Monday, February 29, 2016

ИВАН ШТРПКА: Афродита Анадиомена

Те слушам како излегуваш од када,
како
со рацете од глава
ја цедиш долгата и влажна коса
прескокнуваш барички
од пена за капење,
си потпевнуваш на детинест начин и
квичиш, оти си го скршила ноктот
на палецот на едната од, инаку
совршено извајаните нозе.
Те слушам онака, со пола уво,
но полека добивам впечаток
дека всушност ти недостасува уште нешто.
Нешто неважно
од гледна точка на грчките кипови.

No comments:

Post a Comment