...Под прикритие на силен артилериски оган, „харамиите“ дефинитивно го
освојуваат гр. Пирот, кога ја разбиваат и натеруваат во бегство целата српска
Дунавска дивизија. Пере Тошев се бори со голема самопожртвуваност како опитен борец,
за што бидува награден со орден за храброст.
Успехот на Соединенувањето и спомените за херојските подвизи на
„Македонските харамии“ крај Пирот ја дозаокружува идејата, пред две години
родена при неговата средба со Чакревци, демек идејата за сеопшта Македонско-одринска
револуционерна организација. Во таа насока, Пере Тошев заедно со другар му
Андреј Љапчев, биваат инструирани од нивниот повозрасен и со искуства побогат, другар
Захариј Стојанов.
Во периодот 1885 год. до 1890 год. Пере Тошев, заедно со другарите, наново
устројува редица тајни советувања долж Пловдивските села. Една таква срешта
настанала во с. Бачково – Асеновградско. Пере Тошев, Андреј Љапчев, Лепавцо и
нивните другари се беа збрале под „старата круша“ крај селото. Донесуват
решение организирањето на македоно-одринските робја да започне од долината на
р. Чепеларска (р. Чаја), па оттаму да се проникне кон Одринско и Македонија.
Ама, подоцна направените проучувања во Чепеларско укажуваат дека таму не е
удобно да се работи на револуционерна основа. Ете затоа през 1890 год. двајцата
верни другари Пере Тошев и Андреј Љапчев ја обиколуваат Македонија со
разузнавачка цел. Тие „обнадеждени“ ја завршуваат обиколката, со едно повишено
самочувствие. Во Македонија тие наоѓаат будно воинствено население спремно да
ги прегрне идеите и методите на револуцијата и да се жртвуваат за неа, кога
нуждата тоа ќе го наложи.
НАЧЕЛО НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА.
ПРВИ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ КОМИТЕТИ. АГРАРНОТО ПРАШАЊЕ.
Во 1892-1893 год. Пере Тошев е учител во родниот град Прилеп. Тука тој
пристапува внимателно кон исполнување на своите револуционерни замисли. Со
недостижно умение и внимание, Пере Тошев врши подбор на идните револуционерни
работници, им ја разоткрива великата тајна и ги заколнува во света служба на
ослободителното дело.
Тука в Прилеп, тој во 1893 го основа првиот македонски револуционерен
комитет, родоначалникот на В.М.Р.О. Прилепчани први го издигаат знамето на
бунтот и слободата. Прво во Прилеп млади и бујни глави, решени да умрат, даваат
клетва пред олтарот на отечеството, за да му служат верно и без личен интерес,
а со сите сили. Во првиот револуционерен комитет влегуваат прилепчаните: Георги
Пешков, Ицко Карамбулев, Јордан п.Костадинов (Коминикаров), Панту Кондорбеј. Со
Пере Тошев е близок и Ицко Гавазов – воспитаник на Чакревци. Пере Тошев одбира
деловни луѓе, кои без колебање ќе ги исполнат повелбите на револуцијата. Тој
мечтае да создаде револуционери во европска смисла на зборот. Ѓорче Петров
расправа како Пере Тошев желее „да испрати луѓе во Европа за да го изучат
‘бомбаџилакот’ та со него да ја собориме Турција“.
Следната учебна година Пере Тошев учителствува во гр. Скопје. Во Скопје тој
ја продолжува својата учителска и револуционерна дејност, според претходен нацрт
на планот. Пред да го напушти градот, тој го дочекува Христо Матов кому му го
предава комитетот и го запознава со месните работници. Тоа говори дека Пере
Тошев и Христо Матов уште порано се имале договарано.
За жал, мошне оскудни се информациите за неговата учителска и
револуционерна дејност во гр. Скопје. По изобилни и поточни „сведенија“ има за
неговата дејност во Битола во 1894/94 год. Тука Тошев продолжува да го сее
семето на револуцијата заедно со Ѓорче Петров, исто така од Прилеп. „Ѓорче
Петров од почеток се вовлекува во борбата против грчката пропаганда и ревносно
собира материјали врху георграфијата
на Македонија. Ѓорче Петров е посоопштителен од Тошев и необично еластичен
агитатор, особено меѓу еснафот. Со својот силен и оригинален ум тој подоцна је
игра рољата на духовен вожд и теоретичар на револуцијата.“ Со право А.
Страшимиров го нарекува Перета Тошев совеста на организацијата, а Ѓорче Петров
– разумот. Оттука натаму, Тошев и Петров стануваат неразделни. Во подоцнежните
идејни борби, Ѓорче Петров секогаш ќе ги подржува и допполнува идејните насоки
на Перета. „Благодарение на Тошев и Петров организацијата во Битола се постави
на здрави основи и се развива брзо, при сотрудништво на цела редица непокрстени
сили, како: Георги Пешков, прилепчанец од херојското семејство Пешковци; Григор
Попев исто така прилепчанец, трговец; Анастас Лозанчев, фотограф; А. Кецкаров
од Охрид, учител; ѓаконот Тома Николов од с. Вранештица, Кичевско; Христо
Чемков и Војдан Брдарев учители, и др.“ Истата година во Битола иде и Даме
Груев. Според Хр. Сиљанов, од трудовите од кои се направени горните извадоци,
во Битола двата големи сина на Македонија наполно се согласиле и ги уедначиле
своите разбирања и начини за борба. Самиот Груев кажува: „Тошев беше
единствениот со кого бев поинтимен и со кого се разбирав“. Според К. Шапкарев и
Петар Ацев, пак, во тоа време Пере Тошев ја иронизирал револуционерната дејност
на Даме Груев. Д-р Христо Татарчев во спомените тврди дека Тошев, во она време,
го одбегнувал Груева.
Разрасната и веќе со изглед на револуционерна, организацијата започнува со
издавање на таен хектографиран орган „На оружје“. Редактор бил Ѓорче Петров со
помошта на Перевите роднини. „На оружје“ излегува девет пати и е распрснат во
34 броја. Наскоро организацијата замислува смели дејствија. Предстои решавањето
на аграрниот „вопрос“. За Пере Тошев е јасно дека, ако сака да ги придобие за
борба, тој треба да македонските робови материјално да ги обезбеди. Какво е
положението во Македонија пред појавувањето на организацијата? Во тоа време
суштествува типичен феудализам. Турците се скоро единствени земјопоседници.
Бедното христијанско население работи по беговските чифлици како слуги и ратари. Таа тешка положба на населението
создава најголеми грижи на основачите и раководителите на организацијата. Тие
чувствуваат дека еден човек, којшто е постојано „нахокван“ од својот господар и
кој за корка леб ја витка кичмата, е неспособен за борба. И не само тоа. Тие
знаат дека постојаниот допир на робот со својот поробувач води кон предавство.
Тие знаат дека гладниот стомак не е за возвишената борба што му се проповеда.
Затоа тие гледаат во прво време да го решат прашањето на земјосопствеништвото.
И го решаваат. „Поголовното“ испотепување на селските турски земјовладетелци им
создава можност на довчерашните слуги и пољоделци да се почувствуваат како
господари на земјата што ја обработуваат. Така, без многу тероризирање, а само
со добра воља и чиста совест, е разрешено најболното „цуштенде“ на таа доба во
Македонија. И чудото се случува... Штом се почувствувал како стопан во тихиот
семеен кат, штом си го почувствувал кесето набрекнато од пари, Македонецот –
роб почнува да ги следи своите учители...
После Битола, Пере Тошев учителствува во Солун. Најнапред тој е учител и
револуционер, кој се пројавува како надарен организатор и мошне умешно ја
прикрива својата револуционерна дејност. Идеалист и мечтател, малку затворен во
себе си, Пере Тошев спечалува длабока љубов од населението и со горлива душа ги
решава сите насогласувања, возникнати во организацијата. На ослободителното
дело тој му служи со нечуена преданост, во секој миг готов на искупителна
саможртва. Вљубен во делото до фанатизам, тој го издига подобрувањето на
македонските Бугари во свое раководно начело на сиот негов понатамошен живот.
ЗАТОЧЕНИЕ.
Во 1901 год. Пере Тошев и неговиот роднина Коце Тошев бидуваат уапсени и
затворени поради предавството на еден гевгелиски револуционер-работник. Во тоа
време, насекаде низ Македонија аферите следат една по друга. Во таа година
започнува една од најбучните – Солунската афера. Таа афера е предвесник на
множеството афери и судири насекаде по македонската земја. Отпрвин, Турците не
претпоставувале дека во лицето на Пере Тошев фаќат опасен и важен „комита“. Го
исправаат пред суд, којшто го испраќа, заедно со многу други револуционери, на
дожвотен затвор и заточение во Бодрум кале, Мала Азија. Во Бугарија јавното
мислење без здив ги следи тие запаметени процеси. Европа трпне од ужас и
торжество пред огромното величие на македонските водачи, а Турците ја
предчувствуваат наближувачката Илинденска бура. Во Подрум кале заточениците се
подложени на постојано тормозење и страшна мизерија. Но тоа нема да го сломи
нивниот боречки дух. Таму далеку од својата „свидна роднина“, тие ја
повторуваат револуционерната клетва и го исчекуваат денот на сопственото
враќање, кога ќе можат со нови сили, „со докраен жар“ одново да и’ служат.
Очекуваниот ден на ослободувањето не задоцнува. Во 1902 год. амнестијата ги
засега сите затвореници во Подрум кале. Пере Тошев се враќа во Македонија, каде
што продолжува со револуционерната дејност и води поплуилегален живот.
СМИЛЕВО – МАКЕДОНСКОТО ОБОРИШТЕ. ПРЕУСТРОЈСТВО НА
ОРГАНИЗАЦИЈАТА ПОСЛЕ ВОСТАНИЕТО И БОРБАТА СО СРБОМАНИТЕ.
...
(с. Фариш - Тиквешко, пролетта 1942 год.)
No comments:
Post a Comment