Saturday, April 29, 2017

Павел Шатев: ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА (материјали)


1.
Македонската борба

Кон крајот на април се случија солунските атентати, со цел да се посегне врз материјалните интереси на големите империјалистички европски држави и да го застрашат вложениот од нив капитал во разни банки и други трговско-индустриски претпријатија со кој (капитал) ги цедеа соковите на онеправданото и угнетено селско и градско население во Отоманската империја. Една група млади Македонци, од кои некои штотуку завршиле гимназија, се заземаат да ја реализираат идејата на С. Мерџанов, обесен во Одрин 1901 г., и планот на Јордан Поп Јорданов. Решаваат со експлозив да го кренат во воздух зданието на империската Отоманска банка, што се наоѓало на улицата Франк, една од трговските улици во Солун. Проектот што изгледа како лудост, ќе биде реализиран откако ќе биде подготвен со увереност и доследност кои немаат рамни на себе. Од заговорниците беше испланиран од еден магазин спроти Банката, во чие соседство тие најдоа мала бакалница и од нејзиниот подрум почнаа копање на тунел што води директно до Банката.
Според еден расказ публикуван во „Илинден“ од 29.04.1923 г. копањето на каналот почнало во 1900 г. и траело две години. Ми раскажуваа дека ископаната земја била изнесувана во книжни ќеси, како продукти купени божем од клиенти на бакалницата. Во почетокот на 1903 г. експлозивот бил подготвен без турската полиција да има и најмало сомневање на замислата. Експлозивите биле поставени – активност што, ако се суди според бројот на бомбените атентати во тоа време, не била споредбено лесно изводлива. Серијата на атентати со кои се целеше да се привлече вниманието на Европа, застрашувајќи го нејзиниот важен капитал-материјален интерес, започна на 28, со експлодирање на една пеколна машина на парабродот „Гвадалкивир“ на француската компанија „Месажер Маритим“, кој се’ уште не бил излезен од заливот. Парабродот изгорел, но сите патници, како и багажот, биле спасени. Автор на атентатот бил Македонец-Бугарин Павел Шатев, кој следниот ден бил фатен во воз меѓу Велес и Скопје. Осуден од специјално подготвениот воен суд на смрт, тој бил заточен во Триполитанија, во областа Фезан, кај градот Музрук, од каде се вратил благодарение на амнестијата (1908 г.), што следувала по револуцијата на младотурците.
Истиот ден вечерта, тројца од заговорниците, предводени од Димитар Мечев, се обиделе да го кренат во воздух еден од возовите на линијата „Жонксион“ што доаѓал од Цариград, малку пред пристигнувањето во Солун. Тие не успеале, освен лесно да ја оштетат локомотивата и да ги искршат стаклата на некои од прозорците на вагоните. Тој нов обид ги потврдил сомневањата околу експлозијата на „Гвадалкивир“ и ја натерал полицијата на претпазливост, но таа не можела да открие ништо од тоа што се подготвувало за наредниот ден.
На 29 април акцијата требало да почне малку по залезот на сонцето, по сигнал даден со разурнување на гасното осветлување. Заговорниците решиле да го кренат во воздух депото на светлечкиот гас, што се наоѓало на западниот крај од градот. Една среќна околност ги спречила да влезат во фабриката, но еден од нивните другари успеал со динамитна бомба да го оштети малиот мост наречен „Вардар“, што се наоѓал меѓу двете станици – таа на „Жонксион“ и на Источните железници. Водоводната и гасоводната мрежа под мостот биле прекинати и градот потонал во темнина. Тоа било очекуваниот сигнал. Експлозивите биле запалени и една страшна експлозија го разурнала зданието на Отоманската банка и силно оштетила многу соседни објекти, меѓу кои и германскиот клуб и хотелот „Коломбо“. Директорот на банката, навремено известен, успеал да се спаси заедно со целото семејство. Истовремено, искористувајќи ја темнината, младите Бугари, едни од нозе, други од пајтони, трети од прозорците на своите престојувалишта, фрлале бомби. Дошло до вистински судири во некои делови на градот, главно пред магацините за оружје, со пристигнатата војска. Многу Бугари биле уапсени, задржани, а други тепани по улиците и домовите.
Турците, кои го населувале северниот, висок дел на градот, се подготвувале да се симнат кон европската четврт и ги заплашувале со колеж христијаните. Благодарение на валијата Фехми-паша, кој можел навремено да ги преземе неопходните мерки, ја опколил со воен кордон турската четврт и со лична иницијатива успеал да ги успокои вознемирените Турци. Според еден извештај на францускиот конзул Луј Стеер, со кој го констатира безумието на полицијата, само неколку странци биле убиени или ранети, но ниту еден Французин. Извештајот покажува дека многу Бугари биле убиени, а дури тројца кои се сокриле во домот на еден Французин. Според укажувањата на Бугарите, можеби преувеличени, бројот на убиените христијани достигнувал околу 200-300 души (всушност, 42-ца од населението и приближно толку од војската б.н.). Спокојството во градот брзо било воспоставено, од друга страна, пристигнале италијански воени бродови, а подоцна и австриски, кои ја преземале заштитата на странците и немуслиманите.
Тие настани не го предизвикаа веднаш својот ефект, но не останаа без влијание врз решенијата, што требаше да се донесат до крајот на истата година. Како што можеше и да се очекува, атентатите во Солун предизвикаа вознемиреност меѓу турската власт, која во нив виде почеток на едно општо движење и, од тие причини, Револуционерната организација не ја предизвикуваше. Во Солун беа извршени многубројни апсења. Во Битола - Турците верувале дека востанието ќе избувне за Ѓурѓовден и однапред почнале да ги следат христијаните. Во целата област судирите меѓу војската и четите стануваа се’ почести и до 1.09.1903 г. се наброја 86 во трите македонски вилаети и Одринскиот, наспроти 63-те во текот на последните 4 години од 1898 до 1902 година. Тие судири честопати повлекуваат целосно разурнување на селата, како што беше случајот од наредната г. со Баница, на пример. Апсењата и заточенијата во Азија и Триполитанија, интернирањата на жителите по градовите и по нивните родни и други села, каде немаа никакви средства за живеење, па и бруталноста од секаков вид, се зголемуваше. Солунскиот конгрес најпосле решил да го објави востанието, што требаше да биде општо за Битолскиот и Одринскиот вилает, и со диверзии – делумно во останатите два вилаета...
Општото востание, како што беше предвидено, избувна на Св. Илија (20.07.1903 – 2.08. н.к.). Тој ден Илинден, стана за Македонците и за поголемиот дел од Бугарите еден свечен датум, истовремени и свечен и тажен, како Видовден – годишнината од Косово за Србите. Во еден ден казите: Битолска, Леринска, Костурска, Охридска и Кичевска, пламна. Сите турски воени и жанармериски постави беа нападнати, како и кулите при чифлиците на поголемите бегови, телеграфските линии беа прекинати, железничките разрушени, а исто така и поголемите депоа. Наспроти зголемувањето на полицијата, што го наредува султанот Абдул Хамид, изгледа дека силата на Револуционерната организација беше помоќна. Навистина, таа располагаше со помошта на голем дел од населението, презирајќи ги заканите, дури и измачувањата. Треба да се води сметка исто и за непоправливата невнимателност на Турците. Наспроти сите подготвителни знаци за големите настани, властите се најдоа изненадени од брзината со која агитираше движењето.
Во Косовскиот вилает (Скопско) и во Солунскиот, како што беше предвидено, беа преземени изолирани операции, главно оштетување на патишатата, со цел да се отежне движењето, да се обеспокои војската и да се попречи командата да ги концентрира силите врз славниот театар на востанието. Во Одринскиот вилает, востанието избувна едвај на 18 август, Преображение Господово, и се ограничи само на Лозенградскиот санџак, соседен на бугарската граница и кој е опфатен со падните на Странџа-планина. Но, операциите се водеа со голем интензитет и продолжија до крајот на септември.
Големото Илинденско-востание, вистинска македонска епопеја, продолжи близу три месеци, со периоди на затишје и засилување. Во тој период, ако се базираме врз статистиката на Мемоарите на Внатрешната организација, печатени во 1904 г. се случиле 239 судири. Според истата статистика, во нив учествувале 26.000 востаници и 350.000 војници.


(изв.Државен архив на Република Македонија, Македоника литера)

Tuesday, April 25, 2017

ЏАКОМО ЛЕОПАРДИ: Парини или за славата


Поглавје осмо

... Декарт во неговото доба, а во поглед на геометријата која тој чудесно ја проширил, применувајќи врз неа алгебра и некои други негови пронајдоци, освен неколкумина луѓе, никој не го разбирал. Слично на тоа му се случило и на Њутн. И навистина, положбата на луѓето кои со знаењето се необично над своето доба не е многу различна од положајот на книжевниците и учените луѓе кои живеат во градовите или покраините каде никој не се бави со книгата, зашто ни овие – како што ќе докажам подоцна – не се почитувани од своите сограѓани или земјаци, како што би заслужувале. Дури и мошне често ги „ниподаштавале“ поради разликите во животот и нивните сфаќања од сфаќањата на останатите луѓе, како и заради општото недоволно познавање на вредностите на нивните способности и дела.
Нема сомнеж дека во ова време, па и од обновата на цивилизацијата, човечкиот род непрекинато напредува во знаењето. Ама, неговиот напредок е бавен и одмерен, додека најголемите и необичните духови кои се посветуваат на разгледувањето на овој сензибилен и достапен свет, како и на пронаоѓање на вистината, идат – даже и трчаат – брзо и речиси без никаква мерка. Затоа на светот, гледајќи ги како напредуваат, му е невозможно да го забрза чекорот и да стаса заедно со нив или малку после ним, таму каде што тие најпосле застануваат. Светот дури и не го менува чекорот и воопшто не стигнува до оваа или онаа граница, освен во размак од еден или два века по стасувањето таму од страна на великиот дух.
Може да се каже дека чувството е оти човековото знање поголемиот дел од својот напредок му го долгува на оние највиши умови, кои се јавуваат од време на време, сега еден - сега друг, скоро како чуда на природата. Меѓутоа, напротив, јас сепак сметам дека тоа знаење сепак им должи повеќе на обичните умови, додека на необичните доста малку. Да претпоставиме дека еден од нив, откако со својата наука го исполнил просторот за знаење на своите современици, напредува во учењето со десет чекори. Останатите осредни умови не само што не се решаваат да го следат, ами го исмејуваат неговиот напредок. Меѓутоа, бројни медиокритети, белким со делумна помош на мислите и откровенијата на великанот, а сепак највеќе со сопствени изучувања, заеднички прават еден голем исчекор, кој пак (поради кусоста на размакот, т.е. малата новина на заклучкот, како и заради големиот број на оние што до него дошле) за некоја година го прават и рестото луѓе. Така, напредувајќи со обичен тек, постепено, а низ трудот и примерот на осредните умови, луѓето најпосле го чинат и десетиот чекор, а заклучоците на оној највисокиот дух бидуваат признати за вистинити од сите цивилизирани народи. Арно ама, тој е веќе одамна мртов и за тој успех не постигнува дури ни позна и задоцнета слава, делумно затоа што споменот на него веќе избледел или што неправедното мислење за него додека бил жив, а потврдено со друга наука, го надвладеало секој друг обзир; делумно што луѓето не дошле до тој степен на знаење со помош на неговиот труд; и делумно поради тоа што сега се сите веќе изедначени со него во знаењето, па набргу ќе го престигнат, а можеби и веќе сега се изнад него. Заради тоа што во долгиот тек на времето можеле подобро да се докажат и поарно да ги објаснат вистините до кои тој дошол, неговите претпоставки да го донесат до извесност, да дадат подобар ред и облик на неговите пронајдоци и да направат тие да созреат. Освен ако некој научник, повторно испитувајќи ги записите на минатите времиња, проверувајќи ги заклучоците на оној великан и споредувајќи ги со тие на неговите потомци, не се сети како и за колку тој му претходел на човековиот род, па му пружи неколку пофалби, кои ќе предизвикаат мал вител прашина, ама брзо се забораваат.
Иако напредокот на човечкото знаење, како падот на тешки предмети, се постигнува од миг в миг се’ поголема брзина, сепак едно исто поколение луѓе тешко се случува да го смени своето мислење и толку да ги признае своите грешки, што денес би верувало во нешто спротивно од тоа во што верувало претходно. Но, тоа подготвува такви средства за следното поколение за ова да може да осознае и да верува во нешто друго. Само, како што никој не го осеќа непрекинатото движење на Земјата која не’ носи наоколу, така ни сите луѓе не се свесни за разгранувањето на своите сознанија, ниту пак за перманентното менување на сопствените судови. Човек впрочем никогаш не ги менува своите мненија така да знае дека ги менува.

Поглавје девето

Да речеме дека, минувајќи секаква препрека, во својата вредност и потпомогнат од среќа, стварно си постигнал не само да бидеш прочуен, туку и славен, и тоа не после смртта, ами уште за време на животот. Да погледнеме каков плод тоа ќе ти донесе. Прво и прво, желбата на луѓето да те видат и лично да те запознаат, да те покажуваат со прст, онаа чест и почитување кои присутните би ти ја укажувале, а во што лежи наголемата полза од славата што произлегува од пишување, по се’ изгледа дека би можел полесно да го доживееш во малите градови, отколку во големите, каде очите и душите се расејани и занесени со богатството и со вештините кои служат за забава и веселост на некорисниот живот. Ама, со оглед на тоа што во малите градови речиси секогаш недостасуваат средства и потпора врз база на која се доаѓа до совршенство во книжевноста и науката, односно поради тоа што се’ што е ретко и вредно се збира во големите градови, малите градови – кои се ретко престојувалишта на учени лица и се обично без добри школи – обичаваат толку ниско да ја ценат не само науката и знаењето, туку и прочуеноста таму не е предмет дури ни на завидливост. А, доколку случајно некоја важна личност или необичен ум и живее во некое мало место, тоа што таа е една и единствена не само што не ја увеличува нејзината вредност, туку и штети, бидејќи во секојдневниот живот, оваа персона е најзанемарена и најнепозната во тоа место. Како што таму каде што златото и среброто се непознати и без вредност, секој што би нив би ги поседувал, а би немал друг имот, воопшто не би бил побогат од другите, туку напротив би бил сиромашен, исто така и онаму каде што умот и знењето не се познати и не се ценат, оној интелект кој би таму би се нашол не би имал прилика да биде над останатите, а немајќи други добра, он би бил омаловажуван. И тој во таквите места е далеку од можноста да биде почитуван. Во времето кога, уште дури бев млад, одев во своето родно Бозизио и со оглед на тоа што таму се знаеше дека го сакам учењето, а и дека се занимавам со пишување, моите земјаци ме сметаа за поет, филозоф, физичар, математичар, лекар, правник, теолог и познавач на сите јазици на светот, притоа не правејќи било каква разлика за секое прашање за кое случајно ќе се поведеше разговор. И покрај тоа, мештаните многу не ме почитуваа, чак и ме сметаа многу помал од сите учени луѓе од другите места. А, доколку дозволев тие да се спосомневаат дека моето знаење е спак малце помалку прекумерно отколку што тие си мислеа, јас во нивните очи паѓав уште подолу и најсетне тие доаѓаа до уверување дека моето знење не ништо пошироко од нивното.
...


(Белград, 1964)

Friday, April 21, 2017

Ернст Блох: СУБЈЕКТ – ОБЈЕКТ


ФИЛОЗОФИЈА
X
Наука за логиката
6.
Почетокот на логиката Хегел природно го изразува со онаа реченица која изгледа сосема диво: „Битието и ништото се едно те исто“. Но, тоа воопшто не е диво, туку напротив е желба да се започне што е можно потихо, со опоро пицикато. Хегел мисли дека битието – кое што на тој прв степен е едно наполно празно Е – од содржински аспект, поради својата празнина, не е ништо друго ами Ништо. Обете се исто, но сепак, како што покажува внимателноста на мислењето на тој свој прв апстрактен облик, и не се баш исто. Празното битие и празното Ништо се нераздвојни и неделиви, ама се така составени, што „секој исчезнува во своето спротивно дело“. Тоа исчезнување на едното во другото им дава на битието и Ништото кај Хегела нешто трето, момент кој што дијалектички ги поврзува: настанување. Настанувањето е единство на чистото битие и чистото Ништо, но бидејќи единството не останува, најмалку во оваа пра-клетка на дијалектиката, така и релативното единство на постанувањето бидува поделено. Како премин од битието кон Ништото постанувањето е нестанување, а како премин од Ништото кон битието тоа е настанување (Entstehen); новото единство на обете претставува опстанок, она третото од нестанувањето и настанувањето. Хегел во така развиениот почеток сепак се обидел да го мисли Ништото, таа потполна празнина, тој прастар крст на мислењето, на тој начин што го осветлил со исто така празното чисто битие. Демек, со битието кое продира во Ништото со малку светлина (...) и изобилие, па ја прави ноќта невидлива. Токму овде она „Нека биде светлост“ е еден тивок зов, неговиот planissimo е соединет со нечујноста, со невидливоста на Ништото во стартот на почетокот: „Чистата светлина и чистата темнина се две празнини, кои всушност се исто“. Од друга страна, Ништото како втор член на тријадата, останало зачувано во целата Хегелова дијалектика: „Мора да се каже дека нигде на небото и земјата нема било што кое во себе не би ги содржело обете – и битието и Ништото (III, стр. 81). Дијалектички, како што е забележано, Ништото е вклопено како она негативното или противречното, како она што подражава, како субверзивно, понекогаш и мефистофеловско, што треба да го замени динамичкиот „жалац“кој што недостасува на чистиот дух, на чистата логика.
Второто одредување на Хегеловата Логика е помалку упадливо од одредувањето на битието и Ништото, ама попознато. Тоа се однесува на претворањето на квантитетот во квалитет и такуѓере се наоѓа во книгата за битието, кај категоријата Мерка. Водата не останува вода при пораст на ладењето или загревањето, туку со еден скок станува лед или пареа. Друг пример што го посматрал Наполеон (...): „Двајца Мамелуци беа понадмоќни од тројца Французи; сто Мамелуци беа еднакви на сто Французи; триста Французи вообичаено беа понадмоќни од триста Мамелуци; иљада Французи секој пат победуваа иљада и петсто Мамелуци.“ Зашто зголемениот квантитет одеднаш ја претвара толпата француски јавачи во нов квалитет: француска коњица.
Местото на пресвртот Хегел го нарекува јазолна точка: „на тој начин, јазолната точка е мерка на скалата на поголемото или помалото“. Тоа учење за претварањето во подоцнежната теорија – во праксата на научниот социјализам – постигна класично значење, па во „алгебрата на револуцијата“ тоа е едно од најважните фактори. Законот за квантитативното трансформирање го одредува претварањето на една занаетчиска работилница во фабрика, одредена сума пари во капитал, а средниот бизнисмен во монополистички капиталист. Неговиот квантитет (концерн, труст) не остава ништо од претходните квалитети: пр. слободна конкуренција, јавен промет на пазарот, простор за индивидуален живот и останатите „неограничени можности“; започнува нов квалитет: монополистички капитализам. Законот за трансформација такуѓере ветува крај на целокупниот квалитет на една епоха воопшто; не само затоа што одвеќе остро повредува, или затоа што охолоста му претходи на падот, а фашизмот на горкиот крај, ами затоа што во преживеаниот квантитет расте противречноста спрема него. Оти воедно расте и негативноста, која Хегел ја нарекува „точка на пресврт во движењето на поимот“. Еве, така поучно води Хегеловата Логика од апстрактното во живата мисла, од предсветското ... во она што го менува светот, при што „јазолната линија на мерните односи“ ги прикажува само најпознатите, а воедно и најјасните нешта, но не и најважните во таа книга за поимот. Најважните се наоѓаат во книгата за битта, како дел кој што е секогаш наново употреблив; оти тој поучува да се продре од површината на појавите во дијалектичкиот развој, кој се рефлектира на површината. Истовремено, тој ја проучува историската хемија или метеорологијата на настанувањето, „издигнувањето на стварите во егзистенција“. Логосот на таквите посредувања на егзистенцијата и реалноста ќе остане важен и тогаш, кога Логиката ќе биде само методички дијаграм на материјалните облици на опстанокот кои се менуваат, демек кога предметот на логиката повеќе нема да се вика – Логос.
...
XI
Премин кон Реалното: ЕНЦИКЛОПЕДИЈА

Се’ што сум уште способен да го сторам, нека се надоврзува на она што Вие го засновавте и што го изградувате
(Гете до Хегел, мај 1824)

1.
Толку за таканареченото чисто мислење по себе. Често Хегела погрешно го ограничувале на тоа дека тој се движел само во рамките на поимот. Како да не знаел со испреплетената мрежа нешто да улови и да заработи. Хегел секогаш го критикувал мислењето кое што се случува само заради себе. Неговиот поим има очи, тој уште од почетокот е енциклопедиски насочен, не само со широкиот поглед, туку и непрекинатиот третман на овоземската материја. Наместо наводната нејаснотија од неодреден, атмосферски, неочигледен вид, во Хегеловата опширна наука постои исклучително одредена, темелно обликувана фреска на реално замислен ѕид. Патникот во Хегеловиот систем секогаш мора да биде на qui vive што надворешната творба го изискува и што нејзе исто така и’ припаѓа. Поимот е нишка-водилка и повеќе од тоа, но доживеаното и искусеното изобилие лежи наоколу.

2.
Тешката алтитуда со Логиката е достигната. Одовде почнува заземање став кон распространетиот свет и видик. Тој досегнува од камењата, билките и мајмуните, до полицијата, од шкрилците до Партенон. Тој се издигнува од Кеплеровите закони до критиката на англискиот закон за реформа, како и до редот на столбовите на Витрувиј. Тој ги опфаќа температурата на билките и Багавад-Гита, магнетизмот и Сократовата смрт, кинескиот царски адресар и храмот во Делфи, Пунските војни и Фихтеовото учење за науката, се’ е на свое место. Меѓу филозофите Хегел, покрај Аристотел и Лајбниц, е најтемелниот полихистор, а неговото знаење било Up to date. Тој бил филозофирачки полихистор, што ќе  рече – неговото знаење не било отуѓено вон него, не било запакувано во складишта на пензионираното сеќавање. Додуша, тоа се наоѓа во складишни простории, а Хегел не бил пријател и мислител на случувања кои се’ уште не станале историја... Арно ама, Хегеловото големо знаење било современо, стоело на огинот на постојаната продуктивност, перманетното дијалектичко проникнување. Една потенција, која е речиси еднакво блиску до Ахил и Фидиј, до Зороастер и Божествената комедија, до Беме и Аристотел, повторно ги изразува нивните дела, ги средува историските лица во една насока, го концентрира светогледот до најситен детаљ. Антиподот Шопенхауер еднаш приметил дека многу знаење на слабакот му се товар кој го стиска кон земјата, додека на јакиот му е оклоп, кој што го чини несовладлив: Хегел во тој оклоп станал она универзалното, ултимативното досега појавено. Тоа мноштво знаење поседувало запрепастувачка очигледност. Апстрактниот мислител на Логиката покажува во додатоците на својата Енцикопедија, а пред се’ во печатените предавања, таква конкретност на која би му завиделе иљада помалку логични реалисти. Особено предавањата по естетика потполно се заситени со колорит. Би требало да се оди кај Готфрид Келер да би се нашло нешто слично – копирање на зборови од старите Холанѓани – и кај Шопенхауер да би се видел така пластично сфатен романтизам. Тука секако делува зор, а не бришење на очилата. Она што Феноменологијата така збиено го почнала, тоа сега цвета – после благотворниот премин низ Логиката – во систем кој е така широко разложен и поучно развиен; во мајсторскиот плод на она што хегеловците го фалеле како „аристотеловско блаженство во работењето“. Толку опширен, а воедно толку затворен стои овде тој систем, така што оној кој се наоѓа на истото тло воопшто и не знае што уште треба да се направи. Поинаку отколку на Аладиновиот чаробен дворец, не недостасува ниеден прозор, барем од аспект на логиката на планот на градење.

(изд. „Напријед“ – Загреб)

Wednesday, April 12, 2017

СВЕТИ ГРИГОРИЈ ОД НИСА: Создавање на човекот


Глава прва
Во која делумно е дадено природословјето (грч. Фисиологиа) на светот и неколку исцрпни толкувања на она што му претходело на човековото постание

Глава втора
За тоа чуму човекот е последен во создавањето

Глава трета
За тоа дека човековата природа е подостоинствена (по-чествувана грч. Тимиотера) од секоја видлива материја (тис феноменис ктисеос)

Глава четврта
За тоа дека создавањето на човекот во се’ ја пројавува неговата старешинска власт

Глава петта
За тоа дека човекот е подобие на Божествената царска власт

Глава шеста
Испитување на сродството на умот со природата (Божествената), во кое патем се побива учењето на аномијанците

Глава седма
За тоа зошто човекот е лишен (дословно разголен, грч. Гимнос) од природни покривачи и оружја

Глава осма
За тоа чуму човековата положба е исправена, дека рацете се дадени и заради зборови, и истовремено некоја филозофија за различностите на душите

Глава девета
За тоа дека обликот на човековите органи е устроен заради користење на говорот

Глава десета
За тоа дека умот дејствува низ сетилата

Глава единаесета
За тоа дека природата на умот не може да се спознае (досл. зерцува)

Глава дванаеста
Истражување за тоа на кое место треба да се положи владеечкиот дел од душата (грч. Игемоникон); тука е дадена и физиологијата на солзите и смевот, и некое природно разгледување за заемната поврзаност на вештината, природата и умот

Глава тринаеста
Учење за причините на сонот, зевањето и соништата

Глава четиринаеста
За тоа дека умот не се наоѓа во некој дел од телото; во неа се говори и за разликите помеѓу телесните и душевните движења

Глава петнаеста
За тоа дека, во вистинска смисла на зборот, душа се нарекува (а тоа и е) словесната душа, додека другите така се кажуваат само според хомонимија (истоименост). Во неа се говори и за тоа дека силата на умот се распространува по целото тело, допирајќи го секој дел, согласно на самиот себе

Глава шеснаесета
Разгледување на Божествената изрека која вели: Ајде да го создадеме човекот по свој образ и подобие (Пост. 1;26). Во неа се истражува каков е смисолот (логосот) на образот и дали на блаженото и безстрасното му се подобни страсното и привременото, и чуму во образот постои машко и женско кога тоа во пра-образот (в прволикот, прототипот) го нема

Глава седумнаесета
Со оглед на тоа што раѓањето деца доаѓа след грев, што би требало да им се одговори на оние коишто поставуваат прашања во врска со тоа како би се раѓале души, доколку првобитните луѓе би биле безгрешни

Глава осумнаесета
За тоа дека безсловесните страсти во нас го побудуваат нашето сродство со безсловесната природа

Глава деветнаесета
За оние кои тврдат дека уживањето на идните добра ќе биде со јадење и пиење, оти е напишано дека, во Рајот, човекот на почеток живеел од тоа

Глава двасесета
Каков е животот во Рајот и што е забрането дрво

Глава дваесетипрва
За тоа дека на воскресението не треба да му се надеваме само зашто така проповеда Писмото, ами затоа што тоа следи и од самата суштина на нештата

Глава дваесетивтора
На оние кои приговараат: ако воскресението е нешто красно (калон) и добро (агатон), чуму тоа се’ уште не се случило, туку се очекува тек после неколку временски периоди?

Глава дваесетитрета
За тоа дека, исповедајќи го создавањето на светот, нужно мора да се согласиме и за неговиот крај

Глава дваесетичетврта
Приговор на оние кои тврдат дека вештаството му е совечно на Бога

Глава дваесетипета
За тоа како некој од „надворешните“ да го приведеме кон верата на Писмото, кое учи за воскресение

Глава дваесетишеста
За тоа дека во воскресението нема ништо неверојатно

Глава дваесетиседма
За тоа дека е возможно, после разлагањето на човечкото тело на стихиите (елементите) на вселената, пак секој да си го најде своето сопствено

Глава дваесетиосма
Против оние кои тврдат дека душите му претходеле на телото, или обратно, дека телата се створени пред душата; во неа се демантират и бајките за преселувањето на душите (метемпсихоза)

Глава дваесетидевета
Доказ дека постоењето на душите во телото има една причина

Глава триесета
Збиено во голема мера медицинско согледување на градбата на нашето тело


Monday, April 10, 2017

Васко Попа: СПОРЕДНО НЕБО


ZEV NAD ZEVOVIMA

Ohola greska

Bila jednom jedna greska
Tako smesna tako mala
Da je niko ne bi ni primetio

Sama sebe nije htela
Ni da gleda ni da cuje

Sta sve nije izmislila
Ne bi li dokazala
Da u stvari ne postoji

Izmislila je prostor
Dokaze svoje u njega da smesti
I vreme da joj dokaze cuva
I svet da joj dokaze vidi

Sve sto je izmislila
Nije bilo tako smesno
Ni tako malo
Ali je naravno bilo pogresno

Je li moglo biti drugacije


Mudar trougao

Bio jednom jedan trougao
Imao je tri strane
Cetvrtu je skrivao
U svom uzarenom sredistu

Danju se peo na svoja tri vrha
I divio se svome sredistu
Nocu se odmarao
U jednom od svoja tri ugla

Zorom je gledao svoje tri strane
U tri uzarena tocka pretvorene
Kako se u nepovratu plavom gube

Vadio je svoju cetvrtu stranu
Ljubio je lomio triput
I ponovo je na staro mesto skrivao

I opet je imao tri strane

I opet se danju peo
Na svoja tri vrha
I divio se svome sredistu
I nocu se odmarao
U jednom od svoja tri ugla


ZNAMENJA

Glava beskucnica

Glava odsecena
Glava sa cvetom medju zubima
Luta oko zemlje

Presretne je sunce
Ona mu se pokloni
I nastavi put

Presretne je mesec
Njemu se osmehne
I ne prekine put

Zasto na zemjlu rezi
Ne moze li da se vrati
Ili zauvek da ode
Usta ce joj znati rascvetala


Osudjeni bodez

Nag sivooki bodez
Nasred Mlecnog Puta lezi

Kako se samo pracka
U zvezdanoj prasini
Da li je krvi zedan

Kako samo uvis skace
Da li hoce senku svoju
Nevinu da zakolje

I kako ostricama seva
Seva na sve strane
Da li nekome znake daje

Obilaze ga povorke zvezda
I ostavljaju prazan prostor
U obliku srca oko njega

Gde je preslavna ruka
Koja ga je onamo hitnula
Da ga ponovo prihvati


RAZMIRICA

Plodan zar

Preseci se uzduz nulo
Da se i mi uspravimo

Zar ste toliko porasli
Igrajuci na mom zaru

Preseci se popreko nulo
Da i mi ruke rasirimo

Zar ste vec spremni da sami
Na izvor mog zara uzletite


PODRAZAVANJE SUNCA

Pripreme za docek

Podizemo kapiju
Od svojih rascvetalih kostiju
Na ulazu u nebo

Prostiremo pola duse
Uz jednu padinu neba

Smisljamo trpezu
Od svojih skamenjenih dlanova
Na samom vrhu neba

Prostiremo pola duse
Na drugu padinu neba

Gradimo postelju
Od svoga razlistalog srca
Na izlazu iz neba

Radimo sve ovo u mraku
Sami bez pomoci vremena

Pitamo se jesu li to stvarno
Pripreme za docek
Ili samo za ispracaj


Strano sunce

Iz cije li je glave ispalo
Ovo kopile jednooko

Za kime sada zvera
Za kime se kotrlja
Po nebeskoj ledini

Zasto nam meru uzmima
Spalilo bi nas slatko

Ko da smo mi odavde
Pobesnelog njegovog oca
Hladnom vodom polili

Bolje neka se ohladi
Pogresilo je nebo


(изд. Нолит – Белград)

Friday, April 7, 2017

ЖАК МАРИТЕН: Целовит хуманизам


Седмо поглавје БЛИСКА ИДНИНА

Фашистичките тоталитаризми и комунистичкиот тоталитаризам
А, под претпоставка ништо да не се стори и христијански инспирираната политика да не се оживотвори, или да се покаже како слаба и немоќна или пак да тргне кон слепа улица – се чини оти би било тешко да се избегне народите, на кои не им биле знајни благодетите на тоталитарните режими, да потпаднат под истите; фашистички или комунистички, во повеќе или помалку жесток, умерен или мешан облик.
Поради рефлексниот, механичкиот, а не човечкиот автоматизам, комунизмот ги поттикнува и потхранува одбранбените реакции на фашистичкиот или расистички тип, а овие пак ги поттикнуваат одбранбените комунистички реакции; на тој начин, тие две масовни сили едновремено растат во меѓусебен  судир; и едната и другата сила од омразата направила доблест, и едната и другата и’ се одадени на војната – војната помеѓу нациите и војната меѓу класите, и едната и другата бара заедницата да се љуби со месијанска љубов со која всушност би требало да се љуби царството Божје; и едната и другата го потчинува поединецот на своевиден нечовечен хуманизам т.е. атеистичкиот хуманизам на диктатурата на пролетаријатот, или на идолатрискиот хуманизам кој му се клања на цезарот, или пак на хуманизмот на крвта и расата.
Но, комунизмот се исчитува како систем во заблуда, кој истовремено го поттикнува и изобличува, инаку позитивниот, процес на историско „раѓање и расипување“, кој пак би довел до нова цивилизација, вон претходно уништената граѓанска, при што зависи од тоа  каква морална физиономија на  човечковата слобода ќе и’ се даде во таа нова цивилизација. Напротив, од самиот почеток настанаа различни видови „фашизам“ како одбранбени механизми против комунизмот; тие – демек, заради одржување на историскиот развиток во рамки на капиталистичката цивилизација – макар што се работи за одбранбени реакции настанати поради цивилизацискиот лом, попримија револуционерна жестина и на големо посегнаа по државниот социјализам; ваквите облици може да го потхрануваат својот морален и страствен динамизам само посегнувајќи во историјата по некакви минати идеални форми: италијанскиот фашизам посегнува по Империјата на римските цареви, германскиот национален социјализам по митскиот свет на примитивното германство, додека диктатурата од католички тип – кон Светото кралство.
Забележавме дека разните облици фашизам се мошне различно специфицирани и би било многу погрешно да не се признаат тие разлики, кои понекогаш се должат на различните интереси, но и на различниот дух; како италијанскиот фашизам, така и национал-социјализмот, ги докинуваат политичките и граѓанските слободи во корист на „авторитарната демократија“ и диктатурата на еден господар, но првиот е повеќе усмерен кон одредена политичка цивилизација, додека другиот со својата телурска снага, покренува посложени нагони на елементарниот живот и на чувственоста; фашистичкиот тоталитаризам дури и претрпел извесно ублажување. Меѓутоа, наспроти своите специфични разлики, на различните врсти фашизам заеднички им се темелните генерички црти, особено оние на кои предмалку преупредивме.
На тој начин, фашистичкиот и расистички тоталитаризам ги буди и ги арчи моќните ирационални сили кои му осигуруваат енормна повесна енергија; тие сили потекнуваат од некоја автентична човечка вредност, на пример од чувството за национално единстство и љубов спрема татковината; притоа тој тоталитаризам се повикува на бројни општествени и политички вистини (тука мислам на критиката на либералистичкиот индивидуализам и фиктивната демократија на XIX век, или на креативната напрегнатост, или пак на директниот „народен“ смисол на авторитетот, па дури и на виталистичкиот поим на националната заедница); тие вистини зацело може да се остварат на величествен начин, ама тие се однесуваат само на поединечни цели – на реформата на државата, на обновата на независноста и суверенитетот, на империјалните амбиции, на повторното будење на етничките енергии или на психичкото ослободување на тежнеењата на некој народ; со обзир на подлабоките и поуниверзални историски појави, кои се однесуват на преобразбата на човечката цивилизација, тие општествени и политички вистини се остваруваат само внатре материјалниот процес на распаѓање и мутација на капитализмот, без можност да се управува тој процес; притоа, недостасува внатрешното креативно начело подредено на виша супстанцијална форма;...За по расулото на капиталистичката цивилизација да настапи нов, комунистички надмоќен свет, пред се’ потребно е целовито персоналистичко и хуманистичко начело во најширока смисла и пред се’, потребни се енергии на духовно и општествено воскреснување; а за тоа човекот не може да го оспособи државата, туку љубовта која ја оживува неговата лична слобода и која средиштете на неговиот живот го става бескрајно над државата.
...
Духовни темели на тоталитарното начело
Слични посматрања важат и на духовното подрачје. Бележито е дека декларираниот атеизам не е единствен облик на „безбожност“ во антички смисол, ниту единствен облик на практични негирање на Бога. Постои атеизам кој што изјавува дека Бог не постои, па од некој идол прави свој господ; постои пак атеизам кој изјавува дека Бог постои, ама од Бога прави идол, зашто ги порекнува – не со зборови, ами со дела – Божјата нарав, Божјите атрибути и славата Божја; тој го ѕивка Господа, но само како дух-заштитник, приврзан кон некој народ или некоја држава, и противник на сите останати, или пак како демон на одредена раса.
Овде ќе пазиме да не западнеме во грешка на чија сериозност предупредивме, па да не го помешаме апстрактното начело со историските стварности во кои тоа се отелотворува. Познато ни е како во конкретниот живот, со „тоталитарното“ начело може да влезат во спрега не само сите политички прилагодби, туку и реалната добронамерност, добрата човечка воља, искреното верување во вистинскиот Бог и слабо просветлената лојалност кон религијата. Познато ни едека тоа начело се остварува во различни облици кои му ја продлабочуваат злобата. Меѓутоа, овде има моменти кои филозофот треба да ги земе в обзир. А, граѓанската власт после цар Константин повеќе или помалку настојувала да ја искористи христијанската религија и да ја подреди на сопствените цели. Сепак, тие нереди и ќор-сокаци ги дели цела провалија од лакомиот апсолутизам кој денес се реализира, и кој изискува комплетен човек да биде во функција на историската зедница или на државата.
Мошне е значајно што во Италија, демек онаму каде што самиот назив тоталитарна држава најпрвин и се појавил, тоталитарното начело било ублажено поради отпорот на Католичката црква, со која црква ова начело – заради историски околности – морало да се спогоди. Така, барањето целокупниот човек да и’ биде подреден на државата, силум приликите, се претворило во барање човекот да се подели – државата да биде душа на неговата душа во подрачјето на временскиот живот, а на подрачјето на духовниот живот поединецот да има друга „душа на сопствената душа“. На тој начин, политичкиот тоталитаризам бил сведен на полу-тоталитаризам (ако тоа не е противречност). Но, и покрај тоа, државата претендирала да биде апсолутна суверена стварност и апсолутно суверен регулатор на човечкиот живот и на неговата совест, а во крајна линија сепак и на сиот живот; „Се’ во Државата, ништо против Државата“ – вели Бенито Мусолини; политичкиот тоталитаризам  пожелува сам „како душа на душата“ да ја обликува општествената енергија за однесување во земскиот живот; тој ќе тражи духовното и совеста да се вклопат во државата или во народниот дух и да им служат – барем онаму каде што е засегнат „граѓанскиот живот“ и цивилизацијата.
[фуснота: „Членови сме на држава која ги надѕира сите деловни сили во нацијата. Ги надѕираме политичките, моралните и стопанските сили, ние сме во потполн замав на корпоративната фашистичка држава“ (Б. Мусолини, Scritti e Discorsi, 1926). „Повторно и не помалку енергичноја изрекувам својата формула од Говорот во миланската Скала: - Се’ во Државата, ништо вон Државата“ (иб. 1927). ...„Фашистичката држава, највишиот и најмоќниот облик на особноста, е снага ама духовна. Таа ги присвојува сите облици на моралниот и интелектуалниот човечји живот. Оттаму, таа не може да се ограничи на улогата на прост чувар на јавниот ред, како што сака либерализмот, таа не е пука механика, ограничена од сферата на индивидуалните слободи. Таа е облик, внатрешно мерило и стега за секоја личност; таа ја проникнува ем вољата, ем умот. Нејзиното начело, насочувачкото вдахновение на човечката особеност, обединета во општеството, слегува до длабочините на битието, та се гнезди, како во срцето на трудбеникот, така и во срцата на мислителот, уметникот и научникот: „душа в душата“ (Dottrina)…]


(изд. „Кршчанска садашњост“ – Загреб, 1989 год.)

Tuesday, April 4, 2017

ДЕЈВИД ХЕРБЕРТ ЛОРЕНС: Порнографија и бесрамност


Конечно, што е тоа порнографија? Тоа не е „сексапил“ или сексуална надразнетост во уметноста. Тоа не е смислена уметникова намера да предизвика или да поттикне сексуални емоции. Ништо лошо нема во сексуалните емоции, под услов да се искрени, а не притаени или подмолни. Добрата сексуална возбуда е мошне драгоцена за секојдневниот човеков живот. Без неа светот би бил суморен. На драга воља секому би му тутнал в раце скокотливи ренесансни приказни: тие би ни помогнале да „баталиме“ од голем дел на нашата вообразеност, таа болест на модерните луѓе.
Меѓутоа, јас сепак би можел да ја цензурирам вистинската порнографија; и тоа строго. Тоа не би задавало никакви потешкотии. Пред се’, правата порнографија речиси секогаш е прикриена. Таа не го открива своето лице. Освен тоа, неа може да ја препознаеме по навредите кои неизбежно им ги нанесува на човековиот дух и секс.
Порнографијата настојува да го увреди сексот, да го изблати. Тоа е непростливо. Земете најобичен пример: сликичките кои скришум се продаваат во сомнителните квартови на многу градови. Тоа што сум го видел во нив е грдо до солзи. Навреда на човечкото тело, навреда на најбитните човечки односи! Тие нудат грда и гнасна голотиња, ружен и понижувачки, вулгарен, лош и огавен сексуален чин.
Сосем ист е случајот со книгите кои се продаваат во сомнителните квартови. Или се толку грди да ви се смачи или се до таа мера бедни, што единствено кретени или простаци може да ги напишат, односно читаат.
А, така е и со шеговитите бесрамни песни кои се рецитират по вечера, или со одвратните сказни кои трговските патници ги раскажуваат во пушилниците. Понекогаш ќе се најде по некоја навистина смешна, но мнозинството се грди и огавни, а наводниот „хумор“ служи како повод сексот да се фрли во кал.
Додуша, голотилакот на голем број денешни луѓе напросто е грд и унижен, како што сексуалниот чин денес е често ружен и понижувачки. Но, со тоа не смееме да се гордееме. Тоа е зла коб на нашата цивилизација. Уверен сум дека ниедна друга цивилизација, вклучувајќи ја и римската, немала во така големи размери толку срамна и понижена голотиња, така грда, валкана и одвратна сексуалност. А, разлогот лежи во фактот дека ниедна друга цивилизација не го протерала сексот во ќумези меѓу шљамот, а голотилакот во клозетите, како што тоа го стори нашава.
Фала Богу, изгледа дека разборитите млади луѓе се решени да ја променат ваквата состојба на нештата. Тие ја избавуваат својата млада „обнаженост“ од загушливите, порнографски и тајни ќумези во кои ги втерале постарите генерации, а се и подиректни во сексуалните односи. Строгите постари генерации ја осудуваат таа промена, ама таа претставува силно подобрување и вистинска револуција.
Зачудува, меѓутоа, дека обичниот и прост свет манифестира јака желба да го изблати сексот. Како дете, негував илузија дека оние здрави и прости луѓе што се среќаваат по возовите, автобусите и крчмите имаат здрави чувства и дека безгрижно, здраво и грубо гледаат на сексот. Тоа е заблуда! Чиста заблуда! Искуството не’ учи дека ваквите поединци пројавуваат одбојност, па и презир спрема сексот, со лута желба да му нанесат увреда. Кога таквите поединци имаат однос со жена, од него извлекуваат победничко чувство кое порано го плиснале со кал, а кое сега е уште попростачко, поодвратно и понедолично од претходно.
Тоа се оние луѓе кои кажуват мрсни вицеви, носат со себе скаредни сликички и читаат бесрамни книги. Тоа е голема порнографска класа, вистински жени-и-мажи од тротоарот. Кон сексот одгледуваат презир и омраза, со што се поистоветуваат со најзакоравените пуританци. Тоа се оние кои сакаат јунакињата во некој филм да биде неутрална, несексуална ствар, бледа и чиста; тие кои сакаат сексуалното чувство – таа грда желба – да ја манифестира само подлец и ‘рѓава жена; тие кои што Тицијановите и Реноаровите слики ги сметаат за бесрамни и нејќат нивната жена и ќерка да ги видат.
Зошто? Затоа што се заразени со силна омраза кон сексот, а истовремено не можат да ја сузбијат огавната желба за него. Сексуалните функции во човековото тело блиску се поврзани со функцијата на исфрлање на изметот, но правците им се - така да се рече - потполно различни. Сексот е некој вид креативна плима, додека исфрлувањето на изметот е последица на распаѓањето, односно разградувањето. Секое здраво човечко битие прави разлика помеѓу овие две плими. Можеби нашите најснажни нагони ја прават таа разлика.
Арно ама, кај дегенерираното човечко суштество тие нагони се мртви и овие две плими се поистоветуваат. Еве во што се состои тајната на простачките и порнографските луѓе: изливот на сексот и на изметот за нив се едно те исто. А, тоа настанува кога ПСИХАТА ќе се расипе, а снажните и водечки нагони ќе одумрат. Тогаш сексот е кал, а калта - секс, сексуалното возбудување е валкана игра, а секој траг на сексуалност кај жената – доказ за нејзината развратност. Таков е светот на вулгарниот човек, кој е легионер, а чиј што глас  VOX POPULI, VOX DEI. Тоа е потеклото на секоја порнографија.
Од таа причина, треба да се признае дека Џејн Ејр или Тристан, на Рихард Вагнер, се поблиски до порнографијата него што е тоа Бокачо. Вагнер и Шарлота Бронте се наоѓат во состојба кога најсилните нагони изумреле, а сексот станал нешто прилично бесрамно, па човек може да се валка во калиштето на сексот, ама е должен истото да го презре. Сексуалната страст на г-дин Рочестер „не е за почит“ се’ до моментот кога тој е заслепен, изобличен и потполно зависен. Тогаш, сосем унижен и тотално понизен, само тогаш може тој да биде прифатен. Сите претходни емоции се прилично бесрамни, како во Памела, Воденицата на Флоса или Ана Каренина. Штом сексуалното возбудување постои истовремено со желбата да се плукне на сексуалното чувство, та да се понижи и сроза тој осет, неминовно се јавува порнографија.
Затоа во скоро целата книжевност на XIX век постои делче порнографија, како што многумина божемни чистунци носат порнографски црти или како што јачината на порнографската желба не била никогаш толкава како што е во денешното доба. Тоа е знак на болест на политичкото тело. Но, вистинскиот начин на лекување се состои во тоа сексот и сексуалното да се изнесат на видело. Правите љубители на порнографијата всушност го мразат Бокачо, оти свежата и здрава природност на италијанскиот писател го наведува денешниот накажен љубител на порнографија да сфати каков огавен црв е тој. Денес би вредело Бокачо да бида даден в рака секому, нека го чита и старо и младо. Од голема корист ќе ни биде здравата и природна отвореност во сексуалните прашања, бидејќи сме преплавени со прикриена или полуприкриена порнографија. Можеби Бокачо, Ласка или други ренесансни автори представуваат најдобар модерен лек, како што мелемот на пуританството представува најопасен медикамент што може да го земеме.
Целиот проблем на порнографијата ми изгледа, демек, како проблем на лицемерие. Без лицемерие не би имало порнографија. Сепак, лицемерието и срамот се две сосема различни работи. Во лицемерието секогаш постои делче зебња, која често оди до омраза. Срамот е благ и воздржан. Денес срамот такаречи е отфрлен, дури и во присуство на сите чувари. За возврат, лицемерието наидува на поддршка, макар што тоа е порок. „Драги девојчиња, можете да го отфрлите сиот срам, се’ додека љубоморно ја чувате својата мала прљава тајна“.
Таа „мала прљава тајна“ стана бескрајно драгоцена за нашите маси. Тоа е некој вид воспаление или болка. Кога болката ќе се мази или почеша, таа предизвикува треперења кои што изгледаат пријатни. Така човекот ја мази и чеша својата мала прљава тајна, се’ додека силно не ја надразни, со што на големо му штети на своето психичко и нервно здравје. Комотно може да се тврди дека успехот на половина од денешните љубовни романи и филмови зависи од тоа како тие кришум ја мазат малата прљава тајна. Може тоа да се нарече сексуална возбуда ако ви е воља, ама таа возбуда е тајна, скриена, прилично необична. Чистото и едноставно, сосема искрено и здраво возбудување, какво што среќаваме во некои Бокачови приказни, не смееме да го мешаме со прикриените возбудувања, кои во денешните бест-селери се предизвикани со тајно мазење на малата прљава тајна. Тоа скришно, подмукло, лукаво мазење на воспаленото место на имагинацијата представува главен придвижувач на денешната порнографија и значи крајно зло, т.е. опасност. Тешко се разоткрива зашто е ѓаволски скриен и подмолно вешт. Леки и популарни, денешните љубовни романи и филмови доживуваат процут, а штитоносците на моралот ги фалат, оти го предизвикуваат оној трепет скриен под чистотијата на нашиот неизвалкан долен веш, а притоа да не изговарат ниеден прост збор, кој би ни оддал што во нив заправо се случува.
...


Saturday, April 1, 2017

ЕМАНУЕЛ ВЕЛИКОВСКИ: Мрачната епоха на Грција

II

НЕМИ СВЕДОЦИ

Olympia

The scholarly world without any further deliberation decided not to bring the Mycenaean Age down to the first millennium, but this decision did not eliminate the disturbing facts. At the same time another one-man battle was being carried on at the other end of the front. Greek antiquities, commonly regarded as belonging to the eighth and seventh centuries, were declared by a dissenting authority to date from the second millennium, to have been contemporaneous with the Mycenaean Age, and even to have partly preceded it.
According to the accepted view the Mycenaean ware came to an end in the second millennium, and the Dorian invasion subsequently brought a “primitive” art, a pottery with incised designs; later a pattern of painted geometric designs developed, reaching its full expression by the late eighth century. Thereafter new motifs were brought into Greek art—griffins, sphinxes and other oriental figures; this is the period of the orientalization of the art of Greece in the seventh century.
This scheme was accepted; and today, with only slight variations, it is the credo of archaeological art.
According to Dörpfeld in the second millennium two or three different cultures met in Greece.1
Dörpfeld insisted that the geometric ware ascribed to the first millennium was actually contemporaneous with, and even antecedent to, the Mycenaean art of the second millennium, and that the “primitive” pottery was also of the second millennium.
The archaeological evidence for the contemporaneity of the geometric and Mycenaean ware and of all other products of these two cultures, and even of the partial precedence of the geometric ware, was the basic issue for Dörpfeld, who spent a lifetime digging in Greece. Observing that the Mycenaean Age is contemporaneous with the period of the Eighteenth dynasty, and that the geometric ware is contemporaneous with the Mycenaean ware, he referred the geometric ware also to the second millennium.
This aroused much wrath.
A. Furtwängler, who during the excavations of Olympia in the western Peloponnesus, under the direction of Curtius, was the first to attach importance to bits of pottery, and who spent over a quarter of a century classifying small finds, bronzes, ceramics and other products of art, and devised the system of their development, disagreed on all points.
Dörpfeld chose to prove his thesis on the excavations of Olympia, on which he and Furtwaengler had both worked since the eighties of the last century. In those early days Curtius, one of the excavators of Olympia, was strongly impressed by proofs of the great antiquity of the bronzes and pottery discovered under the Heraion (temple of Hera) at Olympia; he was inclined to date the temple in the twelfth or thirteenth century and the bronzes and pottery found beneath it to a still earlier period, and this view is reflected in the monumental volumes containing the report of the excavation.
At that time Furtwängler was also inclined to disregard the chronological value of occasional younger objects found there.
New excavations under the Heraion were undertaken by Dörpfeld for the special purpose of establishing that the finds, as well as the original Heraion, date from the second millennium. But the excavated bronzes and pottery strengthened each side still more in its convictions. Each of the two scholars brought a mass of material to prove his own point—Dörpfeld, that the geometric ware, which he had himself found together with the Mycenaean at such sites as Troy and Tiryns was contemporaneous with the Mycenaean ware and therefore belongs to the second millennium; Furtwängler, that the geometric ware is a product of the first millennium, and especially of the ninth to eighth centuries, and is therefore separated from the Mycenaean by einer ungeheueren Kluft (a tremendous chasm).
Who but an ignoramus, argued Furtwängler, would place in the second millennium the geometric vases found in the necropolis near the Dipylon Gate at Athens? Were there not found, he asked, in this same necropolis, porcelain lions of Egyptian manufacture dating from the Twenty-sixth, the Saitic, Dynasty of Psammetichus and Necho?
Were not also a great number of iron tools found beneath the Heraion in Olympia? The Mycenaean Age is the Late Bronze Age; the Geometric Age that of iron. It is true, claimed Furtwängler, that a few iron objects have been found in the Mycenaean tombs—but they only show that iron was very precious at the time these tombs were built.
Both sides linked the question of the date of the origin of the Homeric epic to the question at hand. Most scholars claimed that the epics originated in the eighth century. But, according to the dissident Dörpfeld, they originated five or six centuries earlier, in the Mycenaean Age, which is also the Geometric Age.
The dispute was waged with ungehörigen persönlichen Beleidigungen (outrageous personal slander); and a quarter century after one of the disputants (Furtwängler) was resting in his grave the other, (Dörpfeld), then an octogenarian, filled two volumes with arguments. They vilified each other on their deathbeds, and their pupils participated in the quarrel. In the end the followers of Dörpfeld, the dissident scholar, deserted him and went over to the camp of his detractors.
But by that time he had already been completely discredited, and his obstinacy made him a target for further attacks by the younger generation of scholars properly trained in the science of archaeology, who are able at a glance to tell the exact age and provenance of a sherd. They have no doubt whatsoever that the Mycenaean Age came to a close ca. -1100 and that the real Geometric Age belongs to the ninth and eighth centuries, and for a long time now the issue has not been open to dispute.
But this does not mean that the facts ceased to perplex. According to E. A. Gardner, “fragments of geometrical vases . . . have been found on various sites in Greece together with late examples of Mycenaean pottery.”
When then did the Mycenaean Age end, ca. -1100 or ca. -700?
In this dispute between the two scholars, both were guided by the chronology of the Egyptologists, according to which the Eighteenth Dynasty ended in the fourteenth century, the Nineteenth came to a close before ca. -1200, and the Twenty-sixth Dynasty belongs to the seventh and early part of the sixth centuries. In their application of these undisputed facts to the past of Greece, both disputant scholars agreed that the Mycenaean Age belongs to the second millennium.
The Geometric Age did not follow the Mycenaean Age, but was of the same time or even earlier, argued one scholar (Dörpfeld), and was he wrong? The Geometric Age belongs to the first millennium, argued the other scholar (Furtwaengler), and was he wrong? Wrong was their common borrowing of dates for the Mycenaean Age from the Egyptologists...
...

Tiryns

The same problem that caused the difference of opinions at Enkomi and at the Heraion of Olympia arose at other excavated sites. To demonstrate this on another case of Greek archaeology, I chose Tiryns, south-east of Mycenae. Tiryns was excavated by Schliemann and Doerpfeld in 1884-85. Along with Mycenae, it was an important center of Mycenaean culture. On the acropolis, foundations of a palace were discovered. Together with Mycenaean ware, and mixed with it, geometric ware of the eighth century and archaic ware of the sixth century were found, among them many little flasks in which libations had been brought to the sacred place.
According to Schliemann, Tiryns was destroyed simultaneously with Mycenae and the palace was burned down. But his collaborator Doerpfeld, who agreed with him as to the time the palace had been built, disagreed as to when it was destroyed, and their opinions differred by six hundred years.
From Greek literature it is known that in early Greek times, in the eighth or seventh century and until the first part of the fifth century, there was a temple of Hera in Tiryns which was deserted when the Argives vanquished the city in -460. In later times Tiryns was occasionally visited by travelers coming to pay homage to the sacred place of bygone days.
When the excavation of Tiryns was resumed in 1905 by a team headed by A. Frickenhaus and continued in the following years, special attention was paid to the question of the time in which the Mycenaean palace there was destroyed.
On the site of the palace and, in part, on its original foundations a smaller edifice was built, identified as the temple of Hera of Greek times. The excavators felt that many facts point to the conclusion that the Greek temple was built over the Mycenaean palace very shortly after the palace was destroyed by fire. The altar of the temple was an adaptation of the Mycenaean palace altar; the plan of the Mycenaean palace was familiar to the builders of the temple; the floor of the palace served as the floor of the temple.
However, the Greek temple was built in the seventh century.
After deliberating on the evidence, the excavators refused to accept the end of the Mycenaean Age in the second millennium as the time of the destruction of the palace, and decided that the palace had survived until the seventh century. In their opinion the Mycenaean pottery was the refuse of an early stage of the palace; the terracotta figures and flasks of archaic (seventh-century) type were offerings of the pilgrims to the Greek temple of Hera. A continuity of culture from Mycenaean to Greek times was claimed; even the worship of Hera, they felt, must have been inherited.
Frickenhaus and his team realized that their explanation required some unusual assumptions: for instance, that the inhabitants of the palace did not undertake any alteration for the entire period of more than half a millennium, and that in one part of the palace the refuse of centuries was preserved, while in another part life went on.
But the excavators knew no other explanation, because it was clear to them that “the fire of the palace was followed immediately by the erection of the temple.“
A decade later, when the temple of Hera was found to be very similar in plan to a Mycenaean building excavated at Korakou, near Corinth, “grave doubts” were expressed about the correctness of the above interpretations of the excavators of Tiryns, who had been “involved in a number of difficulties, both architectural and chronological.”
The critic (C. W. Blegen) agreed that the temple had been built immediately after the palace was destroyed, but he could not agree that the temple was a building of the seventh century.
How is it possible, if a Greek temple was established at the Mycenaean level in the megaron [the throne room] and if the open court before the megaron was used at its Mycenaean level from the seventh century B.C. onward,—how is it then possible that this same area was later covered over with almost purely Mycenaean debris?
He therefore concluded that “the later building within the megaron at Tiryns is not a Greek temple” but “a reconstruction carried out toward the end of the Mycenaean Period after the destruction of the palace by fire.” He also denied the significance of the capital of a Doric column found during the excavation of the temple.
Although Blegen’s arguments seemed to carry weight when he denied that the Myceaean palace had survived the Mycenaean Age by almost five centuries, they appeared without force when he asserted that the building erected on the foundations of the palace was not a Greek temple. Blegen’s view was also questioned by an eminent classicist, M. P. Nilsson.
Because it is as inconceivable that the Greek temple was built in the thirteenth century as it is that the Mycenaean palace stood until the seventh century without alterations, its floor not even showing signs of wear, Nilsson confessed his inability to draw a conclusion: “The time of the reconstruction being uncertain, the question whether or not the building is the temple of Hera remains unanswerable.”
In a book on the architecture of the palace of Tiryns, another excavator of that city, K. Muller, arrived at the conclusion that the difference of opinions is irreconcilable, but he shared the view of the scholars who ascribe the palace fire to about -750 and consider the edifice a Greek temple.
Most of the archaeologists agreed on the continuity of the culture and cult of both buildings, but each of the attempts to bridge the chasm of almost five hundred years met with insurmountable difficulties. The answer would not be difficult if the Mycenaean Age were not displaced by this interval of time, pushed back into history, before its proper place.

(изв. The Velikovsky Archive)