Wednesday, June 21, 2017

МИХАИЛ НЕДЕЛЧЕВ: Писатели – Преображенци и нивните сопатници

Биографски раскази

ХРИСТО СИЉАНОВ – Четник, поет, мемоарист, историограф

...(Среде останатите материјали се и полемичните статии на д-р Христо Татарчев против Ал. Протогеров и Т. Александров, како и фрагменти од спомените на Сиљанов.) Редум со „Неволнишки песни“ се печатат и „Темнични огледи“ – на Сиљанов и други автори. Воопшто, затворот продолжува долго да е тема во тоа четиригодишно списание.
Како редактор на списанието „Сила“ Сиљанов дава простор на младешките творби на некои од најинтересните таленти од тој период: Светослав Минков, Христо Смирненски, Владимир Пољанов, Ламар и др.
Многу бргу списанието „Сила“ ќе ја промени општествената позиција. Уште преку 1921 г. тоа започна офанзива против довчерашните „колеги“ по зандана. Во текот на таквата полемика Сиљанов и другите публицисти на „Сила“ се определено критични и напаѓачки настроени. Во продолжение Сиљанов станува еден од најдоследните изразители на „блокарската“ идеологија. И како политичар и како новинар тој се вклучува при формирањето на Демократскиот сговор.
Но, ајде преку раскажувае на новата етапа да не ја превртуваме публицистичката биографија на Христо Сиљанов во образец на политичка кариера. Затоа што тој засекогаш го запазува авантуристички дух од младешките арамиски години - и според зборовите на син му – секојпат бил склон да изнајде благовиден предлог да замине некаде – во Цариград или другаде сеедно, се’ во полза на својот род. Кон крајот на престојот в апсана на пример, тој доживува една романтична љубовна историја со екстравагантната црвенокоса затвореничка, која од ревност си го убила вереникот. На таа таинствена дама, бележита во литературните текстови на Сиљанов под името „Мињон“ тој посветува теми и стихотворби, затворски раскази. И след излегувањето од затворот, иако не се разделил со сопругата Софија Малиновска, Христо Сиљанов очигледно извесно време живее со својата љубена – исто пуштена од зандана. За тие денови постојат колоритни страници во спомените на Антон Прудкин „Записи на морнарот“, каде што знаменитиот аферист раскажува дека при една посета на двојката, за малку не ја дигнал фаталната дама од интелигентот-револуционер и веќе политичар (...). Пак во тие први месеци по крајот на војната Сиљанов се кандидира за депутат на изборите во „новите земји“ (Тракија) за време на краткото време на бугарската власт (според спомените на син му). Опитот му пропаѓа. (Имам в архива една поштенска картичка на таткото до сина си со сосема едноставен текст: „Многу поздрави ти праќа татко ти од Хасково. Утре заминувам за Дедеагач. Тато.“, со дата 4.02.1919). По тие обиколки Сиљанов сепак се прибира при семејството на улица „Аксаков“ 23, во наредниот стан под кирија. Очебијно дека сите тие патувања-враќања и затворничества не и’ прават впечаток на Софија Малиновска – една мошне самостојна жена со сопствени интелектуални занимања, на што укажува сопружничката конфигурација „Ние не сме семејство, ами три души кои живејат заедно“. Така на пример, в еден момент, таа решава дека треба со Евгениј да замине на година дена во љубимиот Париз, оставајќи го Христо Сиљанов при неговите политички битки.
Но, да се вратиме кон списанието „Сила“. Разгранувањето и последователното изобличување на Зземјоделскиот режим станува се’ по-аподиктично. Во статијата „Самохранението на државата“ („Сила“, IV, бр. 14 од 13 октомври 1923 г.) тој категорично ја осудува гигантскта провокација со Септемвриското востание, макар што како хуманист додава дека редот е вопспоставен „по цена на скапата бугарска крв“. Во статија од крајот на истата година, Сиљанов повикува во името на силната држава, Демократскиот сговор да го изгуби карактерот на коалиција и „да се претвори в една хомогена, единствена и дисциплинирана организација, која што ќе пушти длабоки корени среде народот“. Таа илузија за „силова“ политичка система се раѓа во буржоаските политички средини после екстремните кризи (вклучително во Полска) која знаеме дека доведе до фашизмот в Италија, до национал-социјализмот во Германија, до силен авторитаризам во Унгарија. И како публицист и како политичар Сиљанов не се претвора во краен претставник на тие погледи за не-нужноста на старите партии, за неопходноста да бида слеени во една единствена сила – противставена ем на болшевиците, ем на портокаловите реваншисти. Наспроти тоа што и самиот Сиљанов, како и многу други буржоазни дејци имаат свои страдања од последните месеци на портокаловиот режим – после што и разбрал за погромот над буржоаските политичари од Конституциониот блок - Сиљанов се запатил кон Велико Трново за со свои очи да ги види престапите; и тој такуѓере бил претепан од гневни „сопаджии“.
По 9 јуни 1923 г. Сиљанов станува депутат на Демократскиот сговор, и станува главен редактор на истоимениот официоз. И по втор пат е избран за пратеник  - одново од Татар-Пазарџик. Тоа е доба на незапирлива публицистичка дејност. И на бесконечни „срешти со бирачите“ кои вечно вршат опсада во малата меѓувремено изградена куќа во Журналистичкиот кварт в Лозенец и сите бараат некакво дребно вработување.
Меѓутоа, карактеристично е за Сиљанов дека, уште пред паѓањето на Демократскиот сговор, уште како делегат на владејачката формација, тој се искажува мошне критично за Хитлер и ги предизвикува против себе нападите на крајно реакционерните журналисти – како на пример статијата на Н. Ушев „Германија навистина си најде мајстор“, од весникот „Бугарски фашист“ г. III, бр. 35 од 17 март 1931 год. – одговор на статија на Сиљанов.
Паралелно со работата во поправителствените изданија како водечки публицист по актуелни внатрешни теми, по стопирањето на „Сила“ Сиљанов се префрла во Влаковиот „Демократски преглед“, каде што ја води надворешно-политичката ревија.
Кон крајот на 20-тите години Сиљанов е избран за претседател на Друштвото на софиските новинари. Интервјуиран во тоа својство за весникот „Литературен глас“, тој кажува: Весникарството не е бирократизам. Тоа изискува нерви и крв. Вистински прес-новинар е оној кој ја врши весникарската работа со ум и срце“.
И уште: „Строгото одделување на журналистот од писателот не може да се прави.“ А, еве една бегла и всушност ласкава карактеристика на нашиот тогашен печат: „Нашиот весник има свои предимства (пред масовниот европски прес, б.а. М.Н.): општо земено, тој не е булеварски; тој има сериозен однос кон задачите, нашиот медиум и нашиот новинар имаат висок општествен и индивидуален морал.“ Не секогаш публицистиката на Сиљанов и весниците кои ги редактира се ослободени од партизанштина, од претерана вдаденост во проточните политички сижеа, па горнава карактеристика сепак можеби се однесувала кон самиот него, како новинар и политички писател.
Паметена останува речта на Сиљанов за време на софиското чествување на 70-годишнината на Павел Миљуков од 3 март 1929 г. (во тоа време големиот руски научник и либерален политичар е емигрант во Париз), изнесена од него како народен претставник и виден член на новинарското братство. Откако си ги припомнува заслугите на Миљуков за бугарската култура после прогонството од Русија во 1895 г. за неговото неизмерно ангажирање за бугарската национална кауза, за допиносот му во Карнегиевата анкетна комисија, за неговите предупредувања кон Русија и Србија во врска со колебањата на Бугарија каков точно избор да направи во првите дни од Првата светска војна, тој ова го вели за Миљуков: „Заради своите разбирања по балканските работи, П. Н. Миљуков спечалил многу непријатели, те имал мошне големи непријатности. Во врска со нашето вмешување на страната на Централните сили, се излеа избувнато негодување на руското општество...“. Уважената независна позиција го тера Сиљанов, кој одамна нема никакви илузии по однос на тиранијата во Советска Русија, да ја заврши речта вака: „Како што гледате, почитувани дами и господа, во возљубеното срце на големиот Русин, паралелно со образецот на неговата маченичка родина, а сочувано катче и за нашето страдалничко племе. Ете зашто во овој – за него торжествен ден – највидниот дар којшто ние Бугарите може да му го поднесеме, е изразот на нашата топла љубов, нашето безгранично признание, заедно со горештата желба – да живее Павел Николаевич Миљуков уште долги години, за радост и гордост на двата братски народа, та да ги склопи очите спокоен и утешен земјата на слободна и востановена велика Русија!“ Произнесена по словото за друг, подоцна присутен во Бугарија руски научник Пјотр Бицили, говорот на Сиљанов покажува дека суштината на љубовната дијалогичност меѓу двата народа и двете култури немаат ништо заедничко со она бугарско „русофилство“ кое во најстрашните години на сталинскиот терор ги затвораше очите за престапите кон рускиот народ и ги мамеше лековерните бугарски граѓани со лажливи разгледници „од земјата на Советите“.
Преку јуни 1931 г. Сговорот губи на изборите и тоа е крајот на делегатската кариера на Сиљанов – победува Народниот блок од радикали, демократи, либерали (едно крило) и земјоделци. Сиљанов продолжува да биде активен журналист, ама се потрајно се сосредоточува на историографските проучувања. Во личниот живот настапуваат промени: станува вдовец во 1932 г. и в 1934 г. се жени за Веса, художничка, роднина на неговиот близок пријател Цончо Бршљанов. Последните пет години од животот му поминуваат пред се’ во работа над големиот историографски труд – „Ослободителните борби во Македонија“.
Но всушност многу често и темите од актуелната публицистика не се далеку од епиката на национално-ослободителното движење. Ете ги на пример, два текста од весникот „Македонија“. Првиот, „Андартскиот садизам“  (бр. 1514 од 4 ноември 1931 г.), завршува вака: „Мошне сомнителна воопшто е користа од Андартското движење за елинизмот. Андартите не го увеличиле бројот на чистите грци, ниту на Бугарите – патријаршисти. Тие само ја отежнале борбата на Организацијата против турската власт и го ‘покриле челото’ на Грција со призорите на колежите од типот на зеленичкиот и загоричанскиот. И во Солун, и во источна Македонија и во јужна Македонија, Грција не им е должник на андартските жестокости воспевани како херојски дела, туку на бугарските грешки во Балканската и Светската војна“.
Пак во „Македонија“, број 1750 од 22 август 1932 г. во непотпишаното антрфиле „Паметник на грчкиот позор“ Христо Сиљанов (...) го коментира решението да биде издигнат споменик на андартскиот капетан Павлос Мелас во крајните квартови на Солун.
...

(Другарство „Граѓанин“ – Клуб „Отворено општество“ – Бургас, 1999 г.)

No comments:

Post a Comment