ПРВ ДЕЛ: Видови на меѓулично доживување
4. Контрапункт на доживувањето
...Генијот на Достоевски е непогрешлив во својот зафат на контрапунктот на соништата, фантазиите, имагинациите и спомените. Сите негови романи обелоденуваат или наговестуваат истовремено учествување во овие модалитети. Не е лесно да се покаже ова на одреден пример, збиено. Ќе се обидеме тоа да го сториме, разгледувајќи го неговиот опис на Раскољников од почетокот на Злостор и казна и тоа во одредниците на сонот, фантазијата, имагинацијата, стварноста, се’ до моментот на убиството, вклучувајќи го и самото тоа.
4. Контрапункт на доживувањето
...Генијот на Достоевски е непогрешлив во својот зафат на контрапунктот на соништата, фантазиите, имагинациите и спомените. Сите негови романи обелоденуваат или наговестуваат истовремено учествување во овие модалитети. Не е лесно да се покаже ова на одреден пример, збиено. Ќе се обидеме тоа да го сториме, разгледувајќи го неговиот опис на Раскољников од почетокот на Злостор и казна и тоа во одредниците на сонот, фантазијата, имагинацијата, стварноста, се’ до моментот на убиството, вклучувајќи го и самото тоа.
Модалитетот
„фантазија“ наспроти „имагинација“ јасно е покажан во Раскољников.
Ден во очи на
убиството на старицата, Раскољников „сони грозен сон“. Тоа е долг, жив сон.
Драстично ќе го скратиме.
„...Страшен сон
сони Раскољников. Му се присони неговото детство, уште во неговиот мал варош. Нему
му е – као – седум години и тој еден празничен ден, пред вечер се шета со
својот татко вон градчето.“
Таткото и тој
чекореа долж патот во правец на гробиштата, каде што се наоѓа гробовите на
неговата баба и брат, кој умре во шестиот месец, а Раскољников не го ни
запаметил. Минуваа крај меаната, која што ја поврзуваше со глетки на пијанство
и насилство. Пред кафеаната се наоѓа гломазна руда, каква што вообичаено тегне
крупен коњ-влекач.
„...Ама сега,
чудна работа, во таква голема запрежна кола беше впрегнато мало, мршаво, темно
селанско коњче, едно од оние коишто –
тој тоа често го виѓаваше – се измачуваат со некаков грамаден товар дрва или
сено, нарочито кога колата ќе заглибат во тиња или во колосек, а притоа
селаните така силно, така душмански ги бијат со бичеви, понекогаш по ноздрвите
и по очите, што му е тешко да гледа и толку многу му е жал, што мајка му
секогаш го трга од прозорецот... Но глеј, одненадеш станува голема галама: од кафеаната излегуваат со вика, со песни
и балалајки, летва-пијани – некои крупни и тешки сељаци во црвени и сини
кошули, со гунчиња кои се само префрлени преку рамо.
-Седнувајте, сите
седнувајте! – вика еден млад со дебел врат
и со месесто, како пиперка црвено лице – сите ќе ве одвезам, седнувајте!
Сиротото коњче не
е дорасната на задачата. Селаните тоа го сметаат како добра шега:
„...Наоколу
светот во толпата такуѓере се смее: таква бедна кобила, па да полета со таков товар!“
Почнуваат да ја
шибаат.
„Татао, тато – му
вика малиот Раскољников на отецот – па што прават овие? Тато, го тепаат јадното
коњче!
-Ајде, ајде! – му
вели татко му – пијани се, па не знаат ни самите што прават, будали: ајде, немој да гледаш! – сака да го
одведе, но тој се истргнува од неговите раце и како вон себе, трча кон коњчето.
Меѓутоа, на бедното коњче веќе му е зло. Тоа не може да дише, застанува, пак се
трза, само што не паднало.
-Удри ја, нека
цркне! – вика Миколка, - тоа и’ е судено. Ќе ја убијам!
Шегата станува
позлослутна како што Миколкиниот без расте. Вриска дека таа е негова
сопственост.
„Што ти е гајле!
Мое е кљусето. Што сакам тоа и ќе го сторам! Седнувајте уште! Сите седнувајте!
Мора да потрча!“
Само
седумгодишниот Раскољников чувствува грижа за старото кљусе.
„...Тој – малиот
Родион Раскољников – трчи покрај кобилата, трча напред, гледа како ја шибаат
преку очите, преку самите очи! И плаче. Срцето сака да му препукне, солзи му
течат. Еден од оние што шибаат, го зафати со бичот преку лицето, тој не осеќа,
гикрши рацете, вика, трчи кон седокосиот старец со бела брада, кој мафта со
глава и сето тоа го осудува. Една селанка го зема за рака и сака да го одведе: но тој се истргнува и пак трча кон
кобилата. Таа е веќе сосема клапната, ама уште еднашка почнува да фрла со копитата.
-А, ѓавол да те
земе! – вика во јарост Миколка. Го фрла бичот, се ведне и дофаќа од дното на
колата некоја долга и дебела „рукуница“, ја зграпчува со обете раце и со
напрегање замавтнува над кобилата.
-Ќе ја смачка! –
викаат од сите страни.
-Ќе ја убие.
-Моја е! – вика
Миколка и со сета снага го удира живтинчето по грб. Тоа липсува со сиот свој
заден дел, но сепак повторно поскокнува и трза, трза со своите последни сили на
разни страни, мачејќи се како да се извлече; арно ама, од сите страни ја дочекуваат шест бичеви, а
„рукуницата“ наново се крева и паѓа по трет пат, потем и по четврти,
размномерно, со голем замав. Миколка е бесен што не може да ја убие со еден
удар.
-Ама е жилава! –
викаат од сите страни.
-Сега гарант ќе
падне браќа, тука и’ е крајот!- вика од толпата еден љубител.
-Удри ја со
секира, што тука... везден...! Треба да се сврши со неа еднаш за секогаш – вика трет.
-Ех, ѓавол да те
носи! Тргајте се! – распомамено вика Миколка, ја фрла „ракуницата“, пак се
наведнува во колата и дофаќа железен копач. Чувајте се! – вика он, јако
замавнува и го млатнува јадното кљусенце. Ударот грмнува: кобилицата се залула, потклекнува, сака негде да
тргне, но копачот одново со сета сила паѓа врз нејзиниот грб, и таа папсува на
земја, како наеднаш да и’ ги потсекле сите четири нозе.
-Дотепајте ја! –
вика Миколка и скокнува од колата, како да не знае за себе. Неколците од
толпата, такуѓере црвени и пијани, грабат кој што може да дофати – бичеви,
палки, „рукуница“ и трчаат кон кобилата кој издивнува. Миколка застанува од страна
и почнува да ја удира со копачот по грбот кај ќе стигне. Кљусето ја истегнува
главата, тешко воздивнува, умира.
-Ја уби! – вика
толпата.
-А што не трчаше?
-Моја е! – вика
Миколка, со копач во раката и за закрвавени очи. Стои и како да жали што повеќе
нема кого да убие.
-Па, ти како да
не си крстена душа! – викаат од толпата мноштво гласови...
А јадниот дечко
веќе не знае за себа. Со вресок се протуркува низ масата до кобилицата, ја
гушка нејзината мртва крвава глава и ја љуби, ја бакнува во очи, во уста...
Потоа одненадеж скока и помамно се нафрла со тупаници врз Миколка. Во тој миг,
неговиот татко, кој долго време го виеше, најпосле го фаќа и го изнесува од
толпата.
-Ајде, ајде – му
говори тој – ајде дома.
-Татичко, зошто
тие … јадно коњче… го убија! – липа
момчето, но наеднаш му стана тешко да дише, зборовите со врисок му
излегуваат од стеснетите гради.
-Па, пијани се…
не знаат што чинат… нас не не засега… ајде! Му вели татко му.
Он го прегрнува
татка си со рацете, меѓутоа нешто му ги притиска градите, притиска. Сака да се
издише, да викне, и – се буди…
Се буди сиот во
пот, со коса мокра од зној, едвај дишејќи и се дига во страв.
-Фала Богу, тоа е
само сон!
No comments:
Post a Comment