ДЕЛОТ ЗА
ЗЛОСТОРСТВАТА
:Како изгледа совршена жена? Висока е половина метар, со големи уши,
сплескана глава, без заби и многу грда. Зошто? Па, половина метар за да ти биде
точно до појасот, момче, со големи уши за да можеш лесно да управуваш со неа, со
сплескана глава за да имаш каде да си го оставиш пивото, без заби за да не те
повреди, а многу грда за ниеден кучкин син да не посака да ти ја земе. Некои се
смееја на тоа. Други само ќе продолжеа да ги јадат јајцата и да пијат кафе. И
потоа раскажувачот на првата шега ќе продолжеше. Ќе речеше: Зошто жените не
умејат да скијаат? Тишина. Па затоа што во кујната никагаш не врне снег. Некои
не го разбираа тоа. Повеќето од полицајците никогаш во животот не скијале. Каде
да скија човек среде пустина? Некои сепак се смееја. А раскажувачот на шегите
ќе речеше: Да ве видиме, јунаци,
како ќе ја дефинирате жената. Тишина. А одговорот: Па тоа ви е збир од повеќе или помалку
организирани клетки во околината на вагината. А потоа некој ќе се насмееше,
обично еден инспектор кој ќе речеше: Добра ти е оваа, Гонзалес, збир на
клетки, токму така. А потоа следуваше другата шега, интернационална: Зошто Статуата
на слободата е жена? Затоа што светилник може да стават само во празна глава. И
уште една: На колку делови се дели женскиот мозок? Па, тоа зависи момци! Од што зависи
Гонзалес? Зависи колку добро ја тепаш. И една срамна: Зошто жените не можат да бројат до
седумдесет? Затоа што кога ќе стигнат до 69 устата веќе им е полна. И една,
уште полута: Што е поглупаво од глупав маж?
(Оваа беше лесна.) Паметна жена. И уште полута: Зошто мажите не им ги зајмуваат
автомобилите на жените? Затоа што нема асфалтиран пат од дневната соба до
кујната. И уште една, слична: Што прави жената надвор од кујната. Чека да се
исуши подот. И една варијација на истата тема: Како го нарекуваме невронот во женскиот мозок? Турист. А потоа истиот
инспектор кој се смееше претходно, ќе се насмееше повторно и ќе речеше: Одлично,
Гонзалес, многу инспиративно – турист, многу инспиративно. А неуморниот
Гонзалес ќе продолжеше: Како би ги избрал трите најглупави жени на
светот? Секако, по случаен избор! Сеедно е која ќе ја одбереш! И: Како да се
зголеми женската слобода? Да и’ се даде поголема кујна на жената. И: Како уште повеќе
да се зголеми женската слобода? Да се купи пегла со подолг кабел.
...
(Превод од шпански
Катерина Јосифоска
Издавачки центар
Три – Скопје 2015г.)
No comments:
Post a Comment