Thursday, August 10, 2017

Арнолд Гелен: ЧОВЕК

II Дел
ПЕРЦЕПЦИЈА, ДВИЖЕЊЕ, ЈАЗИК
19. Два корена на јазикот

Подлабокото разбирање на почетоците на јазикот произлегува само тогаш кога јазикот се посматра во врска со постигнувањата за кои овде се расправаше, демек кратко речено, внатре во системот „око-шака“. До денес сета филозофија на јазикот, освен можеби онаа на Ноаре, е толку едноставно ителектуалистичка колку што практикувала на јазикот да му пријде од страната на толкувањето, симболизирањето. И таму каде тоа се чини - веќе со К. Бихлер „претставувањето“ се гледа само како едно од неговите постигнувања, пред објавувањето и соопштувањето - стојалиштето се проширува до она социолошкото, но сепак се превидува  моторичката страна, која што јазикот секогаш ја има. Гледано од таму, јазичките манифестации во прв ред се движење како и сите други и тие можат да се трансформират во други видови движења, што и се применува при одгојот на глувонемите.
Ние веќе го споменавме првиот корен на јазикот односно „животот на гласот“. Тоа беше чисто комуникативен настан во само осетилната  дејност, кога вратениот глас истовремено е поттик на самочувствување на сопствената дејност за таа да се повтори, па таа дејност се завршува во глас кој се слуша и така станува нова дразба. „Артикулираниот глас“ вели Хумболт, се откинува од градите за во друг индивидуум да најде созвучје кое што се враќа во увото“. (...) Постигнувањето на соопштувањето кое што подоцна го превземал јазикот, се сведува на таа елементарна комуникација во која, како што видовме,  животот на гласот во никој случај не учествува сам. Овој карактер на елементарната и се’ уште „без-мисловна“ комуникација се појавува во еден друг корен на јазикот, кој токму сега го разгледувам и кој го означувам со изразот „отвореност“.  Гајгер (...) со следните зборови ја означил таа состојба на нештата: „и еден таков израз, без било каква цел, само како тежнеење да се изговори, да се огласи радосен интерес за виденото, мораме да претпоставиме дека постоел во прагласовите, во точките на зачеток на сите јазици“.
Овде и јас мислам така. Еден таков „радосен интерес за виденото“ може да се набљудуваа кај секое живо дете во „пребрборувањето “ на упадливите изрази. Пред се’, ова значи дека тој корен на јазикот (како и третиот) се случива во склоп на средбата со светот и совладувањето на истиот, тоест  во комуникативното однесување, што значи во склопот дланка-око.
При тоа, „отвореноста“ е мошне типична човечка појава. Животното е затворено. Тоа никогаш не се ослободува од притисокот на околностите и во секоја сегашност го вовлекува целокупниот товар на своите потреби и инстинкти. Тоа е толку малку растеретено од светот како од самото себе. Напротив, човекот е изложен на вишок од дразби наспроти кои тој е светски создаден. Надирањето на сите осети и поттикнувања во внатрешноста на човекот допушта насетување дека со тоа работите стојат вака. Јас на ова место се’ уште не можам да се занимавам со оваа проблематика зашто тоа е предмет на наредните мои истражувања, особено на третиот дел. Меѓутоа тука мора да се каже:  самооткривањето или отворањето кон надворешноста е основата на сите душевни побуди.  Се’ што психологијата, науката за карактерот итн. го означиле како „понадворување“ е вкоренето во овој факт, кој подоцна ќе ја истражиме во нејзините главни правци. Животот со кој што слободно се располага ќе ја сочинува првата главна група на појавите на внатрешна отвореност, додека другата група ќе ја сочинува светски отворената структура на нашиот пасивен живот. Тоа ја чини суштината на она што се нарекува „душа“.
Тоа самооткривање биолошки е поврзано само со едно растоварување од притисокот на отворениот свет, демек, со опишаната морфолошка создаденост на едно неспецијализирано суштество. Она што Гајгер го нарекол „радосен интерес за виденото“, всушност е субјективност, која ужива во самата себе, а во извесна мера е излишна, и е својствено на такво битие кое што има слободен, неспецијализиран и сперма околниот свет отворен вишок на пориви. Нему му недостасува органска специјализираност која ги врзува инсинктите за ситни, исечени дрзби на и од околниот свет.
Оттаму, основниот феномен на секој израз е отвореноста, само-оживеаноста на внатрешното кое се сфаќа само тогаш кога истовремено се сфаќа и како движење.
„Изразот“ е чисто човечки факт и во тоа мора да се разликуваат две битни нешта: едната, кон светот отворена, и од потреби растеретена структура од пориви на сувишна и комуникативна животност; и движења кои од тоа произлегуваат (без вредност на успехот) движења на повратно осетски тип што во тоа се потенцират, а кои се самите за себе комуникативни.
Човековиот поривен живот, како што ќе видиме, е така граден што може да биде снабдуван со искуства, слики, сеќавања на своите исполнувања; тој е отворен кон светот онака како што Новалис под изразот „внатрешно-надворешен свет“ го замислуваше како посебен аспект. Ние знаеме дека животните исто така имаат интенции, имено онаа самоусмерување кон нешто; човековите интенции се отворени кон светот, тие ја содржат „сликата на светот“; демек тие му се самите дадени, те. тие се претстави. 
Нашата внатрешна отвореност кон надворешноста за нас „по себе“ е потполна тајна. Таа може да се согледа само во тоа што светот враснува во нас, така што го наоѓаме во себе како претстава, како желба, како наговестена потреба. Таа може да се сфати по тоа што сите почетоци се во делување: желбите и интенциите нам ни се дадени бидејќи тие се исполнети со слики на своите цели и содржини. Со тоа настанува слика на „слободен“ внатрешен живот одвоен  од нуждата на дејствувањето. Во третото приближување ќе го сфатиме овој прафеномен на вишок „пориви“ во појавата на слободна, за инсинкти неврзана, и со надворешни дразби незалепена, одвишна животност, која што самата себе се спознава.
Она што лежи во основата на таа величествена појава е следното: човековиот поривен живот  е зависен од дејствувања, постои „хијатус“ помеѓу поривот и дејствувањето. Човековиот поривен живот е отворен кон светот, тој може да се ориентира кон ситуациите и содржините на надворешниот свет зашто не е баш инстинктивен и слепо сигурен во целта. Со тоа на самиот човек му е дадено кон себе да се однесува комуникативно. Таинствената меѓуфаза во која кај животното дразбите од околниот свет во него самото се претворат во негови, во целта сигурни, акции, кај човекот во најголем дел е отворена кон светот, плус и снабдена со слика, а со самото тоа дадена само нему. Извесните фази на тој процес на претворање течат веќе отворени во светот под влијание на надворешното и со тоа тие стануват „свесни“, тие се „внатрешен-надворешен“ свет и според тоа тие се далекусежно пластични. Кога природата внатрешниот живот на некое суштетство ќе го направи светски отворено, демек свесно, снабдено со слики на цели и фантазми, таа на себе презема мошне голем ризик: ризикот се состои во можните пречки во процесот на претворање. Имено, таа тоа го сторила само под присила на нужноста. Затоа што токму таа структура на внатрешното, биолошки е нужна за дејствувачкото битие, чии што потреби и пориви мора да бидат дораснати на условите на исполнување, тоест на приликите на дејствување и на надворешните јасности на нештата; значи мора да можат да се ориентират. Учењето за изразот секогаш зафаќа привремени состојби на нештата.
Реалното внатрешно, имено она што самото в себе си се преработува, повеќе не се манифестира. Тоа што се исполува, е „внатрешна површина“, тоа е една кон светот отворена фаза на одреден неприцврстен, неспецијализиран процес на претворање којшто може да се види кај детето во вид на вишок животност, во моментите кога детето ужива во самото себе, после што тој процес исчезнува притиснат од утврдените навики и склопивите на држење.
Ние ќе им се навратиме на овие, во најголема мерка важни каузи. Засега, станува збор само за гласновната живахност на детските изрази, наспроти флуксот на впечатоци. Оној кој ги набљудува децата, не се сомнева во тоа дека нивното брборење и „поздравување“ е само една форма на движење, башка претање со рацете и разрогачување на очите. Сепак, и тие се важни. Една гласовно моторичка комуникација во тоа на себе си го пробива патот. Бидејќи детето само си го слуша гласот, и со тоа живее е во повластено доживување на комуникацијата, и бидејќи тоа дете дури и во мазењето на возрасните што му се обраќаат го зголемува сензорното богатство на светот, оваа акција добива саморазбирливо предимство наспроти другите акции во правец на стекнување впечатоци. Сакам да кажам: со саморазбирливоста, „самоисполувањето“ на детето тежнее кон кон дразби во гласовната орбита. Детето само себе се доживува, ужива во својата живахност, во слободното и неодреденото управување со себеси, демек во развивањето на својата внатрешност спрема она што е вон, и тоа баш во функција на гласот. Тука настанува тој вишок на постигнувања и успеси, која ја чини саморазбирлива доминацијата токму на тој систем. Обратно, се’ додека јазикот се посматрал од страна на мислењето како уникатно дистигнување, се стоело пред толку блескаво богатство на неговото дејствие, што можел да биде набљудуван само како дар на Божјата рака: како кај Хаман.

20. Препознавање. Третиот корен на јазикот
...

(БиХ, 1990)

No comments:

Post a Comment