Wednesday, December 28, 2016

Министерство за информација и науки: ИСТОРИСКИТЕ РЕШЕНИЈА НА БЛЕД

ОД ЦАРИБРОД ДО БЛЕД
Белград

Посетата на гостите од братска Бугарија и особено пристигањето на љубениот водач не само на народот на Бугарија и првоборецот против фашизмот, Георги Димитров, кој подеднакво припаѓа на сите слободољубиви и трудољубиви луѓе во светот, беше најголемо, беше едно од најрадосните собитија за храбриот Белград, за трудбениците, кои со голи раце го започнаа изградувањето на разрушениот и пострадан Белград в епохата на нова, Титова Југославија.
Средбата со Георги Димитров беше определено за 9 часот. Арно ама, уште во 8 часот пред многу фабрики, институции и претпријатија се слушаше песна и се движеа коли. Работници и работнички беа накитени со цвеќиња и во рацете носеа бугарски и југословенски знамиња, мали и големи портрети на Георги Димитров. Поток од луѓе, подредени во редици, цели два часа се слеваше кон плоштадот и железничката станица. На чело на секоја редица беа грижливо носени портретите на Тито и Димитров, со еднаква љубов оивичени со цвеќа и со ленти – едните сино-бело-црвени, а другите бело-зелено-црвени. Стегнати бајраци високо се издигнуваа и се слушаа бурни акламации: „Братски поздрав на братска Бугарија“. По улиците се разнесува песна, новата песна на трудбениците од Белград:
„Фабрика за инструменти,
фабрика за машини
Наскоро ќе има
у нашој отаџбини
Тоа пее младината, која снажно пристапува, идеејќи од објектот Железник, каде што го врши строежот на големиот металургиски комбинат. Секоја бригада е со знамето на својата република. Тие се радосни оти имаат можност да ги поздрават скапите гости од братската бугарска држава.
Половина саат пред пристигнувањето на возот, плоштадот пред железничката станица, особено улицата „Немањина“, по која што е патот на гостите кон Дедиње, претставува разбранувано море од луѓе.
Денот беше сончев и жежок. Пеколна горештина. Ама тоа никому не му пречи, тоа на ја засенува радоста на белграѓани. Десетици илјади предани трудбеници беа се збрале да го празнуваат денот на големата слава и радост, денот на трајното зближување на Бугарија и Југославија.
Група младинци пејат херојски бугарски песни. Од микрофонот, којшто пренесува емисија на Бугарското радио, по плоштадот се разнесува широката и моќна музика на „В‘лтава“ од Беджих Сметана. Извикот: „Да живее братството на словенските народи – гаранција на мирот во светот“ ја прекинува песната и веднаш потоа започнува моќно скандирање: „Братство – единство“.
Се вијат ора. Играат момци и девојки, а градите им се накитени со црвени каранфили. Разгорената и насмевната младина силно си ги вплеткала рацете и игра „Козарачко коло“ пеејќи на сет глас:
„Димитров, тенка сабјо
Хероју во сите борби...“
Се вејат трибојни знамиња, југословенски и бугарски. Од едниот до другиот крај се разнесува ехото на радосните воскликнувања, на пароли за братството меѓу бугарскиот и југословенските народи и се издигаат плакати во чест на најголемиот син на бугарскиот народ - љубениот Герги Димитров. Групи младичи и граѓани неуморно скандираат:
„Сталин – Тито – Димитров,
Москва – Белград – Софија“.
Трескавично настроение ги опфати огромните маси, луѓето се издигнуваат, поголемите ги креваат помалите, лицата на сите се свртени кон торжествениот излез од железничката станица. Сите се опфатени со една желба – да го видат и поздрават Георги Димитров. Сите се исполнети со иста радост дека ќе можат да ги поздрават скапите гости од братска Бугарија.
Малку пред 10 часот, на перонот на станицата беа се собрале представниците на народната власт, на армијата и на невладините организации.
Присуствуваа: подпредседателот на Президиумот на народната Скупштина на ФНРЈ – Моша Пијаде, секретарот на Президиумот – Миле Перуничиќ, подпредседателот на Владата на ФНРЈ – Едвард Кардељ, министерот за внатрешни работи - Александар Ранковиќ, министерот за надворешни работи – Станое Симиќ, министерот на индустрија – Борис Кидрич, министерот за ПТТ – Драго Марушиќ, министерот за рударство – Бане Андреев, министерот за електростопанство – инж. Никола Петровиќ, министерот за трговија и снабдување – д-р Заим Шарац, министерот за труд – Вицко Крстуловиќ, министерот за благоустројство – Владо Зечевиќ, министерот за правосудство – Фране Фрадл, председателот на Комитетот за социјални грижи при Владата на ФНРЈ – Кирило Савиќ, председателот на Комитетот за народно здравје при Владата на ФНРЈ д-р Димитор Несторов, председателот на народната Скупштина на Србија – д-р Синиша Станковиќ, председателот на Владата на НР Србија – д-р Благое Нешковиќ со членовите на НРС, помошник-министерот на народната одбрана – генерал-лајтнант Иван Гошњак, началникот на генералштабот – генерал-лајтнант Коча Поповиќ со генералите и други.
Од страна на дипломатскиот кор присуствуваа: ополномоштениот амбасадор на СССР во Југославија – Анатолиј Јосипович Лаврентиев, ополномоштениот амбасадор на Полска – Јан Карол Венде, ополномоштениот амбасадор на Чехословачка – д-р Јозеф Корбел, ополномоштениот амбасадор на Романија – Тудор Виану и ополномоштениот амбасадор на Унгарија – Золтан Санто.
Во 9,50 часот насобраните долж улицата „Немањина“ и на плоштадот пред железничката станица почнаа да се раздвижуваат како зрело жито под лахор на тихиот ветрец. Рацете се креваат и „приветствуваат“ без престан. Иде Маршалот.
Масата долги и живо скандира:
„Тито, Тито, Тито“.
Колата на Маршалот запира пред влезот на станицата. Маршалот во бела, летна униформа излегува на перонот. Граѓанството пред станицата не сопира со воодушевеното ракоплеснање.
Точно во 10 часот кратко, остро свирење на локомотива ги заглушува сите. Доаѓа возот со гостите од братска Бугарија. Пристигнува Георги Димитров како гостин на Маршал Тито. Тоа е најголемото собитие во новата историја на Димитровска Бугарија и Титова Југославија. Специјалниот воз полека навлегува во станицата. Оркестарот ги исполнува бугарската и југословенската химна. Официјалните представници стојат во прави, стегнати редици. Влакот запира. Маршалот тргнува со брзи, тврди стапки кон Георги Димитров, кој бодро и насмевнато слегува од возот, заедно со другите членови на делегацијата. Средбата меѓу Маршал Тито и Георги Димитров е торжествена и срдечно трогателна. Двајцата државни мажи топло и срдечно се поздравуваат, се прегрнуват и братски се целуваат.
Претседателот на бугарското Правителство Георги Димитров ја поздравува почесната гарда, а след тоа се ракува со членовите на Президиумот на народната Скупштина на ФНРЈ, со генералитетот и со други официјални представници. Председателот Георги Димитров после тоа му ги представи на Маршал Тито и на другите официози членовите на бугарската владина делегација.
Представничките на Антифашистичкиот фронт на жените му врачија на министерот-председател Георги Димитров букети свежи цвеќиња. Потоа председателот Георги Димитров ја испрати преку микрофонот следната поздравна реч кон народите на Југославија:
„-Браќа Срби, Хрвати, Словенци, Македонци, Црногорци!
Стапнувајќи во престолнината на вашата слободна и нам братска земја, пред се’, јас сакам да ја изразам искрената радост и големиот восторг на бугарскиот народ кон вашата херојска победоносна војна под раководство на на славниот Маршал Тито против проклетиот хитлеризам, како и од вашите сегашни творечки усилби за изградба на нова, вистинска демократија – Федеративна народна република Југославија. Истовремено, вонредно пријатен долг за мене е, од името на бугарскиот народ и неговата влада и од мое лично име, да ви испорачам горливи поздрави и најдобри желби за понатамошни успеси на вашата огромна стопанска политика и културно строителство...“


(Библиотека „Политички движења“ – Софија, 1947 год.)

No comments:

Post a Comment