Книга осма
XVI.
-Третата класа
луѓе бил бил народот, доколку се тоа работниците кои живеат од своите раце,
кои се грижат за јавните работи и кои не стекнале голем имот. Всушност, тој
сталеж во демократијата е најброен и најзначаен, а кога ќе се збере – тој и
одлучува.
-Така е –
одговори тој. – Ама тој, ако не добие малку од медот, не се збира често.
-Но, тој секогаш
го добива, кога годе на демагозите ќе им се укаже прилика да дрпнат имот од
имашливите и – задржувајќи најголем дел за себе – рестото да му го поделат на
народот – реков.
-Вистина е дека
народот така го добива својот дел.
-Тогаш луѓето од
кои што се дрпа се приморани да говорат пред народот и да прават се’ што можат.
-Природно.
-А демагозите,
иако имашливите не сакаат преврат, ги обвинуваат истите дека му ја пијат крвта
на народот и дека се за олигахрија.
-Така е.
-Најпосле, кога
богатите ќе увидат дека народот, не по своја воља туку од незнаење, се обидува
да им нанесе зло, тогаш сакале тие или не, се принудени да станат олигарси, а
таа насилна промена е уште едно зло кое им го нанесува трутот со своето осило.
-Тоа е жива
вистина.
-Отаму
меѓусебните тужби, судови и парничења.
-Така е.
-Зарем народот
обично не му дава предност на еден од своите припадници каков негов застапник и
зар не го храни добро и го воздигнува?
-Природно дека
тоа го прави.
-Тогаш е јасно
дека – реков – ако дојде до тиранида, тиранот ќе поникне од слојот што го
застапува народот, а не од некој друг, зарем не?
-Сосема јасно.
-А како тој
застапник на народот се претвора во тиранин? Зарем тоа не е така како во
приказната за храмот на Зевс Ликејски во Аркдаија?
-Каква е таа
приказна?
-Таква што вели
дека оној кој ќе вкуси од човечката утроба, помешана со утробите на останатите
жртви, божемски мора да стане волк. Зарем не си чул за таа прикаска?
-Богами, сум.
-Па зар со тој
застапник на народот не се случува истото кога не се стеснува ни од крварењето на
своите сограѓани, неправедно обвинувајќи ги за сешто; кога ги носи по судови и ги убива; кога на човека му го одзема животот; кога преку својот говор и со безбожната
уста им ја пие крвта на своите роднини; кога граѓаните ги тера во изгнанство и ги убива, а притоа зборува за
поништување на долговите и за раздавање земјиште; зарем за таквиот човек не постои некаква потреба
или некаква судбина после тоа, или да загине од раката на своите непријатели
или да стане тиран и од човек да се претвори во волк?
-Тоа стварно е
неминовно!
-И тоа е оној кој бил бунтовник против имотните луѓе.
-Така е.
-А, ако го
протераат и ако му успее да се врати, наспроти неговите непријатели, зарем нема
да се врати како совршен тиран?
-Секако.
-Меѓутоа, ако не
успеат да го протераат, ниту да го оцрнат пред народот и да го убијат, тогаш
скришно демнат и се обидуваат да го тргнат со насилна смрт.
-Обично така се
случува.
-Сите оние кои во
својата амбиција отишле дотаму, го имаат она познато барање на тираните; имено, од народот бараат да им се додели
телесна гарда за заштитникот на народот да би останал непровреден.
-Така е
-И народот му ја
дава гардата оти мислам дека има бојазност за него, но и се надева за себе.
-Да
-Сега, кога тоа
ќе го види човекот кој има пари и кои поради парите е осомничен дека го мрази
народот, тогаш пријателе, тој како во пророштвото на Крез:
„И побегна крај песокливиот Херм
И не сочека и не се посрами што го
сметаа за кукавица“.
-Да богами, зашто
по втор пат не би имал прилика да се срами.
-А ако го фатат
во бегство тогаш мислам дека ќе го убијат.
-Естествено.
-А оној заштитник
на народот нема да губи време, туку соборувајќи многу други, сам ќе се качи на
државната кола и на крајот, од застапник ќе стане совршен тиранин.
-Како да не.
XVII.
-А сега, да ја
разгледаме среќата како на човекот, така и на државата во која таков смртник
ќе се појави.
-Ајде.
-Нема ли тој во
прво време да им пружа насмевки на сите и да го поздравува секого што ќе го
сретне? Ќе зборува дека не е тиранин и ќе ветува многу, ем на поединци, ем на
државата нели? Зарем не ја ослободи и раздели земјата на народот и на своите
приврзаници и зар не изгледа благ и милозлив?
-Така е.
-А кога ќе сврши
со своите надворешни непријатели, со едни ќе склопи мир, а другите ќе ги
уништи, кога од таа страна ќе се осети безбеден, после пак ќе започнува некакви
војни како народот би имал потреба од вожд.
-Така е.
-Он ќе започнува
војни заради граѓаните, кои давајќи ги своите пари, ќе осиромашат, со што би биле принудени
да се бават со своите секојдевни работи и на тој начин помалку да се занимаваат
со негодување.
-Да, така е.
-А мислам дека ќе
почнува војни за оние за кои се сомнева дека имаат слободоумни намери и кои нема да
му дозволат мирно да владее, да ги уништи и тоа така што ќе им ги предаде на
непријателот. Поради сето ова, тиранот мора непрекинато да се заплеткува во
војни, не?
-Така е.
-А поради тоа ќе
станува се` повеќе омрзнат во народот.
-Како не!
-Некои од оние
што му помогнале во устремот и кои и самите се моќни, и тоа оние кои што се
најхрабри, отворено ќе зборуваат и пред него и пред останатите и ќе ги
прекоруваат овие неприлики, така?
-Нормално.
-Значи, тој ќе
мора остро да посматра кој од нив е храбар, кој е срчен, кој е разумен, а кој
богат и така ќе биде среќен, оти ќе мора да биде сечиј непријател, го пожелувал тоа или не. И да им копа
гроб, се’ додека не ја исчисти државата.
-Красно чистење!
-Да, спротивно на
она што го прават лекарите со телотот – реков. – Зашто тие го одземаат она што
е најлошо, а го остават она што е најдобро, а тиранот го работи буквално
спротивното.
-Мора така да
работи, ако сака да владее!
No comments:
Post a Comment