Monday, August 29, 2016

Предраг Враницки: ИСТОРИЈА НА МАРКСИЗМОТ

Петти дел МАРКСИЗМОТ ВО СОВРЕМЕНИОТ ПЕРИОД

ВТОР ОДДЕЛ
Кина и марксизмот
Второ поглавје
КОНЦЕПЦИЈА И ПРАКСА ПО ОРУЖЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

...За развојот на културната револуција најзначајна била седницата во август 1966 г. кога ЦК КПК донела заклучок за „голема пролетерска културна револуција“ во форма на на 16 тези. Карактеризирајќи ги Маовите противници како оние кои подлегнуваат на буржоаската идеологија и како луѓе од власта кои одат „по капиталистички пат“, тезите бараат нивна јавна критика, особено преку „ѕидни новини со големи букви“. Тезите, природно, се потпираат врз Маовата концепција и во неговите ставови се гледа решение на целиот проблем. Оттаму и посебниот акцент кон масите, а не кон партијата или државната организација, кон масите кои во текот на револуционерната пракса ќе се одгледуваат. Наведувајќи дека треба одлучно да се тера класната линија на партијата, се истакнувало дека револуцијата не може да биде блага, доброќудна, воспитана и воздржлива, та дека не треба да се има бојазност од нереди. Со обѕир на настанатите противречности, истите треба да се решаваат во народот. Нормално дека во масите постојат различни мислења и контроверзи, кои мора да се решаваат со дискусија, при што малцинството, која има друго мислење, не смее да се присилува да го смени мислењето. Малцинството мора да се штити, оти често кај него се наоѓа вистината. Нагласувајќи ја важноста на кадрите и нивното диференцирање според степенот на позитивна и негативна активност, тезите посебно нагласуваат дека групите, комитетите и конгресите на културната револуција мора да останат перманентни организации на масите и дека треба да се уведе изборен систем, како и право на критика и сменливост, по примиерот на Париската комуна. Деветата теза дословна гласела вака:
„Во текот на Големата пролетерска револуција културна револуција настапија многу работи. При многу школи и воени единици, од страна на масите створените групи и комитети на Културната револуција и други форми на организација, се нешто сосема ново и од големо историско значење.
Групите, комитетите и конгресите на Културната револуција се извонредни нови организациони форми, во кои масите, под водството на Комунистичката партија, сами се одгледуваат. Тие се вонреден мост преку кој нашата партија одржува тесен контакт со масите. Тие се органи на власта на Пролетерската културна револуција.
Борбата на пролетаријатот против сите стари идеи,обичаи и навики наследени од сите експлоататорски класи во минатите милениуми и против нивната стара култура, нужно ќе трае многу многу долго. Поради тоа, групите, комитетите и конгресите на Културната револуција треба да бидат не привремени организации, него перманентно стални масовни организации. Тие не се прикладни само за униврзитетите, школите и уредите, туку во суштина и за фабриките, рудниците, другите претпријатија, градските дистрикти и селата...“
Тезите понатаму говорат за формите на настава, реформата на студирањето, прашањето за критика против реакционерните академски авторитети и буржоаските влијанија, внимателниот однос кон научниците, техничарите и функционерите, како и за поврзувањето на групите од културната револуција со движењето за социјалистички одгој на село и во град. Тезите такуѓере нагласуваат дека револуцијата треба цврсто да ссе држи в раце за да би се поттикнало производството, да се револуционира идеологијата и на тој начин – подобрил целокупниот труд. Културната револуција во армијата треба да се спроведува според упатството на Воената комисија при Централниот Комитет и на Политичкиот отсек на војската – што само покажува дека процесите во армијата не им се препуштале на случајностите и непредвидливите текови.16-тата теза укажува на учењето на Мао Це Тунг, како основен патоказ во Големата културна пролетерска револуција.
Така тезите, иако донесени на седница на ЦК КП Кина, беа доволна основа за акција против институционалните сили на партијата и државата, кои во основа, претставуваа опозиција на Маоцетунговата концепција за политика на меѓународен и национален план. За процесот на масовна критика на тогашната номенклатура уште повеќе да се овозможи, во септември 1966 г. владата носи декрет за слободата, каде било формулирано дека е дозволено застапување на секакво мислење, дека секој може да го изрази сопственото мнение, дека собирањата од секаков вид биле дозволени и дека е дозволено објавување на ѕидни новни. Со тоа била отворена вратата за полн развиток на масовниот покрет и на јавна критика, која често имала немил и насилен облик. Тој бил споив само со една таква општествена структура и психологија, која коренито се разликува од нашата, европската. Понижувањето на одредени личности, кои дотогаш играле највидна улога во општествениот живот на Кина биле честа појава; исто така и примитивно-нихилистички однос према бројни културни тековини, кои само во психологијата на фанатизмот, може да се отфрлуваат како буржоаски продукти.
Од исклучително значење за натамошниот развој на културната револуција и општествената транформација биле случувањата во Шангај. Веќе во декември е издаден проглас на една работничка група тн. Десет точки на работничкото малцинство, во кои се нагласува потребата од придржување кон програмата од 16 точки, особено во врска со поттикнување на производството, поврзувањето на студентите, учениците, работниците и селаните, те нивно меѓусебно пре-воспитување, потоа контрола на паричните издатоци, забрана за запоседнување на капиталистички станови, што и’ се препуштили на градската управа. Меѓутоа, осмата точка, изискува да се зацврсти диктатурата на пролетаријатот, па во таа насока полицијата мора да го затвори  секого што е против Мао Це Тунг, Лин Пијао и групата на ЦК за спроведување на културната револуција. Вакво барање секако одударал од демократските прогласи на ЦК и владата од крајот на 1966.
Кратко потоа, во почетокот на јануари 1967, упатен е Итен апел, во кој се повикуваат сите работници, функционери и ученици, кои во други делови на земјата разменувале револуционерни искуства, веднаш да се вратат во Шангај, за Големата културна револуција успешно да се спроведе, но и да се исполни производствениот план за 1967 г.; во тој апел се поништуваат сите дозволи за напуштање на работното место заради размена на искуство; се бара стриктно штедење и прудентно располагање со финансиските средства; повторно се акцентира и бара поврзување на студентите, учениците, работниците и селаните; се забранува завземање јавни згради, а конфискуваните згради на капиталистите се стават во сопственост на целиот народ под управа на градот; се нагласува јакнењето на диктатурата на пролетаријатот со барање да се апсат сите оние кои се против Мао Це Тунг и неговата група. Апелот завршува со тоа дека секој кој ќе работи против наведените барања ќе се смета за саботер на Големата револуција и ќе биде казнет.
Природно, Мао Це Тунг обата документи го прогласуваат за узор на понатамошните активности. Во самиот Шангај, се’ уште траела борбата меѓу радикалните приврзаници на културната револуција и партискиот апарат, која што под се’ поголемиот притисок на „црвената гарда“ и на „револуционерните бунтовници“, во почетокот на фебруари 1967 доведува до слом на старата власт и воспоставување нова тн. „три во едно“ – револуционерен комитет на Шангај. Новиот орган на власт се состоел од револуционерни бунтовници, партиски кадар и армиски преставник. Кратко потоа, веќе и уводникот на партискиот централен лист пишува: „Претседателот Мао укажува на следново: во оние подрачја и институции, во кои заземањето на власта е нужно, мора да се спроведе политика на револуционерна ’поврзаност на тројцата’ и да се основа револуционерен репрезентативен провизорен орган на власта со пролетерски авторитет. Би било добро тој орган да се нарече револуционерен комитет. Провизорниот орган на власта на револуционерната ’поврзаност на тројцата’ се состои од одговорни и револуционерни масовни организации, кои застапуваат стварно широки маси, застапници на гарнизони на народносолобителната армија и водечки револуционерни функционери. Ниедна од трите страни не смее да недостасува. Исто така, би било криво улогата на оваа или онаа страна да се превиди или потцени.“
Со тоа конечно била пронајдена формула на новата власт, што воедно значело дека старата партиска власт била радикално ограничена и заправо престанала да постои. Лиу-Шао-Чиевата линија била поразена. Иако борбите сеуште траеле, иако требало уште доста време новиот облик на власта да продре во сите крашита на земјата, судбината на Маоцетунговата опозиција била решена.

Monday, August 22, 2016

Роналд Леинг: ЈАСТВОТО И ДРУГИТЕ

ПРВ ДЕЛ: Видови на меѓулично доживување

4. Контрапункт на доживувањето

...Генијот на Достоевски е непогрешлив во својот зафат на контрапунктот на соништата, фантазиите, имагинациите и спомените. Сите негови романи обелоденуваат или наговестуваат истовремено учествување во овие модалитети. Не е лесно да се покаже ова на одреден пример, збиено. Ќе се обидеме тоа да го сториме, разгледувајќи го неговиот опис на Раскољников од почетокот на Злостор и казна и тоа во одредниците на сонот, фантазијата, имагинацијата, стварноста, се’ до моментот на убиството, вклучувајќи го и самото тоа.
Модалитетот „фантазија“ наспроти „имагинација“ јасно е покажан во Раскољников.
Ден во очи на убиството на старицата, Раскољников „сони грозен сон“. Тоа е долг, жив сон. Драстично ќе го скратиме.
„...Страшен сон сони Раскољников. Му се присони неговото детство, уште во неговиот мал варош. Нему му е – као – седум години и тој еден празничен ден, пред вечер се шета со својот татко вон градчето.“
Таткото и тој чекореа долж патот во правец на гробиштата, каде што се наоѓа гробовите на неговата баба и брат, кој умре во шестиот месец, а Раскољников не го ни запаметил. Минуваа крај меаната, која што ја поврзуваше со глетки на пијанство и насилство. Пред кафеаната се наоѓа гломазна руда, каква што вообичаено тегне крупен коњ-влекач.
„...Ама сега, чудна работа, во таква голема запрежна кола беше впрегнато мало, мршаво, темно селанско коњче, едно од оние  коишто – тој тоа често го виѓаваше – се измачуваат со некаков грамаден товар дрва или сено, нарочито кога колата ќе заглибат во тиња или во колосек, а притоа селаните така силно, така душмански ги бијат со бичеви, понекогаш по ноздрвите и по очите, што му е тешко да гледа и толку многу му е жал, што мајка му секогаш го трга од прозорецот... Но глеј, одненадеш станува голема галама: од кафеаната излегуваат со вика, со песни и балалајки, летва-пијани – некои крупни и тешки сељаци во црвени и сини кошули, со гунчиња кои се само префрлени преку рамо.
-Седнувајте, сите седнувајте! – вика еден млад со дебел врат  и со месесто, како пиперка црвено лице – сите ќе ве одвезам, седнувајте!
Сиротото коњче не е дорасната на задачата. Селаните тоа го сметаат како добра шега:
„...Наоколу светот во толпата такуѓере се смее: таква бедна кобила, па да полета со таков товар!“
Почнуваат да ја шибаат.
„Татао, тато – му вика малиот Раскољников на отецот – па што прават овие? Тато, го тепаат јадното коњче!
-Ајде, ајде! – му вели татко му – пијани се, па не знаат ни самите што прават, будали: ајде, немој да гледаш! – сака да го одведе, но тој се истргнува од неговите раце и како вон себе, трча кон коњчето. Меѓутоа, на бедното коњче веќе му е зло. Тоа не може да дише, застанува, пак се трза, само што не паднало.
-Удри ја, нека цркне! – вика Миколка, - тоа и’ е судено. Ќе ја убијам!
Шегата станува позлослутна како што Миколкиниот без расте. Вриска дека таа е негова сопственост.
„Што ти е гајле! Мое е кљусето. Што сакам тоа и ќе го сторам! Седнувајте уште! Сите седнувајте! Мора да потрча!“
Само седумгодишниот Раскољников чувствува грижа за старото кљусе.
„...Тој – малиот Родион Раскољников – трчи покрај кобилата, трча напред, гледа како ја шибаат преку очите, преку самите очи! И плаче. Срцето сака да му препукне, солзи му течат. Еден од оние што шибаат, го зафати со бичот преку лицето, тој не осеќа, гикрши рацете, вика, трчи кон седокосиот старец со бела брада, кој мафта со глава и сето тоа го осудува. Една селанка го зема за рака и сака да го одведе: но тој се истргнува и пак трча кон кобилата. Таа е веќе сосема клапната, ама уште еднашка почнува да фрла со копитата.
-А, ѓавол да те земе! – вика во јарост Миколка. Го фрла бичот, се ведне и дофаќа од дното на колата некоја долга и дебела „рукуница“, ја зграпчува со обете раце и со напрегање замавтнува над кобилата.
-Ќе ја смачка! – викаат од сите страни.
-Ќе ја убие.
-Моја е! – вика Миколка и со сета снага го удира живтинчето по грб. Тоа липсува со сиот свој заден дел, но сепак повторно поскокнува и трза, трза со своите последни сили на разни страни, мачејќи се како да се извлече; арно ама, од сите страни ја дочекуваат шест бичеви, а „рукуницата“ наново се крева и паѓа по трет пат, потем и по четврти, размномерно, со голем замав. Миколка е бесен што не може да ја убие со еден удар.
-Ама е жилава! – викаат од сите страни.
-Сега гарант ќе падне браќа, тука и’ е крајот!- вика од толпата еден љубител.
-Удри ја со секира, што тука... везден...! Треба да се сврши со неа еднаш за секогаш – вика трет.
-Ех, ѓавол да те носи! Тргајте се! – распомамено вика Миколка, ја фрла „ракуницата“, пак се наведнува во колата и дофаќа железен копач. Чувајте се! – вика он, јако замавнува и го млатнува јадното кљусенце. Ударот грмнува: кобилицата се залула, потклекнува, сака негде да тргне, но копачот одново со сета сила паѓа врз нејзиниот грб, и таа папсува на земја, како наеднаш да и’ ги потсекле сите четири нозе.
-Дотепајте ја! – вика Миколка и скокнува од колата, како да не знае за себе. Неколците од толпата, такуѓере црвени и пијани, грабат кој што може да дофати – бичеви, палки, „рукуница“ и трчаат кон кобилата кој издивнува. Миколка застанува од страна и почнува да ја удира со копачот по грбот кај ќе стигне. Кљусето ја истегнува главата, тешко воздивнува, умира.
-Ја уби! – вика толпата.
-А што не трчаше?
-Моја е! – вика Миколка, со копач во раката и за закрвавени очи. Стои и како да жали што повеќе нема кого да убие.
-Па, ти како да не си крстена душа! – викаат од толпата мноштво гласови...
А јадниот дечко веќе не знае за себа. Со вресок се протуркува низ масата до кобилицата, ја гушка нејзината мртва крвава глава и ја љуби, ја бакнува во очи, во уста... Потоа одненадеж скока и помамно се нафрла со тупаници врз Миколка. Во тој миг, неговиот татко, кој долго време го виеше, најпосле го фаќа и го изнесува од толпата.
-Ајде, ајде – му говори тој – ајде дома.
-Татичко, зошто тие  … јадно коњче… го убија! – липа момчето, но наеднаш му стана тешко да дише, зборовите со врисок му излегуваат  од стеснетите гради.
-Па, пијани се… не знаат што чинат… нас не не засега… ајде! Му вели татко му.
Он го прегрнува татка си со рацете, меѓутоа нешто му ги притиска градите, притиска. Сака да се издише, да викне, и – се буди…
Се буди сиот во пот, со коса мокра од зној, едвај дишејќи и се дига во страв.

-Фала Богу, тоа е само сон!

Saturday, August 13, 2016

Б. Павиќевиќ – Т. Никчевиќ: ЦРНА ГОРА ОД КРАЈОТ НА XVIII ДО ПОЧЕТОКОТ НА XX ВЕК

Д) Уставниот период во развитокот на Црна Гора од 1905 – 1918
1. Октроиран устав

а) Донесување на уставот
Непосредно после Берлинскиот конгрес Црна Гора се најде во значително проширени граници, со многубројни и разновидни внатрешни економски, политички и културни проблеми. Во такви услови, извесно време не било можно да се направи некаков порадикален скок во промената на државното уредување. Поготово бил невозможен преодот од еден наразвиен државен апарат кон парламентарен систем на владеење. Дотолку повеќе и концентрацијата на апсолутистичката власт и строгиот интервенционизам во сите области на општествениот живот биле неминовни. Књаз Никола обилно ги користел таквите околности и својот апсолутизам  го правдал со преките потреби за средување на повоените прилики, наидувајќи на поддршка не само на својата камарила, туку и на дел од стопанските и политичките кругови. Ползувајќи ги притоа и своите несомнени заслуги кои ги имал во надворешната и внатрешната политика, а посебно големите успеси во ослободителната војна 1876-1878 година, уживајќи притоа и особена благонаклоност на Русија, књаз Никола во првото доба после Берлинскиот конгрес можел релативно лесно да го парализира секое влијание на опозицијата.
Меѓутоа, со напредувањето на општествено-економскиот развој, кнежевиот апсолутизам се претворал во кочница на општествениот развиток, а опозиционото движење се’ повеќе станувало ем поостро ем помасовно. Опозицискиот покрет особено зел замав после реформите од 1902 г. кога и кнежевиот апсолутизам веќе изгубил скоро секаква општествена основа. Кнежевата позиција значително била уздрмана и со влошувањето на односите со Русија, која своето упориште во балканската политика го пренела кон Србија, односно врз нејзините радикалски прваци. Значително влијание на црногорските опозициони кругови имале и демократските реформи во Србија после мајскиот преврат. Нападот на кнежевиот апсолутизам станувал се’ поостер, а критиката на неговиот режим се’ попоразувачка. Промените во Србија имале истовремено и влијание и врз самиот књаз Никола. Прашањето за обединувањето на Србија и Црна Гора станале основно барање и на едната и на другата земја. Сметајќи на сопствената посебна улога во тој вопрос, књаз Никола увидел дека званична Црна Гора, со својот апсолутистички систем, значително губи во конкуренција со парламентарното уредување на Србија. Напаѓан од демократските сили во земјата и воопшто во круговите на југословенските културни, јавни и политички лица, како и под влијание на уставниот поредок во Русија, кнезот бил приморан на попуштање и се решил на донесување устав.
Подготовките за носење устав књаз Никола ги објавил на 5/18 октомври 1905 г. со своја прокламација, со која истовремено објавил и одржување избори за уставотворна скупштина.
Изборите на уставотворно собрание се одржани на 1/14 ноември 1905 г. Изборните единици се поклопувале со административните единици, па за уставотворната скупштина се бирале 56 делегати од капетаниите. Посебно се бирани посланици од 6 градови, што значи дека бирачите севкупно во уставотворното собрание изгласале 62 пратеници. Освен овие, во уставотворната скупштина влегле и 14 делегати според положбата. Се’ на се’, уставотворното собрание било составено од 76 пратеници. Изборите биле јавни, што битно влијаело врз изборот на делегатите од градовите и капетаниите. Најголем број депутати биле луѓе на високи позиции и тоа: 23 племенски капетани, 9 командири и подкомандири, 9 судии, 3 војводи, 2 обласни управители и двајца чиновници. Разбирливо, при таков состав на уставотворната скупштина, кнезот можел да смета на апсолутна поддршка.
Изработката на уставот е обавувана под директен надѕор на књаз Никола, а за репер е земен србијанскиот намеснички устав од 1869 г.
Уставотворното собрание е свикано и отворено на првата седница одржана на 6/19 декември 1905 г. позната под името Светиниколска скупштина. На седницата е прочитан кнежевиот акт за донесување и прогласување на уставот. Според тоа, црногорскиот устав од 1905 г. бил тн. Октроиран устав. Уставотворното собрание го примило уставот, кој врз основа на член 222 стапил на сила истиот ден (6/19 декември 1905 г.).

б) Државното уредување според уставот од 1905
Според чл. 1 од Уставот, Црна Гора е прогласена за наследна уставна монархија со народно претставништво (народно собрание). Со тоа е завршен долгиот период на апсолутистичко владеење во Црна Гора во која врховниот поглавар, шеф на државата (митрополит односно кнез) претставувал ексклузивен орган на власта, кој делувал исклучиво врз основа на својата воља, не регулирана со никакви прописи. Со донесувањето на уставот од 1905 г. со највисокиот земски законик, за прв пат, бидуваат востановени органи на државната власт и е регулирана нивната надлежност.

2. Органи на власта
По уставот од 1905 г. за највисоки органи на државната власт се прогласени кнезот, народното собрание и владата.

а) Кнез
Одредбите на уставот кои се однесуваат ана утврдување на положбата на кнезот се содржани во првите членови од 2 до 40. За надлежностите на кнезот се говори иво низа членови со кои се регулира уставната положба и правата на останатите органи (собрание, влада, Државен совет, Велик суд).
Со одредбите на чл. 2 на уставот, кнезот е поглавар на државата „и како таков ги има сите права на државната власт“. Неговата личност е неприкосновен и не била одговорна пред законот. Кнезот ја врши законодавната власт заедно со народното собрание. Тој ги потврдува и прогласува законите. Кнезот е врховен заповедник на земската оружана сила. Тој ја застапува земјата во сите односи со странски држави, прогласува рат и склучува договори за мир и за сојузи, па „му ги соопштува на Народното собрание, доколку интересите на земјата тоа го допуштаат“. Во надлежност на кнезот спаѓало и одобрување на буџетот. Кнезот поставувал и разрешувал министри, а министерскиот совет, според одредбите на уставот, стои непосредно под кнезот. Кнезот ги поставувал сите државни чиновници, доделувал војни чинови, ордени, титули и други одликувања, те имал исклучиво право на амнестија и помилување. Посебните права на кнезот се регулирани со чл. 17 со кој што кнезот ја свикува народната скупштина во редовен и вонреден пленум. Тој ги орвора и затвора седиците на собранието лично, со престолна беседа или со указ, односно со свое послание преку министерскиот совет. Кнезот полага заклетва стапувајќи на престол во народното собрание.
Со одредбите на уставот, кнежевската власт била наследна во династијата Петровиќ Његош. Кнезот го наследувал машки потомок според редот на порвородение.

б) Кнежевски намесници
Со одредбите на уставот, кнежевско намесништво е предвидено само во случај на смрт или абдикација на кнезот, кога неследникот е неполнолетен. Намесниците ги именувал кнезот со тестамент, напишан своерачно и потпишан во три примероци (еден за Државниот совет, еден за Великиот суд и еден за чуварот на државниот печат). На опачината на тестаменот требало да се потпишат сите членови на министерскиот совет. Доколку кнезот не одреди намесници, привремената кнежевска власт ја вршел министерскиот совет, кој бил обврзан во рок од еден месец да го свика собранието заради избор на наследник. Во тој случај, Кнегињата била еден од намесниците, а останатите два ги бирало собранието.

За време на малолетството на кнезот, не смееле да се вршат никакви корекции во уставот.

Wednesday, August 10, 2016

Жорже Амадо: ГОЛЕМА ЗАСЕДА темна страна

СЕЛО
Надоаѓа река, за малку да ја слиста Голема Заседа

7.
Водите, надојдени од силниот порој, растеа од изворот на Змиска река, надојдени како планина и се разлеваа. Тогаш реката се излеа од коритото, рикајќи како ѕвер и носејќи се’ пред себе. Иако од памтивек беше скротена со брегови, реката сега нив ги проби и поплавата ја проголта Голема Заседа. Стравотија, се сеќаваше подоцна Турчинот Фадул.
Во поплавената шума, преплашените животни бегаа на сите страни, ползејќи покрај стеблата, риејќи земја, во сеопшто бегање, каде што се беа измешале змии и јагуари, птици и мајмуни, диви свињи, оклопници и мравкојадци, а тропрстите мрзливци се преместуваа од гранка на гранка. Тие кои не беа избегале навреме, напразно се бореа со стихијата и набргу многубројни и разновидни мрши пливаа низ вода, диви ѕверки и домашни животни.
Ослушнувајќи го тресокот, оној што спиеше – се разбуди, а кој беше буден, очекувајќи го најстрашното, срипа на нозе, сите истрчаа на врата. Реката се разулаве како бесна, водата растеше од час в час и се ширеше, уништувајќи се’ на што ќе наидеше. На реката и’ се придружи и ветрот, со горопадни фиучења, збришувајќи го селото засекогаш. Во темницата се наѕираа човечки прилики, некои носеа фенери в рака, коишто веднаш се гасеа, другите извикуваа поздрави, наредби, повици за помош, што уште не: непогодата ги бришеше зборовите и светлината од петролејките. Ништо не се препознаваше освен застрашувачкото татнење на водата и морничавото беснеење на бурата.
Некој протрча, беше тоа столарот Луписинио, иташе кон мостот. Да не помислил можеби дека со раце ќе го потпре, а со тело ќе го одбрани? Приоѓаа изобличени жени од Брегот на Краставите Жаби. Се собра народ од Магарешкиот пат, сите се збраа на ледината, во метеж и ужас, среде повици и солзи. Никој не знаеше каде да тргне ни што да прави.
Појак од ужасот и очајот, гласот на Арапинот Фадул Абдул го загуши за час фиукањето на ветрот и беснеењето на водата. Со кренати тупаници го проколнуваше небото.

8.
Првата зграда која што се сруши и беше проголтана од водената стихија, стари јасли од слама, изгниена од други времиња, ги однесе со себе спомените на радосните и тажни настани. Кога се играше на подот од натапкана земја, цврст како од цемент, Турчинот Фадул користејќи се со кабаретски речник, ја нарекуваше накитена балска дворана. Зградата исто така служела и како коначиште за гоничите на стадата и за патниците кои тука палеа скара за да печат суво месо и да варат кафе. Се собираа тука за да играат карти: беше коцкарница, обложувалница, поприште на подвали и кавги, каде што често блескаа ножеви и ками. Беше дебатен и музички клуб: со догодовштини, сплетки, клевети, народни песни, звуци на гитара и тамбура, сретсела... Па беше амбуланта, каде што се одмараа болните на патот за Итабуна, во потрага за лекар и лек. Па и мртовечница, во која роднините и пријателите беа крај покојниците, сеќавајќи се на нивните добри страни, ама загреани со ракија...

9.
Со скапаните гранки и слама што ги носеше водата, многумина ги распознаа и работите на господинот Сисеро Моура: манжетните од целулоид, тврдиот околувратник, лептир-машната, кошулата и панталоните. Којзнае каде исчезна капутот и чизмите, предметите од вредност? Па и купувачот на какао, со глава и брада, уважен граѓанин, застапник на фирмата „Коифман & Циа“, каде ли замина? Ако спиел во јаслите, сигурно го навлекол капутот и чизмите, па излегол надвор да го гледа пропаѓањето на светот.

10.
Набргу после шталата, во матните води на реката, исчезнаа колибите на курвите, остатоците од шутот на бедните им страчари. И заедно со нив, онаа мизерија која тие скитнички ја поседуваа: сламарици и партали, искинати и прљави прекривки, грнчарија, лимени лончиња за различни намени, сиромашки алишта и дребулии.
На свое место остана единствено една барака од даски која своевремено била подигната по налог на капетанот Натариј де Фонсека, за смештај на Корока и Бернарда, првата ислужена маторица, другата млада девојка. Но, и таа беше поплавена, парталите од алишта и покуќнината исчезнаа во вртологот. Кутијата за керозин и бебешка колепка се разбија во парампарче од едно дрво, донесено од буицата.
Не остана цела ни бараката соградена за Епифанија, тогаш кога Црнкињата дојде во оваа Недојдија, онака сета мазна, а мажите од селото, на две-на три, ги засукаа ракавите и се зафатија за штиците и калта. Одолеваше малку повеќе од останатите, но најпосле се урна и се претвори во глиб. За момент исчезна курвинското сврталиште, од Брегот на Краставите Жаби остана само името.


11.
Штом го чу тресокот, Корока побрза дома и влезе, довикувајќи ја Бернарда. Не чекаше оваа да го испрати муштеријата, го зграпчи детето и излета надвор, цапајќи низ вода, свиткувана од ветерот. Излегувајќи, рече:
-Ојдов јас до капетанот, го зедов и Надињо. А ти побрзај.
Бернарда ја стаса на степеништето, сета задишана:
-Каква е оваа дождурина, кумо? Тоа уште не сум го видела...
Корока и’ го предаде детето:
-Камо среќа да е само дожд... Него е поплава, зарем не забележа?
-Бев зафатена. Каде одите сега?
Корока се сврте, Бернарда ја фати за рака: блатото им лизгаше под нозете, ветрот ги занесуваше:
-Зеферина пред малку се породи, идам да ги видам неа и малечката. Да помогнам колку можам.
Во подножјето на брдата се движеа неодредени прилики. На Бернарда не и’ паѓаше на ум да ја задржува старата, и’ ја пушти раката, го приви детето во прегратка и пред да се упати узбрдо рече:
-Ќе го оставам Надињо со кумата Зилда и се враќам кај вас.
-Подобро би ти било да останеш овде. Ќе треба некои работи да се направат.
-Можеби имате право.
Корока слегуваше по лизгавото степениште едвај одржувајќи рамнотежа, а Бернарда тргна узбрдо. Еди и’ доаѓаше во пресрет:
-Да ти помогнам. Дај ми го малиот. Мама те чека.
-Не треба. А ти кај си пошол?
-Одам да го оседлам магарето, тато е на „Аталаја“ и нема ппоим што се случува, морам да му јавам.
Слушнаа тресок на бараката што се сруши. Застана, обидувајќи се да разузнаат нешто во мракот, ветерот сечеше како брич. Еди сјури низ падината:
-Морам да летам!
Бернарда продолжи да се качува; детето кенкаше. Од правец на верандата се издвои Зилдината фигура, се упати итро кон Бернарда, ги рашири рацете и го прифати детето:
-Дај ми го моето дете.
Тек тогаш, кога се смести во кумовата куќа, Бернарда се стресе од страв од поплава, страв од смрт. Уште полошо: се уплаши од добрината, од одрекувањето на животот. Убаво Корока ја предупредуваше: кога проститутка ќе донесе дете на свет, едно од нив две мора да биде спремно на страдање. Или детето, кое расте среде блуд и разузданост на куплерајот, или мајката, располутена надве, со срцето вон градите.

12.
Збиднувањата, крупни и ситни, сите подеднакво важни, се одвиваа истовремено со неописива брзина, онака како што се разлеваа водите и надоаѓаа, прикривајќи ја целата долина и падините на ридовите. Ова единствено може да се мери со море – рече стариот Жерино, кој никогаш морето не говидел, но знаеше дека е бескрајно.
Напуштајќи ги своите живеалишта пред бесните надоаѓања на реката која се беше излеала од коритото, мештаните востановија дека водата веќ им допира до половина потколеници, па до колена, но не стигнаа ни да се зачудат затоа што водата продолжи да се искачува кон бутовите, па преоѓаше преку појасот, за да стигне до градите, а на најниските лица и до брада. Највисокиот водостој е измерен утрото, при неодредена светлост, како денот да се двоумеше да се раздени: водата допираше до Фадуловите гради. Луѓето сед повлекуваа во брдата, се нишаа уз камените скали до капетановата куќа.
Таа кошмарна ноќ стравот за малку не прерасна во паника. Едвај го сопреа, па беше можно нешто да се преземе пред водата да ја премавне просечната висина на возрасен човек. Како избезумени, курвите шпартаа помеѓу ковачницата и дуќанот, на сиот глас ги довикуваа Кастор и Фадул, а оние најслабите добиваа хистеричен напад и објавуваа смак на светот. Другото население поита на ледината да гледа со очи кои наскоро ќе ги проголта земја, страчарите на Магарешкиот пат исчезнуваа од час во час. Матицата носеше колиби и бараки како гнило овошје кое паѓа од дрво. Куќарките подигнати покрај брзата река, привремени скривалишта на луѓето кои тука доаѓаа без намера да се задржуваат, само да извршат некоја работа што ја наумиле – но тука пуштиле корења – и нив ги снема. Одолеаја само зградите од тврда градба – од камен, вар и цигла; обиколени со вода која надоаѓаше низ прозорците и вратите, исфрлувајќи ги домаќините надвор.
Отрпнати на страв, одважни и фалбаџии, навикнати да живеат заедно со дивите ѕверки и со змиите отровници, да предизвикуваат смрт на патиштата кои вријат од заседи, разбојници, револвераши, наеднаш се најдоа загрозени од виша сила, разбеснети води кои рушат куќи, носат животни, со луња која што корне дрва и ги крева во воздух – и не знаеја како да и’ се спротивстават, беа разоружани, немоќни. Огненото оружје – пиштоли, пушки, карабинки, како и ладното оружје – бодежи и ками – не вредеја ниту пребиена пара, беше потребна поинаква храброст.
Унеѕверени, колебливи, обесхрабрени, се тискаа околу Фадул, не знаејќи што да прават. А, имаше што да се прави, под услов да се соочат со ноовонастанатите прилики и да се согледаат последиците: доволно беше само да се осврнат околу себе, следејќи го заповедничкиот Турчинов став, кој стоеше пред нив со испружена рака. Фадул не се стеснуваше: штотуку му ја „скреса“ на Господ вистината в лице и беше подготвен на се’, па кај ќе пукне нека пукне.
Најпрво го поврати својот помошник Дурвалин и го стави в ред: тој драгуљ за малце не ја загуби главата и не се обрука. Кога ги здогледа работите на г-дин Сисеро Моура што ги носеше водата, сиот пребледе и почна да се тресе. Со ококорени очи, покажувајќи со прст на кошулата и пантоланите, почна да плаче како новороденче, со јасни симптоми на нервен напад, како курвите да не беа доволни. Под итно требаше да се отстрани тој лош пример, за останатите да не почнат да го имитираат, па да настане општа паника. Фадул не губеше време со „нагваждања“ и совети, та пристапи кон еден испробан лек: со сета сила ја прилепи својата рака на увото на оној шљам и почна да му вика:

-Држ’ се слабаку!

Saturday, August 6, 2016

Никола Киров Мајски: БИТКАТА НА МЕЧКИН КАМЕН

Сражението кај Мечкин Камен започна во 10 часот претпладне и траеше до вечерта. Во него земаа учество оклу 370 души бојци под главно командување на легендарниот војвода Питу Гулев. Одредот на Питу се делеше на 9 групи, а имено: една група под шефовство на војводата, а другите под тоа на следните селски милициони војводи: Ангеле Тасев од с. Света, Корун Блажев од с. Свето-Митрани, Ангеле Танушев од с. Бела Црква, Нове Јанкулов од с. Обршани, Нечо Трифунов и Тале Толев од с. Иваневци, Блаже Крстев од с. Бирино и Милан Ѓорлука с. Кривогаштани. Секретар на одредот беше Крсту Божинов, а негов помошник – Ставре Косте Андрееевски. Знаменосецот Георги Димов ги имаше за свои помошници Ванчу Томов (Оана) од Крушево и Нове Смугрев од с. Обршани.
Војводите Блаже Крстев со 40 души и Милан Ѓорлука со 120 души кривогавци имаа за задача да ја пресретнат настапувачките војски од кај с. Бирино – Трстеник: останатите војводи требаше да го пазат патот на Журечко – острилечкиот проод.
Кога Питу демонстративно го напушти заседанието на војводскиот совет и отиде со својата група кај одредот, веќе беа започнати битките на „Којов трн“, на „Кале“ и на „Св. Спас“. При с. Бирино, Блаже и Ѓорлука биле нападнати од многубројна војска и башибозук и биле принудени да се повлечат кон Црни врв, за да се присоединат кон Питуовиот одред; истото го направил и Нове Јанкулов, кој бил нападнат кај Острилешкото земјиште, а Нечо Трифунов, под притисок на силниот непријател, ги напуштил позициите при с. Журче и се установил кај манастирот Св. Атанас, арно ама непријателот не му дал можност да се окопити и го принудил да се дрпне уште погоре, каде што исто така се присоединил кон Питуовиот одред.
Питу се сретнал со групите што се прибирале накај него на месноста Мечкин Камен и наредил да се заземат згодни места из скалестото плато, кое во тој момент го оценил како најпогодна стратешка позиција. Таму војводата одржал пламена реч, ги потсетил другарите на дадената клетва и им препорачал да го запазат спокојството на духот, кое е најважен услов за продолжителност на бојот, те да стрелат само во нужда и само в месо, што пак е најважен предуслов најскапо да ја продадат својата крв и живот. Знаменосецот го раздиплил црвеното копринено знаме и го забил во земјата до себе си; крај него застанале двајцата помошници-знаменосци. После ова, сите се избакнале и зазеле погодни позиции. На средината залегнал војводата, а коњот си го врзал за едно дрво.
Турците бавно и систематично напредувале кон востаничките позиции од три страни – од кај Бирино, Журче и Острилци. Пред аскерот врвеле башибозучките команди. Последниве, штом го забележале знамето, започнале да викат „ура“, за да помислат востаниците дека им идат на помош другари од други реони, зашто другари не се пречекуваат со куршуми. Востаниците не подлегнале на таа уловка и спокојно го пречекувале нивното приближување, за да ги поздрават како врагови на Родината. Кога башибозуците достаточно се приближиле и се чула наредба да залегнат, Питу грмнал со малихерата. Тоа било знак за почнување на стрелбата. Вистаниците нанишаниле и го испукале првиот плотун. Ефикасниот оган ги смутил башибозузуците и тие почнат непоспокојно да се растекуваат и заземат позиции. Востаниците со вториот и третиот плотун ги смушиле уште повеќе, но и ги исплашиле и ги расколебале во нивната сила, поради што некои од нив удриле во бегство. Кога аскерот стасал на бојното поле, затекнала хаос среде башибозучките редови, меѓу кои се тркалале многу трупови на мртви и ранети. И додека војската и башибозукот ги отстапувале местата, востаниците спокојно им нанесувале порази та им го убивале куражот за борба. Првите успеси со крајна мерка ги окуражиле македонските бојци и со песни продолжила битката со многубројниот аскер. Смутот и стравот на башибозуците повлијаеле и на духот на војската од чиишто први редови почнало повлекување. Војводата восхитен од победничката борба, се исправил простум за да стрела по отстапувачкиот непријател. Еден куршум го откинал магацинот на неговата пушка, но тој не очајувал – се послужил со револверот маузер, додека не се снабдил со пушка од еден паднат другар. Аскерската трубата многу често свирела за атак, војската се втурнувала во нов „уџум“, но сепак била отфрлана назад. Чак вечерта околу 7 часот бојците забележале дека ќе бидат опколени од зад тилот, па се разбрало дека положбата е неодржливо и безнадежно. Сега веќе востаниците се бореле не за своето спасение, ами за што поскапо продавање на својот живот. Бојот бил ужасен и крвопролителен. Настапувачкиот непријател се приближил на 5-10 метра растојание. Кај чешмата паднал отепан знаменосецот. Веднага го заменил помошникот Нове Смугрев, кој исто паднал убиен со знамето в рака. Куршум ги пронижал градите на војводата. „Не бојте се“ извикал Питу „и продолжете со битката. Приберета ми ја пушката“. „А кој ќе ги прибере нашите?“ - запрашал еден од другарите. „Македонија“ – одговорил друг... Бојот продолжил со невидена жестокост и јарост. Кога Турците се приближиле на 2-3 метра растојание, востаниците инстиктивно искочиле и се втурнале напред, ама не со „ура“, туку со еден нечовечки рев и не на нож, ами на безумна саморасправа. Во еден миг, сразот се претворил во бој со голи раце: удари со кундаци, со ножеви и ками, удари со ранци и патрондаши, со матарки и појаси-упртачи, давење за гуша, гребење со нокти, гризење по лице и раце, борење во прашината, смачкување до изнемоштеност... борба на живот и смрт... Војската и востаниците така се изгужвале, што не се знаело всушност кој кого победува. Само се слушало р’жење, офкање, пиштење и пцуење на бугарски и турски. Пукотницата била сопрена, меѓутоа настапил целосен хаос...


Monday, August 1, 2016

Djuro Frankovic: GROMOVNIK SVETI ILIJA, PERUNOVA EPIKLEZA TE SVETI NIKOLA, VELESOVA EPIKLEZA

U ovom uratku citatelju dajem odgovor na pitanje kako je sveti Ilija poznat iz Starog zavjeta, u puckoj tradiciji: predajama, pjesmama, obicajima, poslovicama i izrekama dramskim igrama i slicno Hrvata i Srba nasljedio osobine poganskog glavnog boga Gromovnika Peruna. Isto tako nastojim odgonetnuti lik i funkcije svetog Nikole, nasljednika poganskog bozanstva smrti, zastitnika konja, rodilja, male djece.
Perun i Volos – Veles jedina su dva praslavenska boga cij se medjuodnos nize bar djelomice rekonstruirati. Oni stoje na suprotim stranama i medju njima vlada stalna napetost. Kao ishodiste svoga tumacenja koristim bjelorusku pricu o borbi izmedju Boga i Necistoga (Vraga) cijom analizom su se dosad vec bavili Dumezil, Ivanov, Toporov, Uspenski, Katicic i Belaj.
(Belaj, V. 1998:67)
To se sporio Bog s necistim:
-Ja cu te, kaze se, ubiti!
-A kako ces ti mene ubiti: ja cu se skloniti!
-Kamo?
-Pod covjeka!
-Ja cu covjeka ubiti, grijehe cu mu otpustiti, a tebe cu ubiti!
-A ja pod konja!
-Ja cu i konja ubiti; covjeka cu na mjestu otstetiti, a tebe ubiti!
-A ja cu se pod kravu skloniti!
-Ja cu i kravu ubiti, domacina cu na mjestu otstetiti, a tebe ubiti!
-A ja cu pod kucu!
-Ja cu i kucu spaliti; covjeka cu na mjestu otstetiti, a tebe ubiti!
-A ja cu se pod stablo skloniti: tamu ti mene neces ubiti!
-Ja cu drvo razbiti i tebe ubiti!
-No, ja cu se pod kamen skloniti!
-Ja cu i kamen razbiti, i tebe ubiti!
-No, eto, ja cu se kaze se, skloniti u vodu pod panj, pod kladu!
-No, tamo je tvoje mjesto, tamo si budi!
Eto, gdje god udari grom, to Bog i Necistoga bije.

Ovduje otslikani Bog ne moze biti krscanski Bog, nego je to poganski Bog Gromovnik, a Necisti bi u tom slucaju mogao biti bog Volos-Veles, bog stoke t.j. “skotii bog”.
(Belaj, V. 1998:68)
Kozmicki sukob izmedju sv. Ilije i Vraga u praslavenskom obrednom tekstu
U nize navedenim primjerima, osim varijante Bog-Ilija moze se uociti i varijanta Necisti-Vrag-Zmaj. To je vidljivo iz drugih dviju bjeloruskih inacica iste price: ”Eto tu na ovoj gori grom je Vraga ubio” i ”eto tu je grom ubio Zmaja. (Ivanov – Toporov 1974:76) navodi Belaj, V. 1998:68)
Lik sv. Ilije je folkloriziran, a poprimio je osobine poganskog boga groma Peruna.
Prema sokackoj predaji sa Vade pored Mohaca i samo rodjenje Ilije. Nedvojbeno, u liku svetog Ilije nazire se praslavenski bog groma Perun, dok je osobine njegova suparnika Volosa-Velesa nasljedio Vrag.
”Kad je Bog stvorio Adama, od blata ga napravio, kaze Vrag:
-Ja to mozem napraviti!
-Hajd, napravi! Kaze Bog.
Pravi vrag od blata coeka... ali ga nije mogo dic, al ni ga mogo ozivit!
Kaze Bog ovom coeku sto je Vrag pravio:
-Ilija, dizi se I udri svog oca di ga nadjes!
Sto je vrag pravio, tog je Bog digo.
Ope` ce Bog:
-Ilija, dizi se i udri svog oca! –oca, koga napravio od blata – digod ga nadjes!
Sad, kad grmi, Ilija uvik trazi svog oca, da ga moze ubit. A otac se sakriva pod drvlje… Dakle, grom pukne u drvo, no, pogodio Ilija svog oca, ali Vrag pobigne…
Kad Ilija svog oca ubije, onda ce biti kraj svita!”
(kazivao Ivan Kovac – Car, Vada – Mohac; pribiljezio Djuro Frankovic)

Slicna predaja je poznata i u Madjara:
”Gospodin Bog i Sotona su se nakon utemeljenja svijeta skupa divili ljepoti stvorenoga svijeta. Tada je Sotona ugledao covjeka u Raju. U njegovom srcu buknula je mrznja, a da bi se Gospodinu Bogo narugao u prasinu je nacrtao lik slican Adamu. Nazvao ga Ilijom te ga je htio ozivjeti:
Ilija, ustani!
Ali covjek od praha niti da se pomakne.
Na to je Gospodin Bog rekao:
-Ilija, ustani I gadjaj onoga koji te stvorio!
Na to je Ilija odmah ustao i na zapovijed Gospodina poceo je Sotonu gadjati gromom.
Od tog vreman postoji sijevanje i grmljavina. Stoga zitelji u Gyevi kazuju: ”Ilija se bori sa Sotonom”.
(Balint S. 3.1998:75)
U Srba i Makedonaca zapisane su slicne predje:
“Kad grom udara, onda kazu da sveti Ilija, po zapovjesti Bozjoj, gadja Djavla (uzvrdao se kao djavo ispred groma), zato govore da se ne valja krstiti kad grom puca, da ne bi Djavo u nevolji pobjegao pod krst, u koji grom nece udariti”. (Karadzic, V. st.1952, navodi Nodilo, N. 1981:143 i Belaj, V. 1998:73)
U makedonskom sazetom zapisu iz Velesa (nomen est omen, ”ime je znak” rekli su stari Latini) junaci su pomijenjeni. Zmej (zmaj) je djelatan gromovnikov pomocnik, dok je njegov zmajski suparnik neka lamnja (iz novogrckog preuzeto, u znacenju “duh, tvara”). Srodnost s hrvatskom (sokackom), madjarskom, bjeloruskom pricom vise je nego ocita.
“Sveti Ilija grmi sos kocijata. Zmejot frla ogin po lamnjata i ako se skrie lamnjata vo vesco: u covek, u kamen ili u sco da bilo, kje frli zmejot na tova mesto sos strela, sos ostrila od kamen i ako go pogodi, kje go tresci.”
(Sveti Ilija grmi s kocijom.) Zmaj (antropomorfni lik) baca oganj na lamnju (bice slicno nasem zmaju) i ako se lamnja skrie u nesto: u covjeka, u kamen ili u sto da bude, zmaj ce baciti na to mjesto strjelicu – s kamenom ostricom – i ako ga pogodi, tresnut ce ga.” (Matev, 1893:132, navodi Belaj, V.1988a:160, 1998:73-74)
U Gevgeliji i okolici ”kad grom tresne vjeruju da je sveti Ilija tada ubio lamnju” (Tanovic, S. Srpski etnografski zbornik, knj. XL, str. 432 navodi Djordjevic, T. 1958:107)
...

(Web objava: 22.02.2007)

Весна Парун: СОЗОПОЛ

Задријемао и погрбљен у својјим рибарским прњама
Тај градиќ привезан уз обалу
Као уплашен једрењак
Шкољка пуна траве у дрвеној куќи зиме

Његова је фантазија запослена морем: дању и ноќу
Слушају смеѓи чинари увијек исти шум
Што подсеќа на давно
Прохујали топот

Ту су се громови скаменили и направили увале
У које су високе амфоре
Просуле жути пијесак.
Мртва жала широке ливаде од погашеног креча
Заустављају јуришање
Слијепих дракона
Црноморских
Поштених да се наслаѓују на празним степеништама осеке
Птицама и раслињем
Овог блиједог и малозбуњеног
Неароматичног југа

Доѓите звијезде да видите ово море
Које је за тренутак заборавило себе
И урезало град
као мелодију

На расклиманом подножју

Старе харфе.