Monday, April 11, 2016

Фридрих Вилхелм Јозеф Шелинг: ФИЛОЗОФИЈА НА УМЕТНОСТА

ОПШТ ДЕЛ
Конструкција на уметноста воопшто

34. Боговите меѓу себе нужно пад сочинуваат тоталитет, свет (со ова преоѓам на внатрешната конструкција).
-Бидејќи во секој лик апсолутот е поставен со ограничување, тој токму со тоа ги претпоставува сите други ликови и посредно или непосредно, секј поединечен лик ги претпоставува сите други, а сите други – секој поединечен. Според тоа, тие меѓу себе нужно сочинуваат еден свет во кој што се’ е взаемно одредено, една органска целина, тоталитет, еден свет.
35. Единствено со тоа што меѓу себе сочинуваат еден свет, боговите стекнуваат независна егзистенција за фантазијата или стекнуваат независна поетска егзистенција.
...Објаснение на двата претходни параграфа (34. и 35.) Откако веќе е створен тој автентичен свет на фантазијата, на имагинацијата не и’ е веќе поставена никаква друга граница токму поради тоа што во неа сето она што е можно, е и непосредно стварно. Тој свет може – дури и мора – да се изградува до бесконечност и тоа поаѓајќи од една точка; сега веќе не е исклучен ниту еден возможен однос помеѓу боговите и ниедно ограничување на апсолутот. – Со тоа што сите ликови, како за себе постоечки битија, се посматраат во сите заплети и односи и што меѓу нив самите се образува круг на односи и засебна историја, тие стекнуваат највисок објективитет, со што тие творби на фантазијата преоѓаат во митологија.
Кога станува збор за тоталитетот на творбите на грчката митологија, може да се покаже дека сите можности кои лежат во царството на идеи, онака како што го конструира филозофијата, се исцрпени во грчката митологија. – Ноќта и фатумот, кој што е дури изнад боговите, како што е Ноќта мајка на боговите, тие се темна позадина, сокриен таинствен идентитет од кој што сите тие произлегле. Обата се’ уште лебдат над нив; меѓутоа, во светлото царство на ограничени и спознатливи ликови, Јупитер е апсолутна точка на индиференција, во него апсолутната моќ е здружена со апсолутната мудрост; зашто, кога по женидбата со Метида, му било прорекнато дека таа ќе ну роди син, кој соединувајќи ги двете природи, ќе владее со сите богови, тој ја проголтал и сосема ја соединил со себе: очигледен симбол на апсолутната индиференција на мудроста и моќта во вечното битие. Сега пак, тој непосредно сам од себе, ја родил Минерва, која опремена и вооружена, излегла од неговата вечна глава – симбол на апсолутната форма и на универзумот, како слика на божествена мудрост, која во својата потполна форма, безвремена произлегува од вечниот принцип. Само што Јупитер и Минерва тоа не го значат, тие се тоа. Идеите во филозофијата и боговите во уметноста се всушност едно исто, но секој за себе е она што е, секој е сопствено видување на истото, ниеден не постои заради друг или да би значел нешто друго. – Од творбата на Јупитер се отстранети сите ограничувања, освен неопходните; сите ограничувања постојат само да би овозможиле да се види она суштинското. Апсолутната моќ баш затоа е одново највисок мир: Јупитер ќе намигне со веѓите и Олимп ќе се затресе. Тој речиси да сее молњи, како што се изрази еден понов поет. Минерва во самата себеси го носи сето она што во себе има форма. Високото и Моќното, Уметничкото и Разорното, Соединувачкото и Раздвојувачкото. Формата сама по себе е ладна, зашто во таа одвоеност и е туѓа граѓата, но таа во исто време е и највисока моќ која не знае за никаква слабост, ниту за заблуда; оттаму, таа е во исто време и праслика и вечна пронаоѓалка на севкупната уметност и страшна разорителка на градови, таа нанесува рани, ама и ги зацелува. Таа како апсолутна форма е соединувач, арно ама е и богинка на војната за човековиот род. На високиот Олимп, во ведрото подрачје на божественото, нема никаков спор, бидејќи она што е тука спорно, тоа е одвоено или соединето, изградено до подеднаква апсолутност; војните – тие работилници на немирното градење и разорување, мените и промените, постојат само во нискиот свет, таму каде што една форма востанува против друга форма, едно посебно против друго посебно; меѓутоа сите тие појави на воено разорување како можност лежат во крилото на апсолутната форма. Затоа може да се каже дека девствената Минерва, која самата не е родено од мајчино крило, е и најплодната од сите божества. Речиси сите човечки дела се нејзини творби; во својата строгост (чистата форма) таа е подеднакво богинка на филозофите, уметниците и ратниците, а нејзиното височество почива првенствено на тоа што единствено таа го соединува она што е спротивно, затоа што во нејзината слика се’ се сведува на тоа дека таа е неподвижна, секогаш иста, непроменлива мудрост. – Јунона ја има од Зевс чистата моќ без возвишена мудрост. Оттаму нејзината омраза кон се’ што е божествено, што се создава во текот на времето кое Јупитер го наметнал, како на пример кон Аполон, Дијана итн. Кога Јупитер од самиот себе ја раѓа Минерва, оваа – Јунона, без Јупитеровото учество, како акт на пркос, го раѓа Вулкан, вајар на духовитите трудови без високата мудрост на Минерва, ракувачот со оган и творецот на оружјето, чија што рака само го води чеканот. Оваа творевина на фантазијата и на спротивставување на Минерва се покажуваат како мошне значајни – кога Вулкан се зажелел да се венча со Минерва, наместо неа, во една залудна борба, ја оплодил Земјата, по што оваа го родила Ерихтониј со змејските нозе. Познато е дека змејскиот лик секогаш го означува она што изникнало од Земјата: на тој начин, Вулкан е означен само како земска форма на уметноста, која залудно тежнее да се соедини со небесната, исто како што Венера, која со него е соединета, ја претставува земската убавина, макар што нејзината  висока праслика престојува на небесата.
Не пожелувајќи во тие дражесни творби да внесеме умна поврзаност, сепак можеме целиот ланец, онака како што се протега од Јупитер до главните божества, да го одредиме на следниов начин. Демек Јупитер, како вечен отец, е апсолутна точка на индиференција, тој е на Олимп, издигнат над секој спор; крај него престојува ликот на Минерва, вечната мудрост – негова „паслика“ која што произлегла од неговата глава. Под нив е: а) формативниот и безформниот принцип во реалниот свет (железо и вода) Вулкан и Нептун, кои што ги спојува подземниот бог Плутон – стигискиот Јупитер, владетел на царството на Ноќта или на невољата. Како што е овој точка на индиференција (слично на Јупитер) на реалниот свет, така е б) Аполон точка на индиференција на идеалниот свет, спротивна слика на Плутон, кој се прикажува како стар, додека Аполон се покажува како младешки убав; едниот е во пустото царство на сенки, празни ствари и темнина, другиот е бог на светлината, идеите, на живиот лик, кој со оглед на тоа што во своето царство го трпи само она што е живо, со блага стрела му подарува смрт на она што свенало од старост. Како што неговите стрели, густи како зраци, во снопови го уништуваат она што му е омрзнато, како на пример Грците, оти го увредиле неговиот свештеник. Сите останати својства на тој бог, да е исцелителен, да е творец на исцелителот Асклепиј, да е водач на музите, осветител на иднината и да е севидно светско око на небото – сите тие особини се согласуваат со значењето кое и’ го дадовме на таа божја слика. Најважните од тие особини повторно ги наоѓаме одвоени кај Марс, кој на Вулкан му одговара од идеалната страна, и кај Венера, која му одговара на безформниот принцип Нептун, како највисока земска форма, која што и самата, според старата митологија, најпрвин се оттргнала од царството на безформното – од Океан, со кој пак од новите богови, владее Посидон.


(изд. БИГЗ - Белград 1989)

No comments:

Post a Comment