Tuesday, December 20, 2016

БЛАЖЕ КОНЕСКИ: Блажена гора зелена

АНТОЛГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ЛИРИКА

МАКЕДОНСКО ИМЕ НЕМА ДА ЗАГИНЕ

Ој Милево другарице,
те ранија на Распаќе.
Од Распаќе до болница
патот крви се полеа.
Кај Милева ми врвеше,
орман ми се одвиваше.
Кога душа излагаше,
Милева ми говореше:
„Ој другари, Косовари,
мене да не ме жалите,
јас погинав за слобода“.

(изд. „Македонска книга“ Скопје - 1986 г. стр. 373)

No comments:

Post a Comment