Friday, March 29, 2019

Александар Введенски: ЕЛКА КАЈ ИВАНОВИ



Лица:
ПЕТЈА ПЕРОВ, едногодино момче
НИНА СЕРОВА, осмогодишно девојче
ВАРЈА ПЕТРОВА, седумнаесетгодишно девојче
ВОЛОЃА КОМАРОВ, дваесетипетгодишно момче
СОЊА ОСТРОВА, триесетидвогодишно девојче
МИША ПЕСТРОВ, седумдесетишестгодишно момче
ДУЊА ШУСТРОВА, осумдесетидвогодишно девојче
ПУЗИРЈОВАТА МАЈКА
ПУЗИРЈОВИОТ ТАТКО
ПЕСОТ ВЕРА
СТОЛАР, што прави ковчези
СОБАРИЦИ, ГОТВАЧИ, СОЛДАТИ, УЧИТЕЛИ по латински и грчки јазик и останати

Дејствието се случува во 1890-тите години

                        ЧИН ПРВ
                        Прв призор
Во првиот призор (или слика) насликана е када. Децата се бањаат за Бадник. Постои и комода. Десно од вратата ГОТВАЧИТЕ колат кокошки и прасиња. ДАДИЛКИ, ДАДИЛКИ, ДАДИЛКИ ги капат децата. Сите деца седат во една голема када, а ПЕТЈА ПЕРОВ, едногодишното момче, се бања во леѓен – точно наспроти вратата. На ѕидот, лево од вратата, виси часовник. Саатот е девет навечер.

ПЕТЈА ПЕРОВ, едногодишното момче: Ќе ја биде ли божиќната елка? Нека ја биде. А, што ако не ја биде. Да речеме, ако ненадејно умрам.
ДАДИЛКАТА (туробна како сканк): Пери се, Петја Перов. Насапуни си ги ушите и вратот. Па ти уште не знаеш да зборуваш.
ПЕТЈА ПЕРОВ, едногодишното момче: Знам да зборам со мисли. Знам да плачам. Знам да се смеам. Ти што би сакала?
ВАРЈА ПЕТРОВ, девојчето од 17 години: Волоѓа, истриј ми го грбот. Само драгиот Бог знае колку ми е малаксан. Ти што си мислиш?
ВОЛОЃА КОМАРОВ, момчето од 25 години: Јас ништо не мислам. Си го изгорев стомаков.
МИША ПЕСТРОВ, момчето од 76 години: Сега ќе имаш мрѓа, го знам тоа, која никогаш и со ништо не ќе можеш да ја отстраниш.
СОЊА ОСТРОВА, девојчето од 32 години: Ти, Миша, секогаш грешиш. Подобро гледај какви ми станаа градите.
ДУЊА ШУСТРОВА, девојчето од 82 години: Пак се фалиш. Најпрвин се фалеше со твојот задник, а сега со градите. Зар не се боиш од Господ?
СОЊА ОСТРОВА, девојчето од 32 години (се растажува како пораснат Украинец): Се лутам на тебе. Будало, глупачо, курво.
ДАДИЛКАТА (замавнувајќи со секирата како со халебарда): Соњка, ако се караш, ќе те тужам на таткоти-мајкати, ќе те заколам со секира.
ПЕТЈА ПЕРОВ, едногодишното момче: И за миг ќе осетиш како се цепи твојата кожа и како липти крв. А, тоа што ќе го чувствуваш потоа, нам не ни е знајно.
НИНА СЕРОВА, девојчето од 8 години: Соњица, оваа дама е или луда или злосторничка. Таа се’ може. Затоа и ја зедовме.
МИША ПЕТРОВ, момчето од 76 години: Деца, престанете со кавгите. На тој начин ни елката нема да ја дочекаме. А, родителите ни купија свеќички, бомбони и кибритчиња да ги запалиме свеќите.
СОЊА ОСТРОВА, девојчето од 32 години: Мене свеќи не ми требаат. Јас имам прст.
ВАРЈА ПЕТРОВА, девојчето од 17 години: Соња, не инсистирај на тоа. Не инсистирај. Поарно миј се темелно.
ВОЛОЃА КОМАРОВ, момчето од 25 години: Девојките мора да се перат почесто од дечковците, затоа што во спротивно стануваат одурни. Јас така мислам.
МИША ПЕСТРОВ, момчето од 76 години: Ох, ќе има уште време за радост. Утре е елката и сите ептен ќе се веселиме.
ПЕТЈА ПЕРОВ, едногодишното момче: Само јас ќе седам во крило на сите гости по ред, и ќе изгледам важно и глупаво, како ништо да не разбирам. Јас и невидливиот Бог.
СОЊА ОСТРОВА, девојчето од 32 години: А јас, кога ќе влезам во двораната, кога на елката ќе се запалат свеќичките, јас ќе ја дигнам сукњата и на сите се’ ќе им покажам.
ДАДИЛКАТА (беснеејќи): Не, нема да покажеш. Па ти и немаш пто да покажуваш – ти си уште мала.
СОЊА ОСТРОВА, девојчето од 32 години: Не, ќе ја покажам. А, тоа дека имам мала, тоа вистина. Како таква е и подобра. А не како твојата.
ДАДИЛКАТА (ја зема секирата и и’ ја отсекува главата): Ја заслужи оваа смрт.
ДЕЦАТА (викаат): Убица, таа е убица. Спасете не’. Прекинете со бањањето.
ГОТВАЧИТЕ прекинуваат со колењето кокошки и прасиња. Оддалечена на два чекора од телото, лежи главата, крвава, очајна. Зад вратата завива ПЕСОТ ВЕРА. Влегува ПОЛИЦИЈА.
ПОЛИЦИЈАТА: Кај се родителите?
ДЕЦАТА (сите заедно): На театар.
ПОЛИЦИЈАТА: Одамна отидоа?
ДЕЦАТА (сите заедно): Одамна, ама не засекогаш.
ПОЛИЦИЈАТА:
И што гледаат,
Балет или драма?
ДЕЦАТА (сите заедно):
Балет, веројатно.
Ние ја сакаме мама.
ПОЛИЦИЈАТА:
Пријатно е да се сретнат
Луѓе културни.
ДЕЦАТА (сите заедно): Зарем секогаш сте на „котурни“?
ПОЛИЦИЈАТА:
Секогаш. Ние видовме леш
И глава одвоена.
Тука човек лежи бесцелно,
Сам и нецеловит.
Што тука се збиднало?
ДЕЦАТА (сите заедно):
Дадилката со секира
Сестричката ни ја утепа.
ПОЛИЦИЈАТА:
А каде е убиецот?
ДАДИЛКАТА:
Пред вас сум,
Врзете ме,
Водете ме,
Казнете ме.
ПОЛИЦИЈАТА: Еј слуги, оган.
СЛУГИТЕ:
Не липај мори,
Огинот си гори.
ДАДИЛКАТА (плаче):
Коња судете
Мене жалете.
ПОЛИЦИЈАТА:
Оти да го судиме коњот,
ако не е крив
во крвопролитието ова,
а каде и да го нај‘ме
коњот што е крив.
ДАДИЛКАТА: Јас сум луда.
ПОЛИЦИЈАТА: Ајде, облечи се. Таму ќе видиме. Ќе пројдеш експертиза. Ставете и’ пранги или ланци.
ЕДЕН ГОТВАЧ: Дадилке, ти имаш и синџири в раце.
ДРУГ ГОТВАЧ: Убица.
ПОЛИЦИЈАТА: Еј вие готвачи, потихо. Ајде, ајде, да појдеме. Довидување децо.

Се слуша чукање на вратата. Упаѓаат ПУЗИРЈОВИОТ ТАТКО и ПУЗИРЈЕВАТА МАЈКА. Тие се полудени од несреќа. Страшно викаат, лаат и се мачат. На ѕидот, лево од вратата, се гледа часовникот. На него е полноќ.
Крај на првиот призор

                        Втор призор
Истата вечер и шума. Снег има толку што можеш со кола да го носиш. И стварно, го носат. Во шумата дрвосечачите сечат елки. Утре во многу руски и еврејски семејства ќе има елки. Меѓу дрвосечачите се издвојува еден кого го викаат ФЈОДОР. Тој е вереник на дадилката која го изврши убиството. Што тој знае за тоа? Тој ништо не знае. Тој рамномерно ја сече елката – елката за домот на Пузирјови. Сите ѕверки се пикнале во своите дувла. Дрвосечачите во хор пеат химна. На истиот часовник, лево од вратата, е девет саат навечер.

ДРВОСЕЧАЧИТЕ:
Како е уб‘о в шума
Колку е белина снег
Молите му се вие на котурот
Округлест и потркалезен од се’.
Коњи со мртви елки
Со молчелив шум бегаат
А пасторците со санки
Ангелска цика креваат.
Нек’ се знае дека утре е Божиќ
Ние луѓе сега имаме к‘сметиќ
Во негова голема слава
Со вино да стегнеме глава.
Од престолот гледа Бог,
Па уз насмев меден
Саде воздивнува: „Ох,
Народе мој, беден.“
ФЈОДОР (замислено): Не, тоа што сега ќе ви го кажам, вие не го знаете. Имам свршеница. Таа е дадилка во големата обител Пузирјови. Таа е мошне убава. Јас многу ја љубам. Ние веќе живееме како маж и жена.
ДРВОСЕЧАЧИТЕ, секој како што знае и умее, со знаци, покажуваат дека ги интересира тоа што овој им говори. Се испоставува дека тие се неми. А, тоа што предмалку пееја – тоа е напросто случајност какви има многу во животот.
ФЈОДОР: Само што е мошне нервозна, таа моја свршеница. Ама што да се прави – професијата и е тешка. Велика породица. Многу деца. Што се може.
ДРВОСЕЧАЧОТ: Овошје.
Иако проговори, го рече тоа кога за истото не беше време. Неговите другари такуѓере се доста растресени.
ВТОРИОТ ДРВОСЕЧАЧ: „Жутица“.
ФЈОДОР: Потем, кога спијам со неа, никогаш не ми е досадно, а на ми е ниту одбојна. Тоа е затоа што се сакаме. Ние имаме иста, сродна душа.
ТРЕТИОТ ДРВОСЕЧАЧ: Врвци.
ФЈОДОР: Ете, сега ќе ја однесам елката и ќе појдам кај неа. Она можеби децата веќе ги избањала и сега ме очекува. Што се може (јбг).
ФЈОДОР И ДРВОСЕЧАЧИТЕ седнуваат на санки и заминуваат од шумата. Искачаат ЅВЕРОВИ: ЖИРАФА – чудесна ѕверка, ВОЛК – ѕвер од дабровина, ЛАВ – господар и СВИНСКО ПРАСЕ.
ЖИРАФАТА: Чука саат.
ВОЛКОТ: Како стадо овци.
СВИНСКОТО ПРАСЕ: Како ‘рскавица на есетра.
ЖИРАФАТА: Ѕвездите потсветкуваат.
ВОЛКОТ: Како крвта на овците.
ЛАВОТ: Како крвца на бикови.
СВИНСКОТО ПРАСЕ: Како млеко на хранителка.
ЖИРАФАТА: Реките течат.
ВОЛКОТ: Како речта на овците.
ЛАВОТ: Како зборови на бикови.
СВИНСКОТО ПРАСЕ: Како божицата на лососот...
ЖИРАФАТА: Каде е нашата смрт?
ВОЛКОТ: Во душите на овците.
ЛАВОТ: Во душите на биковите.
СВИНСКОТО ПРАСЕ: Во широките садови.
ЖИРАФАТА: Ви благодарам. Лекцијата е завршена.
ЅВЕРОВИ: ЖИРАФАТА – чудесна ѕверка, ВОЛКОТ – ѕвер од дабровина, ЛАВОТ – господар и СВИНСКОТО ПРАСЕ заминуваат, баш како и во животот. Шумата останува сама. На часовникот, лево од вратата, полноќ.
Крај на вториот призор

                        Трет призор
Ноќ. Ковчег. Свеќи пливаат по реката. ПУЗИРЈЕВИОТ ТАТКО. Наочари. Брада. Лигавици. Солзи. ПУЗИРЈОВАТА МАЈКА. На неа женска опрема. Таа е лепотица. Таа има дојки. Во ковчегот простум лежи СОЊА ОСТРОВА. Таа е мртва. Нејзината одрубена глава лежи на перница, приложена кон своето бившо тело. На ѕидот, лево од вратата, виси часовник. Саатот е два по полноќ.

...


(„Совјетска казалишна авангарда“, изд. ЦЕКАДЕ – Загреб, 1985 год.)

No comments:

Post a Comment