ЗОШТО СУМ ТОЛКУ МУДАР
3.
Тој двоен низ од
искуства, таа проодност во, на прв поглед, раздвоени светови, во секој поглед
се повторува во мојата природа. Јас сум дупли (ein Doppelganger), го имам и „другото“ лице сем првото.
Можеби и трето... Со самото мое потекло ми е дадено да гледам од онаа страна на
сите, само локално и само национално, дадени перспективи, не ме кошта никаков
напор да бидам „добар Европеец“. Од друга страна, можеби сум погермански него
што тоа би можеле да бидат сегашните Германци, чистите Германци на царството –
јас, последниот антиполитички
Германец.. Па сепак, моите предци биле полски благородници. Оттаму ми се во
телото многуте расни инстинкти – кој знае? – најпосле, дури и liberum veto. Штом се сетам како патем ми се обраќаат како на
Пољак, чак и Пољаците, како ретко ме сметаат за Германец, би можело да изгледа
дека припаѓам единствено на оние покрстени
Германци.
Но, мојата мајка
Франциска Елер, секако изразита Германка, како и мојата баба од таткова страна
Ердмута Краузе. Послeднава сета своја младост ја проживеала среде добриот стар
Вајмар, не без врска со Гетеовиот круг. Нејзиниот брат Краузе, професор на
теологија во Кенигзберг, после Хердеровата смрт, бил повикан како генерален
суперинтендант во Вајмар. Не е невозможно нејзината мајка – мојата прабаба – да
се наоѓа во дневникот на младиот Гете под името „Мутген“. Се омажила по вторпат
за суперинтендатот Ниче во Ајленбург; се породила на 10. октомври, на денот на големата воена година 1813, кога
Наполеон со својот генералштаб влегол во Ајленбург. Како Саксонка, била голема
почитувателка на Наполеон, па би можело да биде тоа да сум и јас. Мојот татко, роден 1813,
умрел во 1849. Пред да ја преземе парохијата во оптина Рекен, недалеку од
Лицен, живеел неколку години во алтенбуршкиот замок и таму поучувал 4 принцези.
Неговите ученички биле кралицата од Хановер, великата кнегиња Константин,
великата војвоткиња од Олденбург и принцезата Тереза од Саксен-Алтенбург. Тој
бил полн со длабоко побожно почитување спрема прускиот крал Фридрих Вилхелм IV, од кого ја добил и својата парохија; настаните во 1848 година претерано го
разжалостиле. Роден на роденденот на споменатиот крал 15 октомври, јас добив –
како што е и право – хоенцолернски имиња Фридрих
Вилхелм. Во секој случај, изборот на овој ден имаше предност со тоа што, во
текот на целото мое детство, роденденот ми паѓаше на празник. – Сметам дека сум
бил извонредно повластен имајќи таков татко: ми се чини дека со тоа се објаснуваат и сите
повластици што ги имам – не сметајќи
го животот. Да на животот. Пред се’, не ми е потребна никаква намера, освен
пуко чекање, за и против својата воља, да стапам во светот на големите и
истенчените ствари: в него
сум како дома, мојата најдлабока страст дури тука е ослободена. Сигурно не е
случај што таа повластица безмалку ја платив со живот.
-Да би се
разбрало барем нешто од мојот Заратустра, мора да се биде во услови налик на
моите – со една нога од онаа страна
на животот...
8
Смеам ли да се
осмелам да ја наговестам и последната црта на својата природа, која ми создава
не мала потешкотија во сообраќање со луѓето? Својствена ми е совршена,
обеспокојувачки необична (unheimliche) сензибилност на инстинктот за чистота, така што физиолошки запазувам, ја душкам, близината или – што да кажам!? –
она највнатрешното, „утробата“ на секоја душа... Таа сензибилност е опремена со
психолошки пипалки со кои секоја тајна ја испипувам и со рака ја дофаќам: речиси при првиот допир бидувам свесен за
силната скриена прљавштина на дното
на многуте природи, можеби условена со рѓава крв, ама прикриена со воспитување.
Ако добро сум забележал, таквите природи, неподносливи за мојата чистота, од
своја страна, исто се на штрек со мојата мачнина: со тоа не стануваа помиризливи... Такак како што
сум се навикнал – крајната чистота кон себе е претпоставка на моето битисување,
малаксувам под нечисти услови, пливам, се капам и се буричкам само во водите на
некој совршено проѕирен и светликав елемент. Поради тоа, сообраќањето со луѓето
ме става на не баш мала проба на трпението: мојата хуманост не се
состои во тоа да сочувствувам каков е човек, туку да издржам, сочувствувајќи го... Мојата хуманост е непрекинато
самопревозмогнување,
-Но, мене
осаменоста ми е неопходна, сакам да кажам опоравување, враќање на себе, вдишување
слободен, лесен, разигран воздух... Целиот мој Заратустра е дитирамб на
осаменоста или, ако ме разбравте, на чистотата...
За среќа, не на чистата лудост...
–Кој има очи за боја, би го нарекол дијамантен. – Мачнината од човекот, од „руља“, одсекогаш била најголема опасност
за мене... Сакате да ги чуете зборовите со кои Заратустра говори за искупувањето од мачнината?
Им го свртев
грбот и на оние што владејат кога видов што нарекуваат сега владеење: пазарење и тргување за власт – со
збирштината.
Со затнати уши
живеев меѓу народи што зборуваат туѓ јазик: тоа го правев за да ми остане туѓ јазикот на нивното
пазарење и тргување за власта.
И низ целото
Вчера и Денес минував со затнат нос: навистина, сето Вчера и сето Денес мириса на збирштина што драска!
Долго време
живеев како сакат, глув, слеп и нем за да не живеам со збирштината што има
власт, што пишува и ужива!
Мојот дух се
качуваше мачно и претпазливо по скалите; ситните радости му беа поткрепа; потпирајќи се на патерици, нечујно се лизгаше низ животот.
И што ми се
случи? Како се куртулив од одбивноста? Кој ми ги подмлади очите? Како летнав до
височината каде што крај кладенецот веќе не седи збирштината?
Дали самата
одбивност не ми создаде крилја и сила за да му се приближам на кладенецот?
Навистина, морав да летам до она што е највисоко за да го најдам повторно
изворот на задоволството.
О, го најдов,
браќа мои! Овде, во највисоките предели се наоѓа изворот на задоволството. И
постои живот од кој што не пие збирштината заедно со мене.
(„Така зборуваше
Заратустра“, ВТОР ДЕЛ – За збирштината)
No comments:
Post a Comment