C
МЕТОДОЛОГИЈА
НА АКЦИЈАТА
X
Кон спроведување на концепцијата на развојот
ЧЕТИРИЕСEТ ПРОГРАМИ
Програм М1
Проблем. Стапките на пораст на бројот на жители во
Урбаното подрачје на Детроит и во Мегалополисот на Големите езера паднаа под
националниот просек после 1960 год.
Цел. Да се придвижат новонастанатите трендови на
миграција.
Нивоа на делување. Акцијата треба да се преземе воглавно на
вишите нивоа на Мегалополисот на Големите езера и на Урбаното подрачје на
Детроит.
Потребна акција. Акцијата треба првенствено да се насочи
кон стварање предуслови кои би привлекле нови економски сили на дадените
подрачја. Воопшто земено, ова е еден од основните предлози дадени во студијата за Урбаното подрачје Детроит. Без
сеопфатно подобрување на ситуацијата ќе биде тешко да се спречи напуштањето на
подрачјето. Меѓутоа, овој конкретен програм би морал да се потпре на специјални
економски истражувања. Конкретните мерки кои бива да се преземат треба да
произлезат од овие истражувања и да бидат применети во склад со програмите од
економска природа коишто ги предлага оваа студија. (S1 – S3). Такуѓере е вистина
дека во текот на последните неколку години привлечноста на некое одредено
подрачје за луѓето и стопанските сили зависи и од квалитеот на вкупната
природна и физичка средина на областа, а можно е дека ова во иднина уште повеќе
ќе се потенцира. Според тоа, потребно е овој програм да се применува паралелно и во склад со
другите програми кои ги предлага оваа студија, особено со оние програми кои се
однесуваат на физичката структура (P1 – P4) како и на природната средина (N1 – N5.)
Носители на акцијата. Со овој проблем можно е да се соочиме
единствено по пат на блиска соработка меѓу секторот на приватното стопанство и
трговија, со јавните установи кои делуваат главно во Областа Големи езера и
Урбаното подрачје Детроит. Федералните влади на Соединетите држави и Канада би
можеле да обезбедат помош во спроведувањето на одредени програми. Меѓутоа,
специјална помош на националните влади би можела да се очекува исклучиво во
периоди на акутна криза, што во денешното Урбано одрачје на Детроит и
Мегалополисот на Големите езера не е случај.
Одредување етапи на акција. Ова е долгорочна програма што треба да
започне веднаш. Со обзир на тоа дека акцијата не е усмерена на непосредно
незадоволените човечки потреби, таа може да се осмисли и програмира како
континуиран напор којшто би делувал во текот на целиот период на апликација на
програмата.
Програм М2
Проблем. Опаѓање на стапката на природен прираст
во Централната област.
Цел. Пресвртување на новонастанатите трендови и
обезбедување континуирано зголемување на популацијата, на бројот на жители во
ова подрачје.
Нивоа на делување. Релевантни акции треба да се преземат на
ниво на Централната област, како и на вишите нивоа на Урбаното подрачје
Детроит. Акцијата исто така се однесува и на нижите нивоа, со оглед на сегашната
состојба на Градскиот центар на Детроит, која секако допринесува кон создавање
на овој проблем.
Потребна акција. Напорите повторно треба да се
концентрираат на стварање предуслови кои би довеле до физичка и економска
ревитализација на Централната област. Се очекува дека ударниот бран на
реорганизација на физичката структура и подобрувањето на природната средина ќе
бидат посилни на ова ниво, отколку на вишите хиерархиски нивоа на Урбаното
подрачје Детроит. Според тоа, непосредната акција треба да се усмери кон
покренување на клучните програми кои што за оваа област се предлагаат врз
основа на основната концепција на развојот. Нарочно внимание треба да се обрати
кон програмите за ремоделација и ревитализација на Градскиот центар на Детроит,
којшто претставува најкритичен дел на Централното подрачје. Треба да се опфати
и координација на овој програм со програмите од социо-економска природа, а истовремено
да се покренат специјални економски истражувања кои ќе дефинираат и други
конкретни, економски мерки за решавање на овој проблем.
Носители на акцијата. Акцијата треба да ја преземат јавните
установи, особено оние на ниво на сојузната држава Мичиген. Други организации,
како што се Метрополитенскиот фонд на Детроит и приватниот бизнис, исто треба
да прифатат активна улога во спроведувањето на акцијата.
Одредување на етапи од
акцијата. За да ги
достигне своите цели, потребно е овој програм да биде континуиран и долгорочен,
иако посебно внимание треба да им се посвети на почетните чекори, за што веќе
стана збор.
Програм М3
Проблем. Опаѓање на бројот на „становници“ во
централните подрачја, особено во Централната агломерација на Детроит.
Цел. Да се пресврти трендот на смалување на бројот на
жители.
Нивоа на делување. Проблемот првенствено се јавува на ниво
на централните функции на централните населби. Треба да се преземе соодветна
акција на овие нивоа, но и на ниво на субрегион и во Урбаното подрачје на
Детроит, чијашто сегашна состојба такуѓере придонесува кон создавање на овој
проблем.
Потребна акција. На ова ниво, клучно значење во
решавањето на проблемите имаат мерките кои се однесуваат подобрување на
урбаните и природните средини, како и реорганизација на функционирањето на
градовите. Во централната општина Детроит, акциите како што се создавање
подобар систем на сообраќај, реорганизација на населбите во самостојни
заедници, ремоделација на соседството, креирање на подобри услови за становање
и подобрување на квалитетот на централните функции внатре централите општини,
комбинирано со акциите за примена на клучните проекти, предложени за
Централната област и Урбаното подрачје Детроит, треба да створат основа за
решавање на овој проблем. Овој програм наменет за Детроит треба да се
спроведува во тесна соработка со претходната порграма за Централната област, а
слични ускладувања да се обезбедат и во другите подрачја, во кои овие проблеми
постојат. Програмот исто треба да се усклади и со останатите предложени
програми од социо-економска природа (...), а може да вклучи и дополнителни
мерки, кои би произлегле од специјалните економски истражувања.
Носители на акцијата. Акцијата треба да ја преземат јавните
управувачки структури, првенствено сојузната држава Мичиген и град Детроит, уз блиска соработка со други
организации, како што се Метрополитенскиот фонд на Детроит и приватните и
деловни субјекти.
Одредување етапи на акцијата. И ова претставува долгорочна програма
којашто треба да се започне одма. Треба да се пристапи кон перманентно делување
во текот на сиот период на спроведување на програмот.
Програм S1
Проблем. Преголема зависност на Урбаното подрачје
Детроит само од една стопанска гранка.
Цел. Да се создаде поразноврсна стопанска структура
во Урбаното подрачје Детроит.
Нивоа на делување. Проблемот постои главно на ниво на
градовите, субрегионите и Урбаното подрачје Детроит. Соодвенти мерки треба да
се преземат на тие нивоа.
Потребна акција. Акцијата под овој програм би тежнеела
кон развивање на секторот на услуги, како и кон постоечките и нови производни
активности, врзани за производство на роба за широка потрошувачка. Ова е мошне
обемна задача, која изискува детално испитување со цел изнаоѓање најпогодни
можности, начини и средства со кои веќе постоечките активности на овој план би
се доразвиле, а истовремено би се привлекле и нови. Кон спроведувањето на оваа
програма во голема мера би помогнала и физичката ревитализација на Централната
општина Детроит, предвидена во другите програми.
Носители на акцијата. Акцијата од овој програм би пружила идеална
прилика за соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор. Вонредни можности се
пружаат пред јавните претпријатија, кои би утврдувале смерници, би го
унапредувале трудот и би го поддржувале реструктурирањето на стопанството во
Урбаното подрачје Детроит. Слични акции веќе се превземаат во јавните
институции, како што се Мичигенскиот секретаријат за трговија, којшто ги
поставува потребните насоки и ориентири. В процесот на апликација секако во голема
мера ќе допринесе и поддршката на менаџментот на приватните корпорации, кој ќе
презема иницијатива со вложување во нови инвестиции.
Одредување етапи на акцијата. Ова е долгорочен програм кој веднага треба да започне. Интензивната
акција треба да се сосредоточи на почетните стадиуми, за да се искористат сите
тековни напори, кои се вклопуваат во новата развојна рамка на планската
концепција.
...
Програм S5
Проблем. Опаѓање на доходот во централните делови
на населбите.
Цел. Да се запре трендот на опаѓања на приходите во
централните делови на населбите и така да се придонесе во севкупните напори за
нивна економска ревитализација според програмите S5 – S8.
Нивоа на делување. Овој проблем главно постои на ниво на
подрачјето на централните градски населби, а посебно се однесува на Централната
зона Детроит. Потребни се акции во наведените нивоа, како и на ниво на
субрегионите, те Урбаното подрачје Детроит.
Потребна акција. Овој проблем воглавно е предизвикан од
процесот на напуштање на централните подрачја од страна на групи со средни и
високи примања, ама и од високата стапка на невработеност среде сиромашните
популации. Според тоа, акцијата би требало да се усклади со други програми,
како што се S7 и S3, а кои тендираат кон обезбедување подобри можности за стекнување високо
образование и повисоки професионални ориентации, како и други мерки за
поттикнување на деловните активности во централните зони, а се’ со цел
намалување на незапосленоста и
зголемување на доходот на граѓаните. Координацијата со другите програми кои се
бават со физичка ревитализација на централните подрачја би била од полза, зашто
би го смалила иселувањето од предградијата, истовремено првлекувајќи лица со
високи примања, вкупом со враќањето на заминатите богаташи.
Носители на акцијата. Решавањето на овој проблем може да го
преземат јавните и приватните организации, кои би морале да унапредуваат, ускладуваат
и користат солуции од други релеватни програми, насочени кон решавање на
проблемот.
Одредување етапи на акцијата. Акцијата би требало да се преземе
веднаш, преку краткорочно интензивно дејствување, со кое уште на стартот би се
ублажиле човечките невољи, таму кај што се тие најакутни. Долгорочната акција
наведените мерки за олеснување ќе ја замени со куративни и превентивни мерки.
Програм S6
Проблем. Намалување на малопродажниот промет во
централните подрачја.
Цел.
...
(стр. 204-211. НОЛИТ Белград, 1982 г.)
No comments:
Post a Comment