ВТОР ДЕЛ
ПРОБЛЕМИ НА
ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА: ИСТРАЖУВАЊЕ НА НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО
МИНАТОТО И ИДНИНАТА
7. Карактерот на интелектуалецот
Во претходните
анализи, многу не се занимававме со особините на интелектуалецот како таков.
Притоа, посебно ја имаме на ум неговата издвоеност и склоност кон повлекување
од практичните збиднувања во општеството. Таа психологија, со нејзините
предности и недостатоци, мораме да ја одредиме во однос на положбата која што
интелектуалецот ја зазема во поделбата на трудот.
Често на
интелектуалецот му се префрлува дека е оддалечен од животната стварност. Иако
тоа во голема мера е вистина, мора да ја имаме на ум дека комплексната поделба
на трудот создава општа состојба на издвоеност која речиси никој неможе да ја
избегне. Во мошне разноликото општество, севкупната шема на ствари, на полно
луѓе им станува се’ понеодредена. Тоа во еднаква мерка важи за човекот кој
работи со бушилица, како и за службеникот или земјоделецот. Видокругот на
раководителите или дипломатите може да вклучува поголем дел на општествениот
апарат, но тие такуѓере губат допир со масите и ги гледаат замо деловите од
целината. Според тоа, не е битно да се пронајдат занимања кои овозможуваат
целовит поглед на реалноста, туку е битно да се утврдат деловите на општеството
кои се во делокругот на оредени позиции во животот. Со обзир на тоа, интелектуалецот
има одредени предности. Не само што неговиот потенцијален домет е поширок, ами
и самата негова издвоеност му помага да ги избегне оптичките ограничувања на
определени професии и интереси. Тој не се изложува на опасноста кај
практичарот, кој што е склон светот да го набљудува според узорот на
сопственото занимање или на своите специфични општествени односи. Посебни
интереси го прават интелектуалецот осетлив на разни врамувања, кои ги покриваат
постоечките проблеми и оттаму тој може да ги избегне обврските кои му го
попречуваат видикот.
Сепак, нема
сомнеж дека постојат и мрачни аспекти на состојбата на трајна одвоеност.
Особата која мора да се соочи со последиците на своите секојдневни дејности,
нужно поприма прагматични навики и критички став внатре делокругот на своето
занимање. Интелектуалецот е ослободен од некои од тие ограничувања. Тој не
наидува на препреки кога се задржува на долгорочните перспективи или на ниво на
апстракција, на кое што не се соочуваме со никакви последици. Идеите кои не
може да се затаат, лесно стануваат цел самите на себе и извор на самотнички
занес. Мислителот кого настаните не можат да го побијат, склон е да го заборави
главното начело на мислењето кое гласи: да се знае и да се
предвиди за да се дејствува. Слободното и неспутано создавање идеи понекогаш
предизвикува илузија за величина, оти самата способност да се соопштат идеи за
мачни проблеми заводнички наликува на нивно решевање. Личните чаролии на
осамените поединци обично не предизвикуваат никакви пореметувања, но во кризи
клицата на интелектуалниот занес може да падне на плодно тло. Масите кои
жадуваат за сигурност понекогаш го следат шаманот чии изреки ветуваат семоќ. Во
таа точка може да се спојат очекувањата на несигурната маса и занесот на
издвоениот поединец.
Склоноста на
интелектуалецот да го изгуби допирот со реалноста, на некој начин, е поврзана
со неговото тежнееење главно да борави во работната соба и да се дружи само со
слични на себе си. Меѓутоа, мошне е важен податокот дека грото учени луѓе во
минатото живееле со сигурен и финансиски независен начин на живот. Очигледни се
предностите на класата која времето го поминува во доколица, пропратени со искушенијата на таквата ситуација, па скоро
сите интелектуални класи кои така живеат се соочуват со иста дилема. Разбирливо
е дека дел од слободното време претставува нужна основа на интелектуалниот труд
и предуслов за бавење со работи кои не се однесуваат само на задоволување на
секојдневните потреби. Но, класата која живее во доколица се отуѓува од
стварноста поради таквиот начин на живот, којшто ги прикрива спротивностите и
напнатостите на секојдневието и поттикнува возвишено и интернализирано гледање
на стварите. Оттаму, нашата клутура и натаму се соочува со проблемот како на
својата интелигенција да и’ го овозможи неопходното слободно време, в облик во
кој издвоеноста и исклучувањето кон подрачјето на илузиите на свеста ќе ги
сведе на најмала можна мерка.
Следната особина
на образованата личност е последица на неговата книшка ученост. Книшкото
знаење, само по себе, претставува извор на оддалечување и на одредени заблуди,
на кои веќе се осврнавме. Настојувавме да покажеме како ноцијата за иманентна еволуција на идеите произлегува од фактите
што научникот ги сретнува во книжара, а не во реалниот контекст. Иако книгите
на истражувачот му овозможуваат пристап во ситуации до кои тој не може
непосредно да допре, тие ствараат лажно чувство на содејство во животот на луѓе
чии маки и напори практично не ги познаваме.
Третото искушение
на интелектуалецот е повлекувањето во сопствената особност. Тој не е единствениот што е склон кон тоа искушение, кое
може да го загрози неговото делување повеќе од делувањето на било која друга
личност. Таа битно нова тенденција може да се опише како тежнеење за
повлекување на определени дејности вон дометот на јавноста. Парк и Бургес ја
означуваат таа појава како повлекување и исклучување од комуникација. Селото
пружа мошне малку можности за повлечен живот. Изгледа дека Гајгер е во право
кога тврди дека современото село уште не прифатило јасно означено подрачје на
приватен живот, односно се’ уште не ја признало одвоеноста на јавните и
приватните дејности, колку што тоа го сторил градот. Јавноста сеуште има увид
во семејните збиднувања, а селското озборување одредува колку поединецот е
обврзан кон заедницата. Исчезнувањето на тоа сеопфатно подрачје на влијание на
јавноста во градот е последица на три фактори. Градското население создава
изолираност во еднаков размер со својата големина. Нестанокот на организирано соседство такуѓере е значајно. И
конечно, градот создава помалку можности за заеднички дејности кои бараат
доброволна соработка на секој поединец. Комплексната поделба на трудот која го
вклучува и ширењето на услужните дејности , го ослободува поединецот од бројни
заеднички должности коишто мора да ги обавува на село, па меѓузависноста на
градското население не е веќе толку непосредна и очигледна. Оттаму, тие можат
да се повлечат во скришноста на своите станови и да го избегнат мнението на
јавноста во врска со одредени дејности. Тек кога ќе ја разгледаме поврзаноста
на луѓето во селското соседство, во кое се неизбежни трајни и неограничени
контакти, можеме да ја увидиме силата на градската изолираност.
No comments:
Post a Comment