Историјат на Франкфуртската школа и на Институтот за
социјални истражувања 1923-1950
УВОД
Да се гледа на
модерниот интелектуалец како на личност која е отуѓена, неприлагодена и
незадоволна не претставува веќе никаква новина. Ваквата визија веќе воопшто не’
не вознемирува, бидејќи се` повеќе се навикнуваме нашите интелектуалци да ги
сметаме за аутсајдери, досаѓачи, маргинални луѓе и слично. Зборот „отуѓување“
со која се означуваат ем банални дигестивни пречки, ем најдлабоки облици на
метафизичка тегобност, стана водечка узречица
на нашето доба. Оти дури и на најостроумните посматрачи им стана тешко да ја
разликуваат стварноста од позата. На запрепастување на оние кои со право можат
да тврдат дека страдале од неговите последици, отуѓувањето на ангро се покажало
како коњуктурна стока на културниот пазар. Да земеме само еден пример.
Модернистичката уметност, со своите нескладности и страдања, стана основна
храна на се’ попрождрљивото
мнозинство на потрошувачи на култура, кои знаат да намирисаат добри инвестиции.
Авангардата – ако овој термин се’ уште нешто значи – денес претставува украс на
нашиот културен живот, кои можеме повеќе да го славиме, отколку од него да
страхуваме. Или да наведеме уште еден случај: филозофијата на егзистенцијализмот, која што пред
едно поколение изгледаше како вистинско освежување, сега се изроди во низа клишеа со кои лесно се манипулира, ама и во жално испразни гестови. Треба да
нагласиме дека овој пад не дојде затоа што аналитичките филозофи ја разоткрија
бесмисленоста на нејзините категории, туку попрво како последица на неверојатната способност на нашата култура
да ги апсорбира и неутрализира своите најбескомпромисни противници. Конечно,
треба да се укаже на последниот пример – оваа 1972, само неколку години после извиканото
раѓањето на наводната противкултура, сосема јасно се гледа дека тоа
новороденче, ако веќе не умрело во колевка, лесно беше скротено, како впрочем и неговите предци. Повторно механизмите на апсорбирање и кооптирање
се покажаа како извонредно делотворни.
Исход на сето ова
е дека интелектуалците, кои својата критичка функција ја сфаќаат озбилно, се
соочуваат со се’ потежок проблем, кога се работи на тоа да се испревари културата за да не го умртви нивниот протест. Еден вид реакција беше уште полудо бегство
во културен екстремизам, желба да се шокира и провоцира на тој начин што ќе се
отиде преку границите на културната толеранција. Меѓутоа, овие граници се
покажаа далеку поеластични, па така она што до завчера било опсцено, од вчера веќе е ветво.
Немајќи пред себе некакво чисто културно решение, бројни критички интелектуалци
се обидоа да го спојат својот културен протест со неговиот политички пандан.
Радикалните политички движења, особено оние на левицата, традиционално ги
провлекуваат незадоволните интелектуалци, како во минатото, така и во нашето
доба. Но, овој сојуз малку кога се покажал како лесен, особено кога стварноста
на левичарските движења ќе станеше одвеќе опасна да би можела да се занемари.
Оттаму, приближувањето на радикалните интелектуалци кон разните левичарски
струи и оддалечувањето од нив е една од постојаните теми на модерната
интелектуална повест.
Ова осцилирање
такуѓере потекнува од уште побазичната дилема со која се соочуваат исклучиво
левичарските интелектуалци. Елитизмот на оние кои што својот екстремизам го
ограничуваат само на културната сфера, отфрлајќи го нејзиниот политички
корелат, не предизвикува никакво чувство на вина. Од друга страна, за
радикалниот интелектуалец, кој прифаќа политичко ангажирање, желбата да одржи
критичка дистанца претставува посебен проблем. Држењето по страна кон
општеството и „покретот“ на чија што победа тој смета, создава осетна
напнатост, која никогаш не е отсутна од животот на сериозните левичарски
интелектуалци. Бескрајната самокритика насочена кон отстранување на остатоците
од елитизмот, што ја карактеризираше Новата левица, сведочи за постојаноста на
оваа грижа. Во најлош случај, таа произведува сентиментална nostalgie de
la boue; во најдобар случај, таа
може да води кон искрен напор да се помират теоријата и праксата, па се зема во
обзир и едно такво единство во овој несовршен свет.
Но, она што често
се заборава во желбата изразот активист-интелектуалец да се исчисти од
оксиморонски конотации, е тоа дека интелектуалците се веќе актери, иако во една
мошне посебна смисла. Интелектуалецот секогаш учествува во симболичката акција
која на било кој начин ја опфаќа екстернализацијата на неговите мисли. „Луѓето
од идеја“ се достојни на внимание само тогаш кога нивните идеи бидуваат
соопштени на другите со посредство на ова или она средство за комуникација.
Критичката острина на интелектуалниот живот на големо произлегува од јазот кој
постои меѓу симболите и реалноста. Парадоксално, во обидот да се преобразат во
средство кое ќе го премости тој јаз, луѓето од идеи се изложуваат на опасноста
да ја загубат критичката перспектива, која гапот
ја овозможува. Тогаш обично највеќе трпи квалитетот на нивното дело, зашто се
изметнува во пропаганда. Во извесен смисол, критичкиот интелектуалец е помалку
ангажиран кога е свесно приврзен кон партијата, отколку кога се држи до
интегритетот што го поставува неговиот занает. Како што не потсеќа Јејтс: „Интелектот на човекот е присилен да бира
меѓу совршенството на животот или на делото“. Кога, во обидот да ја напушти
кулата од слонова коска, радикалниот интелектуалец премногу се поистоветува со
популарните сили на промената, тој го става во опасност постигнувањето на обете
совршенства. Тој мора да лавира помеѓу Сцилата на безусловната еднодушност и
Харибдата на своеглавата независност или едноставно да пропадне. Колку ваквиот
среден пат може да биде опасен претставува една од главните поуки која што може
да се извлече од радикалните интелектуалци избрани за предмет на проучување во
оваа книга.
(изд. „Свијетлост“ Сараево
и „Глобус“ Загреб)
No comments:
Post a Comment