Monday, September 19, 2016

АРЧИБАЛД РАЈС: Чујте Срби!

Нема да сокријам од вас ништо битно од она што сум го видел, оти прав пријател не е оној што ви ласка, туку оној што ви ја кажува вистината, целата вистина. Меѓутоа, не ќе го имате тоа огледало в раце додека сум јас жив. Ќе го најдете во моите списи и правете со него што годе сакате. Или ќе го прочитате, ќе се замислите над неговата содржина и од тоа ќе извлечете корист, или пак ќе го презирате, па тогаш вистинската српска душа, душата на вашите ајдуци и јунаци за ослободување, ќе исчезне од вашите простори. Тоа ќе биде последната услуга која ќе можам да ви ја учинам.
Во набројувањето на вашите доблести нема да морам да зборувам за она што вие го нарекувате „интелигенција“. Со неа ќе се позанимавам дури во деловите посветени на вашите маани. За среќа, вашиот народ повеќе го сочинуваат селани, а не „интелигенција“.
Вашата нација имала мошне убаво минато, после кое уследиле долги несреќни векови. Пошто сте основале големо царство, кое судејќи според она што од него останало, многу ветувало и во својата доба било напредно попут западните царства и кралства, сте паднале под власт на Турците, а потоа и под нивно ропство. За да би го избегнале тоа робување, многумина од вас ја напуштале земјата и тражеле уточиште кај моќните соседи, Австроунгарците, но само го менувале господарот. Под Турците ептен сте пропатиле. Сте биле раја. Црквите и манастирите сте ги засолнувале под земја или во диви планински кланци, далеку од патиштата на своите господари. Ви ги киднапирале децата и од нив стварале јаничари. Од сопствената сиротиња сте плаќале и добар „десеток“ на вашите угнетувачи. Вашите родољуби не можеле да го трпат тој неподнослив јарем, па побарале засолниште во шумите, во кои Турчинот не смеел да зачекори. Биле тоа вашите ајдуци, духовните отци на оние кои оствариле повлекување преку Албанија, биле на Цер и Јадар, на Кајмакчалан и Добро Поле. Ве бркале од ваште плодни рамнини, нив ги запоседнувал Турчинот, а вам ви го оставал само каменото планинско земјиште.
Сепак, наспроти сите тие невољи, мошне малку од вашите сакани се обиделе да го избегнат тој грозен положај со прифаќање на муслиманската вера. Големо мнозинство на вашите предци, и покрај дологотрајните страдања, останало лојално на старата вера и не сакала да ја свитка шијата пред окрутниот туѓинец. Гусларите ја опеале таа ваша помината величина и така станале ваша совест. Тие долги векови под јарем во вашиот народ оставиле траен печат. Така тој стекнал дивни доблести, ама и големи маани, а ги сочувал и врлините и мааните. Да ги погледнеме првин тие доблести, имајќи на ум дека сега вам ви говорам за народот воопшто, а не за некои слоеви од населението.
Народот ви е храбар и таа храброст често досегнува до јунаштво. Можам тоа со право да го кажам зашто ги гледав вашите војници, а тие не беа ништо друго освен самиот народ, во речиси сите битки на големиот ослободителен рат. Го видов и повлекувањето преку Албанија, кога многу ваши селани и варошани се натпреваруваа во јунаштвото со војниците, војниците кои стигнаа на Крф тек како човечки сенки и од кои се многумина на вечна стража во морските длабочини.
Ги видов и вашите ранети во мобилните болници и на операционите маси. Ретко од уста би им се чуло офкање, па ни лелек, а честопати (особено на почетокот на војната) поради недостиг на наркотици, не ги успиваа.
Народот ви е родољубив. Не знам ни за еден народ кај којшто легендарните национални јунаци толку живеат во народната душа, како кај вас. А, го имате и оној величествен дар сеќавањето на тие јунаци толку да ве надахне, што сопствениот живот ништо не ви значи. Тоа е затоа што ликот на тие легендарни јунаци излегува од вас самите. Составен е од делови кои ги оддава вашата душа. Вродениот здрав разум во тие јунаци „кои во стварноста често биле сосема поинакви“ го нашол вистинскиот, можеби и единствениот начин да го одржи недопрен националниот идеал. Да би сте го зачувале патриотизмот и култот кон своите национални јунаци, ви помогнала вашата религија. Сте ја претвориле својата религија во народна црква, поарно да се каже – во народна традиција. Вистина, вие осеќате, како и секој човек што заисто размислува, дека постои нешто неодредливо, нешто одвеќе возвишено да би се појмило, над нас, нешто што го наткрилува светот и управува со него. Меѓутоа, вие не сте религиозни. Не сте можеле да го прифатите Бога каков што е во Библијата, сте го претвориле во вечен и семоќен главатар на својот народ. Ако би можел во оваа област да употребам тривијален израз, радо би рекол дека вашиот „бог“ го носи оклопот и барадата на Крале Марко, шајкача на вашиот воин од Цер и Јадар, Кајмакчалан и Добро Поле. Поповите не ви биле, ниту сега се, црквни луѓе, ами ватрени родољуби со сите доблести и маани на вашиот народ.
...

No comments:

Post a Comment