Трет дел – Политички системи (општествени системи)
3. Поглавје: ОПШТЕСТВЕНИОТ СИСТЕМ НА САД
Сферата на производство
...Демек, моќни
монополи владејат со американската економија.
За да би можеле
државно-интервенционистичките можности подобро да ги процениме, во продолжение
ќе дадеме неколку напомени за анатомијата на моќта на оние крупни концерни кои,
како што со право забележа американскиот социолог Чарлс Рајт Милс, го творат
„изворот и базата на трајната моќ и повластиците на богатството“: од 30-тите години, американската
економска структура е обележана од пазарно јаки капиталски друштва (corporations) кои не се само места на производство во големи
размери со поделба на трудот, ами репрезентираат севкупен начин на живот, а во
многу погледи ги преземаат државните парцијални функции и заземаат битен удел
во социјалното осигурување на своите работници. Меѓу овие корпорации, најголеми
се мултинационалните компании, чијшто капитал има свој центар во САД, но чии
активности се протегнуваат интернационално, долж многу земји во светот и чиј
менаџмент оперира транснационално.
Табела 1
10 најголеми
индустриски претпријатија за западниот свет според прометот (1980)
1. Exxon
2. Royal Dutch/Shell
3. Mobil Oil
4. General Motors
5. Texaco
6. British Petr. (BP.)
7. Standard Oil (Cal .)
8. Ford
9. ENI
Отприлика
половина од сите мултинационални компании во светот ги држат своите главни
седишта во Соединетите држави; најголемата меѓу нив, нафтената мулти-компанија Ексон (во Сојузна
Република Германија Esso)
покажува промет којшто го надминува бруто-домашниот производ на Шведска и
Данска заедно (...).
Гледано во
целина, меѓу толкувачите постои широка согласност за тоа дека крупните
американски капитал-друштва ги подмирува грото од сите стопански активности, те
дека обавуваат опсежна контрола над случувањата вон економската сфера. „Сето
тоа се збира во големи центри на приватно вршење на моќта кај шепа луѓе чиј
авторитет е конкретен, но чија одговорност е нејасна“. А тоа најнакрај важи и
за персоналното преплетување во тн. Надзорни гремии (Interlocking
Directorates) на вмрежените
меѓународни концерни, коишто во значителна мерка придонеле за високиот степен на концентрација на американската економија. Тоа
може да се покаже преку следниве податоци: моментално, активите на 200 најголеми фирми
изнесуваат цирка 60% од сите расположиви активи; 0,1% од сите фирми го прават ц. 40% од
целокупниот индустриски прираст.
Концентрациската
практика на американските компании лесно не се дава за правно да биде
ограничена. Наспроти успехот на анти-трустовата политика во поединечни случаи,
надлежни закони не можеа да го спречат постојаниот пораст на концентрацијата.
Така, надпропорционално пораснаа „дијагоналните“ соединувања (обединување на
погони или претпријатија во степени на производство кои се надоврзуваат еден на
друг). Додуша, прокламирана е целта на одделот за борба против трустови во
министерството за правосудие да се стави брана на овие концентрациски практики; дали таа цел достигната останува отворено
прашање. Стопирањето на анти-труст постапката против International
Telephone & Telegraph (ITT) би
можела да биде индиција за нашата скепса.
Доколку се
согледа процесот на концентрација на американската економија, тогаш е тешко да
се прецени самосталноста на државната интервенција, а споменатиот образец на
државно-интервенционистичките мерки ќе ја најде својата потврда. Државата ја
презеде улогата на потпирање и помагње.
Таа не се меша директно во приватно-економските активности, туку само ги поставува
рамковните услови, меѓу останатото и преку монетарната и финансиската политика,
а во интерес на стопанството. Далеку од либералната претстава за регулација –
настана „партнерство“ помеѓу државата и компаниите, како што тоа го опишува
следниот цитат: „Приватните
компании изразито се вовлекуваат во задачи кои попрво би ги означиле како
‘јавни’, така што старата поделба на приватно и јавно денес нема значение.
Калвин Кулиџ пред не така долго време рекол: ‘Делокруг на државата е деловниот живот’. Речиси
истата мисла во 1957 год. ја изразил Чарлс Е. Вилсон со својата примедба која
станала славна: ‘Тоа што е
добро за Џенерал Моторс, добро е и за Америка’. Така се кажало, а така и било.
Денес овие две изреки силно се вистинити, затоа што државата и бизнисмените
влегоа во едно ново партнерство, во кое заедно се оние кои некогаш се сметаа за
главни противници“. Во контекстот на општото вкрстување на стопанството и
државата, вреди да се напомене дека „владата е послаба од приватно-економските
институции (corporate institutions) кои наводно и’ се подредени“. Овде постои „хармонија на политички форми и
економски интереси, на она ниво кое го одредуваат Корпоративните институции“.
Со тоа,
производствената сфера на општествениот систем на САД е накратко скицирана. Кон
ова би требало да се придодаде значењето на бизнисот со вооружувањето во
рамките на „војно-индустрискиот комплекс“ на што предупредуваше претседателот и
бившиот генерал Ајзенхауер во својата проштална порака до американскиот народ
1961: „Во владините гремии,
мораме да се чуваме од беспримерното влијание на воено-индустрискиот комплекс,
сеедно дали е тоа намерно или не. Можноста од кобно нараснување на моќта на
погрешно место е дадена и ќе биде и натаму присутна.“ Војно-индустрискиот
комплекс денес контролира скоро 10% од општествениот производ на САД, откако
администрацијата на Реган (од 1981 год.) му помогна да дојде до нови рекордни
добивки.
Сферата на
распределбата
...Во 20-тите,
слоганот „просперитет“ бил исто така употребуван како и ознаката „држава на благосостојба“
за 50-тите, 60-тите па и 70-тите години. Како и во ова раздобје, и
просперитетот од 20-тите бил нееднакво распределен: како фармерите, така и целокупното работништво
биле држени на ниско рамниште. Нивните просечни плати помеѓу 1923 и 1929 год.
се покачиле за 11%, додека профитите просечно пораснале за 62%, а дивидендите
за 65%. Повеќе од 40% американски домаќинства во 1929 год. имале годишен доход
помал од 1.500 долари, додека 24.000 најбогати фамилии располагале со годишен
доход којшто три пати го надминувал вкупниот прилив на 5,8 милиони најсиромашни
семејства. До денес ова останало главно непроменето, како и фактот дека едно црнечко семејство заработува едвај 50%
од платите во бела фамилија...
Не е потребно
надолго да се расправа околу тоа дали оваа шема на нееднаквост, која се
одразува во сферата на распределбата на доходот, постои и во поширокиот
контекст на распределението на имотот.
Споредичните истражувања за поделбата на производствената сопственост
потврдуваат јак степен на концентрација во рацете на мало малцинство. Една
студија (Federal Reserve System) од 1962 год. покажува дека на 1,4 милиони домаќинства (од вкупно 57,9
милиони) отпаѓа 65% од инвестираниот капитал. Само 200.000 најимотни меѓу нив
располагат со 32% од инвестираниот капитал. Овие структури на сопствеништво
само незначително се имаат променето. Концентрацијата на поседи на врвот и
„тенкослојната“ распрснатост на долниот крај на скалилото се обележја на
американското општество, и тоа скроз до денес.
...
(наслов на изворникот:
Wilfried Rohrich. Unter Mitwirkung von Wolf-Dieter Narr, POLITIK ALS
WISSENSCHAFT. EIN UBERLICK, Westdeutscher Verlag – Opladen 1986. изд. ИРО Информатор 1989, информатор Факултет за
политички науки Загреб)
No comments:
Post a Comment