Д) Уставниот период во развитокот на Црна Гора од 1905 –
1918
1. Октроиран устав
а) Донесување на уставот
Непосредно после
Берлинскиот конгрес Црна Гора се најде во значително проширени граници, со
многубројни и разновидни внатрешни економски, политички и културни проблеми. Во
такви услови, извесно време не било можно да се направи некаков порадикален
скок во промената на државното уредување. Поготово бил невозможен преодот од
еден наразвиен државен апарат кон парламентарен систем на владеење. Дотолку
повеќе и концентрацијата на апсолутистичката власт и строгиот интервенционизам
во сите области на општествениот живот биле неминовни. Књаз Никола обилно ги
користел таквите околности и својот апсолутизам
го правдал со преките потреби за средување на повоените прилики,
наидувајќи на поддршка не само на својата камарила, туку и на дел од
стопанските и политичките кругови. Ползувајќи ги притоа и своите несомнени
заслуги кои ги имал во надворешната и внатрешната политика, а посебно големите
успеси во ослободителната војна 1876-1878 година, уживајќи притоа и особена
благонаклоност на Русија, књаз Никола во првото доба после Берлинскиот конгрес
можел релативно лесно да го парализира секое влијание на опозицијата.
Меѓутоа, со
напредувањето на општествено-економскиот развој, кнежевиот апсолутизам се
претворал во кочница на општествениот развиток, а опозиционото движење се’
повеќе станувало ем поостро ем помасовно. Опозицискиот покрет особено зел замав
после реформите од 1902 г. кога и кнежевиот апсолутизам веќе изгубил скоро
секаква општествена основа. Кнежевата позиција значително била уздрмана и со
влошувањето на односите со Русија, која своето упориште во балканската политика
го пренела кон Србија, односно врз нејзините радикалски прваци. Значително
влијание на црногорските опозициони кругови имале и демократските реформи во
Србија после мајскиот преврат. Нападот на кнежевиот апсолутизам станувал се’
поостер, а критиката на неговиот режим се’ попоразувачка. Промените во Србија
имале истовремено и влијание и врз самиот књаз Никола. Прашањето за
обединувањето на Србија и Црна Гора станале основно барање и на едната и на
другата земја. Сметајќи на сопствената посебна улога во тој вопрос, књаз Никола увидел дека званична
Црна Гора, со својот апсолутистички систем, значително губи во конкуренција со
парламентарното уредување на Србија. Напаѓан од демократските сили во земјата и
воопшто во круговите на југословенските културни, јавни и политички лица, како
и под влијание на уставниот поредок во Русија, кнезот бил приморан на попуштање
и се решил на донесување устав.
Подготовките за носење устав књаз Никола ги објавил на 5/18 октомври 1905 г. со своја
прокламација, со која истовремено објавил и одржување избори за уставотворна
скупштина.
Изборите на
уставотворно собрание се одржани на 1/14 ноември 1905 г. Изборните единици се
поклопувале со административните единици, па за уставотворната скупштина се
бирале 56 делегати од капетаниите. Посебно се бирани посланици од 6 градови,
што значи дека бирачите севкупно во уставотворното собрание изгласале 62
пратеници. Освен овие, во уставотворната скупштина влегле и 14 делегати според
положбата. Се’ на се’, уставотворното собрание било составено од 76 пратеници.
Изборите биле јавни, што битно влијаело врз изборот на делегатите од градовите
и капетаниите. Најголем број депутати биле луѓе на високи позиции и тоа: 23
племенски капетани, 9 командири и подкомандири, 9 судии, 3 војводи, 2 обласни
управители и двајца чиновници. Разбирливо, при таков состав на уставотворната
скупштина, кнезот можел да смета на апсолутна поддршка.
Изработката на
уставот е обавувана под директен надѕор на књаз Никола, а за репер е земен
србијанскиот намеснички устав од 1869 г.
Уставотворното
собрание е свикано и отворено на првата седница одржана на 6/19 декември 1905
г. позната под името Светиниколска скупштина. На седницата е прочитан кнежевиот
акт за донесување и прогласување на уставот. Според тоа, црногорскиот устав од
1905 г. бил тн. Октроиран устав. Уставотворното собрание го примило уставот,
кој врз основа на член 222 стапил на сила истиот ден (6/19 декември 1905 г.).
б) Државното уредување според уставот од 1905
Според чл. 1 од
Уставот, Црна Гора е прогласена за наследна уставна монархија со народно
претставништво (народно собрание). Со тоа е завршен долгиот период на
апсолутистичко владеење во Црна Гора во која врховниот поглавар, шеф на
државата (митрополит односно кнез) претставувал ексклузивен орган на власта,
кој делувал исклучиво врз основа на својата воља, не регулирана со никакви
прописи. Со донесувањето на уставот од 1905 г. со највисокиот земски законик, за
прв пат, бидуваат востановени органи на државната власт и е регулирана нивната
надлежност.
2. Органи на власта
По уставот од
1905 г. за највисоки органи на државната власт се прогласени кнезот, народното
собрание и владата.
а) Кнез
Одредбите на
уставот кои се однесуваат ана утврдување на положбата на кнезот се содржани во
првите членови од 2 до 40. За надлежностите на кнезот се говори иво низа
членови со кои се регулира уставната положба и правата на останатите органи
(собрание, влада, Државен совет, Велик суд).
Со одредбите на
чл. 2 на уставот, кнезот е поглавар на државата „и како таков ги има сите права
на државната власт“. Неговата личност е неприкосновен и не била одговорна пред
законот. Кнезот ја врши законодавната власт заедно со народното собрание. Тој
ги потврдува и прогласува законите. Кнезот е врховен заповедник на земската
оружана сила. Тој ја застапува земјата во сите односи со странски држави,
прогласува рат и склучува договори за мир и за сојузи, па „му ги соопштува на
Народното собрание, доколку интересите на земјата тоа го допуштаат“. Во
надлежност на кнезот спаѓало и одобрување на буџетот. Кнезот поставувал и
разрешувал министри, а министерскиот совет, според одредбите на уставот, стои
непосредно под кнезот. Кнезот ги поставувал сите државни чиновници, доделувал
војни чинови, ордени, титули и други одликувања, те имал исклучиво право на
амнестија и помилување. Посебните права на кнезот се регулирани со чл. 17 со
кој што кнезот ја свикува народната скупштина во редовен и вонреден пленум. Тој
ги орвора и затвора седиците на собранието лично, со престолна беседа или со
указ, односно со свое послание преку министерскиот совет. Кнезот полага
заклетва стапувајќи на престол во народното собрание.
Со одредбите на
уставот, кнежевската власт била наследна во династијата Петровиќ Његош. Кнезот
го наследувал машки потомок според редот на порвородение.
б) Кнежевски намесници
Со одредбите на
уставот, кнежевско намесништво е предвидено само во случај на смрт или
абдикација на кнезот, кога неследникот е неполнолетен. Намесниците ги именувал
кнезот со тестамент, напишан своерачно и потпишан во три примероци (еден за
Државниот совет, еден за Великиот суд и еден за чуварот на државниот печат). На
опачината на тестаменот требало да се потпишат сите членови на министерскиот
совет. Доколку кнезот не одреди намесници, привремената кнежевска власт ја
вршел министерскиот совет, кој бил обврзан во рок од еден месец да го свика
собранието заради избор на наследник. Во тој случај, Кнегињата била еден од
намесниците, а останатите два ги бирало собранието.
За време на
малолетството на кнезот, не смееле да се вршат никакви корекции во уставот.
No comments:
Post a Comment