Saturday, July 27, 2019

Коста Црнушанов: МЕТОДИЈА АНДОНОВ – ЧЕНТО



...
Без да ги проследуваме сите боречки пројави на Ченто, ќе потцртаме дека тој соработува со сите будни национално-родољубиви средини, на прво место со дејците на ВМРО и ММТРО, но и со Методи Шаторов и неговите следбеници. Заради дејноста, тој бидува апсен и во приквечерјето на Втората светска војна е испратен во логор во Меѓуречие, при гр. Ивањица, заедно со стотици патриотски Бугари, како Коста Рацин, Спиро Китинчев, Димитар Давидов, Андреј Михаилов, Благој Попанков – последниве четворица од Скопје, и огромен број други, меѓу кои Хрвати, Црногорци, Словенци итн – околу 1.000 души. Од нив, само од Македонија се 500 души, држени во најтешки услови.
Во почетокот на 1941 год. тој, како и останатите Бугари во српските затвори, се ослободени од германските војски. При идењето на бугарските војски на Велигден 1941 год. тој, заедно со дејците на ВМРО, ММТРО и Шаторов, се вклучува во месниот бугарски национален комитет и учествува во пречекувањето на бугарските војски во Прилеп.
После ослободувањето на Македонија, под знакот на многу пожелуваното обединение на бугарскиот народ, Ченто се оддава на приватна работа. Грешките на власта меѓутоа, даваат повод за злонамерна агитација против бугарската држава од страна на србофилско-цинцарски елементи. Постепено, главно во 1943 год. Ченто бидува привлечен од тие агитатори да ја критикува положбата на Македонија, и по извесно време бива притворен во местожителство вон Прилеп. Се разбира, патриотските средини в градот скокнуваат во негова заштита и тој е ослободен. Но, меѓународните собитија врват се’ полошо за бугарската кауза и во него залегнува убедувањето дека бугарската кауза по однос на обединувањето на Македонија со Бугарија може да биде изгубена. Затоа Македонија треба да биде спасувана на друг начин – патот на старата идеја на ВМРО. Во 1943 год. просрпското партизанско движење се засилува. За да се спаси македонскиот крај од повторното населување на Србите во него, тој стига до идејата дека е најдобро што повеќе Бугари да се одзват во партизанските редови, за да бидат неутрализирани просрпските елементи. Уште повеќе, затоа што првите партизани се предимно Срби, србомани, Власи и други инородни елементи (српски колонисти, Евреи и др.). Ченто бара врски со патриотските елементи, главно од редовите на ММТРО, но неговата агитација наидува на спротивставување. Типичен е примерот со членот на ММТРО Димитар Давидов од Скопје, кој го раскажува следното:
„Во магацинот на Форе Талаганов се запознав со Ченто, при што Форе ми го препорача како солиден патриот. Влеговме во разговор. Тој слободно ми ги разоткри своите намери, а имено ‘дека треба сите да се вклучиме во новото движење, за да имаме утре право да ги заштитиме интересите на Македонија. Ние сме си Бугари, ама сега под прикритието на Македонци, ќе може да ја имаме слободно думата при решавањето на судбината на Македонија, зашто е сигурно дека Германија ќе ја загуби војната и оти Бугарија ќе биде принудена да го напушти нашиот крај’. Започна спор. Јас категорично му се спротивставив при што му кажав дека јас на српска воденица вода не наливам, затоа што ниту Србите, ни Комунистичката им партија не заслужуваат доверба. Само ќе дадеме жртви и ќе се изложиме. На крајот, се разделивме со различни мислења и повеќе не се видовме.“
Наспроти тој вид реакции, Ченто бидува спечален од партизанските раководители како многу неопходен поради големиот авторитет среде масите. Го убедуваат дека Македонија ќе биде наполно слободна, со полна самоуправа као држава, со рамноправност на нациите и со зближување со Бугарија, со која и ќе федерираме и сл. Тој се согласува и веднага е примен за член на Главниот штаб на партизанските бојни единици, во коишто веќе се Венко Марковски, Михаил Апостолов, Страхил Гигов, Цветко Узуновски и др. Ченто ги застапува следните принципи на организирање на идната македонска држава:
1. Потполно единство на народните сили што работеле за Македонија, беза разлика на убедувањето и минатата дејност;
2. Ослободување од затворите на сите дејци, кои само врвеле по различни политички патишта, ракодоводејќи се од љубов кон Македонија, а се готови да и’ служат во иднина при новите услови;
3. Полно сметање на македонските бегалци в Бугарија, коишто бројат близу еден милион, како четврти дел од Македонија и со заслуги во борбата за слобода, покрај другите делови – Вардарска, Егејска, Пиринска, кои пак ќе се обединат в една државна единица и во братски сојуз со другите соседи;
4. Најпријателски односи со Бугарија, со која Македонија има крвни врски;
5. Македонските војници да служат само во Македонија, за да ја бранат од сите врагови;
6. Никакво враќање на српските колонисти во Македонија, доведени од српските власници со денационализаторска цел;
7. Ако обединувањето на Македонија ја наложи нуждата од отцепување од Југославија, тоа да биде сметано за законито.
Воден од тие основни принципи Ченто, минувајќи в илегала во 1943 год., се постарува истите да ги пропагира и низ партиските документи, од коишто најважен е МАНИФЕСТОТ НА ГЛАВНИОТ ШТАБ НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНАТА ВОЈСКА И ПАРТИЗАНСКИТЕ ОДРЕДИ НА МАКЕДОНИЈА, донесен октомври 1943 год.
Во врска со тоа, Ченто влегува во конфликт со просрпските и српските елементи во раководството на чело со Светозар Вукмановиќ – Темпо, полномошник на Тито со неограничена власт. Со пристигањето во Штабот, Темпо претставил готов нацрт-текст на Манифестот на српски јазик. Ченто не го примил послушно. Заедно со Венко Марковски го прегледуваат и ги вметнуваат сите оние елементи кои се однесуваат до „братскиот бугарски народ“ – за голема жалост на Темпо. Тие се:
А) Ние ќе направиме братство и единство со бугарскиот народ, кој веќе води решителна борба со великобугарските фашисти;
Б) ние треба ја ја прогониме великосрпската хегемонистичка и предавничка банда на Дража Михајловиќ и да ја направиме неспособна да го врати режимот на велико-српската хегемонија и тиранија во Македонија.
В) за да се исполни вековниот идеал – обединувањето на Македонија... треба сите да се собереме околу нашето народно-слободително движење, без разлика дали некој во минатото се чувствувал Бугарин, гркоман или србоман...
Иначе, Ченто не е согласен со сите положенија во Манифестот, макар што го потпишал како член на Главниот штаб. Особено го шокирале оние места во кои што се говори за бугарските војски како за непријателски кон Македонија; исто така го смутува и заканата против бугарските дејци што се бореле против Србите, како на пример: Ѓузелов, Чкатров, Китинчев и други бугарски патриоти. Ама, најнепријатно било потцртувањето на Македонија како неразделна единица од Југославија. Но, Ченто си правел илузии дека ќе ги преодолее тие неприемливи позиции, преку гласовите на своите приврзеници по цела Македонија. А, спротивставувањето на интелигентните сили против великосрбизмот веќе се пројавувало, и тоа го објавува Темпо, во неговата книга „Револуција која тече“, каде што на 377 страница соопштува:
„Манифестот ... предизвика и спротивставување. Луѓето собрани во Акциониот одбор (комитет – б.а.) на Народноослободителниот фронт (НОФ): Благој Хаџипанзов пд Велес, Лазар Соколов од Куманово, Киро Петрушев од Богданци, Киро Глигоров од Штип, и др. (тие други се – Ксенте Богоев од Гостивар, Глигор Даскалов од Кавадарци, Дончо Арсов од Штип, Димче Зографски од Штип итн. б.а.) направија Приговор кон Манифестот. Не се задоволуваат само да го испратат како писмо до Главниот штаб, ами наоѓаат за неопходно да го размножат и распространат меѓу народот. Во „Приговорот“ е изразено несолгласување со политиката што нашла свое место во Манифестот: борбата да се води за слободна и рамноравна Македонија во границите на нова Југославија. Притоа е истакнато дека Југославија, како државна творба, е омразена од масите. Наместо тоа, се посочува оти треба да се бориме за слободна и обединета Македонија. Групата му го оспорува правото на Главниот партизански штаб да говори од името на македонскиот народ. Војската и нејзиниот штаб – изјавуваат тие – не можат да се изјаснуваат за такви крупни прашања какво што е иднината на Македонија. „Околу тоа може да се искаже само народот...“.
...

(изв. ДОКУМЕНТИ, МАТЕРИЈАЛИ, СПОМЕНИ – Општествено-политичката дејност на Методи Андонов – Ченто /непубликувана статија/ „Македонски преглед“ бр. 3. 2002 година)



No comments:

Post a Comment