавата
жена што сум ја видел’. И ја пожелав таа жена така како што не сум пожелал ниту
една друга.
Тој сопре и лесно се изврте кон неа. Ема го гледаше со зјапната уста.
-И тогаш видов дека си ти. Продолжи понатаму, слезе по брегот, брановите ги
заплиснуваа босите ти стапала, ти ги залеваа глуждовите, листовите. Мислев дека
го загубив умот.
Наскоро нема да можам да дишам, узна таа. Не можеше да мисли. Не сакаше да
мисли.
-Ако ми пријдеше, ако ме погледнеше како што ме гледаш сега, ќе можеше да
ме имаш.
-Се исплатеше чекањето – тој ја целувна продолжително, бавно, длабоко,
после што отидоа во спалната. – Убаво е – примети тој, кога ги виде цвеќињата,
свеќите.
-Дури и пријателите треба да се постараат малку за себе, така барем јас
мислам. Ова требаше да ја успокои, како и да створи атмосфера, па та ја зеде
запалката и тргна да ги пали свеќите.
-Уште поубаво – се насмевна тој, откако таа пушти музика.
Се обрати кон него од другиот карј на собата.
-Ќе бидам поштена со тебе Џек, како што ти ветив. Имам слабост кон
романтика, кон нејзините надворешни пројави, кон мили гестови. Освен тоа, ми се
бендисува и лудата, ватрена страст. Би те примила на двата начина. А, оваа
вечер можеш да ме имаш како сакаш.
Тие думи на Ема, која стоеше на светлината на свеќите, дефинитивно го
сломија.
Тргнаа едновремено еден кон друг и се сретнаа на средина на одајата. Тој ги
закопа прстите во нејната коса, си го подметна нејзиното лице и ги наведна
усните кон Емините. Та вечер имаше намера да стори се’ за да ја искористи
нејзината слабост.
Таа му се предаде, телото нежно и’ се притисна кон неговото како одговор на
бакнежот. Топлината пресретна топлина, копнежот беше обвиткан со исчекување.
Кога ја дигна в раце, за да ја однесе в постела, темните очи занесно и‘ се
притворија.
-Сакам да те допирам насекаде кај што сум мечтаел да те допирам, - споро ја
пикна раката под сукњата и нагоре по бедрото. – Насекаде.
Одново ја пољуби и сега во устата му имаше намек на алчност, стремеж да
покори, додека прстите, нежни како перце, и’ ја галеа кожата над свилата, којашто
едвај ја покриваше. Таа се изви под неговите допири, му предлагаше многу
повеќе.
Усните му како воздишка и‘ ја милуваа шијата, додека и’ го см`кнуваше
џакетот од рацете. Потем, со едно брзо, отсечно движење, тој ја сврте и леко и‘
го залапа рамето. Кога се смести зад неа, за да и го см`кне комбинезонот, тој
ја погледна преку рамето. Насмевката и‘ беше полна со обеќавања.
-Имаш ли нужда од помош?
-Мислам дека ќе се справам.
-Мислам дека имаш право. Пошто позава не ми дозволува, ќе може ли да си ја
соблечеш кошулата?
Џек ја раскопча и ја слече од рамењата. Таа не го одделуваше погледот од
него.
-Секогаш сум обожавала да те гледам без кошула додека работеше во градината
през летото. Така ми се аресаш повеќе – таа одново се препна. – Соблечи ме Џек,
и допирај ме. Насекаде.
Таа се размрда под него лењо, искусно, кога тој и го задигна фустанот над
глава и пламна од задоволство кога и’ го виде целото тело.
-Велелепна си – тој ги спружи прстите по крајчињата на црвената тантела кон
малечките црно-розеви листенца. – Ова може малку да ме успори.
-Никаде не брзаме.
Кога усните одново му се спуштија, таа му се препушти на мигот и му се
сладеше на осетот дека е истражувана.
Сантиметар по сантиметар, така беше кажал и се додржа на зборот. Ја
пипкаше, ја вкусуваше бавно и со наслада, додека морниците преминуваа во
треска, а благословениот воздух се згусти од напрегање.
Штедри извиткувања, кожа позлатена од светлоста на свеќите, палави прамени,
распарталени како црна коприна. Знаеше дека е красна, отсекогаш ја сметал за таква,
но таа вечер она беше како гозба, на која му беше дозволено да пирува до
ненасит.
Секој пат кога ќе се навратеше на тие меки и сочни усни, таа му даваше
нешто повеќе. Тој ја водеше нагоре, бавно, споро, чувствуваше како се искачува
се‘ повисоко, по што стигна до врвот и го префрли.
Удоволствието ја исполнуваше целата, сласно и страсно, неизмерно прекрасно.
-Сега јас сум на ред – таа се дигна, ги обвитка рацето околу неговиот врат
и ги пристисна усните врз неговите.
Се премести лесно и го избута да легне на грб. Сега беше нејзин ред да го
проучува – силните рамења, здравите мускули, стегнатиот стомак. Потоа скина
ципа за да го ослободи.
-Подобро да...
-Јас ќе се погрижам.
Таа зеде еден кондом од ноќното шкафче и без да брза го постави, мазејќи го
цело време. Нејзините раце и усни го тераа секое негово мускулче да трне,
додека на крај не ја зграпчи за коса и ја издрпа нагоре.
-Сега.
-Сега.
Таа се лизна надоле, го изви грбот. И го прими в себе.
Грозница мина низ нејното тело, жарка како светкавица, и посипа искри во
крвта. Таа почна да се движи – бавно, за да се наслади на секоја честичка
задоволствие, без да ги трга очите од него.
Тој и ги зграпчи бутините, се бореше да се усклади и да ја остави да го
држи темпото. Нејзините раце се спуштија надолу по телото во блуден заборав и
глетката го пронижа право в срцето. Кожата и блескаше како опсипана со златен
прашок, црните очи грееја во мекото сјаење на свеќите. Крвта му кипеше во луд
ритам, додека таа се насладуваше до насит. Потоа го прегрна потполно и со последен
грч дојде до врвот.
Тој ја исправи, па ја стркала на грб. Та само успее да земе троа воздух,
кога тој ја дигна на колена.
-Сега е мојот ред.
И тогаш самоконтролата го напушти тотално.
Лесно сонливото и тлеечко удоволствие премина во лудачки устрем. Таа викна
од изненадување, кога нагло потона во неа, па продолжи со брзи и моќни удари.
Тресејќи се од возбуда, таа бујно одговори на неговата желба. Оргазмот ја
раскина на парчиња, ја исполни секоја нејзина клетка, а потоа ја испразни
целата.
Остана да лежи беспомошна, наежена, додека тој ја земаше уште, и уште,
достигајќи го сопствениот врв.
Се струполи врз неа, останувајќи без здив. Осеќаше дека се грчи под него,
го слушаше тешкото биење на нејното срце, и наспроти тоа, ја крена раката и
нежно ја погали по грбот.
Џек за миг ги затвори очите, Беше останат без воздух, а веројатно и од умот
се беше подизгубил. Лежеше, ја вдишуваше нејзината арома, се насладуваше
чувстувајќи го нејзиното тело, сега наполно одвоено од неговото.
-Рековме дека ќе бидеме чесни, - започна тој – па ќе ти кажам, ова не беше
ништо посебно за мене.
Таа се изнасмеа крај него и го уштипа по задникот.
-Да, срамота. Претпоставувам дека меѓу нас нема никакво привлекување.
Тој ја дигна главата.
-Никакво. Затоа ја демолиравме собава.
-Собата? Јас мислам дека ја срушивме куќата – таа воздивна длабоко и
сладосно, додека го милуваше. Боже, имаш страотно дупенце. Ако ми е дозволено
да приметам.
-Можеш, скапа. Твоето исто така е совршено.
Таа му се насмевна.
-Сигурно сме неверојатна глетка.
Џек леко ја пољуби, еднаш па уште еднаш, со бескрајна нежност.
-Гладна ли си? Јас умирам од глад. Што ќе кажеш за ладна кинеска храна?
-Немам апсолутно ништо против.
Двајцата лапаа, застанати до шанкот во кујната, загребувајќи кинески нудли,
свинско во слатко-кисел сос и пиле на императорски начин, директно од
картонските кутии.
...
(“A Bed of Roses” 2009)
No comments:
Post a Comment