Thursday, June 15, 2017

РОБЕР АМБЕЛЕН: Смртоносната тајна на Темпларите – или Вистината за Исус


26.
ИСУС И ЖЕНИТЕ
Сите оние кои стигнале до крајните граници на сладострастието со најљубениот створ, помалку или повеќе, го пробале смутното чувство дека се допираат до нешто божествено, дека се доближуваат до најголемото таинство на светот...
Морис Магр, Љубовта и омразата

...Впрочем, тие взаемни дејствија меѓу опкружението на Исус и идумејската династија се потцртани во некои канонски текстови: „В Антиохиската црква имаше некои пророци и учители, имено: Варнава и Симеон наречен Нигер, Луциј Киринеец, Манаил – совоспитаник на Ирод четворовласникот, и Савле...“ (Дејанина, XIII, I).
Се наоѓаме во 45  г. Тој Манаил е внук на Јуда Гамалиел и е племеник на Исус. Савле има брат, кој се нарекува Костовар. Тие не се од еврејски, туку од идумејски происход и принцови на Иродовиот род, којшто ќе го разоткриеме во нашата друга книга. А Манаил, чие име на иврит означува „Утешител“,  кое на грчки се кажува „параклетос“, е претскажан од чичко му Исус (Јован, XV, 26). Тој одново ќе го развее знамето на бунтот во 63-64 г. при владеењето на прокураторот Гесиј Флор.
Да се навратиме кон Саломеја. Таа е вдовица на Филип Ирод од 33 г. по Христа и нема деца.
Се премажува за Аристовул III, кој во 54 г. од Нерон го получува царството на мала Ерменија, а после, през 60 г. и дел од Велика Ерменија, додека на крајот, веќе во 70 г. станува цар на Халкидија. Протеже и пријател на Нерон, тој поседува раскошно живеалиште во Рим. А, во 58 г. св. Павле – бившиот Савле – е во Коринт и го сочинува своето Послание до Римјаните. Кон крајот на Посланието има ред поздрави кон многу личности, среде кои се и следните, особено важни са нас: „Поздравете ги верниците од домот Аристовулов. Поздравете го мојот сродник Иродион. Поздравете ги оние од домашните на Наркиса, кои што веруваат во Господа...“ (Пак таму, XVI, 10, 11)
Така, Савле-Павле измислува новопокрстени или знае дека има такви во римското живеалиште на Аристовул и Саломеја. Дури и се определува како роднина на нивниот најголем син Иродион (деминутив на Ирод). Впрочем, новопокрстени има и во дворецот на Нерон, затоа што св. Павле ќе го заврши своето Послание до Филипјаните на следниов начин: „Поздравете ги сите светии, а особено оние од цезаревиот дом...“ (Пак таму, IV, 22). Тој сево ова го пишува во Рим во 62 г.
Излегува дека Саломеја останува верна на паметта за Исус. Ја поднела загубата од блискоста со месијанската легенда, а после вториот и’ брак, таа станува покровителка на тие што тогаш се нарекувани „христиени“, како во своето живеалиште, така и во вишите кругови на тогашното римско општество до кои што има пристап.
Некои не ќе пропуштат да се присмејат на нашата теза, бидејќи всушност таа длабоко ќе ги смути. Сепак, таа не е толку неверојатна, колку што изгледа на прв поглед. Покрај сето она што досега го разоткривме и не може да биде премолчано, можеме да си припомниме за случајот на императорката од Централна Европа која избега со еден виолинист. Или за царицата што стана комунист, за принцезите што станаа ѕвезди на жолтиот печат со бурните љубовни врски. Срцето и разумот не се потчинуваат на едни исти закони, ќе речат некои. Ние ќе се ограничиме за последен пат да потцртаме дека целата историја на Исуис, „Синот Давидов“, е само последица на една безмилосна војна породена колку од политички, толку од династички интереси, водена од законските наследници на израелскиот трон, а против идумејските узурпатори и против римските окупатори. Можеби се наметнува во тоа да замешаме и грст романтични љубови.
Како што историскиот Исус е мошне далечен од „дрводелецот Исус“, така и историската Саломеја не е никако близу до образецот во театарот и киното.

27.
ЕПИЛОГ: Кладата
Времето го изопачува и заличува човечкото слово, но тоа кое што е поверено на Огнот, трае бескрајно...
Масонски Требник, Пеплосување на филозофскиот завет

11 март 1314 г. понеделник. Повеќе месеци насекаде во Франција пламтат клади. Со мачења или со психолошки притисок, во келии или во окови, се заплашување за испраќање во вечниот Ад, инквизиторите истргнале 207 полни самопризнанија. Останува да биде решена само судбината на Великиот мајстор и на најглавните рицари.
В утрото на тој ден, Жак д’ Моле, Велик мајстор на Орденот на темпларите, Жофроа д’ Гонавил командир на Поату и Аквитанија, Жофроа д’ Шарне, командир на Нормандија и Хуго д’ Пеирандо, Велик инспектор на Редот, се измолкнати од темницата на крепоста на Храмот и одведени во Ла Сите. Таму кардиналската комисија, во состав Арно д’ Фарж племеник на папата Климент V, Арно Новели монах од Сито, Никола д’ Фреовил некогашен исповедник и советник на кралот, Филип д’ Марини негов роднина и архиепискот на Санс, заедно со уште некои други епископи и папски повереници, заповедале да се издигне бина пред предворејето на Нотр Дам, за да бидат прочитани пред поголема публика самопризнанијата и дефинитивното обвинение.
Им наредуваат на темпларите да се качат горе и да коленичат. Еден од кардиналите започнува да чита. Кога тој ја изнесува пресудата, која ги осудува Д’ Моле и неговите браќа на доживотен затвор, т.е. да бидат „заѕидани доживотно“ и како единствена храна да го добиваат „лебот на страданието и водата на терзанието“, представниците на кралот Филип Убавиот  потскокнуваат од изненадување.
Прецизирано е дека таа милост им е дадена оти тие „простодушно си ги исповедале грешките“. Меѓутоа, во тој момент, кога судиите најмалку очекуваат, Великиот магистер и командирот на Нормандија стануваат и откако го прекинуваат словото на кардиналот, се обраќат како на инквизиционата комисија, така и на толпата, при што изјавуваат дека се’ што признале на распитот е лага. Тие потцртуваат дека ги направиле тие признанија од уважение и доверба кон папата и кралот, кои пак во замена им ветиле слобода. На крајот, енергично протестираат против пресудата на кардиналите, главно против архиепископот на Санс Филип д’ Марини. А, и против членовите на комисијата, затоа што ја прекршиле дадената дума од папата и кралот.
Лесно е да се разберат мотивите за спротиставувањето на Д’ Моле и Д’ Шарне. Самопризнанијата не ги чинат ништо, но за нив слободата е над се’. Таа би значела да се зафатат со остварување на големата цел на темпларите. А сега што? Никаква слобода. Наместо неа, нешто пострашно и од смртта: бавното физичко и морално разлагање в подземје, приковани за стената по која тече вода. Сами во полумракот и гробна тишина. И една единствена надеж: ослободителна смрт, забрзана од хроничното потхранување и дизантеријата. За старец каков е Д’ Моле (навршил 71 година) кој веќе не очекува ништо од животот, како и за Д’ Шарне, кој е речиси негов врсник, изборот е направен. Затворот може да продолжи со години. Обратно, одрекувањето од признанијата води ipso facto до смрт преку изгорување. Болна, природно, но кратка. И на крајот, многу помалку мачна од бавното гаснење в мрачната темница, додека надвор животот торжествува во светлина, ама за други.
За Д’ Моле и Д’ Шарне решението е дефинитивно. Погледите немо им се сретнале и тие се разбрале. И гласот на Великиот магистер се извишува: „Монсењори, мојот брат и јас протестираме против начинот на којшто се користат нашите вчерашни зборови, кои немаа друга цел освен та да го задоволат кралот на Франција и папата. Ако заради тие нешта, признати од нас поради наша покорност и за нивна сатисфакција, јас и мојот брат треба да гниеме во темница, тогаш ние сме против. Највисоко изјавуваме дека неговото величество кралот и неговата светост папата не уверија, дури и се заколнаа, дека никаква непријатност, страдање или насилство нема да не снајдат. Оттаму, декларираме дека нашите самопризнанија, истргнати колку со мачења, толку и со итрина и подведување, се ништожни и ние не ги признаваме за веродостојни...“
Потполна избезуменост. Неодложно кардиналите ги предаваат затворениците на началникот на конвојот, кој ги одведува и затвора во нивните келии. За настанатата ситуација се известува Филип Убавиот, кој веднага ги собира своите советници, без ниеден представник на Црквата. Решено е уште истата вечер. Великиот мајстор и командирот на Нормандија да бидат изгорени на островчето кај Дворецот, помеѓу кралската градина и Августијаните. Пребледнетиот од јарост крал додава дека ќе бидат изгорени „на бавен огин“. Можеби ја одгатнал причината за нивното одметнување.
Наскоро на Островот на Евреите, наречен така затоа што таму веќе се изгорени неколку рабини и талмудисти, кои опстојувале на одрекувањето на божественоста на Исус, ги носат и натрупуваат неопходните дрва за двете клади – близнаци. Ќе ги фрлаат в огнот во мали порции, за да продолжи што подолго казнувањето „и да се испорача удоволствие на сер Кралот“. Така, секој од осудените ќе располага со не повеќе од еден кубик дрва за да умре.
Забиваат в земјата два јаки дабови греди. Искорнати се од речните кејови. Месец по месец, смукале вода и тешко дека брзо ќе пламнат. Здраво приковани за нив со ланци, осудените не ќе можат да се избават кога ќе се запали огинот.
Се’ е готово. Бавно бијат камбаните на Нотр Дам. Во Вечерниот час веќе посивеното небо потемнува од облаци натежнати од дожд, кои брзо преминуваат над градот, гонети од студениот нормандиски ветер. Стрмните брегови на Сена се поцрнети од народ. Несопирлива врева како брмчење на чудовиште се издигнува до часовоите, кои бдејат исправени во набљудувалниците на стариот Лувр.
Наеднаш „глёчта“ разраснува. По стрмниот лев брег на островот Ла Сите се задава кортез. Предводен од наредници-кавалеристи, главниот судија е следен од одред вооружени пешадијци, кои ја заобиколиле кочијата за фураж, тегната од еден коњ. Сматно се разликуваат фигурите  на двајца мажи, кои лежат врзани на подот. На крајот, зад последните стрелци со лакови, вод коњаници ја завршува колоната.
Ги симнуваат осудените и ги пренесуваат со кајче до островчето, каде веќе ги очекува палачот и неговите помошници. Силно ги врзуваат Д’ Моле и Д’ Шарне со синџири за гредите. Натрупуваат околу нив дрва до колената. Откако фрла поглед кон прозорецот  од каде знае дека посматра Филип, главниот судија се врти и му дава знак на пироманот. Засвирува трубачот на коњ. На островот и по стрмните речни брегови сфаќаат дека е дадено начелото и со факел в рака, егзекуторите ги потпалуваат аглите на кладите.
Огнот брзо се разгорува зашто некои од цепаниците се намачкани со мазиво. Се издига дим, а заедно со него се разнесува сепроникнувачка миризба, која што тргнува од островчето, се распостила по речните води и достигнува до спротивниот брег. И тогаш, во самракот, што коварно го покрива Ла Сите, се подигнува звук. Првин мислат дека тој доаѓа од темпларите зафатени со пламен. Но не, тоа не се викотници што се ригаат од кладите. Тоа е гласот на херојот од Сен Жан д’Акр, гласот што пљуштеше како бојно знаме на ветрот, 23 години порано, вечерта на 5 април 1281 г.извишувајќи се среде топотот на коњските копита со воениот повик на рицарите!
...

 (МИРИАМ - Софија, 1998 г.)

No comments:

Post a Comment