Thursday, March 31, 2016

Мишо Лековиќ: МАРТОВСКИТЕ ПРЕГОВОРИ 1943

ОДЛУКА НА ВРХОВНИОТ ШТАБ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ И УПАТУВАЊЕ НА ЃИЛАС И ВЕЛЕБИТ ВО ЗАГРЕБ
„Главните преговори“ во Загреб

...По краткотрајно задржување во Сараево и применото известување дека сите германски заробеници се ослободени, Ѓилас и Велебит заедно со Ханс От, заминаа за Загреб. Неизвесно е дали тоа било на 20. или 21. март. Судејќи според Титовата телеграма до Извршниот комитет на Коминтерната упатена на 30. март, во која стои дека Ѓилас и Велебит престојувале во Загреб од 20. до 25. март, поверојатно е дека двајцава тргнале накај Сараево на 20. март. Како што се сеќава Ѓилас, патувале со автомобил до Славонски Брод, а оттаму со воз до Загреб, во купе кое било обезбедено со германска стража. Успат – се присеќава тој – разговарале со От прилично отворено, изразувајќи уверување дека Германија ќе ја изгуби војната. Стекнале впечаток дека нивниот соговорник бил на исто мнение, макар што тоа не го изрекол отворено, што е разбирливо. Приликум разговорот околу прашањата за размена на затвореници, на От му било ставено до знаење дека партизанската страна е заинтересирана помеѓу ослободените секако да биде Херта Хас, не наведувајќи дека станува збор за Титовата сопруга.
По доаѓањето во Загреб, партизанските преговарачи се сместени во зградата на германската Фелд-командатура во улицата Људевит Гај (пред војната седиште на Савската дивизиска област) во која и се водени преговорите. За нив не постојат пишани белешки (веројатно не се ни водени записници) ама за нивната содржина може сосема релиабилно да се дознае од телеграмата на Каше, упатена до Рибентроп на 26. март, потем од изјавата на Велебит, дадена на 31. март во Штабот на 718 дивизија во Сараево, кога и по трет пат поаѓал за Загреб, и конечно врз база на Ѓиласовото и Велебитовото сеќавање.
Ѓилас се сеќава дека се одржале два состанока на кои највеќе се разговарало за размена на затворениците. И според споменатата Велебитова изјава во Сараево, одржани се два состанока: првиот во Штабот на германскиот ополномоштен генерал, а вториот во германската амбасада. На чело на германските преговарачи се наоѓал еден полковник (веројатно начелник на разузнавачката служба) што – според Ѓилас – го намалувало значењето на преговорите, оти тој и Велебит очекувале дека германската делегација ќе биде на повисоко ниво, а веројатно сметале дека ќе бидат примени кај генерал Хорстенау.
Разговорите се водени со претставниците на германските воени власти. Амбасадорот Каше непосредно не се вклучил во нив, но преку својот – како што го нарекува „поузданик“ – бил во контакт со партизанските преговарачи. Заправо, тој нејќел директно да се ангажира, затоа што од страна на министерот за надворешни работи Рибентроп, во телеграма од 19. март, било порачано дека „секаков негов контакт со партизаните не е целисходен“.
...Според Велебитовата изјава дадена на 31. март во Шпионското одделение на Штабот на 718 дивизија во Сараево, каде што се задржал на пат за Загреб и натаму за Славонија, делегатите на Врховниот Штаб со германските преговарачи во Загреб на 23. и 24. март ги изнеле следниве ставови:
            „Ние сме на мислење, а тоа неофицијално и ни беше ставено до знаење, дека Германците немаат никакви територијални аспирации кон територијата на бивша Југославија, туку дека во сегашно време имаат само стратегиски и стопански, евентуално и политички интереси. Според тоа, по звршувањето на Војната, тие ќе ја напуштат земјата. Ние со нашиот народноослободителен покрет тежнееме да створиме слободна Југославија, во која сите словенски племиња ќе ги имаат сите права, и во која нема да владејат само Срби. Поради тоа, во националното четничко движење ние го гледаме нашиот најголем и најопасен непријател, оти тие се стремат да создадат Велика Србија, а нас да не истиснат. Под такви околности, ние повеќе немаме никаков повод да се бориме против германската војска, ниту да им нанесуваме штети на германските интереси во целата земја, било од воена било од економска природа, а такуѓере и во интересите на сообраќајот. Ние не бараме никаква противуслуга. Треба само да ни се даде шанса да се бориме против четниците за да ги уништиме. Мошне жално е што Италијаните ќе бидат вовлечени во тоа и ќе сносат последици, но тоа е судбината на ‘сојузниците‘. После овие општи замисли, нам ни е одговорено дека најпрвин треба да докажеме дека стварно ќе ги почитуваме германските интереси и дека дури потоа ќе продолжат разговорите околу тоа прашање. Како пример за таков доказ наведено е: пуштање на заробениците на слобода, стопирање на непријателствата итн. Ние заробените Германци ги предадовме и спремни сме – без противуслуга – да ги зауставиме непријателствата во Славонија и Источна Босна.
...Разговорите на службеникот на својата амбасада Рекард со „Титовите ополномоштеници“ во присуство на инженерот Ханс От, Каше во споменатата телеграма вака ги интерпретирал:
            „Приликум досегашните разговори на мојот поузданик, се’ повеќе е истакнувана желбата за сопирање на борбата. Со Лондон, Титовите партизани се завадија минатата година, а со Вашингтон немаат никаква врска. Повремениот пријателски тон на Титовата радио-станица (мислат на радио-станицата „Слободна Југославија“ прим. М.Л.) спрема тие две сили, којшто се појави минатата година, последниве седмици повторно изостанува. Отсуството на било каква руска помош, од своја страна, ја уништи довербата и кон Русија“.

Во разговорот во Загреб, како и во оној во Горни Вакуф, делегатите на Врховниот штаб истакнуваа дека партизаните нема да дозволат истоварување на сојузничките трупи во Југославија. За тоа Ѓилас вели: „Не се стеснувавме да изјавиме дека ќе ги биеме Британците доколку се истоварат: таквите изјави не не’ обврзуваа зашто Британците се’ уште не се беа истовариле, а исто држевме и до тоа дека би морале со нив да се бориме доколку – како што можеше да се заклучи од нивната пропаганда и званичните изјави – фатат да ја рушат нашата власт, односно да помагаат да се воспостави четничка власт„.

(Мишо Лековиќ МАРТОВСКИ ПРЕГОВОРИ 1943, изд. Библиотека Студии и монографии)

No comments:

Post a Comment