IX
БИРОКРАТСКИОТ ПОРЕДОК (продолжение)
– Официјална правда
...Самите
чиновници давале прв пример на нискост и поквареност, натпреварувајќи се
кој ќе искаже поголема „приврзаност“ и „покорност“. Во оние чести преврати,
службите мошне лесно се добивале и губеле, ама секој би увидел дека најдобро
проаѓале оние кои биле за се’ и сешто „употребителни“, т.е. кои се покорувале
на секој поредок, создаден од „претпоставените“, и кои вршат се’ што ќе им се
заповеда. На тој начин, се воспитала цела класа луѓе без начела, без морал –
„незнабожечка маса“, како што требало да ја нарече г. Матија Бан, која што за
неколку талири или за некоја титула, ја продавале својата свест и своите
чувства, ги продавале пријателите и својот народ, само да се одржи „законот“,
т.е. оние бездушни формули во кои секој самоволен сопственик можел да надуе се’
што ќе посакал. Ваквите морални т.е. неморални поими проникнале во сите
општествени односи и во сите установи на српската држава. Достоинството човеково
се мерело со тоа колку е некој познат кај власта, а исто така и неговата
спопсобност. Во тоа време, никна и оној полициски поглед односно непокорноста
на граѓанинот кон пандурот или непокорноста на ученикот кон учителот, да се
смета како „бунт против државниот поредок“. Самите школи биле така организирани
како да ќе подготвуваат чиновници и попови за народот, два сорти на власт над
народот. Воопшто, сета грижа и сите средства државни биле насочени на тоа да се
организира власт која би била доволно снажна да се одржи бирократскиот поредок
во земјата, а во исто време, да се даде такво „устројство“ што народот никогаш
не би ни помислил дека смее да ропотари
против „законитата власт“. Се било подесено спрема таа цел: од централното управление до кметот во општината
– нигде не е добиена ни тронка самоуправа. Ни останатите средства не се
заборавени. Почнувајќи од уредбата како и што да се пишува во тогашните
официјални новини – се’ било пропишано и уредено заради воспитување на народот
– од „цензурата“ па се’ до „мацакот со дрвени клинци“, а и тие влегле во
законската регулатива.
Никој тогаш не ни
помислувал дека, за одржување на поредокот во едно општество, нужно е членовите
негови да го почитуваат тој поредок, да се уверени во неговата правичност и да
осеќаат полза од него. За тоа пред се’ е нужно сите односи во општеството стварно
да се засновани на правда – да се морални. А, како може да постои моралност во
општество во кое еден е силеџија, а друг роб – еден властник, а друг поданик?
Партиските борби
и интриги, пањкање и шпионирање, што започнало во горните слоеви, продре
и у народот и таму фати длабоки корења. Во последниот преврат, нарочна улога
почна да игра видливата поделба на „династични“ и „нединастични“. Тогаш за прв
пат е променета династијата и новата династија стоеше мошне лабаво. Гонењето на
приврзаниците на спротивната династија и образувањето монархично-династично
„чувство“ со помош на вештачки средства баш тогаш започна во Србија. Кон тоа
особено придонесе фактот дека Русија побара Караѓорѓевиќ да се подложи на нов
народен избор, непризнавајќи го оној првиот. Тогаш за таа цел се устројуваа
цели патешествија за да се „влее љубов“ врз „поданиците“, како што тоа го
велеле монархиските личности, а новинарските извештаи грмеа со фалби за радоста
народна при дочекот на кнезот, за ручеците, беседите и здравиците. И за време
на кнез Милош чести беа таквите патувања, но тие никогаш не беа со таа цел, оти
тогаш немаше ни потреба за тоа. А, токму сега стана нужно и да се основаат
династички партии; се разбира,
тоа дало повод противничките партии уште посилно да се изделат и обележат.
Партиската распокинатост и партиската омраза во секојдневниот живот најпосле
зеде таков замав, што народот на т.н. Петровска скупштина побара „да се укине
партијството“.
Ове страшни
партиски борби и партиска разсцепканост морале да имаат страотно лошо влијание
на сите правни одношенија на српскиот народ. „Приврзаноста“ кон овој или оној
великаш, а посебно на владејачката династија, давала различни предности и на
суд, но и во државната служба, како и во сиот општествен живот. Општинските,
државните и црковните земјишта се давани на една или на друга владејачка
партија, а кога одредена партија била во владата, за нејзините лица најчесто не
постоел суд. Истото се случувало и при приватните спорови. Симпатизер на
владејачката партија честопати очебијно го заграбувал имотот на својот комшија,
додека судот досудувал дека е во „право“. Демек, во Србија постоеле сите услови
за рушење на чувството за правичност и честитост. А, владата мислеле дека
чувството за правичност може да го замени со пишани закони, плус осигурани со
казни! Престапите и парниците непрестајно се множеле по Србија, а владата
знаела само да издава нови закони, пропишувајќи казни дури и за малолетните под
14 години и размножувајќи го чиновничкиот персонал.
Законите во
народот, биле тие пишани или обичајни, белким треба да ги изразуваат оние поими
за право коишто народот навистина ги исповеда во поглед на неговата личност и
неговата заштеда и своина. Меѓутоа, никакви закони не можеа кај српскиот народ
да го заменат она поимање на правичноста, кое народот се’ повеќе го барал. Кога
луѓето не ја почитуваат туѓата личност и туѓата заштеда, кога ќе стане општо жудение за неработно уживање и кога сите
услови покажуваат дека само така човек може да дојде до благосостојба, тогаш
законите веќе не се заштитници на правото; тие стануваат куп формули кои немаат стварна
содржина, ами се изврешувааат единствено про-форма. Тогаш станува општа
тенденција правото да се измајстори,
на неправдата да и’ се даде законит облик. Парничењето по судови непрекинато се
множи. А, бирократскиот суд не гледа на правдата т.е. не се гледа кој заисто има право, туку кој има законска
форма на право врз овој или оној предмет, без оглед на тоа со какви каишарлаци
таа форма не била добиена.
До оваа состојба
во Србија морало да дојде бидејќи со долготрајните борби и непрекинатите
грабања на општонародниот и париватниот имот, кај народот биле сосема поматени
поимите за право и правда. А, гладните чиновници, неодговорни пред народот, а
врзани со своите „старешини“ и „претпоставени“, како и со партиските интереси,
сега добиле згодна прилика да се наплатат за својата долгоочекувана мачна
победа.
Еве како еден
писател – очевидец опишува како се вршела правдата во тоа доба:
„Кога се заведени
окружните магистрати и народниот суд, само се кажува дека секретари највеќе
биле Срби, заколнати унгарски адвокати. Со нивна братска помош, отворивме
канцеларии, ама попаднавме во заразната школа дека правото може да се измајсторисува. Најнапред, тие пишуваа
‘инштанции‘, а потем го известуваа неуките луѓе како би требало на магистратите
да им се дадат написмено реплики и дуплики, кои тие во слободно време можеа да
ги пишуваат. Како учени луѓе кои знаеја по три јазика, тие ги поучуваа
кнезовите магистратски како би било според правото на законите кои тие ги учеле
и највише така и се судело. Малку по малку, се почувствува аир од `инштанциите` репликите и дупликите, па луѓето тражејќи суд, почнаа да бараат помош од овие
господа – заколнати унгарски адвокати – правото да им се измајсторира и од тоа доба започнува т.н. адвокатско време... А, по
1839 година бидна и полошо.
...
(изд. „Просвета“
Белград, 1946 год.)
No comments:
Post a Comment