Monday, August 29, 2016

Предраг Враницки: ИСТОРИЈА НА МАРКСИЗМОТ

Петти дел МАРКСИЗМОТ ВО СОВРЕМЕНИОТ ПЕРИОД

ВТОР ОДДЕЛ
Кина и марксизмот
Второ поглавје
КОНЦЕПЦИЈА И ПРАКСА ПО ОРУЖЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

...За развојот на културната револуција најзначајна била седницата во август 1966 г. кога ЦК КПК донела заклучок за „голема пролетерска културна револуција“ во форма на на 16 тези. Карактеризирајќи ги Маовите противници како оние кои подлегнуваат на буржоаската идеологија и како луѓе од власта кои одат „по капиталистички пат“, тезите бараат нивна јавна критика, особено преку „ѕидни новини со големи букви“. Тезите, природно, се потпираат врз Маовата концепција и во неговите ставови се гледа решение на целиот проблем. Оттаму и посебниот акцент кон масите, а не кон партијата или државната организација, кон масите кои во текот на револуционерната пракса ќе се одгледуваат. Наведувајќи дека треба одлучно да се тера класната линија на партијата, се истакнувало дека револуцијата не може да биде блага, доброќудна, воспитана и воздржлива, та дека не треба да се има бојазност од нереди. Со обѕир на настанатите противречности, истите треба да се решаваат во народот. Нормално дека во масите постојат различни мислења и контроверзи, кои мора да се решаваат со дискусија, при што малцинството, која има друго мислење, не смее да се присилува да го смени мислењето. Малцинството мора да се штити, оти често кај него се наоѓа вистината. Нагласувајќи ја важноста на кадрите и нивното диференцирање според степенот на позитивна и негативна активност, тезите посебно нагласуваат дека групите, комитетите и конгресите на културната револуција мора да останат перманентни организации на масите и дека треба да се уведе изборен систем, како и право на критика и сменливост, по примиерот на Париската комуна. Деветата теза дословна гласела вака:
„Во текот на Големата пролетерска револуција културна револуција настапија многу работи. При многу школи и воени единици, од страна на масите створените групи и комитети на Културната револуција и други форми на организација, се нешто сосема ново и од големо историско значење.
Групите, комитетите и конгресите на Културната револуција се извонредни нови организациони форми, во кои масите, под водството на Комунистичката партија, сами се одгледуваат. Тие се вонреден мост преку кој нашата партија одржува тесен контакт со масите. Тие се органи на власта на Пролетерската културна револуција.
Борбата на пролетаријатот против сите стари идеи,обичаи и навики наследени од сите експлоататорски класи во минатите милениуми и против нивната стара култура, нужно ќе трае многу многу долго. Поради тоа, групите, комитетите и конгресите на Културната револуција треба да бидат не привремени организации, него перманентно стални масовни организации. Тие не се прикладни само за униврзитетите, школите и уредите, туку во суштина и за фабриките, рудниците, другите претпријатија, градските дистрикти и селата...“
Тезите понатаму говорат за формите на настава, реформата на студирањето, прашањето за критика против реакционерните академски авторитети и буржоаските влијанија, внимателниот однос кон научниците, техничарите и функционерите, како и за поврзувањето на групите од културната револуција со движењето за социјалистички одгој на село и во град. Тезите такуѓере нагласуваат дека револуцијата треба цврсто да ссе држи в раце за да би се поттикнало производството, да се револуционира идеологијата и на тој начин – подобрил целокупниот труд. Културната револуција во армијата треба да се спроведува според упатството на Воената комисија при Централниот Комитет и на Политичкиот отсек на војската – што само покажува дека процесите во армијата не им се препуштале на случајностите и непредвидливите текови.16-тата теза укажува на учењето на Мао Це Тунг, како основен патоказ во Големата културна пролетерска револуција.
Така тезите, иако донесени на седница на ЦК КП Кина, беа доволна основа за акција против институционалните сили на партијата и државата, кои во основа, претставуваа опозиција на Маоцетунговата концепција за политика на меѓународен и национален план. За процесот на масовна критика на тогашната номенклатура уште повеќе да се овозможи, во септември 1966 г. владата носи декрет за слободата, каде било формулирано дека е дозволено застапување на секакво мислење, дека секој може да го изрази сопственото мнение, дека собирањата од секаков вид биле дозволени и дека е дозволено објавување на ѕидни новни. Со тоа била отворена вратата за полн развиток на масовниот покрет и на јавна критика, која често имала немил и насилен облик. Тој бил споив само со една таква општествена структура и психологија, која коренито се разликува од нашата, европската. Понижувањето на одредени личности, кои дотогаш играле највидна улога во општествениот живот на Кина биле честа појава; исто така и примитивно-нихилистички однос према бројни културни тековини, кои само во психологијата на фанатизмот, може да се отфрлуваат како буржоаски продукти.
Од исклучително значење за натамошниот развој на културната револуција и општествената транформација биле случувањата во Шангај. Веќе во декември е издаден проглас на една работничка група тн. Десет точки на работничкото малцинство, во кои се нагласува потребата од придржување кон програмата од 16 точки, особено во врска со поттикнување на производството, поврзувањето на студентите, учениците, работниците и селаните, те нивно меѓусебно пре-воспитување, потоа контрола на паричните издатоци, забрана за запоседнување на капиталистички станови, што и’ се препуштили на градската управа. Меѓутоа, осмата точка, изискува да се зацврсти диктатурата на пролетаријатот, па во таа насока полицијата мора да го затвори  секого што е против Мао Це Тунг, Лин Пијао и групата на ЦК за спроведување на културната револуција. Вакво барање секако одударал од демократските прогласи на ЦК и владата од крајот на 1966.
Кратко потоа, во почетокот на јануари 1967, упатен е Итен апел, во кој се повикуваат сите работници, функционери и ученици, кои во други делови на земјата разменувале револуционерни искуства, веднаш да се вратат во Шангај, за Големата културна револуција успешно да се спроведе, но и да се исполни производствениот план за 1967 г.; во тој апел се поништуваат сите дозволи за напуштање на работното место заради размена на искуство; се бара стриктно штедење и прудентно располагање со финансиските средства; повторно се акцентира и бара поврзување на студентите, учениците, работниците и селаните; се забранува завземање јавни згради, а конфискуваните згради на капиталистите се стават во сопственост на целиот народ под управа на градот; се нагласува јакнењето на диктатурата на пролетаријатот со барање да се апсат сите оние кои се против Мао Це Тунг и неговата група. Апелот завршува со тоа дека секој кој ќе работи против наведените барања ќе се смета за саботер на Големата револуција и ќе биде казнет.
Природно, Мао Це Тунг обата документи го прогласуваат за узор на понатамошните активности. Во самиот Шангај, се’ уште траела борбата меѓу радикалните приврзаници на културната револуција и партискиот апарат, која што под се’ поголемиот притисок на „црвената гарда“ и на „револуционерните бунтовници“, во почетокот на фебруари 1967 доведува до слом на старата власт и воспоставување нова тн. „три во едно“ – револуционерен комитет на Шангај. Новиот орган на власт се состоел од револуционерни бунтовници, партиски кадар и армиски преставник. Кратко потоа, веќе и уводникот на партискиот централен лист пишува: „Претседателот Мао укажува на следново: во оние подрачја и институции, во кои заземањето на власта е нужно, мора да се спроведе политика на револуционерна ’поврзаност на тројцата’ и да се основа револуционерен репрезентативен провизорен орган на власта со пролетерски авторитет. Би било добро тој орган да се нарече револуционерен комитет. Провизорниот орган на власта на револуционерната ’поврзаност на тројцата’ се состои од одговорни и револуционерни масовни организации, кои застапуваат стварно широки маси, застапници на гарнизони на народносолобителната армија и водечки револуционерни функционери. Ниедна од трите страни не смее да недостасува. Исто така, би било криво улогата на оваа или онаа страна да се превиди или потцени.“
Со тоа конечно била пронајдена формула на новата власт, што воедно значело дека старата партиска власт била радикално ограничена и заправо престанала да постои. Лиу-Шао-Чиевата линија била поразена. Иако борбите сеуште траеле, иако требало уште доста време новиот облик на власта да продре во сите крашита на земјата, судбината на Маоцетунговата опозиција била решена.

No comments:

Post a Comment